Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.559
    Пол:
    Женски
    Внимавајте со трамболината. И јас сакав да купиме за кај моите во двор, ама по мало истражување се предомислив. Не е баш безбедна за деца на нивна возраст, не се препорачува до 6 годишна возраст. Има голем ризик од повреди, истегнувања, скршеници, повреди на врат, глава и сл.
     
    На lackygirl, Annath и 1209 им се допаѓа ова.
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.559
    Пол:
    Женски
    Што давате за влажна кашлица кога сѐ друго е во ред? Ретко се закашлува, обично кога спие, ама трае веќе околу три недели. Денес го носев кај матичната, нема наод, сѐ е ок. И кажав дека му давам Бронхил мед, рече да продолжам ама да давам редовно и ако за 3-4 дена нема подобрување да го однесам пак.
     
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.805
    Допаѓања:
    7.916
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам и секрет од нос има?
    Ако е безбоен може инхалација би помогнала. Ама пак со доктор консултации, не на своја рака.

    Хербион ги пишува за над 2 години дека може ама пак не знам колку се безбедни
    https://zegin.com.mk/mk/krka-kherbion-sirup-od-brshlen-150-ml
     
  4. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.601
    Допаѓања:
    8.620
    Пол:
    Женски
    Оперил п во нос и ќе спие мирно. Најверојатно му се слева од носот и кашла. Ако е така. Матичната ме советуваше да прскам 3х2 прскања. Оперилот ќе го засуши секретот. Само солена вода не е доволно.
     
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.559
    Пол:
    Женски
    @Erika.greeneyes Не, нема секрет од нос и тоа ми е ептен чудно. Се случувало и порано да подкашлува како резултат на слевање на секрет од нос во грло, ама сега нема. Апсолутно ништо друго не му е освен што повремено кашла. Претпоставувам дека е вирусно зошто во истото време почнав и јас малку да кашлам, иако кај мене е сува кашлица, а осеќам дека имам шлајм, ама од нос исто немам ништо. Матичната ништо не спомна за инхалации и сируп. Помислив и јас со физиолошки да го инхалирам, ама решив да оставам да видам дали ќе помине без ништо.
     
  6. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.601
    Допаѓања:
    8.620
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш да му прснеш спреј за грло?
    Ако не е од носот тогаш можеби доаѓа од грлото. Има еден многу добар спреј на силвертусс со вкус на јагода. Пробај еднаш дали ќе смени нешто. Кај мојата од едно прскање имаше ефект. Ако пак продолжи да кашла не е ни до тоа. И подобро да го види доктор.
     
  7. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.047
    Допаѓања:
    8.532
    Пол:
    Женски
    Знам и јас истражував пред да ја купи чичо му. Секогаш е со некој внатре и е под надзор.
    Од се постои ризик. Како падна од тобоган кај едни пријатели, синко мој се здроби тогаш, крв од уста, џунка на чело и модар на цел образ беше. Се преврте на скалите качувајќи се.
    Ние чуваме колку можеже како родители, бог нека ги дочува повеќе.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.247
    Допаѓања:
    10.239
    Пол:
    Женски
    Ама штом е влажно, нели е добро. Тој секрет мора да се исфрли едино да се забрза мислиш?
    Течности, чаеви ништо друго. Особено ако нема напади на кашлица и е само повремено и не му пречи.
     
  9. Grogu

    Grogu Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    10
    На ова би додала, чисто како информација, совет од ортопед за моите деца, дека со скокање на трамболина стапалата се вртат на надвор кај деца во интензивен развој до 6 години. Повеќе пати ми го има повторено тоа за двете деца..
     
    На 1209, Annath, Bella_Stella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.559
    Пол:
    Женски
    Бевме на доктор вчера, го преслуша и му го виде грлото. Не ми е познат спрејот, ќе го проверам баш.
    Нема напади да. Не знам како би го исфрлил зошто не знае да искашла и да плукне. Кога ќе почне да кашла јас му кажувам да кашла посилно за бар до грло да стигне и да го голтне.
     
  11. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.247
    Допаѓања:
    10.239
    Пол:
    Женски
    Нас ни се чини дека нема како да го исфрли, ама во суштина кашлањето е баш тоа, обид на телото да исфрли секрет. Инстинктивно им иде.

    На мојата не и дале ништо до сега за кашлање. Давам мед кога има напад на кашлање, држам да се смири.
    Има демек шируп за смирување на кашлица нормално, мојата не соработува најчесто. Освен ибу не сум дала ништо друго.
    За искашлување ми велеле секогаш на влажно, воздух, течности.
    Ама кај нас и друга клима е, и тоа игра улога во секој случај. Овде надвор е многу влажно, сега дополнително и залади и носиме деца на воздух оти тоа ни е 90% од лекувањето.
    Јас отварам сезона на вируси. Вчера видов едно со секрет од нос од нејзината група, сабајле нормално моето е веќе полно и сите не гребе грло. Цело три недели пауза имавме :@.
     
    На 1209, Carolin. и lackygirl им се допаѓа ова.
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.285
    Допаѓања:
    24.771
    Пол:
    Женски
    Кашла и мојов 2 недели, вторникот имаше тт 2 пати, значи во 16ч крена, после ноќта и толку не крена поќе, има мрсули исто така ама мн кашла со секрет, секој ден одевме да го наслушаат на доктор, нема ништо нема потреба ништо само тоа матичната велеше, детево полошо секој ден, сношти на итна бевме во 8ч, грло црвено, секрет многу на лево крило, докторката вели ова можи лесно да спушти јас би дала одма антибиотик ама направете кс, и рече инхалација си дексазон и физ за да му олесни, ајде дома да правиме не бре брате плачи ко прасе да колиш, така страшно на грло се дери, море држи лажи стегај го ништо само 3тина дали го прими лекот. Заспа и мн лошо, цела ноќ кашлаше неможеше да спие, се изнамачивме сите цела ноќ, на рати го чувавме со мм по 4 сати. Сабајле пак тт 37.8 имаше и направивме крвна слика, 20000 леукоцитите, антибиотик ќе пие пак, а пиеше точно на роденденот од 15 до 20ти август и тоа Оспен, одеше в градинка минатата недела и толку (facepalm) ми се плачи веќе аман...па сега матичната рече да почекаме до кај 3ч да не појави и пролив па да даваме Тримоксазол, оти и на меше се жалеше денес. Хаос ми иди Бт на болница да одиме после ручек, на уште едно мислење, оти на работа сум јас сега. Веќе да не знајш шо да прајш :tmi:
     
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.559
    Пол:
    Женски
    Син ми за чудо цело лето е здрав, пу пу да не го урочам. Освен кашлицава, што не ја рачунам за болест зошто ништо друго не му е, после коксакито нема фатено ништо. Ама се спремам веќе психички за есен/зима. Се надевам дека годинава ќе биде малку поразлично од лани. :drunk:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.559
    Пол:
    Женски
    Какви перници користите за малечките, препорачајте ми некои? Пројавува интерес да спие на перница, две вечери доаѓа на мојата и така заспива, после го преместувам само на душек. Па и си побара, ми вика “мама дај пејица”. :D
     
  15. Butterfly30

    Butterfly30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2024
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Каков чај давате ?
     
  16. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.047
    Допаѓања:
    8.532
    Пол:
    Женски
    Предлог немам. Само гледај да биде ниска и да не биде премногу мека. Тоа имам читано како ставки дека се битни при купување на перница за мало дете. Исто што имав читано е кога лежи на страна и ако главата личи како да му виси т.е паѓа и не е во права линија со телото, дека детето е спремно за перница и дека треба да биде толку висока колку да се пополни тој простор меѓу главата и вратот, и да дојде пак во права линија главата со телото. Се надевам дека малку помогнав ;)
     
  17. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.559
    Пол:
    Женски
    Да, ги знам сите овие работи. Само мислев некој што веќе користи да ми препорача конкретна перница.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  18. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.247
    Допаѓања:
    10.239
    Пол:
    Женски
    Нане, камилица, овошен. Ставам мед и лимон внатре..најчесто од мојот шо си пијам и ставам во филџан за неа.
    Големи се веќе, нема што да им се мислиме толку.

    Инаку нај се од ова шо пораснаа веќе, момент на денот ми е кафе пиење заедно. Јас пуштам за мене капучино, за неа млеко се седнува на маса и прајме муабет. Абе ѕверови :inlove:.

    Добро се држи сега за сега, кашла малку, носе тече. Белким утре нема да ми ја вратат од градинка. Секретот е прозирен се уште, она е фит. Тоа е добар знак.
     
    На 1209, Giiirl23, strelec231992 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.047
    Допаѓања:
    8.532
    Пол:
    Женски
    https://www.vitapur.rs/spavaca-soba/jastuci/deciji-jastuci
    Не знам дали ги има во мк. Ама гледам овде има 1+ 3+
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.559
    Пол:
    Женски
    Утре се враќа во градинка после пауза од скоро 20 дена. Чувствувам дека нема да сака. Кога го носев некни кај матичната, градинката е во ист правец и ми вика “мама нејќам динката”.. :| Се навикнав и јас со него, тешко ми е некако да го пуштам, ама немам избор… Деновиве сум општо нешто преемотивна, само ми се насолзуваат очи и ми се плаче. Го гледам колку брзо расте и ми паѓа криво… Денес добив, сигурно и тоа игра улога..ама општо ми е некако bittersweet растењето.. Веројатно не сум единствена..
     
    На sani99, kozuf, Carolin. и 5 други им се допаѓа ова.