Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.638
    Допаѓања:
    33.990
    Пол:
    Женски
    Кај нас имаше свикано родителска со родителите на засегнатите дечиња.
    На мојата нишо не и беше а не беше ни тепачот па не бев присутна да ти кажам шо се дешавало.

    Значи не е дека е нешто страшно тоа, сосем нормално е да се свика родителска за некој проблем за да се најде решението
    Кај нашите негувателки насилството е крајно недозволено и одма се пишува по пораки "Поразговарајте со детето дома за таа и таа работа"
    Така што, ова би требало да го направат според мене зашо кај нас сега е решен проблемот.
     
  2. Butterfly30

    Butterfly30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2024
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Леле у иста фаза сме све му е Нејќе хаххахахаха :rofl:
    Ќе си се соберете сите родители што имате проблем и ке си пишете барање до градинката до родителите, немам лично искуство ама знам сестра ми во градинка исто имаа проблем детето ептен беше проблематично и го префрлија на крај .
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.561
    Пол:
    Женски
    Во градинка немаме таков проблем, ама речиси сум убедена дека такво понашање на дете е последица на несоодветно постапување на родителите. Цела недела сме на одмор и син ми не дека е мој ама на плажа се заигрува со сите деца, такво е дружељубиво оди кај сите и одма си наоѓа начин да се вклопи. Денес до нас беа едни македонци со дете од 4+ години одприлика, што не можев да не приметам дека е “криво дрво” што викаат старите. Лошо звучи знам ама ни сакаше у вода да влезе, се дереше по родителите ако влезат “искачаааај бројам до три” и така општо ми имаше лоша енергија. Син ми цел ден си играше со едно девојче од другара страна. Си делеа играчки си измислуваа игри, се супер. Во еден момент ова другово истури едно кесе со куп коли и нормално моево одма се стрча натаму да ги види. Леле кога почна да вришти тоа, мава, вришти, тешки драми. Мајката и таткото слободно ќе ги наречам дебили, ни да му речат нешто ни да пробаат да му објаснат дека ете син ми е помал да дозволи да ги види дека нема да му ги земе итн. Јас видов не видов го тргнав. Кога почна да плаче и он, плажата ечеше 15 мин од него. Секако пробавме да го смириме и ништо не ни успеа. Да не коментирам дека сите гледаа во нас како да виделе не знам што. На крај се собравме и си отидовме, а последен ден ни е и планиравме цел ден да сме на плажа зошто времето дозволува плус он вчера си спиеше таму и супер беше. По пат продолжи да плаче, ама толку беше жален, се молеше за колите, ама само малку мама ама само малку! На крај и јас почнав да плачам од немоќ и од што душата ме заболе за него. Знам дека тек ќе трпи неправди ама не можев пукнав и јас и се изнаплакав. Ми заспа во раце на пат до смештај гревче мало.

    Така да побарај од негувателките да свикаат родителска и да разговарате со родителите. Ниедно дете не е должно да трпи малтретирање од друго. Ок е и да се гризнат некогаш и да се изгребат, штипнат. На почеток тоа им е начин на изразување емоции, ама кога веќе разбираат дека тоа е нешто лошо и дека боли и не смее така, мора да се реагира и да се учат на ред.
     
    На Mother of 2boys, kozuf, Ceneva и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.668
    Пол:
    Женски
    Има вистина до некаде ама зависи и од карактерот на детето, верувај. Има деца што сакаат повеќе да доминираат, да бидат први и деца кои немаат "hard feelings". Моево е второто ама имам блиски луѓе кои се одлични родители,а детето е далеку од тоа. Не се бара секогаш вина, одреден период зависи и од развојна фаза и не сите деца ги поминуваат со ист интензитет.
    Има и родители кои не се како што треба ама има и исклучоци.
     
    На SanelaS, Erika.greeneyes, kozuf и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.561
    Пол:
    Женски
    Нормално дека знам дека има исклучоци и дека секоја ситуација и дете се индивидуални. Коментирам конкретен случај кај што видов дека родителите не мрднаа со прст и општо целокупното нивно однесување во тие 2-3 саати не можев да не го приметам и воопшто не ми се допадна. Секако игра улога и карактер и фаза од развој итн. Ете син ми пример е дете што не сака баш да си ги дава играчките ама јас на тоа работам секојдневно. Објаснувам нон стоп дека таа е негова играчка и нема да му ја земат и дека треба да дозволи да ја видат зошто и он сака да поигра со играчки на други деца. И не очекувам он магично да почне по мое да се понаша, ама и те како приметувам промена зошто му давам насоки и го учам. Родителиве не мрднаа со прст, на никаков начин не му покажаа на детето дека не треба така, не беа емпатични кон син ми, па како нивниот син да биде утре емпатичен, од кој да земе пример?
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.285
    Допаѓања:
    24.771
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella за кола на акумулатор јас сум за, на 4 год му ја купивме на првото и уште ја сака (6и пол год е), вози, врти, враќа рикверц како професионалец, од бебе со коли играше и уште сака...тоа е љубов која не поминува :D единствено ми е мака што немаме далинско и неможиме малото да го возиме а 2цата не ги бери.
    Малото др интереси си има, тоа па мн сака слончиња, плишани играчки, сака и коли, часовници, тоа му е љубов пренесена од брат му :D нив ги имаме повеќе а добија на поклон и нови од баба му :wasntme: јас реков за 2ро дете не купувам играчки и си стојам на тоа. Слончиња си доби на поклон за роденденот и така има по нешто ново и за него. Дел од колекцијата :D
    Screenshot_20250910_180940_Messenger.jpg

    Др сакав да кажам на одмор поминавме одлично, немаше тантруми воопшто, единствено не сакаше на песок да оди бос па го кревавме в раце, во 13ч си го носевме дома за дремка, си спиеше, ние бевме со баба и дедо па многу поќе имавме слобода, пр јас сакам поќе да седам на плажа, во вода, мм не, затоа тој си седеше дома со малото, па кон 2, 3ч си одевме останатите дома па ручек си праевме, татко ми е кувар па на него беше месото, на мајка ми салатата :D
    После сите назад на плажа, пешки одеше и малото, потешко го ваѓавме големиот од вода, тој никако нејќеше да излегува, малото одма со лажење ова она и ајт :rofl:

    Исто нејќи в спална да оди за спиење @Carolin. Нејќам пауна (спална) вели :D со плачење одиме ама заспива брзо, ама и брат му иди и така се убедуваме, уствари мене големиот ми е од огромна помош со малото, што нема да сака да направи одма оди брат му и спасува ситуација :inlove: многу се сакаат ама и се караат и тепаат ]:)
     
    На Mother of 2boys, Bella_Stella и Carolin. им се допаѓа ова.
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.805
    Допаѓања:
    7.916
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella , ќерка ми е радознало дете, не правеше на плажа којзнае какви тантруми ама јас на пример и не ја пуштав да се шета насекаде сама и да префаќа се.
    Кофичките и играчките нејзини меѓу нашите лежалки, ако случајно дојдеше некој со дете во близина во договор со родителите ги седнувавме заедно да играат.
    Сама да оди насекаде и да зема се, како што пишав, не и дозволувам. Нас лекција моментална покрај тоа да дели, ни е да праша дали смее. Не очекувам скроз да ме сфати на 2,5 години ама бидејќи и не знам реакција на спротивната страна, стоиме на растојание.

    На одмор ако ја оставам што сака да прави, трчаше насекаде, не е внимателна ќе згазне преку туѓи крпи. Мене и тебе може ништо страшно, од другата страна може да добијам негативна реакција.
    Следно да им префаќа на други во пијалокот, да си игра со туѓи работи, било играчки, било, што и да е.

    Не оправдувам врескање на детето и немање реакција на родителите, можат баш да застанат и објаснат дека баткото само ќе ја види играчката. Ама од друга страна и на моето да му дадам до знаење дека не може се што ќе види да фаќа и да добие.

    Реално и за ќерка ми некој би рекол, ако ја оставев се да фаќа, колку е невоспитана, ни ја истури водата или колку е невоспитана, ни ги префаќала крпите. Не секој ќе рече, оставија дете е што сака нека прави.
    А имаше и 2-3 постари жени што постојано ја викаа, да и дадат грицки, да и дадат топка, да поиграат со неа на плажа ама исклучиво по нивна желба.
     
    На Erika.greeneyes, Bella_Stella, Pocahontas.93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.276
    Допаѓања:
    4.942
    Пол:
    Женски
    Не сум го носела во Симпо,ни било каде на друго место на проценки ,од училиште ми рекоа да земам обичен извештај од матичен лекар на кој во белешка стои цитирам :"Препорака да тргне во прво одделение со наполнети шест години"
     
  9. Butterfly30

    Butterfly30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2024
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Ние имаме проблем (не знам дали е уствари проблем бидејќи сите викаат мал е фаза е ке помине ) што моето е во фаза на не давање ништо и мисли све е негово дури и лулашките . Јас максимално се трудам кога ќе има таква ситуација да пробам да објаснам дека пример лулашките се на сите деца и дека едно по едно има ред сите да се пуштат. Или за играчки на други деца , за давање на играчки и сл. Некогаш не делува некогаш делува. Кога не делува за рака и си одиме никој не е должен да го трпи моето дете . И многу сум против кога родителите не реагираат имавме и се уште имаме такви пријатели и искрено секогаш гледам да ги одбегнат. Јас разбирам дека се деца и дека се мали ама кога гледаш еднаш два пати не бива мислам дека е време да си одиш .
     
  10. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.805
    Допаѓања:
    7.916
    Пол:
    Женски
    Искрено кај нас многу "палат" на цртани да види, немаме дете во близина за пример и затоа со цртани.

    Од Кокомелон има песна за чекање ред
    Ја имаме гледано повеќе пати, без звук најчесто и јас објаснувам, гледај како ќе се скрши нишалката, види како се наредиле сите, види ова, види она.



    На почеток и не реагираше многу ама сега и за дома за куп ситуации што ќе и речам "чекај го редот како во песната со Џеј Џеј" и останува смирена.
    Помош имаме и од воспитувачките ептен работат на делот со делење, ред чекање и сето тоа.
     
    На Butterfly30 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    1.208
    Пол:
    Женски
    И јас вака го учев и сега ми е жал малку искрено. Сега ако си игра и некој му земе играчка не си ја зема назад. И тоа ме нервира, па мајката на другото дете: ајде врати му ја на баткото топката, ајде те молам и така ќе се натега. Не е момент тогаш да го учи, додека моето си чека да му ја вратат неговата играчка. Врати му ја па после учи го. Јас дека го носев дома на времето кога по сите топки плачеше, сега не зема без да праша.

    Има некој идеи како да го учам да стане малку поборбен?
     
  12. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.805
    Допаѓања:
    7.916
    Пол:
    Женски
    @LizzyGrant , ние имавме проблем со голема борбеност, па мора на некој начин да смириме темперамент.
    Да сака да е прва за се, да е цело време по нејзиното, таа да игра прва со сите играчки.
    Вака кога веќе и на делење и на повеќе работи се согласува ми е подобро.
     
    На LizzyGrant му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    1.208
    Пол:
    Женски
    И јас сум за делење ама греота ми е, додека уште си игра со топката му ја зема друго дете, па не му ја враќа или па заедно да си играат, и моето не знае како да изреагира :D а ни јас не знам што да му кажам искрено.
    Имаат сите таква фаза сѐ да биде нивно, ама не ги учат сите да прашаат дали може или да делат.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Butterfly30

    Butterfly30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2024
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Некако се стабилизирува моментот на он све да е прв , приметувам од месец до месец има разлика . Дури пред некој ден им ги врати играчките на децата без плачки без ништо . Само му реков ајде мама тоа е на дадичката врати го и толку беше . Мислам дека со многу зборење и труд ќе биде океј . А ова со цртан ќе го пробам супер идеја и така веќе имитира све од цртаните хахахах
     
  15. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.381
    Допаѓања:
    3.190
    Пол:
    Женски
    Слична случка имавме и ние кога бевме на одмор, дете дојде и почна да си игра со омилениот трактор на син ми. Кога виде следеше страшен тантрум, мајката само си го гледаше детето и не изреагира додека пак јас се препотив објаснувајќи дека ќе му го врати само да го види, да не биде скржав ако дели играчки сите ќе делат со него. Нејсе, го смирив моето и по 10 минути син ми отиде кај неговите играчки, кога зеде дете да се фрла исто како моето и мајката се доближи и му ја зеде играчката на син ми. Не знам како се воздржав, реков следно ако се доближи веднаш ќе им кажам да си го приберат, од наредниот ден сериозно ги избегававме да не бидеме блиску до нив бидеќи цело време се среќававме.

    Многу ме повредуваше ова и порано, од околината ретко имаше родител што реагираше на “тепање, земање играчки, недозволување да си игра со играчките од други деца и сл” син ми тогаш само се повлекуваше на страна.
    И кога го пуштив во градинка беше таков, учителките ми кажуваа дека секој ден по 2-3 деца се под “казна” поради тоа што го закачаат син ми. Со тек на време се научи да се бори, враќа. До сега година и пол не бил никогаш казнет во градинка, под тоа мислам никогаш прв не се задева.
    И дома пак е истиот проблем, само јас објаснувам како тоа не смее а другата страна си молчи. Или пример кога син ми ќе удри некој јас ќе го тргнам на страна, или под казна го прибирам дома, додека пак ако некој го удри него нема реакција.
    Во секој случај ми е криво за моето, и кога ќе згреши добива лекција и кога нема да е виновен е повреден.
     
    На Carolin., Butterfly30, Bella_Stella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.561
    Пол:
    Женски
    Па реално само некој несовесен би го оставил детето да оди и да фаќа кај што сака без контрола. Ова денес беше прв и единствен тантрум на син ми во овие 7 дена зошто претходно ниту еднаш не налетавме на дете со такви родители што не мрдаат со прст при испад на детето. Кај кого и да тргнеше да оди за да ги види играчките јас го враќав и му кажував дека не се негови и дека треба да прашаме дали може да ги видиме итн. Сегде наидував на фини луѓе и со сите деца син ми се заигруваше, а ние муабетевме со родителите. И него доаѓаа му земаа играчки, нормално дека не сакаше секогаш да ги даде, па ќе се објасневме дека само да ја види и да поигра и ќе му ја врати, или пак ќе се сменат со нешто што на него му се допаѓа итн. Се среќававме секој ден со истите луѓе и со сите деца си играше без никаков инцидент. Ова денес беше вонреден случај, и искрено ми дојде желба да го залепам една детето зошто го нападна син ми премногу хистерично. Истото ова дете седеше на страна секој ден дур другите деца си играа, не проба да се вклопи нигде зошто очигледно не знае како, а и нема кој да го научи. Само седеше на еден стол ко некој чичко. Како сака нека звучам, не сум премногу заштитнички настроена, едноставно криво ми е кога јас се трудам некои навики да му воспоставам, а налетувам на такви дебили и он е повреден во ситуација кога може да не е.
     
  17. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.561
    Пол:
    Женски
    Не знам мене стварно не ми е јасно како некои луѓе можат да не реагираат. Прво би ми станало незгодно од однесувањето на син ми, друго, ако не изреагирам тоа за него ќе значи дека немам никаков проблем со тоа несоодветно однесување, напротив го поддржувам и ќе си продолжи да си тера така.
     
    На Bebetoo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.561
    Пол:
    Женски
    Офф топик, што има врска дали сте гледале со звук или без звук? И јаките бои што ги има во Кокомелон се престимулирачки. Плус брзото менување и повторување кадри. Има и други начини да се научат на чекање ред и трпение. Кокомелон до сега не сум пуштила и не планирам зошто од многу експерти е потврдено дека не е ок. Има многу други цртани со едукативна содржина, а посмирено темпо и посоодветни бои.
     
  19. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.381
    Допаѓања:
    3.190
    Пол:
    Женски
    Сериозно не сфаќам, типот на мајки кои не реагираат на децата ми е вечна дилема. Сакаат така да им се понаша детето или имаат изгубени живци?
    И мене живциве не ми се на место, ама секогаш си го посматрам детето. Некогаш ми иде да не реагирам и јас, но тогаш мислам дека ќе го воспитам погрешно.

    Секогаш си го поставувам ова прашање, дали вреди јас да го “карам” своето дете, за дете кое што ја има целата слобода? :?:
     
  20. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.601
    Допаѓања:
    8.620
    Пол:
    Женски
    А како би реагирала кога во твое присуство друго дете го закача син ти? Пример, ова се случуваше во игротека.