Дете што не трпи ни вреќа нема да дозволи да му облечеш. Имам и така стои не дава да му ја облечам. Иста мака имам. Ама не се води по ладните раце и нозе. Ако грбчето и градите му се топли тогаш не му студи. Мојов зимо лето откриен е. Зимо му облекувам боди и цели шпикозни без стопала, зошто не трпи ништо на стопалата. И греењето ни е ради него вклучено на 22-23 преку цела ноќ.
Дека не е спремно, одиш во Симпо (за Скопје, завод за развој и ментално здравје мислам беше) и прават проценка. Со тоа што после ти се провлекува уште еден преглед за да му ја “тргнат“ дијагнозата и да не ти прават проблем во школо.
Годинава видов неколку деца на социјалните мрежи тоа, со скоро 7 години што тргнуваат првачиња. Кое декемвриско, кое и порано родено од тоа. Реално немам контакт со луѓето се работи за родители на деца кои се со ќерка во градинка. Едните имаат споменато дека првото дете ради некомплетно развиен говор, нечисто кажува некои гласови, па самите служби од училиштето на тестирањето што е за првачиња, му рекле да паузира една година. И сега тргнува со полни 7. За други не знам како одложиле, не би ни прашала, а за нас рано е и да му ја мислам. Еден период за дете (јануарско е) си мислев дека не е лошо и на 5,5 години да тргне на училиште. Сега се повеќе сум кон тоа на 6,5 да си оди како што и следува. Ама пак уште 4 години се во прашање, може многу работи да се изменат.
Нигде не пишав дека препораката на докторот е соодветна. Ама како сакаш сврти, не си го видела детето, не знаеш за каков осип станува збор и не си доктор. Ако кај вас помогнал Канестен не значи дека ќе помогне и кај нив и дека се мачка на леб.
Ama i ti... Pa nikoj nicie dete ne videl, pa se davaat soveti po forumov. Kanestenot e nisto vo sporedba so drugi soveti sto sum citala i shto se pisuvaat.
Јас имам јануарско дете врснички се со твоето и убедена бев дека треба на 6.5 треба да тргни, се додека едни стринки тетки ми ставија бубачки ми викаат како да тргни на 6.5 голема ќе е, сите сакаат помали да тргнат ти поголема и почнаа да ми набројуваат кој се тргнал порано и плус ми викаат ам секако во градинка ја носиш поубаво во школо да учит, па годината секако ја губела и малце ме замисли ова затоа и прашав овде. Според мене мали се за да тргнат порано, поубаво таму најголема да е него најмала ова јас си размислувам.
Кои се тие сите што сакаат на 5ипол, глупости. Значи ич да не ги слушаш и да си правиш како ти одговара. Прашај ги нив на 5ипол дали знаеле дупе да си избришат и да врзат врвки, па после ќе збориме.
Затоа викам уште најмалку 3 години имаме за мислење, којзнае што ќе испадне до тогаш. Истиот муабет и кај нас и тоа од млади мајки. Демек што ќе прави толку во градинка, знаеш колку е многу на 6,5 да тргне. Демек остана ненаучено детево. Оти реално на февруарските не е проблем на 6 години и 6 месеци да тргнат. Ама јануарските се престарени на 6 години и 7 месеци. @AngelOfArh , имате напредок со вадење на памперсите? Реков сега септември последно се пробувам викендашки. И нормално и тука коментар добив, ти цело лето не ти текна, сега кога залади. Не дека не ми текна што е битното ама не беше успешен обидот.
Дома? Не. Вчера додека го спремам беше гол и се измочка на земја и плачеше. А во градинка замисли седел на шоља. Нели е да си пукнеш.
Еее мила да знаеш дека има. Ете кај мене во родното место, имам пријателка која си то пушти девојчето на 5 и пол, а можеше да бира. А апла девојчето се гледа дека не е спремно за во школо. Така да секакви случаеви има.
Декемвриско имам јас, еве го второ одделение оди сега со 6 год и 9 месеци моментално, прво помина одлично, прво ниво беше по сите предмети, 2ро полугодие научија и да читаат. Јас па воопшто не размислував да го прекинам, цела година што ќе правеше дома, кај нас и в градинка не ги примаат ако останат една година. Плус си е со истите деца од градинка. Многу рано ви е за оваа тема
Јас баш за тоа дека може да се бира дознав од форумов, не знам дали е новитет или од секогаш било така. Јас сум родена во Јануари и забавиште почнав на 5ипол годинки во Септември, за четири месеци си полниш секако 6. Исто и за прво, почнато со 6ипол, за четири месеци 7год. и не бев единствена, имаше и помали од мене, а не верувам дека нашите тогаш имале баш избор. Ова е одамна, немаше тогаш деветтолетка ако има врска тоа, затоа реков може е некој новитет ама не е толку страшно како што сега ви изгледа од страна на дете.
Појма немам габично ли е, не ли е. Само ја погледна и рече чај од камилица. Не ми допаѓа што не се замараат, сѐ им е нормално. Мали точки како што викаш (како брунки) се намалиа, ама црвенило уште има, а страв ми е на своја рака да земам нешто. Фала на сите за препораките, ќе размислам.
Ко да не ќе заврши школо ако тргне "покасно". Мојава јануар прави 6 и во Ск ни стаса писмо за оваа година да тргни прваче ама пошо сме странство нели откажавме, тука по закон мора да има наполнето 6 години, в година е прваче и ќе тргне значи на 6 и 8месеци што за мене е топ, една година е огромна разлика кај деца, мозочето работи подобро, концентрацијата е поголема.
Одмор во тек и збеснато дете уклучено на најјако. Кажете ми дека е фаза однесувањево за да можам да преживеам. Знам дека делумно е и карактер во прашање, ама потајно се надевам дека сите на оваа возраст се исти, за да ми биде полесно ваљда. Тестирање граници на најјако. Од плажа првиот ден се прибравме со плачки поточно вриштење, веројатно мислеше дека нема да се вратиме пак. Од следниот ден првото одење од плажа е по подносливо, се буни он пак ама се залажуваме некако и се прибираме во смештај за дремка. Поручек кога ќе собереме чадор зошто веќе не е јако сонцето одма вика “не одам си дома”. После се објаснуваме дека сега сонцето ќе оди да нане и ќе дојде месечината, а утре кога ќе станеме пак ќе има сонце и пак ќе дојдеме. Навечер кога заспива вика: “Сега спиеме, нема сонце небото има счина. Утје одеме на мојето.” Кога ќе заврши одморов нека ни е со среќа, не знам како ќе го вратиме дома. Навечер е рекетар прав. Јас сум многу против дозволување на сѐ што ќе посака, ама не знам како поинаку да тераме деновиве. Уште вториот ден виде колички со акумулатор, нормално одма сакаше да се вози. Се извози, ама нормално него не му се доволни 15 мин, да има како ќе спие во нив. Со вриштење и тегнење го тргнавме од таму, сите не гледаа како не знам што да виделе, ама ок. Да се дере само не ми е проблем, ама се тегне и бега и тоа страшно ме вади од кожа. Буквално не можеш да го додржиш, ненормална сила има. Следниот ден кога седнавме на вечера, пак му текна за коуите, ааајде од ново плачки. Станав му купив колички се смири саат време и пак почна за оние на акумулатор. Не можам и не сакам секоја вечер да го возам во такви, едно што не е задоволен од 15 мин, друго што не може со врескање да добива работи и трето што не планирам секоја вечер на тоа да давам пари. Дури почна да вика дома дур се спремаме “ајде сега одеме тато купе нешто, купе ноуа коуа”. Иначе на плажа е супер, ептен си сака вода и се заигрува. Само што мисли дека сите играчки се негови. Па еден ден кога мораа да си ги приберат луѓето до нас колите и камионите и кога почна да плаче му кажав дека морето ги земало да спијат и утре пак ќе дојдат. Па отиде да се кара со морето. И така, се на се забавно.
Сонце, мислам дека и претходно имам прочитано за детево дека е лудо по коли и нормално е, малиот на другарка беше ист, само сега е поголем па опсесијата за брм брм прерасна во возење со било која од нашите, не можеме од гости да станеме затоа што знае дека ќе одиме со кола и сака со нас. Инаку зошто не му земете од оние на акумулатор, ги имам гледано во Чоко Кроко последно мислам, да си биде само негова. Секаде ќе си ја вози, они и во парк со неа го шетаа, цел беше ќефови дека со негова кола. Мислам дека така ќе биде позадоволен, а и ќе си ја има во секое време и ќе му помине мерак побрзо.