Некоја мама со искуство кога коленцата одат навнатре? Почна чудно да гази во последно и го однесов на ортопед во мк. Ми рече дека има мал степен на х положба на нозете. И дека тоа само се средува од себе до кај 4 години. Ама да го пратиме да не се влошува и доближуваат повеќе. Ум немам. Како не забележав порано си велам во умот само. Многу се осеќам без врска
Како имаш храброст да кажеш што да мачка кога ниту си видела како изгледа осипот, ниту си доктор? Дополнително што членката кажува дека доктор и дава друга препорака.
Јас од блиски знам дека им дадоа фора до 5г, ако не се среди да го пратат на Џудо тренинг, знам дека почна ама до каде е и дали има ефект не знам
Може да засмета памперсот и после 2 години. Плус, се дешавало ист бренд да има различен квалитет, зависно од пратка. Сликај и прати на дерматолог и педијатар овде, ке можат повеќе да ти помогнат. Исфрли влажни скроз, бриши со памук и вода. Единствено веледа со цинк можам да ти препорачам.
Ќе видиме. Генетика нема за да има таков дефирмитет. Никогаш му немам дозволено на нозе да седи и не седи, па да се должи на тоа ова сега минимално што е. Дебел не е. Се изначитав од што може да дојде до тоа. И не ми е јасно како му одат така коленцата. А го однесов зошто гази навнатре со стапалото на десната нога. Читав дека е и нормално за деца во развој ама пак ме фаќа страв да не испуштам нешто битно, па да си има проблем.
Ако мислиш на ова, станува збор за нормална физиолошка состојба при што нозете се исправуваат подоцна. Мене и ортопедот ме предупреди дека ќе се случува ваква промена, да не паничиме и трчаме на лекар ако приметиме. Секако ако се сомневаш во нешто последен збор ќе има ортопед, чисто пренесувам искуство.
На нас ни рекоа дека тоа е нормална фаза, дека мора да одат навнатре, ова на ортопед кога го носев, баш рече дека околу 2.5 г се јавува и се средува докај 4. Кажете ми оние кои што сте земале до сега боледување за нега на дете, што треба да однесам кај работодавецот откако ќе го затворам боледувањето? И дали е вистина дека ако немам 6м не ме следува боледување?
Оригинал листот за боледувањето треба да го однесеш, ти го дава матичниот. Мене ми бараа еднаш и копија од извод од малиот, од личната карта и од трансакциската сметка за да ги поднесат у фонд. Иначе тоа дека не те следува боледување нема шанси да е точно. @Ceneva и кај мојот е иста ситуација со коленцата, закажав на ортопед па ќе видам што ќе ми кажат. И јас сум ептен загрижена ама секаде читам дека нормално било до 4 години, којзнае.
@1209 @strelec231992 како на третата слика е ситуацијата. Ми рече ортопедот дека е нормално за деца во развој и за една година контрола, да се пропрати нели нормално. Дека немам место за паника. Само да биде што повеќе бос и лесни кондурчиња. Ама пак мислата ми остана и сакав искуства да чујам
Какви шишиња користите кога шетате со вашите дечиња, до сега ние од дм сме користеле со цефка ама гледам ја кини со заби цефката и сега сакам некое друго да пробам.
Веројатно вади заби чим ја кине, има скинато и син ми 1-2 цевки и неколку цуцли лажливки во период кога излегуваат нови запчиња. Инаку користиме разни шишиња со цевка, Твист енд шејк, Авент и од тие на Дм.
Ни дадоа вежбички, да се качува на прсти да посегнува по предмети, да седи скрс нозе ама кон надвор, не кон внатре, значи не во форма М нозете никако, да седат по турски ако ме сфаќаш. За канестен доктор? Докторот и дава препорака да става чај на интимата и да предизвика уште поголемо воспаление и да отиде нагоре, зошто чајот лечи се, а не е така зошто чајот многу често не е чист односно тоа во ќесичка содржи и обична трева која којзнае што е и може бетер да направи. Не прашувај од кај знам, шетав со осиш на лице поради таа камилица од ќесичка. Канестен е сосема безбеден лек кој најчесто го даваат како прва помош. Ок. Мајката ќе си одлучи, ја повлекувам мојата препорака. Провери во вашиот фзом, ама мислам дека е така. Нешто кажаа дека е можно да има промени, ама не сум сигурна. Бар кај мене беше така пред 6г, со големиот, не смеев да земам боледување а имаше варичела и едвај се снајдов некако. Подобро ќе ти биде да се договориш со работодавците, да одработиш, да ти одбијат од одмор и слично.
Моето е права балерина... Така да од таа страна вежбата ја прави. Никогаш нема седено м w како ли ја викаат таа положба. Седи често јога со стапалцата споени и колената на надвор, така да и од таа страна мирна сум. Стално си е бос по дома, само надвор кога сме нормално носи обувки. А сега на море нон стоп беше бос, чак и по улици
Мајки на склет дечиња Значи јас не знам зимово што ке се прави , абе нема шанси да го покриеш со нешто одма го трга , се нервира плаче . А кога ке бара да го префрлам на спална мраз детено . Не знам дали да му земам вреќа за спиење или што да правиме
Вреќа само. Големиот по некое време ни вреќа не трпеше, па му сплети мајка ми елечиња И над пижами му облакам елече во зима, така спие. Покриен нема шанси.
Моиве никогаш не спијат покриени, жива вода се праат и одма клоцаат што и да им се стави на нив. Вреќа мислам само може некое дете да прифати што е навикнато да е "заробено", од сега тешко. Моеви не сака ни чорапи и патики, боса шета надвор уште, а на вечер заладува ептен, како ќе не биде со патичиња не зна
Овде со педијатар зборевме и рече за дете до 4-5 години освен многу физичка активност, ништо друго. Не знам како да го преведам поимот искрено турнен. Акробации и атлетика. Ќе му дојде како на час по физичко на јаже бесење, качување по скали нагоре, одење по една греда, скокање. Тоа и телото само корегира. @lalinda infectosoor, mirfulan или multilind гуглај. Ако идете накај Германија може без рецепт да се земат. Прво Мултилинд зедов се намали, ама во градинка не ја преоблекуваа толку често. После инфектосор добивме на рецепт оти беше габично после ант и помина, ама и од градинка имаа наредба да ја проблекуваат на саат ипол макс и да гледаат за кака. Мирфулан е само цинк креме а другите имаат плус за габична инфекција. Габично ако е како мали точки ќе има. Мултилинд е ок оти е исто за дерматит на пеленска без кортико.
Не е ни кај ова дете генетика нити пак да е полно, нив како што кажав џудо им предложија дека е добро, но после 4-5г ама ете гледаш дека кај многу е случај и се корегира. Мојата пример ден денес знае да седи ви М положба ама она и кратко ја фаќа место ама неам приметено за сеа ништо, нон стоп ви покрет и качена на јаже.