Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.152
    Ако пробува да те удри фаќаш раце, Ако пробува да те касне се тргаш. Ако гледаш дека ескалира и може да се повреди само го обезбедуваш просторот да не се повреди и стискаш заби и чекаш да помине. Во тој излив на емоции не можеш и не треба да очекуваш да се вразуми. Ако ти дозволува, само гушни го силно и остави го да се исплаче. Немам друг совет, се надевам дека вечерва ќе поминете полесно.
     
    На Giovanna и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  2. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.569
    Допаѓања:
    20.182
    Пол:
    Женски

    Не бевме не. Таман почна да седи се разболе. Воспитувачките се убедени дека он ке се адаптира и ке седи, они повеќе од мене веруваат мислам дека. Само ми зборат ке се навикне не се секирај. Ми пратија слика после како си игра. Многу нови деца сега почнаа и хаос е уште.
     
  3. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.071
    Допаѓања:
    10.658
    Верувам дека е тешко. Те разбирам затоа што и ќерка ми е ваква. И ме расплакала од немоќ и се. Не викам дека и јас се што правам е исправно, но од искуство со вакво дете, кај мене помага само поставување граници. Многу лесно сфаќа кога може да ме вози за нешто, ако попуштам во момент на слабост трократно ми се враќа по глава. За жал иако делува најсурово, оставање да се исплаче и смири, па после да си зборуваме и гушкаме кај нас носи најголем резултат и во моментот и за идни слични ситуации. Мали се, ама веќе и не се толку мали, почнуваат и те како да разбираат и да памтат.

    Со @le.soleil генерално се согласувам за се што пиша, затоа што го имам искусено истото. Сум сменила една навика со друга, па после испаднало дека треба да ја одвикнувам и од таа. Ме мавала во бес, сум фаќала раце, чекам да се смири. Сум попуштила некогаш кога сум била слаба со нерви и емотивна, но после тоа секогаш сум се покајала затоа што ем ќе си го направи кејфот ем пак нема да ме послуша, а утре пак ќе го проба истото.

    Многу е неблагодарно да дава човек совет за туѓи деца, кај што не си им дома, но ова чисто си споделувам слично искуство во вакви ситуации како е кај нас. Знам дека ти е тешко, никој не сака детето да му плаче, но имам надеж дека за скоро ќе ја надминете ситуацијата.
     
    На strelec231992, Ceneva, LiquidLuna и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    1.703
    Пол:
    Женски
    Да!
    На оваа возраст секое одвикнување од одредена навика за заспивање, после им е бунт.
    Кога ја одвикнав од цицање, а цицањето и беше начин на заспивање уште имаме проблем.
    Пред тоа беше за 2 мин заспана. Сега..хаос сеуште. Ама направив грешка. Она не сакаше, јас ја оставав.
    Според мене треба да си доследна и истрајна дека е време за спиење и тогаш се спие. Ќе биде тешко една, две недели ама ќе научи и ќе се врати како што беше. Јас сега го правам тоа, мада кај нас одвикнувањето беше пред одмор и претпоставувам и дојдоа многу промени и се беше нагло.
     
    На Giovanna и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  5. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.071
    Допаѓања:
    10.658
    Епа што имате соработка со воспитувачките, пола работа е завршена. Верувај секакви деца им прошле низ раце, не се овие први што плачат при адаптација. Ако си решена да оди во градинка, те советувам да најдеш начин да го издржиш периодов и да не си го ставаш толку при срце. И сама гледаш дека после кратко се заигрува и си гради нови врски во градинка.
     
    На lackygirl и Carolin. им се допаѓа ова.
  6. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    1.703
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella ме потсети на моите нервози со спиење сега. Многу се нервирав, бевме во камп месец дена, секој ден ме среќаваа луѓе и ме прашуваа: заспа вчера? Јас и мм секоја вечер што не правевме да заспие, на крај после 3 часа борба те фаќа нервоза и се исклучуваш. И тоа трае и трае и си викаш дали ќе заврши и не завршува. Ужас.
    Се правиш дека спиеш, ти скока над глава.
    Те гризе, те закача, те тепа за да привлече внимание.
    И се спие и се плаче, ама мозокот и работи 300 на саат. Неможе да се смири. Она неможе да се смири, јас уште помалу зошто веќе сум на раб на се што се случува секојдневно и исцрпена. Ми требаше некое време да седнам малку со себе и да видам што треба да направам зошто јас сум возрасната,не е она. Па полека, смирено, дишев, издишував додека ја заспивав. Имаше проблем за дневно спиење и ноќно. А рачунај цел ден надвор, сонце, вода, детево ништо не го клапнува да заспие. Ме фаќа паника, викам, ниедно време, толку мало дете да заспива во 12 по полноќ итн.
    Не е карактер верувај толку, таква им е возраста, неможе да се смират и го прават тоа. Претпоставувам како стрес го доживуваат и така реагираат. Кај нас немаше плачки за одвикнување ама внатрешно и беше многу тешко да прифати дека така не треба и неможе веќе да заспие. Ќе се врати во нормала ама треба многууу трпение и издржување. Затоа се е полесно кога се помали, сега се потрагично доживуваат.
    Чисто да знаеш дека не си сама и дека многу деца поминуваат низ вакви адаптации со вакво однесување.
     
    На Bella_Stella и 1209 им се допаѓа ова.
  7. Ив10

    Ив10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2022
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Машки
    Мајки како да се одвикнеме од легнување на земја? Кога се лути и легнува на земја..Значи разбирам и да се налути и да плаче ама кога легне и од памет ме вади..Ќе прави скоро 3 години. И во последно време се му е НЕ..јас уште не доискажана, он вика НЕ..Обично кога идеме негде, секогаш му кажуваме ќе идеме таму и таму, тоа и тоа ќе правиме, и тој сам веќе знае, ако не послушам, тате ќе ме земе и ќе си одиме..и обично функционира, ама кога ќе се налути и ќе легне е цревата ми ср обраќаат.И дури и да сакам да го земам ќе каже, бегај мама, оди си мама..и некогаш стварно се осеќам безпомошно
     
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.178
    Допаѓања:
    46.630
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е до возраста ова со спиењето.
    Кај моето знам дека не спие од што е престимулиран, вчера бевме на роденден вечерта и затоа не можеше да заспие, премногу стимулација во игротеката имаше.
    На крај кај мене секогаш помага земање во раце, гасам светла и пеам една песничка што од мал му ја пеам, некогаш го слушам кога проба сам да се успие и си ја пее он.Тоа секогаш го смирува и регулира, а обично и мене ме смирува па заспиваме и двајцата.

    Инаку моето не писка кога не е по негово ама почнува да плаче од нервоза, јас сум иста, јас не плачам тага туку од фрустрации, од мала сум таква.
    Значи на врв око солзите му се и одма плаче и е фрустриран.
    Значи многу тешка возраст е ова нив, а богами и за нас
    Секој ден се прашувам дали го растам и воспитувам правилно, еден од најголемите стравови во живото ми е да израснам дете кое не знае како да си регулира емоции и да биде невоспитано и лошо.
     
    На kozuf, Grogu, Bella_Stella и 5 други им се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.178
    Допаѓања:
    46.630
    Пол:
    Женски
    Никако, ќе помине, игнорирај. Многу деца легнуваат на земја во момент на фрустрација. Ќе чекаш да му помине моментот и потоа ќе разговарате.
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.450
    Допаѓања:
    112.574
    Пол:
    Женски
    Правам дистракции, пример Ајде да одиме да ги бараме мачињата! Леле да види надвор има нови цвеќенца! Ајде да видиме лимонот дали пораснал?! Такви глупости. Исто и со брат му се лаже, Ајде брзо, јас и бато одиме, ти до кај си?! Многу мразам да го лажам така, ама што да правам.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    8.158
    Пол:
    Женски
    Не прави проблем за одење, за спремање ретко ако ептен и се спие или да го види татко и, па да го тера да гледаат цртани наутро.

    Инаку за 10 минути сме спремни, памперс, облека, обувки, витамини.

    Е имаме исто ако ептен запне, ајде да видиме надвор дали е кучето разбудено, ајде да видиме Сара и Софи каква игра смислиле и за секунда е пред врата.
    Сара и Софи се имиња на рандом девојчиња што ги имам низ ходник слушнато ама сега тргнува кога ќе ги слушне.

    @Bella_Stella
     
    На Bella_Stella и 1209 им се допаѓа ова.
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.914
    Допаѓања:
    21.876
    Пол:
    Женски
    Фала ти за поддршката. Знам, јасно ми е дека е огромен процес за нив. Мислев дека одвикнувањето од доење е најтешкото нешто, ама баш сум била грешка. Дефинитивно возраста е таква, веќе се многу по свесни и не се лажат така лесно. Вчера супер поминал во градинка, позитивно се изненадив. Сабајле татко му кога го остави ја известил учителката дека е без цуцла веќе и она место да му каже не се секирај ќе се прилагодиме, го прашала “е ако плаче”. (facepalm) После кога отидов да го земам беше другата што е многу поразлична. Вика без Ц сте а, викам да како помина плачеше ли? Вика нее се најаде и си легна, 2 саати спиеше. Ми кажа да му праќам нешто што си сака, количка или било што и дека така ќе му е полесно. Кога дојдовме дома ни еднаш не спомна цуцла и тв, дури вечерта кога виде дека доаѓа време за спиење. Му дозволив да погледа малку и му кажав дека после тоа се бањаме и одиме на спиење. Го избањав некако, ама кога тргнав да го спремам пак почнаа драмите. Едвај го облековме зошто вриштеше и се тегнеше за да му пуштиме тв и да не оди да спие. Некако го средивме и го однесов во спална. Таму беше страшно. Прво плачеше агресивно, ме тегнеше, ми даваше папучи да облечам и да одиме во дневна, лежеше по земја. Јас упорно смирено му објаснував дека сега веќе е ноќ и време за спиење и дека доволно гледаше тв и дека сега се спие. Не даваше да го допрам, не сакаше да се качи на кревет. Имав земено еден куп сликовници, купив и нови за да му скренам внимание. Едно време тргна сам да оди, ја отвори вратата и бев принудена да заклучам. :| По некое време од агресивно плачењето му премина во тажно. Толку тажно цимолеше и плачеше, дур пишувам ми се плаче и мене. Едвај издржав да не се расплачам со него. Го кренав на кревет, дозволи да го гушнам. Му објаснив дека разбирам дека е лут и дека сака да гледа, ама дека сега не е време за тоа, дека сега се спие. Си легна до мене, побара да му читам сликовница, па си коментиравме заедно, ми раскажуваше што правеле во градинка и по саат време борба заспа. Сабајлево отиде во градинка без проблем, сам си тргна накај врата, ќе одел кај тете. :) Многу сум несигурна дали правилно постапувам, се надевам дека не правам грешки што во иднина ќе ме коштаат.
     
    На medena147, Giiirl23, Sun&Moon и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.569
    Допаѓања:
    20.182
    Пол:
    Женски
    Леле моево дете луѓе,не можааам значи. Одсабајле станува во 6ипол 6и45 најкасно и има време да си поигра со багерите некогаш му читам приказни зависи што сака и кај 7и20 почнуваат спремањата за градинка он почнува да цимоли не сакам, сакам дома седам мама итн итн.. сабајле стасуваме пред градинка се измоча во гаќи што не се случило не знам од кога и знаете што ми рече "диме мочакал нема алишта ајде дома чао гадинке дојдем уте" дал да се смеам дал да плачам... се изнарика додека го пресоблеков и си отиде со учителката рикајќи
     
    На Sun&Moon, lackygirl, Miss_S и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.098
    Допаѓања:
    8.585
    Пол:
    Женски
    Храбра мама си. Стисни уште малку заби ќе помине за брзо. Само ти биди истрајна за ритуалите за спиење.
    Инаку баш сношти ми излеле dr.goodnight зборува за цуцла. До 9 месеци цуцла се трга или после две и пол години. Периодот измеѓу многу тешко. Така вели таа. И баш ќе ти пуштав да ја ислушаш ама нешто се зафатив и толку ми одите од мисла
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.152
    Супер си, за ден два ќе се стабилизирате и ќе биде како ништо да не било.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.071
    Допаѓања:
    10.658
    Искрено околу препораки за цуцла попрво би слушала матичен или стоматолог што е вистински доктор, отколку Гуднајт. Педијатарката кога ја виде ќерка ми со цуцла на година и 8 месеци ме искара, после тоа капак кога се воспали увото рече одма да фрламе.
    На забар ја однесов одма после 2 роденден, чисто да и ги видат запчињата. Одма прашаа цуцла дали користиме и рекоа цуцла што поскоро да се трга откако ќе почнат да никнуваат забите.

    @Bella_Stella ми личи дека сте на добар пат. Во ред е некогаш да бидат и тажни. Ќе испроцесира и ќе помине.
     
    На lackygirl и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  17. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    8.158
    Пол:
    Женски
    Не ти е смешно ич знам ама секоја чест, колку многу им работи мозочето и си поврзуваат работи.

    Ако после се смирува на добар пат сте мислам. До колку останува сега?
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.098
    Допаѓања:
    8.585
    Пол:
    Женски
    Мене ушен лекар на 50 дена бебе кога го виде со цуцла такво предавање ми одржа ала сакаше да ме натепа. Ама тоа е,ние родителите се одлучуваме на таа лажна помош.
    А гуднајт кажува од психолошки аспект. И држи вода тоа дека тој период од 9 месеци и две и пол години детето ствара зависности и не баш лесно тој период да им се објасни. Не зборува она од аспект за развивање на заби. Јас имам и стоматолог во фамилија и јасно ми кажа не цуцла ниту еден ден. Ама мој избор беше да не послушам. И сега ми се одбива од глава. Фала богу забите не се криви ама зависност огромна има. Има да бидеме исти како бела во исфрлањето на цуцла.
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ив10

    Ив10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2022
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Машки
    [

    Мојот така повраќаше намерно...ќе влезеше сабајле и таму пред доручек ќе исповрати и они одма ми звонат да го земам.. дома ништо дете здраво право..и знаеше да рече јас пак ќе повраќам и ти мамче ќе ме земеш..неколку пати така ми направи од инат...веќе скоро пола година како оди ама ич не ја сака градинката..ете чекам ден кога со кејф ќе влезе внатре без убедување.
     
  20. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.569
    Допаѓања:
    20.182
    Пол:
    Женски

    Да да, си играл, доручкувал седеше денес до 11 сеа го земав. Утре до ручек ке седи.


    Он секогаш вика дека ке оди, дека многу е убаво ама кога треба да го оставам е плачењето. Најголем проблем ни направи минатата недела што беше дома болен ама тоа е