Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.272
    Допаѓања:
    26.443
    Пол:
    Женски
    Едното е секогаш покротко, во наш случај второто ептен лесно за чување иако поборбено пошо има некој што од старт го стопира ама ептен е разбрана и трперлива.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  2. TheGoldenPeach

    TheGoldenPeach Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    3.801
    Пол:
    Женски
    Мојата исто така отфрли дремка на 2 години и 2 месеца и без загрижена како ќе функционира, ја контактирав и Др. Гуднајт и ме советуваше дека ако сврзува 12+ сон навечер без чести будења, не е вознемирена и не плаче во текот на ден од премор, да тераме така.

    Ќерка ми спие по 12-13 часа ноќе и издржува без проблем цел ден. Исто имаме саат време одмор во денот со лежење без активности и супер ни е. За ништо не би вратила повторно дремка, така да ти си го знаеш детето најдобро и ако функционирало многу подобро без дремка, настојувај така да остане.:hug:
     
    На 1209 и Ceneva им се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.183
    Допаѓања:
    46.663
    Пол:
    Женски
    Да и јас мислам исто.
    Деновиве разговарав со учителките ми рекоа дека секако си леже он, некогаш дремнува некогаш не, обично си раскажуваат приказни.
    За нијанса е подобро ноќното ама заспива покасно, претпоставувам зошто му е доста така со пладневната дремка кога ја има.

    Иначе да се пофалам дека веќе свикнува на градинката, пак плаче наутро и се убедува да не одиме, ама плачењето е сведено на кенкање. Вчера прв пат отиде без плачење, денес пак плачеше ама ништо страшно, додека го оставам.

    Учителките постојано му велат дека таму е супер, многу послушен, слободен. Велат секогаш си муабетиме нешто со него многу ни е интересно откако дојде во градинка и дечињата вели го сакаат, си игра нема мака откако ќе го оставиш.
    Се осетив горда малце така, мада знаев дека нема да прави проблеми оти е многу социјален и мирен по природа.
    Се надевам дека за брзо време ќе сака и да оди, олеснување ми е големо.

    Викендов треба некаде во 4 ноќта да го оставам со баба му до следен ден попладне. Многу ми е мака и не знам како ќе помине, дали сте ги оставале на 2.5г така преку ноќ (не е цела ноќ, ама сепак)на баба? Имам итна обврска и морам да патувам, немам избор, со мене не можам да го носам.
     
    На TheGoldenPeach, Giiirl23 и lackygirl им се допаѓа ова.
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.924
    Допаѓања:
    8.174
    Пол:
    Женски
    @1209 , од мала сум ја оставала заспана пример за да одам на работа и да си стане т.е и остане комплет со баба во текот на денот.

    Исто ради патување и така да заминам на пола ноќ, да се вратам пред следно вечерно заспивање, па и преку ноќ.

    Навикната е мојава со баби (двете) и не и менува нешто. Може ќе праша кај е мама ама и кажуваат на работа и толку.
    Веќе по автоматизам кој не го гледа низ дома си кажува тој и тој е на работа и толку.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.004
    Допаѓања:
    18.919
    Пол:
    Женски
    @1209

    Некои деца рано ја исфрлаат дневната дремка.
    Син ми брзо по вториот роденден, откако времето залади и не беше доволно изморен, почна да спие само ноќе, од 8 до 8-9.
    Денски ке преспиеше 45-60 мин и навечер пред 11 нема спиење. Тоа не беше добро за него, а ни за нас како родители. Тука пресеков и супер помина.
    Свеж беше и немаше кризи околу 5, што е зезнато.
    Инаки деца и на 5 спијат денски.

    Во врска со оставање, мој совет е бабата да дојде кај вас и да не го будиш и преместуваш воопшто. За еден ден ке се снајдат.
     
    На Spidy, Mother of 2boys и 1209 им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.183
    Допаѓања:
    46.663
    Пол:
    Женски
    Да дома се во куќата кај нас.
    Нема никаде да го местам. До сега остануваше со татко му така, ама татко му не е тука, ме бараше ноќта ама не е стршно, вајда и сега ќе биде така.
     
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.004
    Допаѓања:
    18.919
    Пол:
    Женски
    Уживај, ке биде се во ред. Наутро нека си ја задржат рутината, нека го забавува бабата и ке помине денот.
    Секако е еден ден во прашање.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. goldenjanuary

    goldenjanuary Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Ве молам за совет каде да се обратам во која институција/лекар…имам синче од 2,5 години. Развојот на говор му е одличен – зборува, составува реченици и има богат речник. Проблемот повеќе се јавува во социјалниот дел: не сака да се дружи со деца, избегнува контакт и бега од нив, а не покажува интерес за интеракција. Во градинка оди но летово правеше пауза, пак ќе го пратам за две недели

    Има помал брат со кого има воспоставено некаква врска, но често кога ќе му се доближи, почнува да се трга, па дури и ги трга играчките за да не му ги земе. Синчето е темпераментно и немирно, а во последно време сè почесто не соработува и не слуша. Знае да фрли играчки, да го удри брат му, да се инаети и да плаче речиси за сè. Нема трпение и е многу вознемирен.
     
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.917
    Допаѓања:
    21.885
    Пол:
    Женски
    Добро со мене ли нешто не е во ред, или не сфаќам… Син ми го оставив прв пат лани на 4 дена со моите, годинава ќе го оставам пак. Утре вечер одиме на пат, се враќаме во понеделник вечер. Овој пат за разлика од лани ќе го однесеме кај нив, они се во куќа и опремен му е дворот со реквизити, па за сите ќе биде попрактично. Одиме на патување од кај мене од работа на кое што се очекува од мене да присуствувам. Работам во Америчка фирма, еднаш во годината се гледаме со газдите и некако логично е да одам. Не сум единствена што има дете и не можам тоа да го користам како изговор. Не дека ако кажам дека не можам да одам зошто нема кој да го чува некој ќе рече нешто, ама реалноста е друга. Имам кој да го чува и не гледам проблем во тоа да остане 4 дена со моите. Да, тешко ми е. Да, психички се спремам месеци уназад и за разделбата и за неговата реакција по враќањето. Да, ќе го мислам сигурно цело време. Ама едноставно животот не застанува за нас откако ќе родиме деца. Треба да најдеме начин да ги балансираме нештата. Он не е чуван од баби и дедовци, си го чуваме ние и оди во градинка. Сметам дека поминуваме доволно квалитетно време заедно и не треба да осеќам грижа на совест што го оставам. Иако искрено осеќам макар минимално. Така да moral of the story не се туфкај толку за оставање од неколку саати. Им треба и време поминато со друг, не само со нас.
     
    На Butterfly30, le.soleil, sencuk и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    3.614
    Пол:
    Женски
    Јас се откажав од моето работно патување и можеби изгубив унапредување. Предавање следев онлајн ама не е иато. Ама стварно не ми е за оставање. Сакам да кажам се завиаи од околината која се наоѓате. На баби и дедовци не можев, имам братучетка 26 години ама беше зафатена и тоа е тоа.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.098
    Допаѓања:
    8.586
    Пол:
    Женски
    Не си стварај притосок непотребно мила. Уживајте во патувањето. Јас мислам дека ние сме тие што не сакаме да се оделиме од децата. Тие тоа така не го доживуваат верувај ми. Јас од мала сум оделувана, пуштана со баба во србија и можам само да кажам дека сум многу посамостојна од други што не се оделувани. Се си има бенефит. Гледај ја позитивната страна ;)
     
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.917
    Допаѓања:
    21.885
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто не си можела на баби и дедовци, дали се зафатени, постари или уште работат. Родителите на маж ми се зафатени со работа, ама моите се млади пензионери и двајцата. Способни се да го чуваат, им верувам, следат инструкции, почитуваат мои правила и не гледам зошто не би им го доверила.
    Фала мама. :sun: Не сум сигурна баш дека не го доживуваат поразлично отсуството наше, ама дефинитивно на нас ни е потешко. Он ќе биде анимиран, шетан, ќе го дружат со деца и нема да има простор да тагува толку по нас, се надевам.. А на мене знам дека главата ќе ми биде вело време во него, ама тоа е.. мајки.. :) Лани кога се вративме ми беше лут, на татко му не, а мене да. :|
     
    На lackygirl, strelec231992 и 1209 им се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.183
    Допаѓања:
    46.663
    Пол:
    Женски
    Не Бела не ме сфаќај погрешно. Не се туфкам што ќе го оставам на друг, он редовно поминува време со мајка ми и моите, па и со свекрва ми.
    Ама сега поради тоа што го нема татко му е во срцепателна фаза и плаче секогаш кога нема да го земам јас од градинка, кога ме нема кога се буди вика хистерично, па сметам дека ако се разбуди ноќе и види и мене дека ме нема, нема да помине добро.
    А од друга страна и свекрвата после случката пред некое време не ми е сигурна за оставање толку време со неа.
    Друго што неколку дена по случката дете само излегло на тераса додека она го чуваше и со главата подаден преку ограда и една нога качена ме викаше да го ловам, а таа си беше во кујна не ни знаеше каде е.
    Сериозно сум загрижена дека нешто ќе се деси а таа нема да примети…ради тоа ми е на мисла највеќе, инаку да беше кај мајка ми немаше да се мислам, ама не е слободна она да го чува.

    Инаку секој си знае за себе, точно дека секој знае што може да поднесе. Јас лично сум особа која е анксиозна, паничар и преемотивна и не можам да замислам уште сега да го оставам 4 дена со некој друг, а тоа да не е татко му.
    Освен стварно ако морам.
    Пак ќе кажам не ме сфаќај погрешно дека ти правиш нешто лошо, само јас познаваајќи се себеси не го можам тоа.
     
    На Erika.greeneyes, strelec231992, Miss666 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.917
    Допаѓања:
    21.885
    Пол:
    Женски
    Те разбирам и ок е што се чувствуваш така, не сме сите исти. И јас сум емотивец, ама не сум екстремна. Од прв ден па до денес не ми се остава на друг иако сум многу често капната од умор. До негде сум себична и го сакам само за себе, а и така не бива. Би го оставила со маж ми, ама и тој доаѓа на патувањето. Со моите ми се остава, како што кажав имам доверба, а со родителите на маж ми не ми се остава. Свекрва ми е душа човек и не се сомневам во неа, ама свекор ми си е приказна за себе и не ми се остава кај нив зошто средината е малце токсична, а и онака не се слободни, работат. Не знам што се случило со свекрва ти, не сум во тек, ама и да не се случило ништо факт е дека на нашите родители природно си доаѓа да можеме повеќе да се потпреме.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.183
    Допаѓања:
    46.663
    Пол:
    Женски
    Јас искрено мислам дека мајка ми ќе се снајде со него и недела да и го оставам и нема да дозволи да плаче и да биде тажен. Свекрва ми нема, затоа и сум на две мисли со неа.
    Она го сака и чува и се ок, ама е немарлива и заборавена, а и постара е и дефинитивно нема сила ниту живци да го чува.
    И ќерка и ми има признаето дека кога го остава на неа цело време е на повеќе мисли него на свекрва и кога го остава. Така да до женава е и затоа се мислм многу.
    Ама ќе морам, неам избор.
    Инаку за себичност, па и јас сум иста донекаде.
    Ете сега особено дека е во градинка, попладне не сакам да се разделам ни за туширање од него. Цело вееме го гњавам, го држам, си играме…ручек немам јадено саглам од мм кога отиде, не ми се остава ни минута.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.917
    Допаѓања:
    21.885
    Пол:
    Женски
    Пробај да се опуштиш, добро ќе поминат. Ако можеш ќе и се јавиш неколку пати да ги провериш што прават и готово. Реално со домашните барем знаеме на што сме и гледаме до кај им се способностите и понашањето. Во градинка ни знам какви се со него, ни ништо. Останува само да се надевам дека таму е убаво чуван и среќен.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.924
    Допаѓања:
    8.174
    Пол:
    Женски
    За градинка бев решена дека ќе оди и така би. Одвај чекав некоја слика од роденден или активност да пуштат и да видам што прави, макар што сликата не значи ништо.
    Пред одредено време праќаат слики од активности 2-3 дена со ред. На сликите ќерка плаче, верувајте не ми е сеедно. А може како 2 годишник баш 10 секунди пред сликата се расплакала оти баш нешто не и е по кеф или било како. Битно мене ми беше црвено знаменце за да се распрашам што стварно испадна дека за играчка плаче во моментот.

    За оставање со баби, останува кога има потреба со двете. Во свекрва ама воопшто немам доверба, за ред горе долу следи може некои 50% од насоките што сум ги оставила и останатото импровизација. Во мајка ми, за нијанса повеќе имам доверба ама и таму не целосна.

    Пред некој ден средба со другарка, нејзиното дете е пораснато до кај ќе стаса. Од како е одбиено од доење спие по тетки, баби, стрини. Или на попладне го чува друг за таа да оди во теретана. Или во викенд е некаде детето или 1-2 во годината по неколку денови таа и мажот ѝ си одат на патување.
    Си го одбрала тој начин, ем вика знам дека имам живот и активности и покрај детето. Ем тоа си расти во голема фамилија и со различни луѓе.
    Многу не се замара кога е на друго место детето дали некој следел ред или не. И вака и така си расти, сите си се среќни.
     
    На lackygirl, Carolin., LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.917
    Допаѓања:
    21.885
    Пол:
    Женски
    Сѐ се сведува на тоа дека си е карактер. Мене моментално и ми се оди и не ми се оди, а знам многу жени што на мое место не би се мислеле и би оделе без проблем. Од друга страна па некни еден другар не прашува кога ќе одиме, малиот кој ќе го чувал итн. И кога му кажав ми вика ааа Х(жена му) никогаш не би ги оставила децата така, нема срце да ги остави. (facepalm) Демек јас без душа сум што го оставам. :?:
     
    На Carolin., јolene и 1209 им се допаѓа ова.
  19. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.333
    Допаѓања:
    10.729
    Пол:
    Женски
    Јас да имам на кој да ја оставам, сега би ја оставила со маж ми да идеме негде на 2 дена. Еве за одмор ќе ја оставам.
    Ама немам, прво мајка далеку..второ не и верувам. Значи на мајка ми не и верувам, не дека нема да ја гледа, туку оти е болна и сама не си се гледа ко што треба и нема рефлекси. Дете не можам да и доверам.
    Свекрви се постари, и не можат да ја чуваат со темпото кое она го има. Башка други работи.
    На пример јас ќе и дадам доручек, леб со путер, краставица, варено јајце и кашкавал. Она да јаде сама.
    Спрема свекрва треба само јајце, друго не, оти и одвлекува внимание и не јаде.
    Ќе касне малата две усти и одма е доста и е, мала е она.
    И после посета од свекрви ми треба две недели додека пак дојдеме на ред како се јаде.
    И така, ќе си седи со еден од нас додека не се исели од дома :bug:.
    Користете кога имате кој.
    Не се бебиња веќе. Не е исто непрогледано да го оставиш да одиш негде и сега.
     
    На strelec231992, 1209, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.924
    Допаѓања:
    8.174
    Пол:
    Женски
    Секогаш ќе има некој со различен став од нашиот и различни мислења и коментари.

    Пример што сум ги слушнала од другари/ки

    - Моето дете ќе тргне на 4 години во градинка, за што подоцна да прими вакцини. Да не мораше ради градинката, никогаш и не вакцинирав - вика таа.
    Комплетно различно мислење од моето, ама нема што да се докажувам.

    - За оставање дете, искрено на секое вакво оставање на неколку часа или неколку дена, се повеќе сфаќам дека повремено ми треба и таков чекор. Не би оставила секој месец за да се шетам насамо, ама би оставила 1-2 пати во годината ради службен пат.
    Во фирмата каде што работам, од друга страна еден куп колеги (мажи) барем 1-2 пати месечно патуваат на по неколку дена. Исто тие со деца, па и колку нашите и помали. Исто за нив никој не рекол, чекај детево 2 вечери ќе заспива без татко дома.
    Ама ако ние како мајки треба да отидеме некаде одма 300 прашање и дилеми.

    - При настинка/вирус, ако е со Тт, повраќање, треба да се прават инхалации и такви работи, си седам дома.
    Ако е дете при крај со терапија, генерално фит, ама мора да остане уште неколку дена дома, тогаш останува и со баби и татко. Се случило да имам прашање зошто и како оставам дете, од друга мајка тоа.
     
    На 1209 и LiquidLuna им се допаѓа ова.