Па се заборава. Затоа ми е смешно кога свекрвите кажуваат на колку месеци тоа и тоа. Јас од сега сум заборавила, а не тие од пред 30+.
И мојава ги сака индиските ореви. Друго не знам дали има пробано. Кикирики има пробано ама ми било страв да и давам исто и пуканки. Семки и сончоглед има со мене пробано додека сум јадела, јас сум и лупела. Мастики, бонбони, карамели, гумени бонбони уште не јаде. А не знам зошто за роденден од градинка им ставаат такви работи.
Баш за ова влегов да пишам. Му фалеа уште две петки горе, а вчера ми се пожали на запчиња пред спиење ама доле се чепкаше и не ставив акцент. Денес ми дозволи убаво да проверам, излегува трета петка горе, затоа одма закачил нешто. Не знам како можеше сите заби до еден со болест да ги вади. Ако имам некогаш уште едно дете најголема желба ми е лесно да вади заби, сѐ друго ќе издржам. Кикирики има пробано и моево, ама не јадеме ние и затоа нема како и он да јаде. Путер од кикирики јаде на лепче со мед или џем. Пуканки нема пробано и не планирам да проба во скоро време, негде после 4ри години можеби. Мастики, бонбони, карамели и гумени бонбони нема пробано исто и не планирам да проба во скоро време. Во пакерчињата во градинка не знам што ставаат, само еднаш има донесено дома. Јас не ставив такви работи кога имаше он роденден од причина што ми е нелогично за толку мали деца тоа да се става. Ама си има родители што даваат и затоа ставаат. На другарка девојчето е три месеци помало од син ми. Цело пакетче чунга лунга жвака во еден здив. Ќе пожвака, ќе плукне па зима нова. Јас не гледам поента во ова. Плус ако не му купам од каде он ќе знае за мастики. Неа кога ја гледа мисли дека е чоколадо, вика мама дај кадо.
Мојата освен единици што така извади после тоа се со болести и нервози. Може не толку многу како твоето, ама да тогаш се најосетливи и лесно се разболува. Јас кога ја видам нафрлана со егземи, знам дека заб иде. Сега нема, веројатно ќе почека уште некое време. Штом до 3 излаваат, може ќе има пауза малку повеќе. И искрено добро е шо вака одморивме некој месец од заби, инаку бев на раб да полудам веќе. Нај наци мама, не давам чоколадо. Јас мислев не ни знае што е, и за мојот роднден ме мрзеше да паравм и зедов дубаи чоколадца од линд да почастам низ дома. Не го имав ни пробано чоколадото и на крај не го ни пробав де, пошто малата го слапа целото . Ако јас дома не давам, татко и не дава, дома нема, загатка ми е од каде знае што е чоколадо и како се јаде . Мора во градинка да им давале некогаш, па знае, не верувам дека само од гледање научила.
Мојов не јаде има пробано лешник, орев ама не е фан. Семки од тиква чат пат знае да касне. Ние дома и не вадиме такви грицки пред него. Еднаш ми плачеше за гумени бонбони зошо јадеше братучетка му, ги одбра сам најкиселите пошо биле зелени се скисели ја плукна и не побара веќе. Е со таѕко му знае да земе тиктак бонбони ама две каснува и толку, он мисли портокал има внатре и вика "дај пококалоот". Ми нема логика од сега да јаде такви работи, знам дека ке дојде период кога нема да можам да го спречам, затоа до тогаш не мора да знае дека постојат. И уште имам мајки околу мене што се чудат како срка манџа детево мое, ама јас со манџи го пораснав буквално. Не ми е логично за ручек да му пржам компири не знам, не дека не пржам ама сигурно не секој ден море ни еднаш неделно. Штом готвам гледам да е барем колку толку да е здраво и да има разни зеленчуци. Чоколада топи затоа и не купувам. Имам фиока која не ја знае иначе во состојба е цел киндер да мавне сам без пауза.
Првите две петки доле и ние не ги осетивме. Тогаш си реков јаоо дали и јас доживеав моево дете лесно да извади барем два заба, и мислев дека до крај ќе нема мака, ама ете. Пауза меѓу тројките и петките кај него имаше баш мала. Од рубриката “не памтам ништо за детето” не знам кога точно излегоа тројките, негде мислам крај на зимата, а двете петки пролет, почеток на лето, така нешто. Јас мислев ќе се влечкаме до три зошто првите заби ги извади касно и споро вадеше, ама ќе завршиме до Нова Година со тема заби изгледа. И јас бев и уште сум до негде наци мама. До “касно” немаше пробано благо. Еден период се лажевме со урми, брусница, суви кајсии, па стана зависен и баталив. Чоколадото неизбежно дозна дека постои од околината зошто тука баш и не се замараат генерално родителите и околу нас има деца што од ептен мали си кркаат благо. Мојов е ептен благар, да го оставиш способен е да мавне чоколадо од 100гр во еден здив мислам. Сега имам едно правило, се дур јаде убаво на главни оброци немам проблем да дадам малку благо во денот, по можност не секој ден. Сама не нудам никогаш, ама ако побара и си јадел оброк убаво пред тоа, давам. Имам приметено дека знае да побара и кога е гладен, па правам шеми за да се најаде јадење наместо да му дадам. На родендени кога одиме мава цело парче торта и способен е да изеде и второ ако му дозволам. А да го видиш каков е, 11кг сосе кревет, ќе си речеш јаде ли ова дете нешто. А уствари има денови кога јаде повеќе од мене.
Чекај сега сите заби треба да знаеме кога се излезени . Нели само за прво требаше да памтиме. Или ти оти свекрва ќе стануваш, па за се се спремаш да знаеш . Леле фала богу шо не морам, ама ја овде првата година многу пишував, ако треба ќе барам кај шо сум плачела. Само фемина да опстои треба.
Мајки знам дека не е темата за ова, ама дали ќе ни дозволат да влеземе во БГ во октомври ако пасошот на мали му истекува крај на ноември? Мм сакал д а не носи во Банско кога ќе се врати со едни другари они веќе имаат резервирано следен ден од враќање на мм и нема кога да го продолжиме пасошот, а без маж ми не може да се продолжи. Да ризикуваме или ќе прават проблем?
Ни јас не верувам дека ке ве пуштат. Подобро одете ден подоцна од пријателите, а пасош по брза постапка да си извадите. Знам дека и сабајле ако се сликате за брза постапка во Скопје после 3 часот може да го земете пасошот.
Нас не имаат вратено од аеродром за ЕУ со пасош на малото 80 дена пред истек, а треба 90...не би ризикувала веќе никогаш за никаде
Епа ништо, следно ми е да видам дали ќе прифатат полномоштво пратено од таму или последно да фатам врски да го сликаат без мм оти нема опција да поместиме, он доаѓа петок ноќта они одат викенд, се враќат вторник, не може да чекаме а и секако сме со нивен превоз.
Ааа mother in law diaries си водам јас. За 30 години од сега ќе игра тефтерот, снашка нека му ја мисли.
Нас не пуштија со еден месец пред истек. Само искоментираа ‘паспорта на малкиа е до август’ а патувавме во јули мислам. Ние одевме на еден ден и ризикувавме пошто сме на 30км од граница.
Не знам, од каде си? Чим така не сте за ризикување. Они општо се познати како строги, ама зависи и каков царинарник ќе погодиш.
Воспалени уши излезе кај нас. Се одра од плачење, а на сила дадов Блокмакс, на сила ставав капки. Не дава за жива глава. Ми вика оди си дома.