Кикиритки не сум дала така, а и сама не зема. Семки од тиква си јаде често, лупени, без сол купуваме. Сончоглед има пробано ама не е фан.
Дефинитивно го прави оти му даваш до знаење дека те нервира и моето го правеше ова и исто фрлаше работи од тераса кај моите и ние кога престанавме да икаме на секое фрлање и да го карам на секое плукање за неколку дена магично престана. Мислам дека бара внимание и затоа повторува работи кои му велиш да не ги прави. Какви активности имате дневно? Моето откакоо добива потешки "задачи" е помирен и попослушен. Пример не му велам ми треба помош со нешто, туку му велам сине ајде сама не можам прави ми друштво, ова е магичен збор кај нас и треба да усисаме, да пазариме, да миеме садови, дрн дрн, не го оставам да му е досадно оти сфатив дека моето не од инат туку од досада прави глупости. Суплементи јас ништо не давам освен вит Д преку зима, толку. Сеа му земав и некој имуно со мед, скаа да го пие не знам дали ќе има фајда.
Сваќе давам се јас, нели второ дете не многу ама да проба да, пр јадам сончоглед и 2та идат и го кревам оти ме нервираат многу ко ќе ми бараат ќе му дадам по неколку и оставам и јас не јадам. Кикиритки има пробано ама не јадиме и не чуваме дома, индиски и бадеми чат пат ќе купам му давам јади. Суплемнтација Не ништо, сега почнав Д3 и Витамин Ц на 2та му давам, иначе прекинав Д3 зимата бидејќи ми се смачи од молење и плачење, купив потоа Молерс со омега така стои цело шише. Омега од ко е роден досега воопшто немам давано, уствари почнав на 3 месеци ама повраќаше после тоа и прекинав. Не примаше ни големиот како бебе.а Освен пнеумонијата лани, после Аденовирус и хоспитализиција заради дехидратација не бил нешто тешко болен, стандард со тт бил по 5 дена, пиеше и антибиотик 2 пати мислам годинава, др нема. Сипаниците ги помина на 2 месеци тие не ги сметам Имунитетот е ова, се ова прележано, сега веќе полесно поминува, еве пред 2 недели со 20000 лекукоцити, грло црвено, мрсули, кашлање помина без антибиотик, без лек буквално, ништо не давав, само пола инхалација бидејќи толку успеав да го додржам....не планирам ништо да давам. Исто беше и првото дете, најболен беше првата година в градинка, после секоја друга година само 2 пати беше со тт и после 4 год е пу пу здрав, сипаниците пред да напрај 5 год ги прележа, тој му ги донесе на малото од градинка. Маџун сакам да направам дома па ќе видиме што ќе испадни ако направам воопшто оти се нема време
Вие што имате женски деца какво пилешко им давате? До сега чат пат домашно наоѓав ама сега веќе не барам а некогаш ќе треба супа да и направам незнам какво да и купам кое е најмалку со хормони.
Оди во градинка и на дефектолог најмногу поради концентрација (со тоа и говор да поттикниме). Ништо не му држи внимание, купив секакви боенки боички и едукативни игри, ни праќаат и од дефектолог се што вежбаат но интересот и фокусот дома е 0. Таму соработува но дома и во градинка не. И во градинка кога цртаат и играат тој во позадина вози коли. Додека е топло секое попладне излегуваме или на викендица вози трактор, баланс и сл. Екрани и такви работи веќе долго долгоо време не користиме поради говорот. Вклучен е во се повеќе со мм, го носат на работа кога не е во градинка вози багер и вилушкар со нив. Или поедноставно кажано го интересира се што е поврзано со возење, за се останато е со главата во таван и не е заинтересиран. Главна опсесија му е возниот парк, па повеќето и дома игра со тоа, во состојба е да не се симне од трактор цели 6 саати. Секако ќе дојде момент да му се здосади и тогаш ги прави најголемите глупости. Ви благодарам на сите за советите, ќе пробам со игнорирање деновиве.
Да да цели. Мојов мастики џвака имам мајка што не слуша и таа го научи ама ги џвака 2 3 минути и плука после, мн е смешен.
Моево абер нема ни од мастики, ни ништо. Маша гледаше епизода кај што ја боли заб од лижавче и сега и тоа не сака А стварно нема забрана за никаква храна. Се и е дозволено да јаде, само количина одредувам јас. Е јатки не ни побарала нешто сама, освен семки ама ќе ја пробам следниве денови.
Кај мене се гледа брат му што јади и тој бара, а неможам на големиот да му забранам се, а за нешто се крие да јади во друга соба
Цели да, со тоа што секогаш е до мене дур ги јаде. Иако е спретен јадач, ризикот од незгоди е голем. Мелени давав многу кратко зошто краток период јадеше каши.
Јас знам да и дадам мелени сега пример печам јаболко/тиква и од горе цимет, мед, орев мелен. И за мене како десерт/ужина тоа и за неа.
Давам и јас во овесна каша или просо, ако во моментот немам путер од јатки. Ама ретко јаде тоа. Јаболко не ми текнало да му испечам, треба да пробам.
И уште ова да прашам. Петки излегоа ли кај вашите? Кај моето гледам ама нема. Она се чеше секако, става прстиња надзат ама ни е натечено, ни гледам да има заби од доле.
Пред два три дена се пожали дека го пржи мешето, го боли де, после одма почна да кашла, носот да му прави секрет, кашла баш убаво, синоќа стана од спиење така во ниедно време и се вртеше, па едвај заспа, сега ене го килав е. Вирус е, со ниска тт и кашла. Се е излезено од заби за оваа возраст, не знам зошто толку брзо, ама ги има на сите 4 страни по 5 заба. За непослушност, инаетење, мислам дека е пред се поради тоа што не знаат да се докажат до крај. Немам друго објаснување. Знаат да кажат, ама не се, не се разбираме убаво и се фрустрираат и прават глупости. Морам да кажам многу е подобар од претходно, ама пак знае да биде бесен и да се глупира. За јатки јаде од пред годината, мелени, во шејкови, во каши овесни, во путери, се јаде. Јаде веќе и така да грицка ама да е до нас.
Околу 2,5 години и излегоа последните 2, така да веќе сите заби ги има комплет. Туку јас веќе заборавам што и кога се случило со детево. Ептен ми е тешко да се сетам блиски сега со бебиња кога ќе ме прашаат кога почнала да се врти, кога ова, кога она.