На врвот ја пресеков првиот пат направив дупче и после секој ден сецнував уште по малку. Сигурно ќе има плачки и кенкања ама ќе се навикне за некој ден
Фала ви на сите на охрабрувањето. Викендов ќе се пробаме, се надевам од петок до недела ќе биде одвикнат.
Можно ли е од температурата да ми се нафрлал цел? Црвени ситни точки по цели нозе и раце, на сонце баш се гледаат
Да, не трае многу. За неколку дена ќе се повлече. Син ми обично само на торзото се исфрла после температура, ама веројатно и на екстремитети е нормално.
Се слушнав со матичната, рече во ред е нема проблем штом нема температура повеќе, значи поминува ама во петок да повториме црп и крвна слика.
Здраво мајки, ќе ве замолам за тие дечиња кои примиле вакцина мрп ако може да споделите искуство, кога ја примивме и какво беше искуството со дечињата. Ви благодарам.
На 2 ипол години ја прими, 7 ден му се затна носот, 8 ден качи блага температура која што траеше нецел ден. После тоа си беше ок.
Добро како се убедувате секој ден за одење во градинка? Правеше вака и пред паузата ама сега е екстремен. Не сака да оди и само измислува да се прави нешто, мама седи тука, мама дај ова, мама пушти кола итн. Кога ќе стигне таму влегува без проблем, таму е супер цел ден, јаде, спие, си игра, секогаш весел го зимаме. Кажува што прават, ги наборојува децата. А зошто од сабајле не сака да оди не можам да си објаснам, ама секое сабајле стресно ми почнува. Ете денес плачеше за тв да му пуштам, а тоа е зошто гледа дека го спремам. Нејќеше да се облече, почнав да измислувам дека во градинката изгледа има нова кола, дека нашиот тв не работи, ама може тој во градинката работи. Лаги еден куп, ама не можам да најдам друг начин. На крај со ништо не се убеди морав да му дададам цуцла и магично се смири и си излезе без никаков проблем, чао, гушкање, смешки, се по ред. Не ми е цуцлата решение, нели ќе ја одвикнуваме. А не сакам рикајки од дома да оди, после цел ден ми е наопаку.
Охх буквално е исто со големото, а 4 год е веќе мораме секој ден да се убедуваме да оди , веќе со трчање стигам на работа жива вода а не сакам така ич... реално не му се станува не му се облекува... сабајлево плачеше оти е по кратки ракави а сакал долги да облече , му викам нели имаш дуксер па изгубивме бајаги време за тоа.. и сепак отидове на крај , а со малата сега за сега нема проблем...