Мајки ми треба мислење, ќе пишам и во другата тема. Ќере во јули качи температура еднаш од нигде никаде и толку беше. На почеток септември пак исто еднаш и толку. И вчера пак исто да напоменам некоја глупава температура 37.5, 37.8, максимум 38°. Претходните два пати не бевме на доктор зашто еднаш беше баш исто викенд. И немаше никакви симптоми. Од понеделникот си одеше нормално во градинка. Активна, расположена. Ништо чудно нема, никаква промена. Ме интересира што може да значи ова?
Бројче моево додека беше болен и после тоа една недела, живееше на банана, бисквити и сок или чај. Ништи верувај ништо друго. Ама после антибиотикот стомакот партал му беше, де пролив де тврда столица еве сега деновиве можам да кажам дека се стабилизира и јаде понормално. Ке се среди.
Колку капки Вигантол се даваат за 13кг дете? Последниот пат на ортопед ни рече 3, но тоа беше пред повеќе од 6 месеци, па се мислам да не треба да зголемиме.
Може заби ако не се излезени сите... Друго не знам дали би дало таква температура. @Luminary јас се уште давам две. 12 кг и 100 грама е .. ме замисливте сега, дали и јас да зголемам на три капки.
Види колку ИУ содржи една капка и според тоа одреди си. Треба да примаат не повеќе од 1000ИУ дневно. Јас давам Пливит 4 капки што е вкупно 800ИУ, плус во Молерс има уште 200ИУ, така да вкупно се 1000.
Јас дека давам со лажиче затоа три. Дека една капка се смета секогаш дека останува на лажичето. Така докторка ми рече.
Сега баш читав на упатството, вика да се дадат во сок или млеко, ама ни јас не ги давам така туку во лажичка или мала чаша. Еден период само кога одбиваше да ги пие ги ставав во 3-4 голтки сок. Логички е во сок/млеко да си ја испива цела доза зошто се мрсни и пливаат на површината, а во лажичка/чаша не се дава цел продукт. Инаку од каде купувате Вигантол?
И јас читав во упатството на вигантол. Не треба повеќе од две капки за деца без препорака. Не оди според килажа тој. Туку според здравствените потреби. Јас ги давам на цуцла и со сигурност ги пие така да си останувам на две капки. А кога ќе почнам на лажиче ќе ставам три ради губиток
Србија и Бугарија. Земав по 3-4 паковања за да имам. Ама сега му давам солдевит, има со пумпица од 400ие и од 1000ие, со едно прскање му давам 1000ие. Многу полесно, директно во уста.
Мала утринска победа Дете реши да не се буни и за во градинка да се облече со јакната за дожд и чизмите Цели 5 минути тоа носење има ама битно без врескање си поминавме.
Вигантол немаат вкус може и на лепче да се капнат. Ама што знам јас со лажичка мала давам дека и давам и витамин ц. Сега ми ги донесоа од Германија. Претходно од Бугарија. И во Србија има.
Ќере има малце фатен глас и слабо потлашлува. Не е во градинка, ама не знам дали да трчам на лекар или да почекам? Немала до сега кашлица не знам да проценам дали е сериозно? И какво чајче можам да давам?
Тешко дека ќе прснам на мојов бандит јас. Ич не дозволува такви работи. Со капките за уши се измачивме. Во петокот бевме на контрола и уште не му се долечени од што не седи мирен кога ќе му се стави капка за да може убаво да делува. Буквално на сила го држиме со татко му, а он се дере и кара со нас. Матичната рече ако не се поминати до денес ќе мора антибиотик на уста да му дадат.
Прав хаос овие три дена. Не сака да се облече вреска уште од рано сабајле и ми го *ба денот од старт. Само фрла по дома. Соблекува топлинки и чорапи. Па вришти кога сакам да му ги облечам. Ништо не сака да си игра само фрла ли та фрла. Ќе фатам вечер сите играчки ќе му ги соберам во кутија, па да видиме дали ќе ги цени кога ќе му извадам дел. Дефинитвно му е досадно дома. А јас не можам да го анимирам по цел ден. Куќата ќе ми одима нозе кај и да е. Пукам од нервоза на ова грозно време и нема кај да се издува. Бесна на ова општество што не пружа шанса за сите деца градинка. Како се справувате по цел ден дома што ви се? Мене ми се плаче
Овие Пливит се горчливи, ама и јас ги давам заедно со омега, Ц и пробиотик во чаша. Ок поминуваат, ретко се буни.
Ние сме сега цел ден дома. Не дозволувам да не спрече времето да одиме надвор. Набави соодветна опрема и надвор, друг спас нема. Ние отсабајле стануваме спремам доручек, јадеме, гледа цртани или игра додека да спремам јас, одиме на пазар, излегуваме 2 саата обавезно, се враќаме и ручек, играме нешто заедно, или он сам игра, јас чистам ако имам нешто садови ау, вечерта пак земаме тротинет и обавезно се возиме бар саат пред спиење, потоа де качува кај свекрвата пола саат некаде, јас за тоа време подраздигнувам и го земам и спремам за спиење. Исто сме секој ден, ама гледа и цртани, играме заедно, цртање генерално со секакви средства сега му е хит, тротинет и шетање и минуваат деновите некако.
Надвоор, нека троши енергија. Не сака да се облече добро, остави го. Ке се смири и облечи го после. Мојот вчера седеше гол пола саат после бањање, не сака да се бања никако, не знам што му е. Пишти вика, едвај со мм го избањавме, он држи јас со тушот. После тоа скокаше на спална добри 30мин, не сака да се облече не сака. Јас влегов да се избањам мм му ја пуштил климата и седи гол. Му помина еуфоријата ко попче отиде мм да го облече и тоа беше. Со сила не бива. Нека се смири и он и ти. Нервозно е, не дека не е на моменти од такт ме вади ама бројам до 10. Да се смири и он и јас. Во градинка оди до 11ипол уште доаѓаме дома спие, ручаме и надвор сме, сонце греело, врнело он мора да се истрча иначе на глава ке ми застане.