Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    1.021
    А зашо не го пробаш начинот шо го спомнав пред некој ден, мислам дека е многу по мек отколку одма скроз да не му ја даваш. Мислам секако вие си знаете ама ние со сечењето на цуцлата поминавме без плачки пошо постепено беше одвикнување.
     
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.816
    Допаѓања:
    21.595
    Пол:
    Женски
    Пробав првата вечер ја исеков и му ја дадов, кога ја виде таква уште толку почна да вришти и не ја сакаше, ја фрлаше ама плачењето си продолжи. Не знам јас очигледно имам многу тешко дете за одвикнување. Ете го и денес за денска дремка се одра од плачење. На раб сум на нервите. Не знам каде грешам што не знам да се справам со едно одвикнување од цуцла. Се осеќам како да потфрлам. Ненормална нервоза има насобрано во мене овие 2-3 дена, ќе пукнам.
     
  3. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    1.021
    Не е до тебе, не грешиш нигде и немој лично да си го сфаќаш. Цуцлата им е утеха, како зависни се од неа и ги смирува и нормално е да плачат и да им е тешко пошо веќе им ја нема утехата(цуцлата). Пробај со одвлекување на внимание со книги приказни играчки макар и цртани дур да ја одвикнете првите денови, ова за заспивање. Верувам дека правиш се што можеш и знаеш. Не се секирај ќе се помири дека ја нема и ќе се среди за некој ден.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.