Д3 обавезно зимскиот период. Во било каква форма. Се дава секако до завршување на растот и развојот, а за другото, ако сакате. Мед/маџун, цедени сокчиња од портокал и лимон, многу овошје и зеленчук е најдобра превентива за било што.
Ти на поголемото какви д3 му даваш? Јас му давам од перлите на алкалоид, ме замисли хаџиантоновски кога ми кажа дека во рибиното масло нема доволно д3 за него дека слободно може по 5капки вигантол
Медекс Омега 3 јуниор. По 5мл наутро во цеден сок му ставам, содржи 100% од дневната доза на Д3, а на упатството пишува и двапати по 5мл дневно, ама зависи од возраста. Инаку може да даваш и капки, нема врска возраста, не се само за бебиња тие. На големиов до пред две години Пливит му давав, перлите на Алкалоид се многу тврди.
А дали може да ми препорачате некој спреј за коса? На моето девојче и е виткана на краевите, а од коренот до пола и е бушава, разлетана и гледам дека ја нервира. Се мислам да ја шишам, но некако не би...
Знам дека така пишува. Ама и пишува дека внесениот Д3 во таа количина е 200% од препорачаната дневна доза. Затоа давам по 5 мл, да дојде 100% од препорачаната дневна доза. Секако доволно време поминува надвор деновиве, па не форсирам ни секој ден да пие. Кога ќе фатат облачни и врнежливи денови, тогаш поредовни ќе бидеме.
А перлите а+д3 на алкалоид дали ја омаат доволната доза, додуше пишува дека 1 перла содржи толку единици колку што треба за дете ама некако мн мали се . Вит Ц по колку би требало за 7г? Јас му давам обично по 2 од малите на плива вчера една комшика ми вика она дава по 1 од тие за возрасни на плива, мислам дека им е многу тоа
Ќерка ми има долга коса до половина, кога ја миеме косата и ставам маска за коса, потоа за чешлање спрејот за расплеткување од Авон. Чешлање само на мокра коса и тогаш е војна. Ќе ја скратиме деновиве иако ни е жал, на врвовите и се најубавите локни.
Мајки да ве прашам колку сте задоволни од кондурчињата / патиките на Зара? До сега не сум купувала од таму, па да не купувам за џабе ако не се убави.
Од сандали не бев задоволна, нозете рани и станаа. Платнени кондурки се покажаа како ок. Но воглавно, сметам дека повеќе се за мода отколку за удобност.
Не вредат за парите. Само името е "звучно". Секогаш кога ќе посегнам по нешто за малава од таму(а стварно има штосни работи) се прашувам "колку пати и каде ќе и го облечам"..зашто под 2500 нема ништо.
Мајки,малото како од навика прво со прср се чепкаше по ушиња и лицето со краткотрајни потези,како чешкање(не знам како да објаснам). Сега почна со рамењата да го прави истото и остава впечаток како да го чешат ушите. Матичната му ги виде немаат ништо.Ради анемијата што ја има,пред две недели испитувавме слух,и таму зирнаа и внатрешно ,рекоа нема ништо. Нема на повидок нови заби. Што може да е? Не се жали на болки.
Мамички како да му земам урина на ова моево што не мочка уште на нокширче? Пробав со тое кесите за бебиња, ама ништо не собрав...Исти се сите кесите или има од различни производители? Или да се мачам на нокширче.
Провери дали го ставаш правилно. Прашај во аптека за тоа дали има од различни производители па може и ќе те упатат тие како полесно да постапиш. Ако не, пробај и на нокшир ама не на сила па да се плаши потоа и за вц
@galapce мила мајка, не дај Боже да го заболи уво. Ќе знаеш веднаш, зошто ќе плаче и вришти Викаат уво,бубрег и заб на прагот за болка биле скоро со приближен интензитет. Може вода му има влезено ако си го бањала.
@galapce да не му е сува кожата внатре? Мене не ми лачат многу ушите, нонстоп ми се суви и често ме чешаат.