Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.914
    Допаѓања:
    21.875
    Пол:
    Женски
    За ова потврдувам. Кога и да гледам дека одредена ситуација може да ескалира секогаш “барам помош” од него за нешто, буквално за било што. Дали за да средиме нешто низ дома, да ми помогне као нешто да наместам, да отворам. Се случувало пример кога не сака да излезе од дома за во градинка и се спрема за драма, да му речам “уф ај земи ја лажичката помогни ми да си ги облечам патиките”, одма му се менува енергијата и доаѓа ми асистира. Исто така игнорирањето кога прави глупости до негде има ефект зошто кај нив скоро сѐ е за да предизвикаат реакција. Во последно време почна пак да фрла работи, во таков случај не можеш баш да игнорираш. Прво ја фрли вазната, пред некој ден кај моите намерно крена и преврте на земја цела чинија со јадење, му текнува рандом предмети ги зима и ги фрла. Приметувам дека ова се случува кога е желен за внимание, кога му е досадно или кога не му се јаде а некој го “тера” да јаде. Се трудам реакцијата да не ми е екстремна. Само еднаш, смирено и строго кажувам дека не смее така и си продолжувам. Не правам голема фама околу тоа, зошто он баш тоа го сака.
     
    На 1209, Malesia и Ceneva им се допаѓа ова.
  2. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.399
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    Знаеш каде ми е дилемата? Може и со некој стручен треба да разговарам за ова. Ако денес пример син ми ме плукне, и јас го игнорирам нема да помисли “аха, тоа не е лошо и дозволено ми е од мама, утре пак ќе го направам ова”.
    Исто и за се останато, зарем со моето игнорирање не му давам одобрување на глупостите?
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.141
    Пол:
    Женски
    Нема да му остане навика ако го игнорираш. До знаење ќе му дадеш кога ќе се смири скроз. Растревожено дете не слуша, во тој момент ако се обидеш да го воспитуваш само полошо ќе биде. Мора да му помине бесот за да може да те ислуша.
    Ако не игнорираш и збориш, ќе плука уште повеќе затоа што така мисли дека е интересен. Барем кај нас е така. Убави совети ти дале и другите членки, пробај нешто ќе упали сигурно.
    За погледите и коментарите од страна ич да не ти е гајле, воспитувањето не се случува преку ноќ.
    И мојот беше и уште е повлечено дете, пишав и претходно него деца не го интересираат, сам си е во некој филм и сам доволен на себе.
    Мислам ти одговорив и на дилемиот од твојот последен пост. :)

    Мајки сега кога прочитав дека повеќето плукаат на таа возраст, ќе признаам дека ме фати смеја:tmi:. Колку и да се нервираме ние и не ни е културно таквото однесување, не можам а да не се насмеам. Стварно се брливи мали багабонтчиња што ќе направат се за да не извадат од кожа:D
     
    На 1209, Ceneva, LadyInPainting и 3 други им се допаѓа ова.
  4. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    3.216
    @Bebetoo Немам искуство, но сум читала порано на нет за дечиња кога удираат родител, да му кажеш јас сега ќе се тргнам зошто не сакам да ме удираш, и да излезеш од собата, да му дадеш до знаење дека нема да седиш да те удира.
     
    На Ceneva и Bebetoo им се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.914
    Допаѓања:
    21.875
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ‘правилото’ е да се игнорираат “малите” работи коишто не можат да предизвикаат некоја посериозна штета/повреда, а се очигледно направени од желба за внимание. Небезбедно однесување како гризење, удирање, качување од кај што може да падне, трчање на улица и сл. мора да се адресира, но откако ќе се смири. Дур е во афект џабе е што и да направиш. Кажувањето треба да биде кратко, јасно и постојано за да научат до каде е границата. Знам дека е огромен предизвик, по тоа што го опишуваш баш е екстремно однесувањето на детенцето. Ама тоа не значи дека нема да го надминете, дека ќе потфрлиш во воспитувањето итн. Мислам дека е моментална фаза и знам многу примери на темпераментни тодлери што подоцна пораснале во смирени тинејџери. За погледите и коментарите од страна ич да не ти е гајле. Нека си гледа кој колку сака, процесот на воспитување е таков, не живееме во филм туку во реалноста.
     
    На 1209, јolene, Giiirl23 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.399
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    Епа во таква ситуација се тргам и му кажувам дека не смее да плука, и како што кажав следува тантрум, па тантрумот се решава со игнорирање и на крај тажење по мама зошто го оставила. Е кога ќе се вратам ќе ме плесне и пак заминувам и продолжува да плачи со “мамоооо”..

    Да неколку пати ми доаѓало да се смеам кога ќе ме плукне, тогаш се вртам и глумам дека плачам. И го знаеш она “сега ќе те плеснам да има за што да плачеш” е и тоа си го добивам:drunk:

    Да не гледа некој од страна дома кога ќе не растепа детево, социјално ќе му викне за насилство8)
    Ќе пробам и се надевам дека нема да погрешиме. Генерално е “домашен манга” надвор со другите е одлично дете, немаме никаков проблем во градинка и на дефектолог. Секаде соработува и е послушен. Или кога ќе се собереме мајки со повеќе дечиња син ми е најмирен и најпослушен.
     
    На 1209, Ceneva и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  7. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.141
    Пол:
    Женски
    @Bebetoo јас кога го игнорирам го игнорирам до крај. Не се враќам јас, туку оставам он да дојде кај мене. И најчесто доаѓа како бајче и бара да се гушнеме и смириме. После веќе следува зборење.
    Те разбирам целосно за социјалното, истото го поминав верувај. Сите не тепаше дома, гребеше, кубеше. Сега е подсмирен ама затоа сега плука. Ја плука сестра му, нас не. Ама си плука по дома кога ке му текне (facepalm)
     
    На 1209 и Bebetoo им се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.916
    Допаѓања:
    8.154
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум "плачела" пред ќерка ми дури и не знае мислам од мене за такво глумење.

    Е сега дома е во главно мирна, освен повремено качување кај ќе стаса, надвор во парк посебно тестира граници се повеќе. Е тука "сечам во корен".

    Пред некој ден додека се завртив истрча на улица, среќа немаше коли баш тогаш.
    Ја зедов в раце и правец дома со зборовите, нема да одиме во парк затоа што не ме слушаш и не застана во дворот.
    После некое време - кратко се објаснивме дека е опасно трчање на улица, не се повторило деновиве ама верувам дека ќе проба пак.

    Вчера во парк, од дома договор, одиме во тој и тој парк, ќе играш на тие лулашки.
    10 минути подоцна не само што замина на другата страна кај што воопшто не се соодветни играчките за неа, туку и во рок од 5 минути потоа замина во игралиштето за фудбал кај што тинејџери играа и малку фали да ја удрат со топка или турнат или било што. 15+ машки од по 2 метра сигурно нема да пазат кај трча моево дете помало од метро.
    Повторно за рака и со зборовите, заминуваме дома затоа што не правиш како што се договоривме.
    Малку бунење, по 10 минути седнавме да јаде и повторно лекцијата
    - Каде требаше да играш?
    Х: на малите лизгалки
    - Каде замина ти?
    Х: на големите
    И пак повторување, ако не почитува што сме договориле нема да игра во паркот.

    Е сега ќе видиме сето ова до каде ќе не одведе.

    За игнорирање игнорирам само плачки кои ги прави за инает. Кога си вреска по дома, за снегот лански што би се рекло.
     
    На 1209, Ceneva, lackygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    1.702
    Пол:
    Женски
    Според мене е проценка на ситуација.
    Ако ме плукне, пробам да му објаснам и гледам дека тоа уште повеќе го засилува и целта му е баш да ме провоцира, ќе одберам начин да се правам дека не ми е толку важно тоа што го прави.
    Во друга ситуација ако видам дека има простор да објаснам и кажам НЕ ќе го направам.
    Според мене, компензирај и гледај што ќе упали.
    Некогаш и невербално дај му до знаење дека не е ок, не секогаш обрнувај толку внимание на тоа што го прави. Еднаш вака, еднаш така, секогаш во насока и со цел дека не е добро и во ред.
     
    На 1209, Ceneva и Bebetoo им се допаѓа ова.
  10. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    6.152
    А имаш побарано совет од дефектолог за ситуацииве? Би требало да знаат како да работат со несоодветно однесување? Ако добиеш совет сподели тука те молам.
    @Bella_Stella такво пренасочување кај едниот works like a charm, кај другиот не, си продолжува и другиов паѓа под влијание и секако завршувам со двајцата разбеснети. И верувам дека прават да изнудат реакција, и голема толеранција имам и за бељи и за глупости мене ми е проблем што честопати завршува така што ќе се повредат еден со друг зашто не сфаќаат дека се изложуваат на опасност. Пример скоро едниот му брцна у око на другиот со боичка, и тоа уз играње, не со намера да го повреди. Се туркаат качени на маса, на кревет, све тоа им е игра ама скоро секогаш завршува со плачки. И не сум паметна што треба да направам, устата пена ми фати. Ај кога ќе расипат нешто, турнат намерно ги терам да соберат или некоја омилена играчка лета на тераса. Ама кога збеснуваат во игра се исклучуваат, и ништо не помага, додека не им помине жолта минута не ме ни регистрираат, исто како дете во тантрум, само што овие место тантрум на друг начин искажуваат дисрегулација и престимулираност.
     
  11. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.326
    Допаѓања:
    24.868
    Пол:
    Женски
    Ај кај тебе близнаци, врсничиња, замисли го истово со 2 годишно и 6 и пол годишно :D не е скроз исто оти сепак големиот знае што не треба, (не секогаш проценува ситуација, на пр се качуваат 2цата на кревет в детска и скокаат, а малово можи да се отепа) знае дека ќе го повреди па ќе се воздржи некогаш, ама пак се караат се тепаат 8) малото прво мава секогаш, овај трпи дури трпи после враќа.
    На крај големиот е "крив" по него се вика.. хаос е.
     
  12. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.098
    Допаѓања:
    8.585
    Пол:
    Женски
    Ете денес ситуација. Сакаш сине јаболка мама да исечи. Да мама. И одам во кујна ... 30 секунди покасно иде и ја зема јаболката ја фрла. Јас туш ладна ја тргнав на страна и реков добро, не сакаш, не сечам. Се фрли на земја. Браво бе сине сега колената модри ќе ти бидат. Срамота така што правиш. Кажи и на мама што те мачи, а не така да правиш. И застана мама узми га и почна да ме гушка.
    И зошто се испонаша така не кажа. Му дојде нешто во моментот и готово. Најчесто тантрумите кај нас ги решавам со гушкање. И тој ќе си поплаче така пикнат во мене. Мали се и се уште не знаат како со емоциите тоа дефинитивно.
     
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.914
    Допаѓања:
    21.875
    Пол:
    Женски
    Сепак се сведува на тоа дека и карактерот игра голема улога, ти баш можеш да споредиш со две. Ова ние што кажуваме кај вас е х2 и секоја чест што се справувате. :D Не е дека пали и кај син ми секогаш пренасочувањето, некогаш ако сакаш на глава застани, нема разбирачка. Интересен процес е растењето дефинитивно. Ние барем имаме механизми да се едуцираме што, како и зошто. Којзнае како им било на нашите родители и што сѐ им се вртело низ глава кога гледале такви однесувања од нас. :wasntme:
     
    На lackygirl и le.soleil им се допаѓа ова.
  14. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.326
    Допаѓања:
    24.868
    Пол:
    Женски
    Не носеле на баење :rofl:
     
    На Erika.greeneyes, LiquidLuna, Sun&Moon и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.098
    Допаѓања:
    8.585
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl: ми го разубави денот, здрава и жива да си
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    6.152
    Мал е уште да ти одговори зашто, тек сега почнуваат да ми кажуваат работи зашто нешто направиле, и да ти кажам полесно ми е кога сфаќам што им поминало низ главчето. И сфатив дека во дел од работите и ние си имаме вина, ама никогаш не би ми текнало дека нешто сосема бенигно може да има такво влијание. Типа сум кажала некоја глупост на поминување ама ете, им останало во глава. Или најчесто видел нешто на тв па го рекреираат на свој начин. А мене никад не би ми текнало дека токму од таму му е. Сега не давам тв, ама штетата е веќе направена :D
     
    На Erika.greeneyes, Bella_Stella и Ceneva им се допаѓа ова.
  17. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.399
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    Дефектологот кај што го носам не му е јасно дека детево е такво дома, бидеќи потполно друго дете имаат таму.
    Ми има кажано строгост и да не попуштам за нешто што сметам дека не треба да го прави. Исто да немаме различни ставови со мм. Најмногу совет добив за игнорирање кога плачи и вистина тоа ни помогна. За плукањево уште им немам кажано бидеќи е ново и очекував дека ќе се промени… Секогаш кога ќе ми упали некој метод кратко трае, и веќе немам избор.
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Fudbalgirl

    Fudbalgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    290
    Како сте се спасиле од крајници со бели наслаги неможе да диши има бел секрет пие антибиотик нз како да му помогнам пие чај од камилица млеко мед му давам стварно незнам како да му помогнан навечер
     
  19. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.192
    Допаѓања:
    3.520
    Пол:
    Женски
    Земи лизобакт спреј за грло
     
  20. Fudbalgirl

    Fudbalgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    290
    земено со тој со вкус на банана
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.