Мојава два пати има имано, кај нас терапија беше 5 дена спреј со кортико, она немаше воопшто глас. После 3 ден се смири скроз
Кога баш не може воздух да земе мора урбазон да се даде. Да се отвори ларингитот. Сега веројатно со инхалации ќе се продолжи само, ако е подобрено. Или три дена урбазон ќе даваат. Повеќе не би требало. Јас веќе знам кога ќе го фати и не го носам одма на лекар, од што кај нас не доаѓа до такви опструкции да не може да дише, туку само тој лавеж го има кога кашла. Да минува со лесно ве гушкам
Луѓе детево сношти и денес од дремка се буди исплашено и плачејќо. Не ме познава. И тоа солзи огромни. Спие на исто место со исто мече... Нема промени дури следна недела ќе е во градинка.. што да правам ??
Ноќен терор најверојатно. Избегнувај стимулација пред спиење, одржувајте си рутина, бањање, приказна или слична мирна активност. Кога ќе се случи не се обидувај да го будиш само биди до него и чекај да заврши. Обично не се сеќаваат утредента.
Мајки со две деца, ве молам утешете ме дека станува полесно. 2 години и 2 месеци и овој период ми е најтежок досега. Периодот новороденче во споредба со ова ми е песна. П Е С Н А. Хаос дремката, ноќното спиење, јадење - сè! Пренервозна е, мора да е по нејзино. Кога не е - се удира, кубе и вика ненормално гласно. Навистина сакам две деца, од секогаш сум сакала ама не можеме еве со ова да излеземе на крај. Кога, како? Се чувствувам како тотален failure. Исфрустриранаи немоќно. Тажна сум што е вака. Преуморна, престимулирана, па знам и да и повишам тон неколку пати во денот. Не сакам да сум таква мајка.
Ќе биде полесно, за кратко. Ќе почне да зборува и ќе може да се разберете што сака што не. Само трпение. Број до 10. Кога ќе почне да вика, веднаш одвлече и го вниманието на нешто друго. Викање на оваа возраст не помага. Само уште толку ќе се истрауматизира. Тоа најчесто се случува кога се гладни, жедни или кога им се спие. Гледај да бидат подмирени овие работи и ќе биде подобро. За второ дете е полесно. Од искуство ти кажувам. Знаеш што да очекуваш и нема да се потрсуваш толку многу. Моите се три години разлика. Истата бев како тебе со првото, па и бремена. Сега кога го гледам второто си мислам дека уште 10 деца како него можам да ги гледам. Ама најчесто не е до децата, до нашиот однос кон нив е. Тие само бараат внимание од нас, бидејќи ние сме им се на светот додека се мали.
Мајки ај помагајте со искуства. Година и 9месеци сме,престанавме со доење пред 2 месеци. Дете не престанува да плаче ноќе и да се буди и тоа со долго плачење и трескање од земја.Немам памет веќе што му е на дете. Од кога е роден не спие долго ноќе,ама ова не престанува...
Ауууу... Еве давам заклетва, повеќе дома чување дете од градинка нема, ќе оди макар надвор имало 50 степени. Повеќе од 3 дена не чувам дете дома ако нема потреба. На ивица сум и одмор да откажам. Ми се плаче секое сабајле ако ми верувате. Сабајле 40мин се убедувавме да се облечеме, да не се соблака, да не плаче, да не се буни... Не можам, ми се темни веќе. Па кога ќе рече Немој мамичко, само маку мамичко, да ме гушнеш мамичко... Срце ми се пара.
Какво полесно, шо зборуваш? Јас или сама ќе си се пријавам во лудница или кај и да е ќе ме соберат. 4.5 и (скоро) 2 години се моите. Уште го чекам тоа полесното.
Од што може да се појавува црвенило долу кај женско со црвени брунки? Надворешно скоро цело дунде. Ја чеша и пече, неколку дена е вака. Ќе намали, па пак ќе избувне. Две години е, истите влажни и памперс ги користиме од почеток, никогаш немало проблем.
Пад на имунитет, кандида, се може да е. Мачкај малку канестен, ако се смири ок, ако не на лекар, ќе земат брис. Почнавме да пцуеме, и тоа сочно, пи*ка мајчина на татко му и тоа поштено го опцу синоќа. Ме фати неспремна, ама го искарав секако.
Моето пцуеше кога тепаше муви ( и тоа само кога со тепалката ги бркаше, во друга ситуација не ) пи*ку матер ....Изгледа дедо му го имаше слушнато. Пробав со муабет само повеќе го потикнував да повторува. И престанав да реагирам и игнор и престана
Јас од ќерка пред некој ден добив Мрш (млс) таму - упатено кон мене, кога пробав да ја тргнам да не се качува на една ограда. И си викам или од баба/дедо и е слушнато или низ градинка. Друго не знам од каде го научила.
Ќере знае да препцува , знам да се заканам дека јазикот ќе и го исечам и тоа е Јас најдов финта шо пали, ко ќе презбори или направи нешо шо не треба и викам дека само Големите, мајките и татковците смеат да прават така, дечињата не и прекинува Јбг. Whatever works
Моево кара/пцуе веќе 1 месец Пицку матернити Не си салам вели исто (од мајка ми научено) Ти мамо не си салам Едно вели ( бегај таму детиште едно) ко ќе речи едно знам што му значи Мене ништо не ме загрижува, нормално е и ова, слушнале па повторуваат, не знаат што значи, па уште му е интересен на сите и сите се смеат и тој уште толку кара/пцуе
Како сте сега? Пиете ли нешто. Кога беше мал син ми имаше ларингити често. Тоа е тоа - кашлањето како што го опиша е типично за ларингит. Страшно е кога ќе дојде до опструкција кој не видел, не знае.. Урбазонот помага во итна ситуација ама моментално и не е добро да е често (а мојот правеше неколку пати годишно) Обавезно набавете инхалатор за домашни услови и правете инхалација со физиолошки. Тоа ми била прва помош инхалации со физиолошки, и давав лоратадин, аериус или нешто сл. 2-3 дена и ако е ептен затнат на лагер стално имав дексазон во ампула. Ама тоа е кортико и само за екстремни случаи го давав, по 1мл. во физиолшкиот измешано и да инхалира.
Вчера ја мачкав неколку пати со кантарион масло, ќе намали и пак се вцвенува, а денес бевме на педијатар, рече само со чај од камилица. Ќе видиме колку ќе помогне. Не сум во мк, тука брисеви послабо.