И мојов е со течна столица, редовно оди во вц како што идеше сабајле и после градинка ама течна е столицата и вчера и денес. После ова болен што беше хаос е цел, ни јаде ни пие како што треба, 10дена антибиотик хаос му направија во организмот. Давам прибиотик, сега се мислев какао да му направм не знам што друго веќе
Не знам на моево дали му беше од болест или од храна столицата таква. Вчера јадеше пржена риба, тиквички, компир, а дома не јаде прженици и стомачето не му е навикнато. Си викам да не му дојде многу мрсно, не знам. Еднаш само се искака ама баш количински многу и водесто. Вториот пат беше ептен малку. Сум слушала дека Ентерофурил сируп е доста ефикасен за дијареа, ама кај вас не е дијареа. Давај посува храна, пробиотик, чај од нане и ќе се смири.
Земи од шишенцата про лајф, пробиотик е, многу ефикасен при дијареа. Фурал сирупот е исто така ефикасен, но тоа мислам е за стомачен кога има.
Нормално е да не знаат да искашлаат, мали се. И јас го правам со мед и кромид лекот и овој пат сум убедена дека не среди тој заедно со вирантото. Еден ден го земавме од градинка со 37.2, ќенкав, нервозен, затнат нос, кашлање јако и одма почнав со виранто, до вечерта направив кромид, отидовме на лекар ама рече вирус е некој, не е страшно. Петокот не го однесов во градинка пошто нели за секој случај, седеше со татко му, давал татко му од медот со кромид неколку пати, до вечерта почна да кашла и да искашлува ама не така опасно како претходно, за еден ден веќе кашлицата се смири, викендот пројде, он оди во градинка ама јас ова давам уште. Нема штета, што знам, кромид јаде, мед јаде, што ќе е проблемот. Искашлува голтајќи, и јас не искашлувам да плукам, голтам шлајмови и никогаш не било проблем. Јас ги земав тие чоколадните мечиња од Зегин, пробиотик што се, досега најдобар пробиотик што сум го зела, каката брзо се формира а од мал немаше направено цврста кака, беше кашесто секогаш.
Сечам на 8минки, прелевам со мед и оставам на собна да пушти течност, после го ставам во фрижидер и од тој давам неколку дена, после ново.
Изгледа стварно помага ова. Од вчера 2-3 пати само му имам дадено а ете го веќе скоро ич не кашла, ептеен ептен ретко.
@AngelOfArh , @Bella_Stella , само сечам кромид и поливам со мед и оставам некое време да стои? Нема процедување после на течноста и слично? Вадење на кромидот?
Луѓе јас не знам ни зошто уште пишувам овде. 3+ сме веќе. Ама по совет дојдов. Кога ја читав @Bella_Stella за одвикнувањто за цуцлата дека секоја вечер вели уште малку да погледам уште малку да поиграм и сл. Е кај нас не се рабпти за одвикнување од цуцла. Ама секоја вечер кога сфаќа дека доаѓа време за спиење почнува да плаче. Па се тогаш и се прави само за да не спие. Значи не е период. Одамна трае. Кога ја читав бела како вика дека не може повеќе да издржи. Ете и јас сум таква самошто кај нас ова трае ли трае. Секоја вечер заапивањето може 40мин, 1час трае. Прво ни треба време да се убедиме да одиме во соба. После тоа додекааа заспие Јас навистина не знам каде грешам со детево мое. Ама со заапивањево сме ужас. Ем рано станува за у градинка , таму има дремка. После градинка нон стоп шетаме. Значи и јадена, спиена и шетана и пак џабе. Давајте совети. Да не пишувам и за тоа што на улица не сака раче да ми даде ве читав и за тоа. И еден куп други глупости има. Немам време многу за пишување. Или јас не знам да се организирам ама навистина овие 24ч ми се малку... Нели беше дека после 3 години стануваат поразбрани Губааам надежж
Од старо новините уште поголема лепенка за мене е станата... Мама знае да ја чита книгата, никој друг. Мама да ја облече куклата. Мама ова или она. Веќе и во Вц не можам раат да влезам и нека звучи лошо ама не гуши оваа опсесија со мама. Немаме никаква промена во секојдневие. Ама од дете што само се заигруваше цело лето сега имаме мама без прекин. Пример реди коцки, јас до неа. Станувам до кујна, 5 чекори буквално, да се напијам вода да речеме, станува и таа по мене, да ме врати кај коцките, да редиме.
Кое време си легнува? Може ѝ е многу сон дека и си дремнува, на некои деца им треба помалку.. Ние во 15 до 7 стануваме, за викенд некогаш и до 8 тера дека не го будиме. Во градинка си спие, навечер во 9 во кревет е и за 10 мин заспан. Едно време така му требаа 30-40 мин ама дека лежевме со него и само си наоѓаше нешто муабет. И пробав да го навикнам сам ама со отворена врата, ај демек да одам до кујна или да ја заклучам вратата и сл. и ќе дојдам за 1 мин.. и така доаѓав на минута на две и еве се навикна
Мојов е ист. Одкако почна во градинка буквално ист. Капак на се беше и болен над мене спиеше 4 дена, сега никој не смее да го чепне.
Не знам уште од мала е ваква со спиењето. Помалку сон изгледа и е доволно. Станува во 7:30 сабајле. Вечерта додека заспие не фаќа 9:30,9:45...
Па мислам дека е таман тоа за 3 годишно дете, ако спие со 7:30 и дремнува 1-2 часа.. толку ѝ е доволно.. може околу 7 да стане ќе си легне во 9
Проблемот е што многу време и треба да заспие. Сум пробала и покасно викам ај може ќе заспие пред 10, за 10тина минути. И тогаш пак ќе ни треба 40,50 мин или 1 час. За тоа вака околу 8:30,9 ја носам и додека заспие... Ама секоја вечер се противи и почнува да плаче штом слушне спиење. Како да се надмине тоа?
Е тоа не знам, мојов дека сака приказни и сака да легнеме во кревет да читаме.. го прашувам кои книги ќе ги читаме да си избере
Си пробала со тајмер на телефон? Пример да речеш ќе сј поиграш уште 10м и после одиме на спиење? Пушташ тајмер и кога звони аларм станувате. Ние за идење на спиење немаме проблем ама ова ми пали кога нешто ми се тегнат за други работи. Инаку звучи дека доволно и е спиење. За викенд исто има денска дремка? Сте пробале да не спие денски да видите како ќе биде? Моиве не спијат денски одамна ама некогаш у кола или ако не им е ден или не доспале барем 11 саати ноќта знаат да заспијат денски и тогаш не ни пробувам пред 9 да ги заспијам. Иначе 7, најкасно 8 заспиваат
Пробај порано а не покасно. На дело со двете деца имам искусено дека најтешко и долго заспиваат ако им закаснам со спиењето. Пробај од 8 да легнува, а пола саат претходно да се прави веќе посмирена атмосфера дома, без преголеми стимулации и беснеење. И муабети дека многу се расте со спиење, некои посмирувачки приказни (има од Биби, од мама Ана приказни баш за заспивање). Инаку и моето помало (2 год) не заспива многу брзо, 5 пати вода да пие, да си направиме муабет, скока низ кревет накај сестра и се само да не спие, ама до пола саат такви активности не ми смета...значи има нешто и развојно оваа фаза да заспиваат потешко ама се надминува...