Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.914
    Допаѓања:
    21.878
    Пол:
    Женски
    Моево генерално од никогаш не правело проблем, ја сака градинката. Ама зошто за одењето прави така, не можам да си објаснам. На крај почнувам да се сомневам дали му е убаво таму и дали нешто му ствара одбивност, а нема како да дознаам. Како што кажав среќен го зимаме секој ден, во понеделникот особено беше ептен збеснат и расположен, дома се чудеше што да направи од што си поминал убаво. Па кажуваше дека сака пак да оди имало некоја Paw Patrol кола. Дојде утредента, ни кола ни ништо не го интересира, нејќел градинка. И ајде оди разбери.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    1.203
    На здраво дете кога бевме со полни 2 г, кога ме виде докторката со цуце ми рече под итно да ја тргаме-нема магичен начин само ја тргаш и нема давање.Нерви неколку дена и ноќи ама НЕМА и готово.така и направив и за три дена беше готово.колку се одлага толку полошо
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    1.203
    На здраво дете кога бевме со полни 2 г, кога ме виде докторката со цуце ми рече под итно да ја тргаме-нема магичен начин само ја тргаш и нема давање.Нерви неколку дена и ноќи ама НЕМА и готово.така и направив и за три дена беше готово.колку се одлага толку полошо
     
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.179
    Допаѓања:
    46.631
    Пол:
    Женски
    Бела што да ти кажам исто е, додека да се убедеме да тргне, кај мене секој ден кажува исто дека му е гласно во градинка, дека децата се гласни и дека музиката е гласна, кога го прашам зошто не сака да оди, затоа е. На раб на откажување сум, секако останав без работа мислам дека ќе оди фо крја на месец и толку, ќе пробаме пак за некој месец.
    Секој ден кога земам е со отечени очи, не сака д ајаде таму и не сака да спие, обавезно плаче на 2-3 пати, и искрено не можам да издржам, не е тоа дете кога оди и не оди.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    Гледам да го разбудам малку порано деновиве за да имаме време да читаме, да си поиграме, така е полесно за спремање. И правиме планови за после градинка во кој парк ќе одиме, што ќе правиме.. за цуцлите не знам како им даваат во градинка, не е баш хигиенски, си ги зимаат сигурно едно од друго. Кај нас мислам од прва мала веќе не им ги даваа на тие деца што користеа.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.326
    Допаѓања:
    24.869
    Пол:
    Женски
    Првото дете ми беше така, не сакаше гласна музика, не сакаше кога викаат децата, едноставно му сметаа гласни звуци, ама одеше бидејќи немавме избор, па со плачење скоро секој ден беше, дури и сега на 6 и пол год не сака многу гласна музика.
    Малото е дома оваа цела недела бидејќи беше болен и секој ден ми вели нејќам в градинка, не е убо таму ми вели, Иц не е убо :rofl: среќа во несреќа мајка ми даде отказ па еве 2 дена со неа се чуват, па нз како ќе продолжиме, си велам да го исчуваме дома овие 2 3 недели, па пак ќе пробаме. Да се разбериме ќе одеше тој уште од вчера да не беше мама слободна, нема сакам нејќам оти немавме избор, ама вака веќе е друга приказна, кога има кој да го чува е веќе друго.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.920
    Допаѓања:
    8.162
    Пол:
    Женски
    Некогаш си викам детево освен живот во градинка и дома кога е болна, не знае за друг живот.
    Сме имале периоди на плачки и периоди кај што оди со трчање. Генерално за градинка не зборува многу, ептен низ игра да ја прашам, ако видам некоја активност да пуштиле слики.

    Пример боеле слики со јаболко.
    Јас: Што правевте денес во градинка?
    Х - тотална тишина и игнор

    Земам јаболко да и дадам да јаде...
    Јас: еве сега ќе јадеш јаболко, кој боеше јаболко во градинка?
    Х: Х боеше ( за себе) - цЛвено, Ана боеше, тој боеше и ќе нареди 5-6 деца.

    Така да од моево само строго со стратегии муабетот за градинка.
    Некогаш и на попладне или во викенд ако поминеме покрај градинка се стега да не ја оставам. А наутро не прави проблем на пример.
     
    На Bella_Stella, lackygirl и Carolin. им се допаѓа ова.
  8. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.569
    Допаѓања:
    20.182
    Пол:
    Женски

    Муабетот за градинка и ништо кажување таму, седиме со баба му и следи:

    Баба му: Диме што ти дадоа да ручкаш во градинка?
    Д: (седнат свртен на кај двор) Види дува ветер.

    Ако не паднав од стол тогаш никогаш нема :rofl:
     
    На duffi, LiquidLuna, Bella_Stella и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Ангелче7890

    Ангелче7890 Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2024
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво детето ми е 2 години и 6 месеци имаме проблем со јадењето јади само млечни каши и овошна во овошната му ставам леб, јогурт, јајце, јаболка, праска, јагоди, грозје, банани, сливи, друго ништо не сака да јади и имаме проблем за со какњето последно време користиме бебешки клизми и тоа тешко му оди. Дали некоја мајка се соочила со вакво нешто се извинувам за долгиот пост ☺️
     
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.179
    Допаѓања:
    46.631
    Пол:
    Женски
    Мајка искрено не можеш дете од 2ипол години да храниш со каша? Зошто?
    Дали си пробала да му дадеш нормална храна? Дете најдоцна до 1 год треба веќе да исфрли каши, ајде и подоцна да е, ама 2 ипол год е премногу.
    Ќе има проблем и со развој и со текстура и со вилици.
    Дали детето со развојот е ок?
    Да не има сензорни проблеми?
    Зошто на една пријателка детето кое е со аутизам одбива непасирана храна, ама он има сензорен проблем, ако твоето е во ред мислам дека подитно треба да го одвикнеш од каши.
    Цревата му стануваат мрзливи затоа не кака како што треба.
    И моето одбива храна ама на крај памет не ми било да му правам каша на 2г.
    Како дојде до ова да јаде само каши?
    Дали проба некогаш да го префрлиш на обична храна.
    Знам дека малце така лошо звучи мислењево, ама лошо му правиш.
     
    На Bella_Stella и Ceneva им се допаѓа ова.
  11. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.098
    Допаѓања:
    8.585
    Пол:
    Женски
    Како се справувате со тоа детето кога ќе почне да удира. Син ми е мазилче. Ама во последно нешто почна од чиста мора, и гледам дека му е повеќе како игра да мава. Некни го удрил другарчето и свекор ми го искарал. Мене знае да ме шутира со нозе кога го пресоблекувам и ми се смее. Мисли дека тоа е игра. Нормално му кажувам дека тоа не е убаво и дека мама ја боли тоа кога го прави. Ама денес баба му дремеше, и тој со шише парфем два пати ја удрил по глава. Жената е модра над око. Му го земав шишето и фрлив и му викав, а тој лут дека му го фрлив шишето дојде и мене ме мавна. Ми се споија жичките и го удрив по газ. Знам дека тоа не е решение. И му реков гледаш како боли и му одржав лекција дека тоа што го прави не е убаво и дека е срамота. На крај се извини на баба му ама мислам дека не е свесен што направи. Како да му укажам дека тоа не е убаво?
     
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.326
    Допаѓања:
    24.869
    Пол:
    Женски
    На првото дете прв пат ко ме удре јас му вратив и му реков уште еднаш ако удриш и јас ќе мавам, не треба да удираш, од тогаш рака не крена, ама и такво си беше помирно, послушно.
    Е сега овај фраеров мава често, му зборувам дека не треба да мава, го имам и удрено и јас и ми враќа :D и не му иди памет, си мава...јас не го оставам да ме удри му фаќам рака и го држам така :D па плачи се нервира :rofl:

    Иначе што правеле во градинка никогаш ништо не кажувале, ни првото ни ова :D игнор само на прашањето, си зборува нешто друго.
     
    На Ceneva и Carolin. им се допаѓа ова.
  13. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    Ако ви споделат нешто од градинка ептен пофалете ги, еднаш ми кажа песничка дека испеал и затоа му ставиле петка. И го подмитив да ми ја каже па го фалев на играчките, на татко му, викам леле колку ме израдува. И почнав да му кажувам за мојот ден кога ќе го земам, јас денес убаво си поминав на работа, малку се изморив, имав состанок, едвај чекав да дојдам да те земам. И некако почна да ми раскажува самиот сѐ уште кога ќе го земам. А инаку исто не кажуваше ништо претходно.
     
    На DaftyCrafty, kozuf, Bella_Stella и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Ангелче7890

    Ангелче7890 Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2024
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Стално го нудиме секаква домашна храна а тој одбива а иначе си е напреден итро си е детенцето си игра си шета
     
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.179
    Допаѓања:
    46.631
    Пол:
    Женски
    Одбива оти досега даваш каши, тој е научен да голта само, нема никаков рефлекс да џвака.
    Го уназадуваш во развој колку и да е итар.
    Братучед мој го хранеа со каши до голем без причина, на 31г стави вилици зошто сите заби му испаднаа како последица од тоа.
    Мораш да пресечеш, нема да даваш каши и крај ќе виде дека нема храна ќе шпочне да јаде.
    Сите одбиваат храна во тој период, ама каши не се решение.
    Дали некогаш си му дала парчиња?
     
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.914
    Допаѓања:
    21.878
    Пол:
    Женски
    Пишувано е на оваа тема порано. Нормална фаза која може да трае и до 4-5 години, кога се очекува да ја снема зошто до тогаш веќе говорот е развиен и детето почнува да ги сфаќа емоциите. Најчеста причина е тоа што не знаат фрустрацијата од нешто да ја искажат на друг начин, испитуваат граници, да видат како ќе реагира околината, имитираат ако виделе некое друго дете или возрасен како удара. Едноставно немаат развиена саморегулација сеуште и не знаат да си ги контролираат импулсите.

    Удирање назад е многу погрешно и јас никогаш не го практикувам. Колку и да ме исклучи, се контролирам зошто е апсурд на дете што му викаш да не удира дека не е ок, ти да го удираш. Само уште повеќе ќе го засилиш. Јас секогаш му ја фаќам раката и му кажувам дека не смее да удира, дека боли. Ако гледам дека ме удира од лутина, бес му кажувам дека гледам дека е лут зошто сака тоа и тоа, на тој начин го учам да си ги препознае емоциите и да почне да ги процесира со зборови а не со удари. Ако удира за внимание исто го стопирам и кажувам само кратко да престане. Не правам драма, не држам предавања зошто он уствари тоа и го сака во моментот. Често удираат кога нешто им фали, така да осигурај се да не е гладен. жеден, да не му се спие итн. И најважно од сѐ, доследност. Треба да разговараш со сите што се грижат за него и му се вклучени во секојдневието и треба сите да реагирате исто.
     
    На Anturium, Mumoftwo30, Ceneva и 5 други им се допаѓа ова.
  17. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    Ако удри другарче го носам одма дома од паркот/игротека кај и да сме. Ако ме удри мене или татко му и сме дома го земам и му ја прекинувам играта и го носам во спалната малку, тоа ќе му дојде нешто како ставање во ќош ама седам со него. Правејќи го ова, престана да удира. Сега во момент ако е изнервиран некогаш замавнува во воздух зашто си поврза дека ако удри ќе има последица. Не е баш дека на 4 години самите деца магично си сфаќаат и нема да удираат, туку треба да се искорени тоа однесување. За многу работи не сум строга ама за ова и тоа како и не попуштај, не може модри да одите од него. Додека почнат да си ги контролираат импулсите бар разбираат дека ако удрам мама ќе ме однесе дома или ќе ме носи во спална и не можам да си играм. Не значи дека ако не можат да контролираат импулс до 4 години треба да ги оставиме да се тепаат. За пресоблекување исто ме има шутирано и тогаш станував и се тргав и плачеше да се вратам. Ама да ме шутира не е дозволено и крај. Те поддржувам да си поставиш за ова построги граници, да не си ја чукаш главата после.
     
    На kozuf и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  18. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.884
    Допаѓања:
    40.439
    Пол:
    Женски
    Малово периодов е баш како во поговорката,,не ми е криво што ќе се разболи, туку што ќе се разгали,,
    Неподнослив, плаче за глупости, не ме остава ни секунда. Сега драмеше зошто се туширам.
    Туку, да ве прашам , деца како ви минат стомачен. 5ти ден денес, ок е, почна да си јаде, нормално намален апетит( читај се доистанчи) ама навечер знае да добие тегоби и пак да ми поврати и тоа обилно. Буквално несварена храна од ручек. Нлќеска имаше и проливче. Можно е сеуште да му трае? Се пореметувам од овие повраќања на децава.
     
    На Carolin. и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  19. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.098
    Допаѓања:
    8.585
    Пол:
    Женски
    Да не ве цитирам посебно. Секогаш кога ме шутира и се смее му ги фаќам носете и му велам нее тоа не е убаво мама ја боли. Многу пати си продолжива, ама како што велиш се тргам. Некни прв пат удри другарче, беше во нашиот двор. И дали беше од тоа што детето си играше со неговите играчки не знам да кажам. Ама кога го прашав ми покажа на играчка како го мавнал и другарчето ќе плаче. Му кажав дека тоа не е убаво дека другарчиња не се тепаат, дека со нив се игра и дели се. Ама ова вчера од чиста мира баба му ја акна по глава со шише од парфем. Јас го завршував ручекот. А тој само што стана од спиење. Му реков срамота не си добар. Тоа не е убаво. Да се извиниш на баба и да ја бакнеш. И му го земав шишето и фрлив во канта. Пробуваше да се качи да го дофати во лутина и зошто не успеа дојде ме мавна мене. Знам дека во афект реакција беше што го плеснав. Ама ваму он драми, свекрва ми за глава се држи и кука. И од што знам дека згрешив му реков гледаш како боли. Не се удара. Дека не е убаво. Да се извиниш. Не се извини одма, туку кога се смири и виде дека баба му се држи за глава. Баба извини. Татко му кога дојде го прашува. А он буквално со поглед го избегнува и сосем друго му зборува. Се надевам дека малку има допрено до него. Он во глобала сите ги гушка и бакнува. Милозливо дете и ги сака децата и затоа ми се чудни овие негови испади вакви. Ајде тоа што ме шутира мене, се гледа дека е од игра и дека му е интересно и се смее. Ама ова вчера не можам да објаснам зошто го направи.
     
  20. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.297
    Допаѓања:
    12.929
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е претерано со шише од парфем да удри некого, и нема џантл парентинг да глумам, ај па ако не нека земе да ни дупне глава по дома.

    Нормално дека ќе го искарам и ќе му дадам некаква казна, треба да научи што се граници, што е лошо однесување, што е казна, и важно е да сте доследни на забраната кога така ќе направи, да знае дека има граница на тоа што го прави. Лошо однесување, тепање, мавање, кажување лошо зборови и навреди, не толерирам воопшто, кај нас дома пред нив не се зборуваат ниту лоши зборови, ниту навреди, од тоа треба да учи, ама сепак е дете и надвор ќе види како некој удира па ќе му текне дека и тој сака да проба, ама нели ние сме тука камо родители за да ги научиме што е а што не е добро и правилно, секое лошо однесување кај мене се казнува, не глумам џентл парентинг, го казнувам кога прави такви работи, па да видите како за брзо време се учи што е и што не е убаво да се прави.
     
    На ForeverYoung, Ceneva, LizzyGrant и 1 друга личност им се допаѓа ова.