Да ви се придружам во клубот. Ете и моето два дена нечууу обучем овоооо. Сите тренерки му ги покажав денес. Нечуууу. Сакал во пижами да седи Голем проблем било. И кога му реков дека претерува и дека ме малтретира ми вика мама "низвини" - извини така кажува. И како што кажа @Bella_Stella оди налути му се и искарај го. Како испитуваат граници да видат до кај ќе дозволиме тоа чудо е. Паметни мали глави
Го дува убаво кога сака. Ако не сака или осеќам дека не го издувал убаво прскам Марисимо и влечам со аспиратор. Сум чистела и јас вака порано, ама откако ги ставив на вага ризиците и придобивките веќе не чистам така. Треба баш да знаеш што правиш зошто малку да е несоодветен притисокот и положбата на главата може да стигне физиолошки до синусите и увото и да предизвика воспаление или инфекција. Исто пречестото чистење може да ја исуши слузницата и да ја оштети природната заштита на носот, а со тоа да дојде до поголема подложност на инфекции. Ептен ако е болно 1-2 пати дневно е максимумот што смее вака да се чисти, пак ќе кажам ако си сигурна дека знаеш што правиш и дека го правиш правилно. За секојдневно чистење на нос овој метод дефинитивно не е соодветен.
Немам храброст јас за ова. Сум гледала видеа колку е ефективно и како му лекнува на дете, ама ми е страв. А до сега ни доктор не ми препорачал.
Јас кога е со затнат нос чистам ама и во комшии имам медицинска сестра и она ми има покажано како, мм го држи јас шприцам. Ама и како што рече @Bella_Stella не се користи стално. И треба да знаеш кога, ако има инфекција многу лесно може да се пренесе нагоре.
Пико Ц и Пливит Д3. Ц витаминот сакам да го сменам, препорачјте некој што не треба 16 капки да се даваат.
Мајки давајте совет. Синко точно 2години, бутка деца во градинка. Никој не се пожалил, он сам ми кажува дека девојчињата ги буткал. Го забележувам и надвор кога сме и со пријатели, иницијалната реакција е да бутне. Се зборува секој ден по 200 илјади пати, се дава заменско решение - дека се галиме. Нит се дереме, нит се буткаме, дома сме скроз љубовни. Секој ден сме 200% посветени, нема телефони/тв значи директно,целосно сме фокусирани на него. Ми е непријатно, не знам веќе како да реагирам и дали ќе се фати во главава ова повторување…
Луѓе ќе полудам. Кажувајте чаре оти веќе ме знам кај да фатам. Не јаде детево ништо. И тоа што јадеше веќе не јаде. Не сака, одбива храна. Мислам храна одбиба, да му даде некој благо нема да одбие, не мислам дека има проблем некој, туку не сака да јаде. Пробирливост стигна до степен да живее на леб. Јас сум на крај со нерви.
@1209 , ако е пресно ова т.е од последниве денови, прво што ми паѓа на памет е да не е реакција на траумата со повредата или на фактот што татко му не е тука, па така да искажува револт. Друго, ако е кратко да го оставиш неколку дена па да видите дали ќе се промени нешто. Во маркет сам да си одбери овошје/зеленчук што би јадел? Или во ресторан, пицерија, јавно место, од мени, некаде со слики, исто сам да си одбере. Секако не можеш да го тераш секој оброк така ама како тест, дали на тој начин ќе касне нешто повеќе.
Па буквално да не ги сака работите и кои ги јадел е од последнава недела/две да речам откако беше болен. Не знам дали е од траума, една вечер стана се жалеше мешето дека го боли, вчера исто, имаше течна столица, па запек, се олесна и не се жалеше веќе, овошје каснува, мандарина, некоја банана, грозје, сабајле од очај леб и мајонез дадов, тоа рече сакал. Од се што нудам каснува некој залак и толку. Јадеше ќебап од месо и тоа нејке веќе со недели, макарони со кашкавал и зденка, обично тука јајце протнував, сега не сака, палачинки протеински јадеше, сега одвај една. Овесна каша не сака, пржено лепче не сака, мафин еден изеде вчера…вака не изгледа како да и а проблем, ама си велам па да не има некој проблем со цревата или од што беше болен?
Си пробала ли да ја спремате храната заедно? Кај нас ова знае да даде ефект. Го вклучувам јас општо во подготовка, ама особено кога е болен го интензивирам тоа. Правам цела еуфорија околу спремањето и он е превозбуден и после си каснува зошто демек он го правел.
@1209 , а да понудиш работи што не ги јадел досега? Штом нешто каснува, па и мала количина не е страшно ама што викаш е еднолично. Почесто, помали оброци или да оставаш на видно место пример мафини, овошје сечкано, па низ игра да си каснува. Не е решение и храната 24/7 да е околу него и да му се нуди ама рековме во очај, секоја опција се пробува.
Пробано, мисла не само пробано го правиме често, ама сега нема ефект ни тоа. Изгледа мака има сепак, малце поврати сега и се пожали на меше. Може и стомачен го фати капак или пак од двата антибиотика стомакот му е партал.
Таман ова тргнав да ти пишувам, прочитав дека на антибиотик е. Траума +антибиотик , рачунај треба да се стабилизира стомакот. Буквално би терала диета со двопек и банана. Пробај да воведете кефир или друга ферментира храна за обнова на флората. И не форсирај јадење, особено не тешко, мрсно, млечно.
Има некој чуден стомачен, валјда не толку јак со повраќање ама слушнав повеќе дечиња што се жалат. Сигурно има некоја мака. Давај пробиотик, prolife мене ми се одлични.
Не знаев дека пие антибиотик. Во тој случај нека јаде тоа што сака. Полесна и посува храна, без млечни производи и повеќе течности, пробиотик обавезно. И пробај да не се нервираш многу, знам не е лесно и јас се нервирам зошто од дете што јадеше сѐ сега е прибирлив, ама тоа е, што можеме..
Да па едниот го пие стално ради бубрези, ама сега ради интервенцијата и повредата за да не дојде до инфекција дадоа и друг антибиотик и пиеше два. Јас не бев искрено толку загрижена додека мајка ми не ме загрижи, нека е жива и здрава ама паничар човек, ако не ти го стави црвот не ја бива. Значи ме утепа прашуваајќи дали јадел, она многу загрижена била дека ништо не јаде, со зор ако требало да одам по него и да му давам со лажење, секако дека ова не планирам да го правам, ретко некогаш сум го правела. И стандард со нејзинито леле сине тоа дете ништо не јаде, леле сине. И толку ми требаше и јас да се засекирам. Да, давам пробиотик и форсирам таква храна, ама вајда време треба. Досега само еднаш пиеше антибиотик и немал проблем ама вајда многу му дојде. Ќе почекам уште некој ден да видам како ќе биде па ќе размислам што да превземам ако треба. Фала ви на сите за советите ми требаше малце реашуринг дека е последица од периодов.
Леле којзнае ова од кога е не се ни сеќавам на случката ни па со кое дете е било. Извини нема болест што не ја фарија што да паметам веќе. Антибиотикот би делувал после 2-3 пиење и ќе биде подобро. Чајче од брусница или течности било какви знаеш што почесто подобро.Ако ја боли давај ибупрофен ќе помине мила.Побрзо оздравување .