Луѓето се без осет и практикувам да не слушам никој. Најблиските другари што ни се имаат две деца, големиот одеше во градинка, малата е помала 3 месеци од син ми, ја чува жена. Летово и големиот не е отиден во градинка зошто било хаос сега, кога ќе се вратело се во нормала ќе одел пак. Прво, без осет е да правиш таков муабет на некој што сакал-нејќел мора да си го носи детето во градинка, друго каков хаос? Да споени групи се и не е исто како што ќе биде од Септември, ама не е дека нашите деца што ги праќаме и во лето на градинка се на милост и немилост оставени. После еднаш друг муабет и викам на мајката леле кога е на градинка едвај го будам, а во викенд станува со кокошките. На тоа добив одговор ееепа затоа јас не го пуштам, жал ми е да го будам од сабајле кога му се спие. Демек мене не ми е жал, јас без душа сум. И на такви муабети јас и враќам со ‘епа тоа е, јас немам избор, мора да оди нема кој да го чува’ и она ми вика ‘е да’.
Во врска со оставање на деца со баби за лезет - сами со маж на недела дена некаде, секогаш ке сум против. Прво, одење некаде, без разлика дали е планина или море, има огромен бенефит за здравјето. Второ, ако изговор е да си се посветиме еден на друг, само ке кажам дека е беден. Посветете се откако децата ке заспијат. Или излезете на вечера, кафана, кино, што и да е. Викендашко шетање ми е бегање од сопствените деца. Одење на тим билдинг ми е според потребите на детето. Има деца кои се исклучително врзани со мајката, или со двајцата родители. Ако на моето дете, му е ептен тешка таа разделба, нема да одам. Мене секогаш, потребите на син ми ке се пред моите. Е сега, има деца кои не им е гајле. Секаде идат, спијат кај стигнат, може со комшивката да седат цел ден. Маж ми еден викенд беше со другарите на момачко и син ми еееедвај го дочека. Пред спиење прашиуваше каде е тате. Кога ке се разбуди исто. Сам го оставивме еднаш, во друг град на свадба бевме, и не престанал да прашува кога ке се раздени. Од друга страна, за оставање на неколку часа, нема мака. И сам бара да оди кај бабите, кај тетка ми. Праќање во градинка за лезет на родителот, нема да разберам, од причина што се болни малтене 5 пати во месец. Завршна мисла: ако имате расчистено со самите себе дека ви е ок да го оставите за незадолжителен тим билдинг, не треба ништо да ве тригерне. Вашите одлуки, потреби, можности се ваши и на партнерот. Е сега, ако имате грижа на совест, тогаш коментарот на комшиката ке ви е битен.
Ја не знам што е со луѓево околу ко мислиш кога ке иде у градинка таму на бесење иде, на голи оток го праќам кузнае дал ке преживее. Не ми е гајле што зборат ама ме нервира тоа коментирање од страна, ја не ви се мешам што ми се мешате. А најчесто коментиераат тие што имаат две баби на располагање, оставаат деца да ми простите кога ке им прдне. Јас добив коментар од баба на внучиња "греота да оди таму во градинка јас моите сама ги изгледав, ете ги што им фали" во сред парк. Уште не ми е јасно само како е греота да оди да се дружи со деца, да има ред и тоа е полошо од седење ко некоа баба на селска чешма со цело малоо.
Да чртнам. На одмор уште два дена. Синко златен и на плажа и во вода. Не осетив дека имам дете. Ама затоа навечер не ми се шета низ град, само сака да фаќа се наоколу и да трча и едвај се убедиваме раче да даде. Имаше денови јадеше како дупнат, заспива сам овде. Што ти значи умор од вода Верувајте не ми се враќа дома оти ќе ми збеснува
“Баба на селска чешма”. Како прво таква баба незнам каде има Многу ми е интересен овој муабет а стално се кажува. ко детево казнето со баба да е. Син ми до 4 год. го чуваше мајка ми. Тв и цртани никогаш, и ден денес се лути на нас што му даваме. Секој ден игри: сложувалки, цртање боење, читање, сите приказни ги знае од неа не од мене. Песнички . Социјализиран, ништо не му фали, деца обожава. Има деца и во градинка па не се социјализирани нели ? Кога тргна во градинка , за две години дома кажа една песничка. Ко да се врати назад а не напред. Јас имам среќа да имам баби за чување , но потполно ги разбирам тие што немаат. Муабетите од други сигурно не се злонамерни Зошто мене и другарки знаат да ми речат е лесно ти е тебе има кој да ги чува. И јас што да речам на ова? Летово седеа кај баба и дедо во др. Град. Прво бев скептик но посреќни не сум ги видела. Во куќа , во двор со куче и мачиња, базен , плачеа дома кога ги земавме. Не сфаќам што е тоа толку лошо , па да се плука на секое спомнување
Исто потполно. Посебно тоа со уназадувањето, детево намали со говор многу, програма немаат некоја во градинка, и сега ми се враќа со Сигма бој и Чикен енд банана научена. Не е до тоа дали ќе го чува баба, туку каква баба.
Ова ми беше муабетот, не се изразив добро. Ама верувајте поголем дел во мојата околина децата се пораснати во трачарки ко бабите. А таа бабата што ја зборам баш таква е.
Исто имам баби за чување, летово го причувуваа да одмори од градинката. И хаос е во градинка барем тука летно време, џабе ќе се лажеме. Син ми почна да се плаши од поголеми деца и да ги избегнува. Си приметив по детето. Кај баба и дедо нема турски серии и одење по комшики и трачарење. Има двор, бавча, му даваат да наводнува со црево, бере пиперки патлиџани, во сѐ е вклучен. Маче, куче, базенче. И деца има таму на негова возраст, баш убаво ќе биде и таму да си направи круг. Тешко му е да се оддели после од "бабиче и дедиче". И ич не ми е криво што го оставам зашто морам да работам и да заработувам.
Имам некаде низ темите пишувано, на другарка мајката буквално сама бараше литература да се образува плус за да може да го чува внучето. Секој ден прошетано, па сликовници, па игри, па што ти не знам. Кај мене кога дете е болно е не оди во градинка, седи со баба ама после низ муабет како ова не се стасало низ дома, ручек не си направила бабата, не стасала да јаде цел ден, не стасала да си испазари. Не кажано директно ама во завиена форма, одоколу. Е почнав и ручек да оставам и се испазарено во двојни количини, да не биде немало. Секоја среќа што како расти дете се помалку има потреба за оставање дома. Од друга страна јас како дете кое пораснало дома, со мајка и татко цело време околу, скроз сметам дека и на родителите повремено му треба ден, два да се посветат на себе. И детето да е навикнато само да спие, останува со друг. Се доаѓа во животот. И службени патувања кои може напредок и плус пари носат. Плус што е со родителите во три смени што работат? Не можеме сите да сме со огромни плати и само еден родител да работи. Или сите да имаме работа од 08:00-16:00. Како и да е одреден периодот од денот/ноќта детето нема да гледа родител. Плус и на свадба да се појде некогаш. Еве и на болница ако треба, може ќе раѓам второ и останам 5+ дена, може потребно во животот ќе биде некоја интервенција. Зошто да одам со страв и нервози за детето што останало дома и психички да се распаѓам таму?! Може и никогаш додека е мало нема да има потреба да се разделиме ама може и ќе има од Х причини. Нека не е само со мене. Нека е и со татко. Истото важи.
Јас незнам зошто телевизори во градинка. Некои детето го праќаат за да го оттргнат од телевизор . За син ми немаа , сега за ќерка ми веќе имаше тв. Вие арни сте, мојата Еспресо Макијато ја научила па и кореографија им покажувале и ја игра Група од 2-3 години @LizzyGrant и мене не ми е криво за оставањето Не го сфаќам тоа трагично, башка убаво им е на децата. Не сакам да бидат залепени за мене и да не сакаат со никој. И нас некогаш ни треба простор за себе .
Апсолутно на никој не му е лесно, и со баби и без баби, и со цело село, се си има своја тежина и секој си знае што си носи. Мене баш тоа ми беше муабетот што редовно од страна ќе се најде некој неповикан да ти каже како е "правилно", еве како правам јас, мораш така и ти. Без воопшто да се помисли како ќе ти биде да го слушнеш тоа, а уште помалку да проба да размисли и да сфати како ти е и дали воопшто ти треба таков "совет". Луѓето ќе си дрдорат свашта, наше е да земеме што ни треба а другото да го пуштиме по вода. Во некој идеален свет се уште ќе ме погоди некој коментар некогаш ама работам на тоа Едит: wtf со телевизорите во градинка
Мали нешто ми кашла заграздавеано и така збори, дали ларингит звучи кашлање како гуска? Дали мора да се превземе нешто или зависи од степенот на загрздавеаност?
Зависи колку често се намалува. Да пробаш да дадеш ладен напиток или сладолед да видиш дали ќе се смири. Ако продолжи со кашлање и со почести напади, носиш на лекар.
Не кашла често, му дадов сладолед, се подобрува. Нема напади на кашлање, само се накашлува на моменти.
И син ми од некни така поткашлуваше, како ларингитски, суво. После па премина во влажно, ама само од сабајле знае да се закашла. Јас одма почнав да му давам Бронхил мед. Сега дур е кај моите и они му даваат, добар бил. Може кога ќе се вратиме ќе го однесам да го преслушаат зошто ма 4ти одиме на одмор, па чисто за мирни да тргнеме.
Да исто само сабајле. Ќе видам како ќе биди од утре, може ќе го однесам и јас. Не не личи на кучешко, баш како гуска кога грака
Се разбуди со напад, среќа од читање тука знаев што треб да правам, ама страшно беше ептен се исплашив, не можеше ни воздух да земе, дојдовме одма на итна и му направија инхалации и урбазон го боцнаа, го преслушаа нема на гради ништо, ларингит е дефинитивнино. Кажете ми за колку денови минува, урбазонот многу ли е штетен, некако како да читав дека ептен ако е итно се дава, мада итно беше се кај него мислам ептен не можеше да дише.