Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.286
    Допаѓања:
    111.711
    Пол:
    Женски
    Опасни се повредите ама уште поопасни се невидливите повреди на зглобовите и рскавиците, оние што може да направат трајни оштетувања на колкови, колена, па и врат и кичма. Трамболина строго со обувки, а никој не скока со обувки нели, и не подолго од 5мин. Кога ми покажа ортопетката какви поврди се случуваат, и така не сакав, скроз отсакав трамболина.
    И јас се мислам каква да земам, спие сега на што најде ама мора да земам нешто асално. Се мислам и јас да нарачам од овие Витапур кај тетка ми да стигнат да си ги земам.
    И јас казнувам и плескам по пелена и не сум горда на тоа, ама немам други механизми бидејќи е ултра бесно дете. И кога знае дека згрешил доаѓа се извинува и се смирува, а кога јас сум таа што едноставно сум збеснала од моја нетрпеливост или моја нервоза, што ретко ама се има десено пар пати, не попушта, знае дека е во право он.
    Јас имам една одлична е, стварно помага многу.
    078 264 263 Даниела.

    Инаку да, и моето е страшно карактерно, ама изгледа е до периодот во кој се наоѓаат, од 2 до 3, Сакам се да направам а не можам и не сакам да попуштам. Од друга страна па кога ќе се заигра е таков мелем од дете, аууу да не го приметиш дека е тука. Коцки ни се омилена играчка, најчесто игра со малку поголеми а сепак не толку големи коцки од кои може да направи интересни фигурки. Ама знае и со Лего на брат му да си игра, прави едноставни форми најчесто кукички. Многу сака книги и лепи залепи работи. Имаше во Стокомак минатата недела преубави едни со лепенки со диносауруси и со планети, ми го спасија одморот тие дефинитивно. Цели ги исполепија со песок и веќе не ни лепат, ама ги играат уште. Планети дефинитивно го интересираат многу. Ставив во букмарк да ми стои еден центар за астрономија и технологија во Солун, да ги однесеме, малово научи и планети веќе од брат му па веќе и ги погодува која е која според изглед, нормално од сликовници. Сега на плажа на сонцезаоѓање имаше авион што леташе и поише деца собрани што бевме роднини на одморов и погаѓаат што е и едно вика Ова е ракета!, светкаше интересно од зајдисонцето, другото вика комета, трето вика сателит и малово со свои 2г и 9м им вика Не, тоа е авион, ама јета биску до сонцето и се(в)тка затоа. Родниниве сите запрепастени од детево и неговата изјава. И не е само тоа да речеш, општо стварно е препаметен, е затоа не можеш и да го излажеш лесно.
     
    На Carolin. и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  2. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    8.532
    Пол:
    Женски
    Знам дека се опасни. Кажав дека истражував и гледав и видеа и се. Затоа и не е сам внатре и не му се дозволува да лудува. Се е умерено. Еве веќе и сезоната ќе и заврши и ќе се спакова. Тоа само на убаво време и по 10 мин му држи внимание да не речам. Инаку со сандали го пуштав внатре, не бос.
    За се се информирав пред да ја купи девер ми и сме сите доста претпазливи кога е внатре.