Па се разви нели дискусија баш пред некоја страна. Дека најчесто ние родителите сакаме така, не дека дете не може без нас. Причината е дете порано да научи да спие правилно да го наречам. Да може само да заспива и да сврзува фази, да имаат повеќе комоција и родителите и детето. И подобар квалитет на сонот додуша. Кога некој сред ноќ не би ме разбудил со клоцање или со фаќање на косата за да презаспие, секако би била и јас по одморена. А да не зборам и она да си се научи да си презаспива без мама. Да биде сигурна дека да мама е овде и не морам да ја допрам за да знам. Башка што и на родителите им треба спиењето заедно, за интимност и близина во бракот. Он не беше против да спие во иста соба со нас, ама за ова ни рече буквално до кога ќе терате вака. До дека тргне во училиште ли? И како еве за вас домашна работа, да се оддели во свој кревет. Ние сега ја заспиваме кај нас, ама и кажуваме дека ќе ја ставиме во креветче. Креветчето е до нашата спална залепено и она може да дојде кога сака. Синоќа се разбуди кај 1 ипол и сакаше кај нас и до сабајле спиеше така. АМА за тие 2-3 саати што спиевме без неа, искрено коските ми одморија малку . И вака решивме да пробуваме кога е се во ред, па ќе видиме до кога. Преморена беше. Кога е одморена со договор е полесно. Ама генерално вака кажувајте што помага, споделувајте искуства. Она си е темпераментно дете уште од стомак што се вели, ама мора да научи дека има граница. Само не знам како .
Еве моето пак почна да спие во градинка, спие саат ипол таму и пак вечерта имаме мака со успивање и не можам да го заспијам до 10, а без дремка заспиваше во 8:30 и спиеше многу помирно. Сега ем е ненаспиен, ем сабајле одвај го будам, ем нервозен. Арно ја бев исфрлила дремката и се беше конечно како што треба, сега пак маки…морам да разговарам во градинката ако можат да не го успиваат, нека го однесат со друга група што не спие, нека прават што знаат, вака ептен ми е мака и никакво олеснување немам од одење во градинка.
Ти си го знаеш детето, ама на две ипол години очекувано е уште да има дремка. Обично околу 3 години дел од децата отфрлаат дремка, ама повеќето спијат докај 5. Ако си функционира добро без дремка тоа е друга работа. За жал тешко во градинка да ти излезат во пресрет. Детето на другари има 5 години и уште спие во градинка, зошто сите спијат, а дома не спие одамна. Според мене треба да го оставиш да се навикне и сега за викенд да го ставаш и дома да спие. Ќе си фати ритам и ќе си ги подели вкупните саати на денско и ноќно спиење. Ако не бива прашај си во градинка дали имаат решение.
Без дремка функцуонураше одлично, многу посвеж, поодморен и посреќен беше, секогаш имавме мирен дел од денот кога ќе се гушкаме, лежеме, гледаме цртани и после продужува со игра. Знам дека е мал за исфрлање ама спиеше 12-13 саата ноќно време и му делуваше одлично. Јас додека не ја исфрли дремката постојано имав нервози и маки од тоа. Две години не можевме ред да фатиме и сега пак се враќаме на старо и искрено се нервирам. Веројатно нема да излезат во пресрет, ама ќе разговарам во секој случај ако за недела, две не се подобри ситуацијата.
Нормално е да има деца што не се по книга и на кои не им треба дремка. Или пак кои порано ќе исфрлат дремка од некое пропишано правило. Ти најубаво го знаеш, па така можеш да процениш што е најдобро за него. Приватна градинка е, ако е умен и се заигрува сам, можеби и ќе можеш да се договориш да го остават во друга просторија со нив кај што ќе му дадат активност што ќе го заигра и така нема да пречи на другите. Инаку и мојата заспива во 10 периодов а станува во 7 ипол за градинка. Ама дремката на пладне самата не ја дава, си спие и во градинка и дома. За викенди и по 2,3 саати. Имавме период кај што мислев ќе исфрли дремка ама само регресија беше неколку дена после се стабилизираше. Ама мене не ми пречи легнувањето во 10 а и нејзе не и влијае на сонот навечер тоа што има дремка.
Мајки ставате ли капки во очи кај децата мн ми се црвени од морската сол и од песокот какви капки да земам три годинки е детенцето фала ви
Што носевте од лекови на море, јас земав сирип бруфен, чепчиња, пробиотик, сируп за алергија, витамини. Друго ми треба?
Нешто за повраќање, наусолвит можеш на природна база. Електролити обавезно, смекта мислам над 2 години исто можеше. Ентерофурил, ама и тоа е антибиотик слаб, па по консултација со доктор при долготрајна дијареа би давала. Синопен носам обавезно, исто и некое гелче на природна база за после убоди. Газички, бетадин и хидроген. Ние си имаме мака со опструкции па и цел прибор за инхалации носам, ама тоа само ако детето е склоно на такво нешто.
Сируп за алергија, сируп Блокмакс и чепчиња за во случај да одбива сируп, Локомотив за гадење/повраќање, пробиотик, Смекта ете ќе земам иако сум немала до сеа потреба да дадам, спреј за нос (солена вода и Оперил), Фенистил маст и Афтернип на Фрезидерм, ханзапласт, стерилни гази, Бетадин и 3% Хидроген, ампули синомарин за евентуално окце да треба да исчистам и сл.
@Bella_Stella , @Miss_S Гелчиња спрејеви за убоди против убоди имам и носам секаде тоа од ранец не излегува. За повраќање не ми ни текна. Ќе земам утре од мк пред тргање. Хидроген имам и тоа, земав. Спреј за нос земав. Е и физиолошки за чистење носе окце не дај боже да земам. Фала ви девојки
Мене матичната тобрекс ми рече. Тоа носам. Јас се носам, цела аптека, да не ни затреба ништо пу пу, 4 ден тераме супер сме засега ова било одмор, прв пат со баба и дедо сме (со мајка ми и татко ми).
Јас од лани го имам сирупот за повраќање, треба да проверам дали има рок. Не го имам искористено воопшто зошто немало потреба ама го земав за секој случај. Ако не е дете што му се гади/повраќа не ни мораш да зимаш.
Мојве никогаш не повраќале ама мора да носиш се. Тоа што немаш тоа ќе ти потреба, секогаш е така. Пред 3 год на последен ден јас се затрув со изварка од лиснато, само јагленлиња не носев, бевме со братучеда заедно тогаш таа само 3 имаше, тие одма ги зедов ама џабе тоа беше страшно, повраќање и пролив без прекин цела ноќ, сабајлето на итна таму (Албанија) па ми дадоја инфузии па ми помина. Ова не беше потребно ни да го пишам ама се бива, од тогаш цело пакетче јагленчиња носам Малово го допи антибиотикот пред да тргниме, матичната ни препиша и Тримоксазол, носете рече па и тоа зедов.
А спрееви солен раствор што ќе ви се на море? У море тоа се ќе излезе, не ви требаат спрееви. Јас отидов кај матичен со список и му реков чкртај тоа што не ми треба, ми остави само прва помош за рани (хидроген, бетадине, октаснисепт спреј, гази, фластер и завој), за алергија, за температура, пробиотик и електролити, друго се ми шкртна. Е тоа синопен, фенистил, афтернип и против комарци спреј, секако земав, не ни прашав тоа. Мене ми се изнасмеа поштено на спреевите за нос, вика на море идете, што ќе ти е морска вода да носиш на море... И стварно, едно влагање у вода и дете вадење мрсулите од матка уште што ги собирал, после цел одмор мирни. Недајбоже ако се затне озбилно, настине, нема да седам таму секако.
Така антибиотикот од лани мене ми остана и уште е во рок и мирна глава. @AngelOfArh а во право си за спрејот за нос сосема. Мајка ми аптекар вели со дете за температура дијареа и повраќање друго не е морање да се носи. А крај краева и таму има аптеки за ако треба нешто од стилот за гази и такви работи. Ама ние мора една торба лекови да си носиме
Да да се согласувам, не треба спреј, големиот дома ми вели ова треба, за солениот раствор, му викам не треба таму имаш колку сакаш солена вода, тука вели Мамо она за носот од овде го полнат? @Ceneva како велат кој носи не проси, носи си се што си користи дете, ние сме Грција сега, од кај знам кој лек е за што, се има ама тоа што му помага на моиве си знам и си носам.
Е за јаглен за нас не ми ни текнало да носам, ни дома немам редовно. Ама не е на одмет да се земе, во право си. А што тежи едно шишенце плус? Може ли да се деси да се разболи недај Боже и да нејќе воопшто да влезе во вода. Како ќе чистиш нос тогаш? Пролетта кога патувавме беше малку неарен пред одење и матичната ми даде антибиотик за секој случај, уште стои неупотребен. Не ми се верува дека ќе го земам со нас. Без проценка од доктор и реална потреба не сум способна сама да одредам дали му треба или не. За недај Боже ќе имаме осигурување, ќе одиме во болница и таму ќе му дадат што треба.
Ова матичната ни даде ама ми рече да го прегледа таму доктор и ако треба антибиотик тој ке го даваш со широк спектар. Не би давала ни јас без лекар искрено. Ако дојде до такво нешто. Недај боже