Леле колку боли тоа Бевте на лекар? После неколку саати од силните болки може (не знам дали секогаш е така) да истече некаква течност од уво и со тоа се намалувала болката. Ако приметиш да знаеш, јас се испаничив кога видов..
Ох да поминува брзо.... Душа убава. Јас како мала патев од уши и знам колку боли. Шамивче загревај со пегла и ставај му ќе му олеснува. Мене многу ми помагаше.
Бевме да, му дадоа Тобрадекс капки. Мислам дека ќе биде добар зошто не се пожали цел ден откако пишав. Ништо не дава и капки и сируп со “закани” се даваат. Седнат пред тв и му викам ако не ги испиеп гасам и одма пие. Ич не е мој стил, ама друг начин не наоѓам.
Кога укопчав уствари не сме оти ние сме 62 од граница. Пишав и во мајчински, му го шија прстето денес имавме незгода...изгледа ни бања ни ништо нема да видиме. Си заработи и цефалексин...секако не знаеа дали ќе биде за аантибиотик, па сега се ќе се среди вајда. За болка парацетемол или бруфен да давам? И полн е зелени мрсоли, а и јас исто. Нема на гради, ама затнат е и одвај дише, дајте некој стварно ефикасен спреј за одзатнување, испробан, солени води, влечење, кромиди и лепенки не помагаат. Мајки од трн на глог со детево, откако мм е отиден коса ми обеле, само некои дешавки има, денес врв ми беше ова.Уште не можам да се смирам.
Да поминува брзо. Ох душиче мало. Ве гушкам и двајцата. Ќе помине и прстето, ќе има плачки не дека нема, ама нема ни да се секава на ова. Битно не е голема беља. А за носе оперил п
Бидеќи пие антибиотик не знам дали ќе покаже на брис, да не е бактерија бидеќи се зелени? Чисти го ако можеш со физиолошки и шприц. Ако нема бактерија инхалации ни помагаа. И Expulmo маст имам таа се мачка на гради, јас му ставав многу малку на врвот на носот, како ментол мирис има. Немам читано што се случило, во секој случај со лесно
Малата два пати веше до уво. Еднаш и истече од увото. Ибупрофен, за секрет оперил п, ако има од нос и амоксицилин беше терапија. @1209 не е оти мм ти отиде, градинка е и е скроз нормално. Не се обвинувај, супер мајки сте. Ќе помине. И ние цела година, а помисливме на одмор, дете одма се разболуваше. На одмор отидовме и со стомачен се вративме. Ден раат се немаше. Освен капки за нос не помага друго и верувајте колку и да не се добри, некогаш мора оти инаку се орави многу секрет и има опасност да се направи инфекција на уво. Доктор ова ни рече. И надвор у двор сега е свежо, ако нема темп носи дете надвор. Добро ви дојдов, да се пофалам. Кој пробиотик за малата да земам. Заборавив ид дома да понесам, ама гледам на храната реагира малку со меше. Нормално додуша.
Не, проверивме се нема бактерија, вирус е ама ако не се одзатне може и секундарна бактериска да биде, он не е оздрвен скроз пред месец со ларингит две недели се влечеше и цело време беше без антибиотик, сега дадоа антибиотик зошто се пресече и го шија и мораше ант, па сигурна сум дека ако има нешто ќе помогне и со тоа ама мора да му одзатнам нос оти детето ме е наспиено со денови. Фала
Не не дека се дешава оти мм отиде, јас знам за болестите дека ќе е така, него ова сеа незгодата се осеќам лошо дека јас бев со него, а и предходно цело време е нешто, барабан. Пробиотик Линекс Јуниор прашок мене ми е најок.
Со помин на синко те читав сега, дечиња така растат да нема полошо.. не се обвинувај тука си била, секунди се во прашање @јolene убав помин сваќе Мк јас користам Линекс јуниор кесички, исто и Дармфлора се добри.
За секунда се случува Бројче. Знам дека е стресно за тебе, ама гледај од другата страна. Биди среќна што не е полошо и се спасило прстето. Сега и он сам ќе бега од врата. Такви бељи дур трепнеш е. Користам вака за после да и објаснам дека може многу да ја боли и да внимава. Инаку да ви кажам, колку што јас не се погодувам и разбирам со свекрва и со свекор, толку малата ги сака. Едноставно аи ги сака. И баш ми е мило што дојдовме за да осети малку и друга љубов. Јас сум секогаш на дистанца со свекорите, ама најбитно е што сега за сега ми ги почитуваат принципите.
Можно ли е од антибиотикот сега да има течна столица? Во петокот го завршивме, вчера не дадов пробиотик, поточно додека се боревме да го испие пола ми се истури и не знаев колку испил колку не и не дадов пак. Гледам и се чеша позади со прст кај забите па и послабо јаде периодов..
И те како е можно дијареа резултат од антибиотска терапија. Давај пробиотик уште некој ден. Да помине побрзо
Кога се завршува антибиотик, пробиотикот се продолжува мислам уште една недела, не сум баш сигурна точно колку. Вака ми рече матичната.