Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.915
    Допаѓања:
    21.879
    Пол:
    Женски
    И јас така мислам. Греота е да не се користи можноста што барем за вакви прилики имам кој да улета за чување. Они се во друг град и поретко го гледаат и воедно ова ќе им биде можност дополнително да се зближат со него. За доверба никој во никого не е нормално да верува 100%. Сите имаме некои различни замисли и навики за нештата. Ама мораат да го почитуваат зборот и насоките дадени од родителите. Мајка ми пример оди во крајности, од некни ми бара листа со оброци за 4 дена, да знаела што да му готви. Знам дека сака да погоди, ама од друга страна он е ретко прибирлив и генерално знае и самата што јаде, ама ете да не згреши. Може и јас сум виновна за тоа зошто сум малце построга, лани имав направено цело мени со три оброци и ужини, па рецепти и чуда. Не сум контрол фрик, ама за него сакав се да е под конец. Годинава сум полабава и кажав отприлика што му е омилено и дека слободно може и да повтори во тие 4 дена некое јадење. Битно ми е да е најаден, а како ќе го храни она си знае. Кога сум до неа ја корегирам и неа и свекрва ми зошто и двете му носат залак до уста дур он уште џвака, а јаде сам од бебе и не сака да го храниш. Многу ретко дозволува јас да му дадам, ако е манџа или нешто што не е толку вешт со него. Ама 4 дена се, како и да го хранат за толку време не може да смени навика.

    Точно е ова. Маж ми неколку пати откако е роден син ми оди на Тим Билдинг и никој не се нашол да рече леле го остави, како ќе спие без татко му. Ама менталитет, не знам. И дали дека поврзаноста на мајка-дете е поразлична, ама и плус е наметнато ова од околината, почнуваме и ние самите да се однесуваме така. Некни во неделата бевме двајцата сами кај моите, во понеделникот имав термин на лекар таму и немаше како да го носам во градинка, а јас морав да се вратам на работа. Го оставив кај моите со договор да ми го донесат поручек. Кога му кажав на маж ми како планираме ми вика, а што не го донесат во вторник, нека остане уште еден ден, него му е демек да си поуживаме сами. :) И реков ќе видам, а знаев дека нема да направам така и нормално им кажав на моите да ми го донесат во понеделникот. :nod:
     
    На kozuf, јolene и 1209 им се допаѓа ова.
  2. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    446
    Пол:
    Женски
    Ве читав пред некое време дека давате некој сируп за апетит ама не можам да најдам.
    @AngelOfArh тебе те читав или грешка сум? И тие гумените мечиња беа пробиотици? Во Зегин ги има?

    Морам да почнам нешто за апетит да видам дали би имало ефект. Ги врти некои 5-6 работи што ги јаде само, нови работи одбива да проба ама на крајот сигурно останува гладна и мислам дека дури и тоа ја прави дополнително нервозна.
     
  3. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.098
    Допаѓања:
    8.586
    Пол:
    Женски
    И јас и ангел ги даваме на провен витамините. Како бомбончиња за ѕвакање се. Кај ангел имаат ефект и многу ми е мило. Ама кај моево не. Давам цел месец веќе и ништо се нема променето, пак се борби за јадење. Има денови јаде супер чак сам бара. Ама повеќето е со молби и борби. Пробај, може и кај вас како кај ангел ќе имаат ефект. Јас не планирам да ги преќинам, давам со надеж дека ќе почнат да си ја работат работата (fingers)
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.571
    Допаѓања:
    20.186
    Пол:
    Женски
    Не сум го оставала зошто не сум гледала потреба да го оставам, дома сум била ама секогаш нешто излегува нели, а и најискрено не сум го оставала зошто работат двајцата се капнати кога ке дојдат и уште да трчаат по него а нив мерак им е знам. Досега 3 пати спиел кај моите, на свадба два пати бевме, минатиот месец и сега викендов а во вторникот сам изрази желба да спиел кај баба му и дедо му, мајка ми втора смена остави го вели. И сега договорен е ке спиел со баба му секој втор викенд (тогаш мајка ми паѓа прва смена сабота и недела дома). На свекрва ми не го оставам и не би го оставила повеќе од 4-5 часа односно да знам дека ке си дојдам дома дента зошо она на кров ке му дозволи да се качи само да не плаче. И мајка ми делумно му попушта ама татко ми не, повеќе знам он дека му го тера редот:D многу е среќен дека е кај нив, секогаш насмеан го наоѓам, мене тоа ми е доволно за да го оставам.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    163
    Мајки, со што најмногу вашите деца играат независно? Син ми ќе прави 2 уште некоја недела и секогаш сака да играм со него.

    правам најразлични активности, до сензорни, боење, цртање, пластелини, магнетни коцки ама на прсти се бројат активностите кај што ќе седне сам и јас ќе испијам едно кафе сама на раат, бо тишина.

    ве молам споделете што им задржало најмногу внимание. Ние немаме многу играчки, генерално сѐ што е е од поклон, правам и ротација на играчки ама не сум го хакнала алгоритмот сѐ уште
     
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.183
    Допаѓања:
    46.660
    Пол:
    Женски
    Доволно внимание само игри со вода му задржуваат, другото е исто и кај нас. Немаат сега сеуште толку концентрација за подолго, се правиш како што треба.
     
    На 1001Ana1001 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.915
    Допаѓања:
    21.879
    Пол:
    Женски
    Коли, коли и само коли. Мислам општо сите можни превозни средства му се вклучени 99% во играњето. Дали ќе ги реди, ќе им прави гаража, ќе ги закачува една на друга, ќе си прави од рандом предмети лизганица и ќе ги пушта, ќе ги бања во вода и сл. Важно сѐ се врти околу нив. Оваа љубов почна негде пред вториот роденден и трае до денес, има 2г и неполни 5 месеци. Чат пат се заигрува и со гумени животни, ги има во сите големини па ги реди, им прави супа па им дава да јадат итн. Со пластелин исто си игра, ама претежно сака ние да му правиме фигури. На 2 години реално и не можеш баш да очекуваш дека ќе игра многу сам. Прво зошто уште не им се задржува многу вниманието, друго, тоа константно викање по тебе “мама види, мама дојди” е знак на приврзаност и е нормално за возраста.
     
    На 1001Ana1001 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    10.714
    Пол:
    Женски
    Мојата само ако земе некоја книга па се загледа и така да не остави. Друго најчесто не.
    Кафе пиеме заедно, седи со мене на маса и јас кафе, она млеко од машината топло и пуштам и така евентуално.
    Ова веќе дури и на гости кога одиме, штом намириса кафе бара и она за неа :D.
    Моево мислам ако го оставиш, цел ден во состојба е само млеко да пие. Од бебе навака, полудува кога ќе го види шишето или филџан со млеко.

    За играње зависи како е расположена. Некогаш ќе се заигра да вози количка или во кујна сама, ама повеќе оти во градинка си игра сама, дома особено со татко и, сака внимание од нас.

    И многу многу многу тестира граници..ние немаме тантруми, речи воопшто, ама затоа ако те насети само дека денот не ти е погоден, си во брзање или нанервиран, ќе те расплаче од правење глупости. Секунда нема да те остави, се што треба и не треба ќе прави, само и само да те полуди.
    Некој пат посакувам ко другите деца да плаче за нешто шо и да е, да ја оставам да се исплаче.
    Ова е некој друг левел и некогаш вади од мене ѕвер. Ако продолжи вака, ќе морам со стручно лице да разговарам.
    Дај споделете дали некој друг има вакво дете.
    Џабе бројам до 10, џабе се. Како ме насетува кога не сум зен значи, ко вештерка мала е :devil:.
     
    На Carolin., 1209 и 1001Ana1001 им се допаѓа ова.
  9. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    163
    Исто е и кај нас, јас политички играм и превенирам тантрум така што му давам избор, пр каква боја цевка сакаш, во која чаша и слично, за чудо работи. Ама ако не е спиен во градинка, тешко нас, и јас и маж ми немаме сила да го дочуваме а заспива у 19,30ч. Значи од 15-19,30 ние двајцата не можеме да го натстасаме, многу темпераментно дете. Не користиме екрани, нонстоп сме надвор или со пријатели, цело врмее му е посветно и играме со него, а на крај на вечер сме издишани балони. С кога не му е денот, така убаво вришти за сѐ, мислам социјална служба ќе ми дојде на врата…
     
  10. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    10.714
    Пол:
    Женски
    Ма не овде имаш, ајде да миеме раце.
    Ок ајде.. и ќе кажам без глупости, мокриме раце, ставаме сапун, плакнеш, крпа...ок. Ок.
    Влегуваш и за две секунди има пуштање чешма на најјако, грабање шо има да се грабне да се стави под млазот вода, грабање сапуни, отварање истурање, плискање насекаде и гледа во очи и гледа уште колку ќе избиеш.
    Се пробано, зборење, објаснување, тргање од чешма на прва глупост, џабе.
    На крај завршува со ја да и мијам раце она да се дере.

    Или ајде влегуваме дома, се знам мора да се соблечат патики и чорапи, се мести кое дека треба и после раце се мијат.
    Па пробува да не се соблече, да трча со обувки низ соба, па ќе пробаш да ја соблечеш се дере сама, па ја оставш сама и пак пробува да бега со обувки. И така.
    На крај е застануваш до неа и велиш имам време да чекам и ќе чекам.
    А пробано е ао секакви тактики,ама ете она да проба дали случајно може да биде друго денес.

    И се осеќам на крај како Хитлер некој. А најавувам со убаво, објаснувам оти и како, прогрес има ама она кога сака.
    Некна одиме по улица, се држи за рака на мене, гледа кола дека вози се отстрани од патот сама и ми вели иде кола, ќеќе стои на страна :inlove:.

    Кога сака нормално.
    Екрани почнав од сега пред месец два, миење заби или кога има некоја мака за шуруп да се напие.
    Слики гледа по еднаш на ден исто од неа и тоа е.
    Ама мојава зборува веќе одамна и многу чисто зборува, на два јазици исто, така да смее по некоја песничка. Цртан не сум дала уште.
    И забележувам дека после екран е многу понемирна оти и ставра зависност па избегнуваме максимално.
     
    На Carolin. и 1001Ana1001 им се допаѓа ова.
  11. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    1.270
    Пол:
    Женски
    Магнетни коцки ама 2 и 8 месеци е. Ги реди и става животни кое каде живее. Песок, ако не става во уста, моето од 1.5 год не става и може саат време со песок да си игра. Со вода, под надзор. Тој период околу две години сакаше да претура работи од фиоки.
     
    На 1001Ana1001 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    163
    Исто е кај нас, се лути ако му миеш раце, има една toddler tower му стои во гостинското вц, одма до ходник. Доаѓа од градинка, патики соблакање и одма горе раце да мие. Океје е за раце миење сега хит му р “пена да направи со сапун и нема гајле. Додека е качен горе го соблакам скроз по пелена и седнуваме да ручаме сите.

    и син ми зборува убаво, сврзува реченици, телефон нас ни е исто за слики и видео повици. Тв давав кога инхалирам само. Верувам дека ќе почнеме и ние набрзо.

    цело лето бевме некаде, не бевме дома зошто работиме со маж ми од дома и он со нас беше од средина на мај, до понеделникот сега. Мислам тоа дополнително му доведе до поизразени чувства и да се чувствува свој и да се дере рекреативно хахаха
     
    На Carolin. и јolene им се допаѓа ова.
  13. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    446
    Пол:
    Женски
    Фала ти :) Ама тие ги пишува над 3 години, мојата е 2 години и 2 месеци и досега ништо не сум дала во слична форма.

    Ајде ако не ќе пробам прво со Пиковит дали ќе делува. Читав, има некои и задоволни.
     
  14. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    264
    Пол:
    Женски
    Генерално уште е мал за да се заигрува сам подолго време и покрај тоа што секое детенце си е посебно. Ќерка ми е 2 години и 2 месеци и можам да кажам после 2 години почна сама да си игра ама тоа сега за сега не трае подолго од 15 минути.. Ме бара мене да дојдам. Па правам некоја комбинација седнувам ск неа, ја заигрувам, па ќе станам и за 15тина минути одам пак. Она е девојче и најчесто си игра со кукли, ги покрива ги брише ги успивасега почна и со коцки, па правиме на пример куќичка па мали играчки влегуваат внатре и демек седат спијат јадат... сега за сега така тераме. Едвај чекам да почне да си игра посамостојно да можам да завршам нешто низ дома ко шо треба.
     
    На Carolin. и 1001Ana1001 им се допаѓа ова.
  15. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    974
    Ме тригерна муабетот за оставање, само да додадам дека никој од страна не треба да слушате што ќе ви каже. Секој си ја знае најдобро ситуацијата, детето, и бабите/дедовците на кои треба да се остави. Кај мене од 6 месеци и збореа бабите, ех да не цицаше ќе те земевме една недела кај нас :D а после 1 саат кога сме им на гости подлегнуваат да одморат :D

    Среќавам бивш колега, рандом падна на муабет дека не одело детето во градинка, па затоа ли го правевме и го раѓавме друг да ми го гледа, како да не, не сум таков родител. Боже свеста ми се зеде во моментот и многу ми требаше да си подголтнам, посебно дека и сега на 2 години мене ми е се уште криво кога ја оставам секое сабајле во градинката. Следен муабет како биле на Малдиви со жена му 3 недели, детето со бабата. Свашта ќе ви кажат луѓе дека треба или не треба, не значи дека и самите тоа го следат.
     
    На 1209, Bella_Stella, Butterfly30 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    264
    Пол:
    Женски
    Wow, не го раѓале за друг да го гледа, па ние баш ради тоа ги раѓавме и пративме во градинка :rofl: И мене ми се има случено од муабети со блиски и нетолку блиски да кажуваат контрадикторни работи, дека нешто прават а уствари нема врска, така да скроз се слагам дека тие муабети колку и да е тешко како мајки да ги слушаме треба да вежбаме од едно уво да влезе од друго да излезе.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.326
    Допаѓања:
    24.870
    Пол:
    Женски
    На темава, оставам деца со баби, со 2те, во 2те имам доверба ама и 2те работат и така многу ретко ги чуваат.
    Сами со мм нигде не сме биле од ко се родени :D прв пат го оставив првото дете 1 ноќ ко се правев операција од жолчка, 2 пат беше ко се пораѓав со второво. Кај мајка ми големиот летово седеше 3 ноќи, одевме секој ден таму ама не сакаше да си иди, па искористи дури беше на одмор мајка ми. Не сум имала прилика за поќе дена да сум одела некаде а кога би имала и да има кој да ги чува одма би одела :wasntme: емотивец сум да, ама после второво сум многу опуштена, сменета.
    Одеше и првото во градинка, оди и второво, сакале нејќеле, мора да одат немаме друга опција.

    И така, одмор поминавме (со мајка ми и татко ми), преубаво поминавме и сите одморивме, поделени обврски на сите 4ца и никој не беше преморен. Годинава прв пат со баба и дедо, би одела пак следен пат, здравје само :D
     
    На sani99, Bella_Stella, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    1.705
    Пол:
    Женски
    2 недели веќе без пелени, денес почна да мочка во гаќи, досега беше доста успешна. На што може да се должи? И за какање беше добра, последниве денови како да неможе да се искака на нокшир или адаптер.
    Нема никаков стрес, нема никакво карање кога ќе згреши, неможам да приметам од што доаѓа до тоа.
    Личеше спремна и без грешка затоа и пробавме. Валјда треба да останам упорна? Ми е страв да не држи за какање да направи запек.
     
  19. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    446
    Пол:
    Женски
    На какви коцки мислиш?:)
     
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.098
    Допаѓања:
    8.586
    Пол:
    Женски
    Моето е две години и три месеци. Добив зелено светло од матичен лекар и давам. Разговарај со вашиот педијатар. Можеш да ги делиш на пола
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.