Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.805
    Допаѓања:
    7.916
    Пол:
    Женски
    Да не бидам грешно сфатена дека не си го сакам детето ама има моменти кога ми е пренапорно се, и најчесто детето е тоа кое бара најмногу внимание, нели и разбирливо и знам да речам - кога веќе ќе пораснеш да правиш тоа и тоа сама.

    Пред се затоа што моите блиски сите се со деца од 10+ години и имаат повеќе време за себе да си посветат.
    Инаку кога ќе се навратам стварно брзо ми врви времето.
    Кога ги читам бебешките теми на форумов дури и повеќе од пола работи ако не се потсетам тука ми се заборавени, што и кога направило, прво вртење, прво ова, прво она.
     
    На H.VAGA и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.285
    Допаѓања:
    24.771
    Пол:
    Женски
    Со менструација и јас сум таква, за се плачам :lol:
    Од 1ви септември е во прва мала со воспитувач (маж) еднинствен машки воспитувач е во градинката и му се менуваат негователките секој ден бидејќи нивната од јасли е на боледување, скоро секој ден плачи, вака низ игра од време на време вели Нејќам гадинка :worried: ама мора да оди и ќе се навикни. Мислам и дека променава игра улога па ќе виидиме како ќе биди.

    Перница од Лимес имам јас, Панда се вика, кога спие кога не на неа, ноќе го гледам подолу од неа и му ја фаќам, големиот не сака перница спие на рамно.

    Вчера беше напнат ден, многу кашлаше, матичната одлучи да не даваме антибиотик, ја послушав и покрај 20000 лекукоцити :( рече ќе лечиме симптоми, кога имаш 2 мислења многу е тешко, еден доктор да даваме др да не даваме антибиотик, како да одлучиш ти? Прашањево реторичко :) Најмногу се нервирам ова со нашево здравство, што немаме 100% доверба па мора душата да си ја јадиме сами, сепак на крај на ден решивме не даваме, само на своја рака дадов сируп лоратадин, ноќеска помалку кашлаше, денес е подобар, пусти страв од лани од ко имаше пнеумоноја не ме остава на мира, па пак ќе тркниме до итна да го наслушаат пак. Блиску ни е, со докторите се знаеме немат замерки.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.559
    Пол:
    Женски
    На сите на моменти ни е пренапорно и ни доаѓа премногу, ама далеку од тоа дека не си ги сакаме децата, таман работа. Јас не се брзам да порасне, иако е предизвик периодов, убаво ми е што е мал. Знам дека како ќе расте, така се потешки предизвици ќе доаѓаат. Од една страна ќе биде посамостоен, ама од друга одговорноста да го направиш човек и изведеш на прав пат.. И јас не се сеќавам на многу работи од бебешките денови, а вчера беше.. Кај едни пријатели бевме на бебе пред некое време и мајката кога почна да ме прашува вие ова како, она како, пред секој одговор ми требаше време да се потсетам и не ни бев сигурна за многу работи.
    Ќе се навикнат, имаат ли друг избор.. Сигурно и моево ќе негодува утре сабајле, ама тоа е.. Сте загазиле вие со болеста, побрзо да поминува. Кај син ми уште трае мистериозната кашлица. Не знам чај некој да му правам ли, кои беа за искашлување ловоров лист и бел слез? Он до душа пие многу вода, така да си внесува доволно течности, ама да пробам чај дали ќе смени нешто.
     
    На 1209, gladiola37 и lackygirl им се допаѓа ова.
  4. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.285
    Допаѓања:
    24.771
    Пол:
    Женски
    За чај искрено немам искуство, не сум пиела ни јас за мене, не сум фан :) од ловоров лист мислам дека помага, свекрва пиеше и помогна, ама за дете нз која е дозата, плус моето првото дете воопшто не ни помирисуваше, не па да пие, ништо не сака тој, со малово можам да се пробам па можи ќе сака, повеќе пробува тој, поразновидни јади.
    Да прибаш со сируп лоратадин за кашлицата, јас вечер пак ќе му дадам.

    Заб да пишам, јас за второво дете треба да се помислам пред да кажам колку се роди, должина, тежина, час на раѓање :rofl: :rofl: додека за првото ко низ пушка кажувам :D
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.559
    Пол:
    Женски
    Па не кашла до толку за да давам лоратидин, сум давала кога било ларингитско. Сега се закашлува ептен ретко, синоќа во цела вечер ни еднаш не се искашла, од сабајле 1-2 пати. Чудна некоја кашлица, не знам.
     
    На јolene и lackygirl им се допаѓа ова.
  6. Butterfly30

    Butterfly30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2024
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Нејќе ич чај , викам да не има некој на вкус поинаков да се прелаже :rofl:
    И ние сме у таа фаза , сакаш кафе вика дааа па седнуваме он млеко ние кафе и смешки живи :rofl:
     
    На Carolin. и јolene им се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.247
    Допаѓања:
    10.239
    Пол:
    Женски
    Сваќе мене прво ми е, па некогаш и за датата се мислам. У колку саат стално заборавам, тежина и должина ти па..
    Негде има запишано секако. Еден куп албуми накупив за пополнување. Уште еден не сум. Тие радиснивите шо се ќе морам тука да барам кое прв пат шо се десило. Еве се чекам се друго да средам прво, па да најдам време за се.
    Мене ми беше пренапорно првите месеци, буквално од раце не ја пуштив 3 месеци. За се аи ја држев. За дремки ама за се нон стоп. Па и после. А маж по цел ден на работа ја да испазарам, да зготвам и време на крај на денот нема за ништо. Ни па сила ни па желба.
    Не полуде денес. Кај нас врнежливо а дома сите глупости се направија. Чинам цел ден се дере само.
    Ко ќе тргне на школо ваљда ќе стасам :emo:.
     
    На kozuf, Carolin. и lackygirl им се допаѓа ова.
  8. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    2.476
    Дали давате нешто за апетит? Во можност по цел ден да не јаде ништо и да вика не сакам да јадам..или парче леб без ништо
     
  9. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    19.980
    Пол:
    Женски

    Јас давам бимунал демек за имунитет ама го разјаде ептен и се мислам да прекинам да му го давам, прасе да му ставиш може да изеде, само нешто меле дури страв ме фаќа :tmi:



    За градинка сте пишувале.. ослабев од стрес насабајле пред градинка ама после ке ми го пуштат како си игра и доаѓа срце на место. Во четвртокот конечно се заиграл иначе до тогаш беше оф мори мајко, гласот му засипна од плачење (facepalm)
     
    На lackygirl, 1209 и kozuf им се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.559
    Пол:
    Женски
    Бимунал ти го препорача некој или? Со лесно адаптација во градинка, не знаев дека почнал баткото.
     
  11. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    19.980
    Пол:
    Женски
    Ми го препорачаа во аптека, аптекарот е добар пријател на татко ми. Му давав имуноБ тој матичната ми го даде ама има киселкаст вкус не сакаше да го пие и мм да му стави му се скрши цело шише. Утредента го земав овој, 2недела како го пие ама апетит ептен му отвори со имуноБ не беше ваков случај си јадеше норнално.

    Фала ти, се надевам побрзо ке се навикнеме :D
     
    На Bella_Stella и Ceneva им се допаѓа ова.
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.559
    Пол:
    Женски
    IMG_2006.png

    Овој ли е? Се мислам дали воопшто да давам нешто. Моментално си ги пие само стандардните суплементи Д3 вит и Омега3, есен/зима вметнувам само плус и Ц вит.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.047
    Допаѓања:
    8.532
    Пол:
    Женски
    Мила колку што те имам читано твоето срцуле си јаде убаво. Зошто би му давала суплименти кои ќе му потикнуваат апетит. Мислам нема да му штетат тоа сигурно. Ама ако си е здрав и не се разболува како лани не гледам причина да му даваш. Пропрати како ќе се одвиваат во градинка работите па потоа одлучи да му вметнеш, ако има потреба. Не повикана давам совет. Се надевам не ти смета.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.093
    Допаѓања:
    46.242
    Пол:
    Женски
    Здраво жени, одамна ме немало, ама да ви кажам многу е предизвик да гледаш дете без маж.
    Моето две недели беше дома, ларингитисот помина за 2 дена, имаше тт 3 дена ама сеуште е затнат, мака мачиме со спиењето оти скоро ништо не помага и уште кашла, беше влажно, сега е веќе како од надразнето грло.
    Сепак бевме две недели на боледување поради друга причина, ама за тоа во друга тема.

    Сакам да се пожалам дека овие недели е многу голем предизвик з амене да не викам и да се контролирам.
    Буквално ништо не ме слуша, скроз е побеснет, почна да удира, покажува агресија на моменти, спиење пореметено, храна исто, не јаде скоро ништо.
    Борба е за се од убедување да стане до предоблекување, менување пелени, храна, излегување од дома... се што ќе се каже да не прави те гледа во очи и го прави намерно.
    Детето како да се уназади во развој последните недели, не знам дали е разгаленост од болест, дали сега го удира реалноста дека мм не е тука, дали сега сфаќа дека во градинка се оди стално, дали е љубомора дека омилената баба сега има и друг внук или е комбинација од се, не знам, ама поштено ми ја еба мајката овие недели, посебно со фазата можам сам.
    Исто не знам дали е фаза ама страшно на нерви ми иде желбата за ред и поседување кај него. Значи нема шанси да де помести нешто дома, се мора да стои како што стоело, јас не смеам да земам ништо што не е мое, он не смее да зема ништо што не е негово, абе чоколадо ќе му подаде некој кога ќе зијне, не тоа не е мое и крај.
    До толку е стигнато што некни количката во маркет што ја вози секогаш не сакаше да ја вози оти некој ја скршил па залепил, со еден минијатурен селотејп, јас не ни приметив ама он имаше страшен тантрум.
    Значи ме исцрпува ова константно убедување за се.

    Од аспект на игра најнова опсесија му се слагалици и тротинет. Со коли не игра, ама слагалици, дрвени оние како форми да ставиш внатре, ловење рибички и такви некои моторички и логички игри му се хит.

    Од друга страна секој ден ме запрепастува со неговата меморија и способност за учење, знае еден куп песни, научи да брои до 20 и ја знае азбуката на англиски, додуша и јас форсирам малце и англиски ради одењето во странство, ама запомнува и учи.

    Најнов скеч од него, се враќаме од град и пред една продавница изложени фустани и застанува ги гледа и мртов ладен ми вика чекај да прашам нешто, влегува внатре и вели, чичко имаш ли фустан за мама:D
    Е ќе пукнев од смеа, како му текнуваат некои работи не знам.

    Кажете ми како да го преживеам инаетот.Лажење не успева, пеење игра и демек на шала не успева, уведување, карање и закани не успеваат, договор некогаш успева ама и тоа е со поткуп а така не сакам да го учам...многу ми е шок оваа фаза оти отсекогаш беше многу разбран и мирен.
     
    На kozuf, lackygirl и јolene им се допаѓа ова.
  15. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    19.980
    Пол:
    Женски

    Да тој е. Јас давам од страв од настинки од градинка. Не дека ке ги одбегнеме ама батем малку ако може да помогне полесно да ги помине
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.559
    Пол:
    Женски
    Не бе мама таман работа, секое мислење е добредојдено. Не се мислам да го давам ради апетитот туку како некоја превентива против разболување. Јас се надевам дека нема да е како лани, ама не можам да знам. За јадење он си јаде, ама веќе некое време бира и не јаде сѐ како што јадеше порано.
     
  17. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.805
    Допаѓања:
    7.916
    Пол:
    Женски
    Исто комплетно, си јаде количински, си јаде често, ама веќе пребира што ќе јаде.

    Ново искуство ми е ова и за мене, да се мислам, што и во кој облик ќе сака.
     
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.559
    Пол:
    Женски
    Не сум баш сигурна дека промените во опкружувањето се главната причина за однесувањето, зошто и кај син ми има промени, а не се сменило скоро ништо. Освен што скоро месец не одеше во градинка. Наместо да станува по разбран како што расте, него сѐ повеќе му де потенцира веројатно карактерот, па во спојка со возраста е ‘о леле мајко’. Само гледа каква глупост да направи следно. Карање нема никаков ефект кај него, ни со убаво, ни со повишен тон. Некни толку го извади маж ми од контакт што го плесна 2-3 пати по пелената, ЏА-БЕ. Го гледа во фаца и му се смее и пак си тера по негово. Двајцата правевме нешто во кујна а он си играше во дневна пред нас. Не знам во кој момент реши да земе вазна од кај телевизорот и да ја шета. Го видов со ивицата од окото и му викам на маж ми оди види го што земал. Моја грешка беше што во паника да не направи беља кажав гласно, он ме слушна и почна да бега со вазната во раце и да се смее. Со татко му му викаме застани, остави ја вазната, а он како некое ѓаволче само се сврте се насмеа и ја тресна од земја со сета сила.
    Надвор почна да ми бега. Се води за рака ама он кога сака. На одморот на два пати ќе добиев удар зошто избега и истрча директно на улица. Сѐ сака да е по негово, ако не е имаш инстант плачка со вриштење и солзи, значи не е тантрум туку е намонтирана плачка зошто мисли дека така ќе добие тоа што замислил. Вчера јаде и му тека во сред јадење да тресне една огромна метална количка од земја. Му кажав дека ке смее така и уште еднаш да не ја тресне и му ја вратив. Во иста секунда ме гледа во очи и ја тресна пак. Го симнав од стол и му ја земав количката и ја дигнав и му кажав дека беше предупреден и дека дур не почне да си игра како што треба и да не ја треска, нема да ја добие. Виде каде ја ставив па отиде таму и почна да плаче ама на сила скроз, па дојде татко му на него му се жали. Е во таква ситуација моја грешка е можда што одма се чудам што дистракција да му најдам, наместо да го оставам да си поплаче. Не знам дали постапувам правилно или не. Како и да е, огромен предизвик е да се чува дете на нивна возраст. Мислат дека можат сѐ. И син ми е во фазата САМ. Доста работи знае да ги направи сам, ама има многу и што уште не може и оди докажи се. Денес се врати во градинка, осеќам ќе има драми зошто нема да му дадат да јаде сам. Пред некое време ми се жалеше за тоа.
     
    На Giiirl23, lackygirl, јolene и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.559
    Пол:
    Женски
    Да да, кај нас е вака веќе некое време. Порано воопшто не се мислев што ќе готвам зошто знаев дека сѐ се прифаќа. Сега ручекот се врти околу тоа што он го јаде. Не се малку и сега работите што ги јаде, ама не јаде веќе сѐ. Лани летото пример ги јадеше сите сезонски овошја, годинава не ги сака сите, си бира. И имам приметено за некои работи е на фази. Пример некогаш јаде домати многу, па еден период не ги сака, па после пак итн. Од овошје не сака смокви, праски, каснува диња ама онака, лубеница сака, грозје обожава, банана стандард си сака, јаболки не баш, сливи сака. Некако 50-50.
     
    На lackygirl и 1209 им се допаѓа ова.
  20. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    19.980
    Пол:
    Женски

    Кога те читам како за детево мое да пишуваш, ама можам да кажам дека малккууу е поразбран за улица не оди без да ми даде рака ама на сите останати им бега. Дома во дневна имаме две ламби на ѕид закачени, претоварени се со ствари што он ги фрла а јас ги ставам као демек гледај ги и нема да ги дофатиш ни да играш штом не слушаш. Како што викаш буквално да се пазиш што збориш пред него. Првата недела во градинка плачеше а бе растреперен го земав, ништо не збори за градинка ама битно он во тоа плачење липање приметил дека "тетите седеа стол и пиеа кафе" ова ми го кажа во вторникот буквално 40мин беше таму и плачеше цело време.
    Значи толку прави него што му одговараа тоа е страшно, јас го оставам да плаче веќе и да свати дека не може се по негово да биде. Па да видиме до каде ке стигнеме. А зборааам уста пена ми фаќа од зборење, џабе.
     
    На lackygirl, јolene и 1209 им се допаѓа ова.