Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.561
    Пол:
    Женски
    Си сфатила како што сакаш, а не како што напишав. До душа и пишан текст може да се испреврти, не е спорно. Нигде не напишав дека родителите требаше да му ја земат играчката на детето за да ја дадат на син ми, не сум без мозок. Ниту го правам тоа со своето дете кога друго сака да му земе нешто, ниту барам на друго дете нешто да му биде земено на сила. Знам како работи детската психологија, се што си напишала си е на место, читам и јас и се информирам како се развиваат децата. Револт кај мене не створи однесувањето на детето, туку ноншалантноста на родителите. Од нивна страна немаше апсолутно никаква реакција и за мене тоа е за осуда, како сакаш сврти. Не викам дека детето ќе се однесуваше поразлично ако родителите изреагираа некако, јасно ми е дека однесувањето на нашите деца на таа возраст не зависи во целост од нашите принципи и методи на воспитување. Но дека имаме барем мал удел ако се потрудиме, имаме и тоа како. Секојдневно гледам позитивни промени кај син ми зошто се работи со него. Секој си има различни гледања на работите и очигледно за тие луѓе е ок такво однесување и нека си тераат.
    Син ми не е дете што често има испади, ова беше прв екстремен тантрум за кој што немав моќ да сменам нешто. Секогаш до сега сум успевала да го смирам со дистракција зошто генерално не е многу драматично дете. Не викам дека тоа не може да се смени, ама нормално е да ми падне тешко и да се осеќам како што се осетив.
     
  2. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    10.240
    Пол:
    Женски
    Која крема се мачка за да не остане лузна? Ќе и остане белег што се исече од чаша скршена на рака, тоа веќе прекасно е.
    Епа се изгоре од свеќа дување. Т.е ја бакна свеќата и од восокот под уста се изгоре.
    Шо да ја мачкам за да не и остане белег сега. Болка нема веќе, пред три дена беше.
    Детево јас веќе не можам да го испазам. Вчера четири пати се истеска и не можам веќе. Не да зборам, објаснувам укажувам џабе.
    Ни стоп, ни чекај, ни пази. На крај решив не и викам ништо, евентуално ќе научи. Вака ем јас се нервирам, ем она на инат уште повеќе залет зема.
     
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.805
    Допаѓања:
    7.916
    Пол:
    Женски
    https://www.zegin.com.mk/mk/merz-kontraktubeks-gel-20-g

    Овој гел го знам јас. Ама пак консултација со лекар за секој случај.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.561
    Пол:
    Женски
    Контратубекс, ама дали смее кај мали деца прашај доктор. Сите се трескаат, син ми па како магнет у чело да има, си го деформира цело чело мислам од константно акање. Он до сеа не се раскрварил ама затоа 99% од времето е со модрици, 90% на чело. (facepalm)
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    10.240
    Пол:
    Женски
    Ем денес бев за вакцина и не прашав.
    Абе и сега да ѕвонам утре треба пак, ќе помислат за внимание им се јавувам веќе. Секоја недела бевме таму ради болести аман.
    Малата толку соработува со нив, шо мислиш на играње ја носиш а не на доктор. Па и од горе кога возиме од таму, е таму чичо доктор бил.

    Нема место кај што не е исчукана. Нозе, колена, раце, образ еве сега под уста. Јазик вчера течеше крв кога падна. Еднаш исто така ко и се растечс крв од уста што се истреска, застана пред огледало да гледа како и тече крв. И вчера и викам има крв малку на јазикот што падна и трчи на вратата влезна да се види на стаклото како тече крв.
    Денес и балансер возеше, претстави си каде ја болеше пред спиење. Ме полуде веќе.
    А кога сака е злато од дете. Само кога сака.

    Не знам шо им се дешава сега оваа возраст, пак се однесува како да има страв од напуштање и нон стоп е лепенка. Нормално ли е ова сега?
     
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.561
    Пол:
    Женски
    Мислев само син ми нема страв од доктор и е воодушевен кога одиме. :D Не се замарај барај ги кога ти требаат, тоа им е работа. Сигурна сум дека не си единствена.
    За другото не знам, не е залепен за мене, никогаш и не бил премногу до душа. Приметувам само сега дека му требам да сум до него за да се пресрами. Порано одеше сам слободно сегде кај други деца, сега ме вика за раче да отидам со него и после 1 мин откако ќе се заигра не му ни текнува дека постојам. :D Дури и кај бабите и дедовците кога одиме прво е како подзасрамен и се бута во мене, за после 5 мин да им ги демолира куќите. :drunk:
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.976
    Допаѓања:
    18.890
    Пол:
    Женски
    Те разбирам јас целосно.

    Кажав дека реакцијата на родителите не е ок. Ни најмалку.
    Од една страна, ако детето не дели, и родителите веќе знаат како ке биде, можеби со причина останале ладни.
    На крај, не знаеме дали детето е во спектар или не.

    Од лично искуство можам да кажам дека кај некои деца промената доаѓа подоцна.

    Син ми е дете кое го израснавме јас и татко му. Јас работам од дома, така што сум целосно посветена на воспитување. Татко му е доста флексибилен и е посветен максимално.
    Баби и дедовци го чуваат по потреба.
    Во градинка не оди.
    Значи влијание од страна има минимално. Не можам да кажам дека видело од некаде да не дели или да не сака да се игра со деца.

    Вложив мноогу труд и напор за да дојдам до тоа да детето сака да се дружи со генерација. Да дели и дека никој нема да ја украде или скрши играчката.
     
    На Sun&Moon и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  8. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.561
    Пол:
    Женски
    Не ми личеше на дете со атипичен развој, ама не сум експерт нели. Каква и да е причината и позадината јас не можам да барам оправдување на нивното однесување. Во најмала рака човечко/пријателски е да речеш нешто во стил “деца се” и слично, едноставно некој бош муабет чисто да не оставиш впечаток на игнорантен и бесчувствителен човек. Во обратна ситуација јас може не би му изреагирала на син ми ако сметам дека тоа може да е контрапродуктивно, ама на родителите и те како ќе им направам муабет, чисто од култура.

    Без да сфатиш грешка голем удел во тоа што син ти не сака да се дружи со генерација има тоа што не е социјализиран и не оди во градинка. Секако има врска и карактерот, ама многу има врска и не одењето во градинка. Колку и да се трудиш да го социјализираш едноставно не си дете, не можеш да влезеш во неговиот свет. Некои работи најдобро ги осознаваат и учат сами, минувајќи секојдневно време со врсници. Немам ништо против чување деца дома, секој со своите замисли. Ама дека има градинката удел во развојот и социјализацијата, има.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.243
    Допаѓања:
    26.345
    Пол:
    Женски
    Мојава не сака и не знае да игра со врсници, има во маала многу ама секој си гледа своја игра која најчесто завршува со пиштење ради некоја играчка. Кај неа има удел тоа што секогаш е со сестра и, па се дружи со поголеми и учествува во секоја нивна игра.
    Пример тука во градинка во група не се врсници како во Мк, туку се сите заедно и секој се дружи со кој му одговара. Претежно маалите бараат поголемо детенце, изгледа оти имаат повеќе разбирање и се осеќаат поради тоа побезбедно.
    Од друга страна пак, има 4г дечиња во друштвото нивно кои немаат осет и исто не се спречени од мајката, од раце грабаат, се криват и тоа и неа ја научиле, џабе што дома трубам едно и дада е внимателна со неа, ете вчера зеде и крвнички ја искуба на дада зошто виде дека може и така. Со нив сум, растени се под моја контрола ама некое дете ќе се најде и ќе ги научи лоши работи. Имате зборено и за пцуење, моите тоа не смеат нити пак се пцуе пред нив. Во мк кога бевме какви зборови слушнав од едно другарче на ќерка што она беше ептен повредена, а јас запрепастена. Наводно од градинка научило.. не знам само како може родител да кажува такви работи пред дете и тоа да е нормално.

    @MilaSs12 мојава не оди во градинка, големата сега почна забаваче. Не значи ако не оди градинка може да е несоцијализирано и да не знае да си игра. Важно е да има секојдневно контакт со парк,природа,деца. Важно е да се дружи, дали се врсници или не не е битно, нити тебе не ти одговара секој за игра,нити на малечкото.

    Бидејќи тука првите дена во градинка мора родител да биде внатре присутен, малава беше со мене и со дада, толку и се бендиса што стануваше и спремаше ранецот и она да оди, учествуваше во секоја игра,наредба со дечињата таму, а сега веќе втор ден дада останува сама таму и плачки имаме од сабајле по неа. Сепак не се бидени до сега разделени ич и тешко и паѓа, само ќе и текне на неа и вришти. Секоја игра ја поврзува со неа и седи пред врата ја чека...
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.678
    Допаѓања:
    192.550
    Maslo, kantarion, ne moze da shteti nikako
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Свинска маст, од искуство. Изгореници на лице имав од зејтин, сега немам никаква лузна, само тоа мачкав.
     
    На Biljarkata и јolene им се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.976
    Допаѓања:
    18.890
    Пол:
    Женски
    Има и луѓе без осет. Точно.

    Твојата лутина беше насочена кон детето. Нареди доста навреди, од криво дрво, до ќотек и не знам што.
    Се надевам, во афект кажани, бидејќи не те паметам како таква членка.

    Што сакам да доловам, е дека, родителите што и да направеле, твоето дете ке имало тантрум. А како што кажав, и да пробале да објаснат дека е ок да ја даде, ако крајниот резултат е не-давање на играчката, тантрум ке има.
    Дури и да ти направеле муабет, твоето дете немало да престане, и за жал, како и да завртиш, иста ситуација би имало.

    Навредите ги наведе на погрешна адреса.

    Син ми одеше во градинка 2 месеци на 2 и пол, и не престана да плаче. Буквално немаше ден без плачки. На 3 и по истото се деси. Бидејќи имам услови, одлучивме дека е најдобро да седи дома.
    На 5 и некој месец тргна на логопед, па гимнастика, шах, излегување на улица и се се смени.

    Како мајка на дете кое не сакаше да дели, и како родител кој нема да запне да ја дели својата играчка, сметам дека реакцијата не ти е на место.

    Сето тоа го имаше. Природа два пати дневно, најмалку 5 часа беше надвор на убаво време. Со деца го дружевме, ама не му беше до дружба на 3-4 години.
    Таков карактер си беше.

    А убаво кажа, за храна е научен од мал дека мора да дели.
    И секако, лулашки во парк, дека не се негови, па не може ни да се однесува така. Па ако има ред, ке се полула и ке стане.
     
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.561
    Пол:
    Женски
    Точно, во право си. Знам дека реакцијата не ми беше на место. Во афект си дозволив да кажам работи што секако не ги мислам и никогаш не би ги направила. Не знам каков впечаток имаш за мене, ама не сум насилник и сигурно не го мислев тоа што го кажав буквално. Револтот беше кон родителите, ама изгледаше како да е и кон детето. Јасно ми е дека децата на таа возраст не се рационални. Кажав и пак ќе кажам дека читам и се едуцирам, најпрво за да се научам како да го разберам и да си го воспитам своето дете, а после за сѐ останато.
    Свесна сум дека секое дете си носи свој карактер, тоа веќе го приметувам и кај моето во мал милион ситуации. Ама мора многу да се работи со нив за да не преовладаат негативните страни на карактерот, ако ги има.

    За градинката ништо страшно ако не успеал да се прилагоди, на сила не може ништо со нив. Среќна околност е тоа што можеш да го чуваш дома. Неколку пати сведочам како се оставаат деца вриштејќи, а родителите се едноставно принудени да си заминат зошто мораат на работа. Тоа што почнал да има активности надвор од дома, освен одење во парк, дефинитивно придонело да се смени неговото однесување. Инаку повеќето деца мислам дека преферираат да се дружат со поголеми од нив. Син ми ако е во ситуација да бира, секогаш одбира да игра со поголемо дете.

    @Bubish26 не искоментирав и јас тогаш кога се зборуваше за пцуењето. Кај мене тоа е строго недозволиво и пред него на сите им е нагласено да си внимаваат на речникот. Знам дека ќе дојде ден да слуша од други деца, на улица и слично, ама дур јас имам контрола што слуша, пцуењето е едно големо не. Пред некое време почна да употребува “бе” и сфатив дека тоа му е од нас зошто ние несвесно кога зборуваме, па дури и со него, го употребуваме. Пример дур си играме знам да речам “кај се скрило мечето бе” и сл. Сега пазам на тоа, ама другите колку пазат не знам.
     
    Последна измена: 12 септември 2025 во 15:53
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.976
    Допаѓања:
    18.890
    Пол:
    Женски
    Те "знам" како одмерена членка, културна пред се, и многу ме изненади реакцијата на конкретниот случај.
    Апсолутно дека мора да се работи, внимателно и секој ден.
    Ни најмалку не е лесно да се расте и воспита дете.

    Да не ме разбереш погрешно, апсолутно дека родителите на тоа дете се некултурни и делува како да не се замараат. Тоа не го оддобрувам.

    Но, дури и почувечка интеракција, не би сменила многу за тантрумот на твоето дете.

    Воопшто не сум загрижена што не се навикна. Среќа што имавме услови, а делот на учење работи, јас дома го работев.
    Да, свесна сум за активностите. Но и порасна. Возраста исто има огромна улога. Сето ова се случува по 5 години.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    342
    Што да му купам на есен на синчето мое златно за втор роденден од играчки? Со што се играат вашите најмногу? Дали е добра идеја баланс точак соодветен за таа возраст? За дома што да земам? Дајте идеја за нешто интересно, да не му помине бргу меракот :D
     
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.292
    Допаѓања:
    57.256
    Пол:
    Женски
    Баланс за поголемиот ми беше најискористено нешто. Два има, уште ги вози. Од таа возраст почна, на 2 години.
    Пешачиме мноооогу секој ден и сто пати е побрз со точаче, инаку се уморува.

    На малово, сега ќе полни 2, му купив гитара, сликовници, пожарни... ситници што знам дека ќе ги сака.
    Се' имаме од големиот и претешко ми е да одберам нешто интересно. (facepalm)
     
    На Isabela23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    8.532
    Пол:
    Женски
    Ако сака да вози добар избор е баланс точак. Ама ако е како моево не е добар избор. Ни точак ни баланс ни тротинет, ништо не сака да вози. Се е до тоа какво е детето. Вие најдобро го знаете. За дома најискористени ни се колички,трактори,багери,камиони...
    веќе немаме место колку многу ги има. Ама со тоа најмногу си игра и за тоа покажува интерес.
     
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.292
    Допаѓања:
    57.256
    Пол:
    Женски
    Дај му време, давај му шанси, ќе се заинтересира. Ист беше и мојот. Го земаме точачето, го вози еден метар и после го носам јас.
    Па стоеше некое време во двор, па почнавме низ маало кај другарчињата со точаче, за некој месец веќе не го оставаше.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    8.532
    Пол:
    Женски
    Давам шанса, секој ден се вадат реквизитите на улица со надеж дека ќе пројави интерес. Ама за сега ништо. Најискористен поклон се тобоганот и трамболината во двор. Трамболината посебно. Обожава да скока.
     
  20. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    19.980
    Пол:
    Женски
    Дали е можно од сируп за имунитет да има тврда столица? Бимунал почнав да му давам, од тогаш како да ми има тврда столица или нема врска?