Ако можеш паузирај од градинка. Нема да изгубиш ништо само ќе му дадеш на детето време за (што и да е) да му помине полесно. Инаку не оставај на “здраво ми е детето” туку барај второ мислење, трето. Сега во моментот може организмот се бори и затоа не покажува знаци на болест. Може да се случи наеднаш да западне после и ќе биде потешко лечењето. Што и да е нека мине со лесно.
Дали некоја дава чај од комбуха на детето? Читам дека не е препорачлив за деца под 1 година ради бактериите и ензимите кои ги содржи, но над две години можело да се дава. Многу помагало за градење и задржување на добар имунитет на детето, па се прашувам дали би можело дете од 3 години да пие по една чаша дневно чај од комбуха.
јас не би дала,затоа што го забрзува мн метаболизамот и може да дојде до намалување на килажата.Всушност некои и ја користат за слабеење комбухата
Освен обично боди на прерамки или долна маица, не носам друг тип на подкошули. Ако е многу ладно облекувам повеќе слоја, да речеме ако носам нешто широко може да се облече маица со кратки ракави одоздола, ако носам тесна блуза/кошула обавезно и некое џемперче/палтенце одозгора. Под дебели џемпери исто така облакам од тесните блузи со долги ракави. Исто ја облекувам и нејзе. Во ладна зима освен долната маичка на прерамки, една тесна со долги и одозгора или блузон или дуксер па ги соблекуваат во градинка. Обично ќе им напоменам на врата дека е наоблечена. Си знаат тие, сигурно нема да го остават така детето, плус голема е твојата ќе им каже ако ѝ е топло
Да барам мислење или да си зборам сама со себе да ми олесни Малата не ми е некое болежливо дете. Ретко проблеми со црвено грл и настинки, редовно си оди во градинка, бронхит еднаш до сега имала како последица на рота вирус. Ама.....овие стомачни вируси ја утепуваат. Втор ден е со стомачен вирус, вчера над петнаесет столици и висока температура...два дена залче нема ставено во уста, синојка прими една инфузија на инфективно , а денес сме дома. Дадовме примерок за копрокултура и рота. Коски ми се тресат да не ја повториме ротата...незнам дали било каков стомачен вирус дава и температура? Леукоцитите и беа мирни
даваат Т стомачните вируси.Во градинка одите ли?Мојата зимото фати и примаше два дена инфузии.Мн е битно да не дехидрира останатото лесно ке се среди постепено(исхраната).Пробиотик даваш ли?Повраќа ли или само дијареа имате?
Кај мене на работа е толку ладно што јас морам да се облакам во неколку слоја. Ако надвор е -5 во канцеларија е 0 А за малата, за градинка не знам како ќе биде, сега се запишавме. Ќе кажат, ако е топло нормално ќе се облакаме помалку. Лани цела зима (освен за дома) носевме боди со долги и блузичка. Таман ни беше. Затоа и барам замена за боди. Маичка, блуза и дуксер/џемпер ми е многу, ќе се препоти. А само маичка и блуза е малку за некои места. Лани имавме ладна зима, јас премрзнав, затоа сега навремено се спремам да не биде “ладното дојде неочекувано“ како за снегот што викаат
@joy1 одеше редовно во градинка. Среќа не повраќа, давам линекс за возрасни еднаш дневно и одвај пие хип-орс. Се молам само да не е ротата пак. Значи и другите стомачни вируси даваат тт, фала џој.
Можи сипаница да е. Под мишките, на препоните, зад ушите и на главата се типични места. Не можам да видам јасно што е, ама на сипаница ми личи. Провери ги и другите места, дали има нешто слично.
Си прашував па сега јас да си кажам, може на некој ќе му е од корист Таблетките за џвакање со Д3 од Др. Лео ги повлекле и веќе немало ни да ги има, па да не ги барате ко мене во 100 аптеки. За детево земав KidzOmega. Не му се свиѓаат баш ама го терам да ги голтне без да ги гризне. Околу 750 ден - 60 ком.Откако ги земав во Еурофарм најдов некои мечиња. Околу 450 ден исто 60 ком. ама се давале по 3 на ден за деца до 12 год. Инаку од мечињава има и мултивитамиски и Ц витамин и уште некои мислам дека. П.с. ако некоја мајка има можност да проба од мечево нека сподели дали има вкус на "рибешко"
КидзОмега ти е многу добар ,јас лани го давав сирупот,а и од аптеките го фалат доста по искуство на потрошувачи кои биле задоволни. Инаку сега го користам Медикс омега јуниор ,ист состав е само малку поефтин,а и мирисаат сите ама мојава никогаш ништо не одбива ,кога го испи оној отров од лекоклар другите се локум
Ти дале погрешна информација. Пред 2 дена ги добиле во Зегин аптекиве. Еве сега ги земав последните 2 кутивчиња затоа што се распродале одма. Но ќе добијат пак Едит: За Др. Лео перлите зборам..
Станува син ми да мочка, и се враќа назад во кревет и го приметувам како ја влече едната нога, десната мислам беше. Го прашав да не го боли, ама продолжи да спие. Од памет излегов. Друго, син ми кога зборува знае да ја криви устата. Кога реагирам ја исправува Според матичната, вели дека тој ја контролира, деца, знаат да прават вакви работи, дека се обично тикови, но ако сакам да појдам на невролошки преглед. Ама пак, син ми често знае да ги копира Одобсите, а едниот Одобс ја криве устата. Не знам. Ама ова со ногата ме преплаши.
@JuLleE ќерка ми летото така ја завлечуваше ногата и се жалеше дека ја боли, секогаш кога ќе станеше од спиење. Направивме некои испитување и се излезе во ред. Матичната рече дека и растат коските и можно е заради тоа да чувствува болка и нелагодност. И ни препорача редовен внес на витамин д.
Дали уште ја завлекува ногата? Тоа со кривењето на устата е од цртаните што ги гледа, ама ова со ногата ми е познато... нели скоро имаше тт? Се жали на болка? Знам дека рече оти имавте брисеви позитивни на стрептокока. АСО титарот исто беше над граница. Вака, може да се работи за транзиторен синовит, излив во колкчето кој се јавува после тт, вирусно е, со одмор и бруфен поминува. Ама тие деца не можат да одат и имаат болка, буквално преку ноќ се јавува, но брзо поминува. Мене повеќе ми мати ум стрептококата, може нема врска, ама да си прашате ортопед најубаво дали може од неа така да биде. И ако има потреба, терапија со антибиотик (Оспен).