@galapce порано ставав маслени капки за уво, сега знам и кокосово масло да намачкам на кожата, ама за негова возраст да се консултираш дали има нешто конкретно за сувост на уво по аптеките. Знам @Annath имаше препорачано од маслиново едни капки, не знам дали и за тоа можат да се користат или само за чистење на церуменот.
Капките на база на масло се за чистење на церуменот, да не се направат чепови. Дека стапчињата не се препорачуваат. Ама мислам нема штета од нив ако е сува кожата.
Се снајдовме, едвај...сега мораше голичка да постои,ама тоа е тоа... Никако не се снајдов со кесите, лепенката веднаш се одлепуваше...битно завршивме работа.
Мајки ме интересираат ваши мислења за имуностимулатори. 1 месец и 1 недела како оидме во градинка и цело време сме болни. Прво носот беше затнат добри 10 дена. После вирус со Т. После кашлица. Па вирус со Т. Па ларингит Па пак вирус со Т. И сега пак затната, неможе да дише. Нос тече а денес почна и шлајм да исфрла. Болна 3-4 дена па здрава 2-3 дена. И така во круг се вртиме. Сето тоа го помина на нозе, немавме проблеми со апетит, поголемиот дел одеше во градинка. Освен едниот вирус каде што 3 дена си беше по омалаксана и дома. И давам секој ден, цедени сокови и пред и после градинка од цвекло, калинка, морков, помаранџа, јаболко, Си јаде и мандарини, салати, супа или чорба обавезно и тоа од коска или пилешка(домашно правени со многу зленчук.). Давам и маџун, мед со прополис и матичен млеч. Прашањето ми е дали да дадам нешто за подигање на имунитет (пр. Киндеримуно од Др.Волц) или да ја оставам сама организмот да се бори и сам да створи имунитет. Се мислам декември, јануар е период кога ептен има вируси, плус загаден воздух. А од друга страна си викам па да не направам полошо со давање на вештачки препарати.. Што мислите?
Јас почнав да и давам на малава киндер имуно а на големиот мед со млеч, него исто како помал киндер имуно му давав. Не знам дали имаше ефект баш од тоа ама он како помал ретко се разболуваше, сега многу ама сум пишувала мн за тоа да не верглам пак во круг. Со оглед на тоа како ја храниш очигледно внесува доста витамини ама мислам дека неможе нешто посебно да и наштети и дополнителен препарат за имунитет. Колку ќе смени тоа во однос на разболување не знам ама не е на одмет и да пробаш.
Мајки да прашам дали може да се дава една лажичка маџун и внатре да ставам 5-6 капки прополис и дали може во било кое време од денот или мора од сабајле?Инаку сме 3 год.
Фала ти на споделеното искуство. Денес е подобра. Ќе почекам сега да видам дали во брзо време пак ќе “закачи“ нешто. Ако биде така ќе и земам киндер имуно. Нека испие една доза, нема ништо да и биде. А ти зошто не му дадеш и на големиот штом често се разболува?
Купивме нови кондури за ова време, топли, со крзно внатре. Од кеги, лесни, меки, еластични, се виткаат кај прстите. Не сака да ги облече. Плаче и вришти ако му ги облечам со сила. Денес врне истура тој со патики отиде во градинка, а кондурите стојат во кутија. Од сабајле па нема шанси да се убидиме, затоа што и онака е кенкав. Генерално, се што е ново тешко прифака, посебно обувки без разлика дали се сандали, патики, кондури. Како да се убедиме? Некој со слично искуство.
Не знам за која возраст се работи, ама и мојот беше таков до две и пол години.Дури и со мачење пробувавме патики во продавница. Јас старите ги тргав, дека ги нема, го мотав за перење, скинати биле, не сум можела да ги најдам. ама за мој раат промената од старно ан ново му ја правеве попладне или преку ден. Сабајле и они ио ние сме за никаде па неизбежен е отпор. Е сега после три години, знае што е ново, која обувка за каде му е. Помош е ако му се водотпорни да му кажеш дека со нив ќе може да шалапка на вирчиња па да мус е види интереснео па да ги прифати побрзо.
А да му ги сокриеш патиките? Измисли приказна како некој му ги зел па ајде да ги барате да не се пред зграда, или да не се заборавени во градинка, и облечи му ги новите чевли за да ги најдете патиките! Филм сум нели?
Кога сме кај зимскиве обувки дали некој има искуство со водоотпорниве на Geox - Amphibiox? Од летоска се мислам ама многу крути и гломазни ми се гледаат. Знам дека заради тоа се 100% водоотпорни ама не ми изгледаат удобни некако. Или некоја друга варијанта на водоотпорна обувка за дебело ноџе?
Толку е две и пол години. Исто со плачки пробувавме во продавница. Драми прави при облекување. И јас реков ај од почеток попладне ке ги облекува за пократко да биде, ама па пустото овие денови никаде не искачаме попладне. Оди во градинка, го земаме и шетаме саат два, колку дозволуваат временски услови. Во градинка не преспива, па попладне е невозможен, кенкав за се нешто и нема шанси да шетаме кога е таков, па останува да видиме викендов.
Јас имам ваков тип на патики, не се од Геокс туку од Саломон. Иако изгледаат гломазни, мене ми се преудобни.
Му давам мед со м.млеч, на терапија е со флексотид и зиртек па да е дополнително повеќе на природна база, ионака премногу хемија прима . А малово ми е шубе да не е мала за млеч сеуште
@irena.1 истото сакав да го пишам. Само кај мене се случува со двете. Големиот 3.5 сам бира отсекогаш и само што тој сам ќе си одбере тоа носи. Не можам да го прелажам. Еве баш сега купивме чизми што мене баш и не ми прават некој мерак, ама тој запна тие и не сакаше да чуе за друго. Малата пак, има 1,5 таа само негови работи сака да носи. Нејзини нема шанси да облече, особено е алергична на розово. Ок е, ни јас не сум љубител на розово, ама алиштана нејзини така стојат, а мене ми е срам да ја изнесам. На ништо не личи. Ем како машко, ем се и виси. Не знам и јас како да го решам проблемов. Кај син ми долго траеше фазата на одбивање кон се што е ново и на крај по долго време попушташе. Некогаш сам, некогаш со договор како со возрасен човек (вака успеа да седне во новото седиште после неколку месеци). Ќе влезевме во продавница и само тој плачеше за да не му купиме нешто.
Си се консултирала со доктор за медот? Фликсотидот штом го прима мислам дека мед не смее. А малата колку ти има? Јас од 2 г и давам со прополис и матичен млеч. Прво на врв на нажица па после постепено зголемував доза..
Правевме алерго тестови, алергичен е на мувла само 2 типа, немаше никаква реакција на полен. Јаде мед од 1г , сега прв пат му давам со м.млеч. Малово има 2г, некој викаат може некој е мала, обичен мед јаде.
Јас, водена од мое искуство, би ти рекла да пробаш да и дадеш врв на лажица. Па постепено да зголемуваш. Штом јаде мед мислам не би требало да имате проблем. Јас го прашав човекот што ми ја прави мешавината мед, прополис и матичен млеч. Он тогаш ми рече дека може да давам. Лани зима малата мислам од тоа не ми се разболе ни еднаш. И во градинка не одеше но сепак. Ние носевме вируси дома, одеше по игротеки и не се разболе. Сепак слушај си го мајчинскиот инстинкт и сигурно нема да погрешиш