@Bella_Stella искрено, детето не направило ништо лошо. Некои деца не сакаат да делат, и тоа е сосема во ред. Некои деца не сакаат да се играат, и тоа е ок. Син ми на таа возраст исто така се однесуваше. Ке се играше со мене и татко му, а со други деца не. Сега е голем дечко и тој период помина. Сакав и јас да се игра, ама син ми не, и го почитував тоа. Јас имам дете кое не сака да дели. Ако некој посака да земе негова играчка, ке прашам еднаш дали ке ја даде, ако не сака, воопшто не го убедувам дека треба да дели. Играчката е негова и негова одлука е дали ке ја дели со друго дете. Ова особено беше изразено во периодот 3-4 години. Исто така го учам дека ако некој не му дозволува да позајми, сосема е во ред. Психологијата позади ова е интересна и доста логична. Деца кои по дофилт се присилени да дозволат некој друг да земе или позајми нешто нивно, подоцна се личности кои не знаат да се одбранат, немаат свое јас, не се борбени. Научени се дека некој рандом може да им земе било што и не треба да се бранат и бунат за тоа. На крајот, тоа дете од 4 години, не е многу големо дете за да разбере и процесира се. Родителите би требало барем да се обидат да објаснат дека е ок да ја позајми играчката. И тебе како родител те разбирам, тантруми не се ни најмалку лесни. Ама, имај на ум дека утре може да има тантрум јер не може да јаде непечена смеса за торта. Или зошто не може да вози велосипед. Или зошто не може да имате куче дома. Тоа е реалноста. Додека почнат да разбираат како функционира светот, тантруми ке има, дали поголеми или помали. Треба да си спремна дека од 10 деца, 9 ке кажат да. Ама секогаш ке има 1 што ке каже не. И детето има право да каже дека не сака да ги дели играчките. Еве, стави се во обратна ситуација. Имаш дете 4 години и доаѓа помало дете кое ја бара играчката. Твоето не ја дава. Ако ја даде, ке треба да смируваш тантрум кај твое дете, за да некое друго дете не добие тантрум. Сигурна си дека ке ти е ОК да инсистираш да ја дели играчката, по цена твоето дете да рика? Реално, на 4 немаат баш добра перцепција за делење.
Не гледа често Кокомелон, во ретки ситуации си ги користам оти кај моето визуелизација на ситуации помага, а без звук зошто веќе повторува многу и вклучува англиски зборови во говор. А сметам дека за англиски нема потреба сеуште. Во главно се што е на друг јазик освен македонски внимавам колку слуша. И од играчки и кукли што ги има низ дома веќе користи bye bye, thank you, Hi, I love you, не сакам поголем хаос да и се прави со говор ...
Колку ми требаше овој коментар, колку сега поинаку ке реагирам . Мислам дека никогаш немаше да се справам со не давање играчки убедување и слично . И после ми е криво што сум го искарала или убедувал или зимам играчката да ја дадам на друго место
Верувај на ова помислив кога се обидував да го смирам моето, ама кога немаш повратно од другата страна, што би направила? Еве родителите не се ни обидоа да мрднат дека детето игра со играчката баш таа што син ми никогаш не ја дава. Што требаше да направам, да ја грабнам играчката од детето и да се скарам со мајката? Притоа не знаеа јазик да се разбереме. Муабетот со @Bella_Stella го правиме за родители што воопшто не реагираат, јас децата не ги обвинувам, деца се да знаат не би правеле така. Затоа постои родителот позади детето, да мрдне малку газот и да олесни ситуација. Замисли ситуација каде се препотуваш а другите мува не ги лази. И тоа зборуваме за тантрум на плажа, проследен со водено дете кај што се фрла по песок и куп луѓе што ти се пулат како да си дошол да бомбардираш.
Не знам дали сум во право или не ама не гледам толку страшно на карање/удирање меѓу деца, ниту ја заштитувам премногу и бранам, тука сум, присутна, следам ситуација, некогаш и по проценка ако видам некое дете дека не е баш среќно што моево дошло до него, одма ја тргам за да избегнам плачки. Ја оставам сама да проба да се избори за нешто ама и ја гледам што прави. Никогаш не инсистирам дека некој нејзе треба да и даде играчки ако не се нејзини ниту таа да даде на некого ако не сака. Кога одеше во градинка имаше деца што гризат, негувателките постојано информираа, родителите постојано велеа дека зборуваат со децата и пробуваат да го решат тоа. Тоа траеше и траеше. Требаше да ги нападнеме родителите? Искрено, мислам дека треба да бидеме малку по трпеливи и поразумни не само за нас туку и за околината. Освен што ги учиме децата на одредени вредности, некогаш и треба да излеземе од тој розев свет и да знаат дека нема да добијат се,секогаш од секого, некогаш ќе наидат на дете кое ќе биде по нервозно, ќе сака да им земе или нема да им даде нешто и слично и тоа за мене е во ред, тоа е и реалноста во животот. Сите се деца на крајот на денот, дали се дружело со некого, дали седело само, дали играло или плачело. Нивната перцепција и нашата не е иста. Нивните емоции и нашите исто така не се исти. Некогаш и ние губиме контрола пред да бидеме свесни за нешто ама после е добро е да размислиме колку таму реално има капацитет за нешто во моментот. И секогаш да тргнеме од себе, за да спречиме, заштитиме, промениме итн.
Мило ми е ако мојот коментар ти помогна. Децата се како нас возрасните. Ако дојде некој да ти ја бара колата, нема ни една причина да ја дадеш, ако не сакаш. Исто и играчките. Ако е играчката на твоето дете, нема потреба да ја дели.
Ти опишуваш друга ситуација. На твое место јас би ја зела играчката. Прво со фино, но и би ја извадила од рацете на детето. Затоа што играчката е на син ми. Ако сака да ја позајми добро, ако не - пак добро. Во ситуацијата на членката е сосема обратно. Другото дете не сакало да позајми играчка. И членката вели дека требало родителите да реагираат и да дозволат. Точно дека требало да се обидат, но нема проблем ако детето не сака да дели играчки.
Јас реагирам, и кон детето и кон родителите, ако не се до детето ги известувам дека го удрило/ кажало нешто што не смее на моето дете и дека сум го искарала. Не дозволувам моето дете тоа да го прави на други, и не дозволувам други да го прават на моето дете.
Не зборувавме ист јазик, јас немав начин да му се приближам на детето бидеќи сите што бевме заедно 6 души се обидувавме да го смириме син ми. Плус детето доживуваше повеќе тантруми истиот ден за се, и сакав да испаднам човек пред се. Ама кога веќе дозволуваш да зема играчки од други, мораш да реагираш и обратно. И во ситуацијата од Бела, тоа е човечност и не би сакала ниту еден родител да доживува таков тантрум од своето дете. Прво со зборување ќе пробам да ја смирам ситуацијата, бидеќи не е начин ладно да си седам на страна додека некој се поти од немоќ. Што ќе се случи ако барем се обидам да го залажам син ми да ја даде играчката (што еве личен пример кај мене успеа иако имам дете со тежок карактер)? Па и ако не успеам здравје, битно сум пробала на некаков начин да му олеснам на родителот.
Браво за тебе, си излегла човек. И сите ние треба така да реагираме. Напишав веќе, родителите требало барем да се обидат, да поразговаат со детето. Не е хумано ни човечки само да седиш на страна. Колку и да испаднале нелуѓе, Бела погрешно ја насочи лутината кон детето. Од тоа дека детето е чиче, има лоша е енергија, би залепила шамар.
Се согласувам со тебе, ама ова го научив со прво дете а го применувам со второ со прво се гледав како кој знај што да се случило сега сваќам дека се е нормално, сите се деца, исто така ко ќе прочитам големо дете 4, 5 год и не е така големо, ќе си видите сите со прво дете како ќе растат и дали ќе ви се големи на 4, 5 год
Јас ги учам храна да делат секогаш и да не оставаат некој да гледа додека јадат, а да не понудат. Играчки делење најчесто без драма е после 4г, па може и 5г. Најчесто децата си бранат територија и се осеќаат загрозено ако некој покуша посебно непознато дете, да си "присвои" во нивни очи нешто што им припаѓа нив. Тука кај нас во маала има многу деца и пракса ни е, секое дете да игра/вози точаче кое сака и си разменуваат. Не секогаш е позитивно, и моево знае да 'ржи, знаат да и 'ржат ама се е тоа нормално за толку мали деца. Од големата имам други очекувања секако. Туку, овде мислам еднаш се спомна за вошки, денес му кажале на мм дека во групата градинка има вошки, а 3 ден кај што е почната големата, дали да си купам шампон и да ја измијам денес иако за сега нема и некој мислам имаше пишано за некакви масло како превентива? Они се плави бели се гледа одма ама ако закачам јас ќе биде фешта голема
Сѐ е точно ова освен удирањето/ гризањето. Сите деца имаат таква фаза ама треба одма да биде црвен картон (одење од игралиште/игротека дома). Наша обврска е да ги одучиме од тоа. За во градинка и да го гризне некое дете се случило и да го удри, нормално не би го обвинила родителот зашто не е таму присутен. Ама во игротека или парк да удри дете и да нема реакција од родителот ги осудувам таквите.
Масло од чајно дрво било за превентива, а за шампонот не знам не би користела така превентивно ако нема вошки.
Во аптека да прашаш, знам има стегачи кои штитат од вошки. Ама и масло од чајно дрво како што пишаа членките позади уво секое сабајле помага.
Ела да се гушнеме... Прв пат на одмор не ми се седи веќе. Песок на секаде, а ја со оцд, мразам секаде да ми е песок и крај, се нашлакано. Не сака да јаде, сака само сок. Се на мене, маж ако може само суп даската ќе си ја носи и наочарите, ништо не го занима, за ова дома ќе добие лекција не се должни луѓево тука да слушаат карање. Ми прекисна. Имаме уште 4 дена од одморов... Не сака колички нешто многу многу, нит бара играчки, вчера со едни шугави мали Супер Марио се заигра, едино за киден јајце се моли и за сок, ама пресмешен е, со двете раце споени се моли човекот. Леле не викај два пати... Првото ми е такво мирно, мирно, второво е баш такво криво дрво. А зборено, дури и повеќе него ли со првото, џабе. Не сака да чуе бре и крај. Нејќе во вода, ти му викаш ајде он вика Не сакам веќе во водата и крај, буквално така. Ај да играме со играчки, не сакам играчки, ај да шетаме, не сакам да шетам... Ништо не сака. Денес ниту сака да јаде, дури ни тоа што го обожава. Претешко ми е.
И јас тоа пишував на одмор имаше штрајк со глад. А и спиењето слабо и се нервираше. Ама му дававме грчки јогурт и некои грицки, кроасани (што дома не јаде) за да не е гладен и нервозен. Дома си се врати во нормала со јадењето.
На одмор првиот ден се нервирав оти одбиваше храна што редовно си ја јаде, од втор ден гледав само да е јадена било што. За од 3-4 ден да си се врати во нормала. Реков 7 дена и леб и јогурт да јаде или леб и крем, не е страшно, ќе се управаме после. Не јадеше најздраво ама секојдневно гледав бар овошје и зеленчук да вклучам и тоа ми беше доволно.
Само моево на одмор јадеше како дупнат. Гирото мое, пола од месо ми го јадеше Ама затоа сега дома борби ништо не јаде. Изгледа морскиот воздух, самата вода го уморуваше што бараше сам да јаде. Ко да имав друго дете во тој поглед. Ама се вративме во реалноста и на маките