Не одиме каде што сме биле договорени, нема телефон воопшто да добие, нема да отидеме каде што сме биле договорени, така да сфати дека работите кои што му значат нема да му бидат дозволени и овозможени ако се однесува лошо, се инаети некогаш, ама со тек на време разбира дека сум доследна, и дека ако се однесува лошо, нема ниту јас неговите желби да ги исполнам и ќе си добие казна.
Мајка ама колкаво е твоето дете? Треба сепак да бидат на одредена возраст за да почнат да разбираат последици од постпаките и зошто се уствари казнети, на 2г не функционира баш вака, да и јас пример нема да му дадам што сака ако тоа е казна, ама тоа е само во мементот, не знае он да примени утре пример дека ако прваи тоа и тоа ќе се деси тоа.
И кај ќерка ми е така, не го разбира концептот на казни уште. Можеби е до возраста а може и до самото дете, не знам стварно.
3 е едниот, 4 ипоч другиот. Зборев за помалото, иначе со тел на време ќе си разбере, иако не се многу 2 г. и точно дека не разбираат последици на 2г. ама мора од некаде да се почне, мислам дека тоа со удирањето не е баш добра опција ниту на 2 години.
2 години се многу специфична возраст, проверуваат граници до каде може да одат а паралелно на тоа не разбираат концепти. Многу е тешко (барем за мене) да најдам баланс и да научам како да се поставам. Се надевам дека после 3 ќе може малце повеќе да се разбереме.
Не можат да разберат ако казната е после пола саат од сега, лесно им е да разберат ако има причина и последица. Еден пример: трескање по масата со дрвена играчка - ја земаш играчката веднаш, му викаш ајде ќе најдеме друго нешто да си играме. Без карање без обвинување. И го префрлам на мене, јас не сакам да ја скршиме масата и да се повредиме. Ако на пример казната е, сега ме шутираше па за пола саат нема да пуштиме цртани тоа им е тешко да си го поврзат зашто нема врска едното со другото. Ако ме сфаќаш. Инаку од две години имаат некоја логика кога трчаат ако не гледаат напред ќе се сопнат, ако трчаат накај лулашката ќе се судрат и така учат и почнуваат да внимаваат. Причина и веднаш логична последица има.
Многу тешка и комплицирана возраст. И голем предизвик за нас родителите. Да сме живи здрави сите само, со друго ќе се справиме. И многу значи кога ќе прочиташ различни ставови и мислења и постапки. Фала ви мамасити
Првата вечер без цуцла за нас беше еднаква на хорор. Очекував плачење, ама не до волку. Плачеше многу повеќе отколку кога го одбивав од доење. Буквално се одра. Прво заспа некако дури во 11, со плачење ама не толку сериозно. Околу 2 се разбуди и му текна пак, кога му кажав дека ја нема почна да вришти пак и да бара да оди во дневна да му пуштам тв. Му кажав дека таму е темно и сите играчки спијат, а тв нема струја. Отидовме до таму, виде, не сакаше назад во спална и презаспа во дневна. После нецели два саати пак се разбуди, а иначе одамна ја преспива цела ноќ. Пак почна да бара цуцла, ама само 1-2 пати ја спомна, па продолжи за тв. Тоа беше такво вриштење што не можам да ви опишам. Па сакал да стојам кога го држам, не да седам. Па буба го каснала, па грлото го болело, главата го болела. 2+ саати беше вриштење со мали паузи. Дојдовме до степен маж ми да рече ако не дај му ја, а он беше поголем иницијатор за тргање и мрчатор што уште цуца. Ама јас кажав дека тоа е тоа, не се враќам назад и цуцла не давам повеќе. На крај се смири дури во 6 сабајле, се расположи како на копче некој да му направи трансформација, почна да си раскажува нешто и заспа. Сабајле кога стана најнормален, ни еднаш не спомна цуцла, одма се заигра, за тв сам вика немал струја. Кај моите дојдовме, на мајка ми и покажал кај што му стоеа цуцлите тука кога сме, рекол дај баба цуцу ама му објаснила дека ја дала на бебето и не се побунил. Ќе видиме вечер како ќе биде. Синоќа душата ми се распарчи, толку многу ми беше криво. Не знаете како се молеше, бебеенцее дај на мене цуцуу’. Сестра ми ми вика мораш ли вака нагло, ама си го знам детето. Не е дете што сам доброволно ќе ја остави. Се осеќам криво што толку многу плачеше и не можев да го утешам, може не треба ама не можам да си помогнам.
Важно кажи им во градинка и ќе се одвикне за некој ден... (моево нефати па неможам да кажам од искуство) но во нашата градинка на прва мала не им дозволуваат цуцли да носат..
Браво, само продолжи така, немој да попушташ. Се надевам вечер ќе е полесно. Моите 2та не фатија цуцла, не бев ни упорна само пробав, не сакаа, толку многу мразам цуцла бидејќи имам проблем од таа цуцла, до 5 год сум држела јас цуцла, горните заби ми се нанапред од неправилно голтање, цел живот така и голтам како бебе со јазикот напред, не сум се научила да голтам, не успеав ни возрасна немаат сите проблем што држеле цуцла повеќе од 1 година ама еве јас имам.
Браво за храброста. Јас од тоа не собирам храброст да му ја фрлам ама ќе морам. Многу зависен станува како расте ми се чини. А мислам дека ќе биде иста ситуација како кај вас. Пиши како ќе поминете вечерва. Ве гушкам. Посебно тебе мами зошто тебе повеќе ти треба
Одам на лекар да ми потврди. Е сега зависи како дете се носи.. Кај нас мине само со сладолед, свеж воздух.. А има деца до урбазон што стигаат.. Зависи од ларингитот..
ние и викавме дека сме ја дале на мачињата, дека тие се бебиња и им треба на нив и дека она е голема, она беше страшно зависна, а многу лесно се одвикна и до ден денес 2 години по минаа уште кога ќе види маче вика дека и ја земало цуцлата мене овој совет ми го дадоа во градинка и одма упали. 2-3 вечери ја бараше и толку, после сама почна да си збори дека е кај мачињата. битно е да не попушташ, со лесно!
Затоа почнав одвикнување во петок, за до понеделник да е стабилизиран и да помине полесно во градинка. Денес сме кај моите и заспа кај мене во раце на стол нишкалка, гледајќи приспивни песни на тв. Не е мој стил, ама се прифаќа сѐ што не е вриштење. Се надевам дека вечерва ќе биде мирна и ќе се наспиеме. Мораше веќе, големи се и доста е. Знам дека му е утеха во многу ситуации. Жал ми е што му го одземав тоа, ама уште повеќе ќе ми биде жал ако се деформира вилицата. А и дефинитивно како растат сѐ потешко е. Од доење го одбив на неполни две години, тогаш повеќе се лажеше, сега ништо не можеш да ги излажеш. Срце ми се распарчи вчера дур плачеше, ама помина. Ние некни еден ден ја фрливме преку прозор од кола. Јас му кажав ај фрли ја на кученцето надвор, оно е бебенце да порасне и ја фрли без проблем. Цел ден не ја побара, ама дојде вечерта и време за спиење и одма ги наштима плачките. Сред недела беше, а јас бев ептен болна и не бев спремна да го издржам тоа. Да ја бара мене не ми е проблем, и 200 пати ќе објаснам. Ама он вчера беше ненормално многу агресивен и вриштеше како опседнат. Не сакаш да ја видиш таа слика. Сепак си е до детето.
@Bella_Stella секое дете е различно, чисто го спомнав како совет, не знам колкаво е детенцето, колку што сфатив и е поголемо, мојата немаше ни 2 кога ја одвикнавме, педијатарот не советуваше со време да ја тргнеме и во градинка ни правеа многу притисок, прво таму не даваа и преку ден таму не цуцаше. друго шо имам сфатено до сега со децава за се треба многу зборење, трпение и упорност и после некако магично преку ноќ се одвиннуваат, така беше кај нас за цицање, за пелени, за цуцла, за шише, се што ми изгледало многу тешко, било многу лесно ама треба да пресечеш и да не попушташ на првите плачки.
Поголем е, две ипол ќе направи за неполн месец. Се збори многу одамна и секој ден за цуцлата, дека е голем дека ќе ја дадеме на бебенцето итн. Разбира, се смешка и после пак си тера по старо. Да се нормални плачките ај, ама он вришти. Ете го пак се разбуди. Сега не плаче по цуцлата зошто знае дека нема да ја добие. Плаче по сѐ друго, по тв, по играчките, по што ли не. Ме мрдна.
срце бе, многу тешко поднесува изгледа. ти верувам дека ве има мрднато, баш пиши за неколку дена како сте