@1209 @Carolin. Одиме надвор шетаме. Ама тој не се смирува. Помалку поминуваме надвор многу врни, има сигурно тоа удел. Овие три дена е толку лош станат како да не е моето дете. Јас не знам од кај тој бес. Ништо не е сменето во понашање наше спрема него, ништо нема новитет па да речам му ствара револт. Еве го конечно заспа со убедување. Нешто и тешко ми заспива. Буквално како да не се има уморено. А скока трча од сабајле низ куќа како мува без глава и само рика за се нешто. Глава ме фати
Има ли таму игротеки кај што може час, два да се однесе да игра? Есен зима, вируси или не, бар еднаш неделно одиме ние, на попладне и покрај градинката, да си поигра.
Да пливитот горчат многу ќере ми ги одбиваше тие. Баш поради тоа јас не давав витамини долг период едноставно не сакаше. Додека беше бебе пиеше после почна да плука. И лани дури во октомври почна да пие, на 2 год и 2 месеци. Почнав Вигантол да и давам на лепче прво. После со текот на времето почна да ги пие и пико ц го гледаше пилето на амбалажата и така се залажа. Јас кога давам и молерс(летово не давав и уште не сум купила, а треба), ми се собира три пати со лажичката да одам по нејзе. Давам прво вигантол и пробиотик (ма да одамна не сум давала веќе), после пико ц, и накрај молерс. Давав мечиња сега од летово што ми останаа. Се мислам дали да купам пак. Моментално само вигантол и пико ц давам. Сакам да земам и молерс.
Период им е. И мојава често ја фаќа така. Сега брзо пак почна да не се буни за бањање. Августот тој период хаос беше не сакаше никако, одвај ќе се убедевме за телото. Главата не сакаше никако. Последните пати сакаше да ми бега цела водена јас да ја држам таа ми се лизгаше од раце, среќа мм беше дома па ја држеше. Мислев ќе се акне ќе се испокрши на плочките. И после тоа јаки тантруми имаше, трчаше гола низ соба вриштеше се тресеше цела липаше од плачење. Мене ми се плачеше кога доаѓаше време за бањање. Сега и најдов тактика прво со кофичка ја полевам, и почна да прифаќа. После накрај со тушот. И викам да ги држи рацете кај челото главата да ја наведне надолу и така некако се лажеме.
Дали вашите деца се прегладнети после градинка? Мислам слон да му ставам може да изеде. После градинка обавезно нешто јаде до дома кифла/банана/кросан и слично. А ми кажуваат дека се си јаде таму. Станува од дремка и одма бара ручек до вечера уште 3 ужинки има измеѓу сигурно. Јаболка, круша, пудинг и вечера убаво пак. Еве денес пример јадел Во градинка Доручек: леб павлака и чај (ако е точно што кажува на врата ми рекоа дека се си изел само) Ужина: пудинг Ручек: леќа На кај дома кифла Ручек дома: компир манџа плус краставица Компот од сливи Киндер чоколатце И до вечер пак ке јаде сигурно уште 2 пати
Има игротеки две во наша близина кои работат цело време. Едната ич не ми се допаѓа, нечиста ми е многу...., а другата ми е прескапа. Претерале со цената за еден час играње таму. И така да ни останува само по надвор колку што се може на ова ладно време.
Искрено кога гледам видеа на Јутјуб од семејства во Америка со деца колку нашиве и какви не активности имаат, ептен ми се жални нашиве деца што нема кај да ги однесеш. Не знам Ск, во градов мој освен игротеки за деца од 2-3 години нема ништо. Еве и да не го ставам финансискиот дел до толку, а секако е и тој пресуден ама едноставно нема. А не ми е опција секој викенд да патуваме некаде за да види нешто интересно. Еве баш од тие во УСА, ги носат на бебешка гимнастика, па балет, па пливање, башка огромни паркови и центри,детски музеи. Ама ептен сме назад спрема тоа.
Да светлосни години назад.... И низ европа секаде имаш и пливање и балет и што се не. Само ние на балканот на спортот не даваме акцент. А клучно е од мали да почнат. За жалење сме искрено ама тоа е. Тука сме, и како е, така ќе тераме
Ова е една од причините ради која решив дека сепак Англија е подобра опција за живот оти знам дека детето ќе има многу подобри опции додек расте. Во Ск може има нешто позабавно и разнолико, кај нас има еден парк со 3 лулашки, колички и трамполина. Да се утепаш не можеш нешто поинтересно да најдеш за секој ден.
Јас ставам се во една чаша, Омега, Ц, Д и пробиотик и ги пие сите наеднаш. Помал кога беше полнев лажички, сега вака ми е попрактично. Или чашичка од сируп или таква за ракија и ги пие вез мака.
Сите оброци им се многу рано, ако земеме предвид дека ручекот е во 11:30 дома кога си доаѓаат секако се гладни. Јас ги зимам од градинка секогаш после ужинката и дома продолжуваат да јадат ко да не виделе храна цел ден.
Кога го земаш зависи... Во 8 и нешто доручек 10 ужинка 12и нешто им е ручекот така што после спиење 14 15ч нормално е да им се јаде
Не е до градинката, разјадено ти е детето. Да седи цел ден па да го зимаш огладнет ај, ама он седи само 3/3 ипол саати во кои што има доручек, ужина и ручек што е сосема доволно па и многу. Син ми во 16ч го зимаме, некогаш е гладен одма, некогаш малку покасно. Кога станува од спиење околу 2-2 ипол му даваат ужина и таман во 4 и нешто пак руча. Ова што го наброи и откако сте вратени дома е прилично голема количина на храна за толкаво дете. Син ми денес после градинка јадеше дури накај 5, изеде едно парче риба, варени компир, пченка, грашок и морков + краставици. После си побара барни мече изеде едно, испи една чаша цеден сок. Вечера официјална немаше, изеде 2 мали лиснати кифлички и неколку бисквити. Ова е ден кога рачунам дека убаво јадел зошто на ручек ја испразни чинијата, зошто има и денови кога се тегави.
Исто ќе ти кажам да си нававиш опрема за ветер и дожд. Еве кај мене вака мине денот. Стамуваме кај 7:30, доручек, она си оди во детска ќе најде некоја играчка, јас за тоа време гледам да исчистам дома ( ме прекинува де), после се облукуваме и не битно дожд или сонце одиме надвор најчесто до продавница кога е дожд, па уз пат ќе си пошлапка во некој вир, муабети и одиме дома. Гледам најмалу 1 саат да утепаме надвор, кога е убаво пак времето повеќе. После шетање кун 1 саат се успива, јас за тоа време ручек праам, пијам кафе.. кај 3 и пол иде дада и презема занимации иако малаата почнува да се кара и знае да е тогаш напорно. Ако е ок времето одиме надвор пак, ако не низ дома и после тоа купка топла. Кај 9 и пол заспива секако после дада. Чим има вишак енергија мора биде барем пред ручек надвор едно 2 саати, гледај да имате мирни активности измеѓу кај што ќе се опушти на некој начин. Моиве сакаат да бојат со темперни боици некакви фигури, слајм од тој тврдиот за обликовање фигури. Избегнувај те благо ако јаде, помалу јагленохидрати и нека пие б6. За редуцирање играчки морам под хитно и јас и тоа ни е најголемата грешка на сите. Е сега мене второво дете ми е разбрано и лесно за чување, нема кај не се качува да виси ама кај неа не е стварно не, првото ми е пргаво и темпераментно многу со вишак енергија и не знае да седне на газ освен ако не е боење или сложувалка во прашање и не пара слуша, па со неа мислам дека цел ден бевме/сме парк или игротека за да не правеше глупости дома. За неа бевме и на советувалиште како да се поставиме иако некои работи ги знаевме, добро ни беше што ни се потврдија и што ни дадоа еден вид на мотив дека мора да најдеме начин да ја надмудриме и да го испратиме нејзниниот карактер. Многу е битно да не е премногу стимулиран и да нема премногу информации нови во текот на денот.
И мене ова ми е премногу храна, ама не знам ваљда од оној сирупон за имунитет што го давам го има разјадено. А ми е страв да го прекинам. Немам претстава колку јаде во градинка уствари за да знам дали е многу или малку
Еепа чим пие таков сируп може и од него да е. Нека си ручкаат. И син ми има многу денови кога јаде повеќе од мене, а да го видиш ќе си речеш ова дете јаде ли нешто, 11кг има едвај. Да не се жалиме, поголем проблем е да не јаде. Тука има многу мајки што мака мачат со тоа. Ептен ги разбирам и сочувствувам зошто 3 дена ќе се случи да забушава ако е болен и живците ми се истенчени, камо ли да е така цело време. Така да нека јадат колку што им се јаде. Не си барај проблем кај што го нема.
Ако не сака да се облече нека го гол, ќе му помине за пола саат и ќе го облечеш кога ќе сака. За играчките нормално е после некое време да му се здосадени. Ротирај ги ако имаш прилика за тоа. Јас ротирав кога беше помал, сега е малку невозможно зошто знае каде стојат и оди и сам си ги вади и кога да видиш на крај пак 70% од играчките се надвор. Син ми има опсесија со коли, минимум еднаш дневно бара нова кола. Пошто уште е теле и се лаже до негде, за мир у кучи чуваме кутии од превозни средства и обавезно имаме нешто ставено во кутија за кога ќе побара да му дадеме “нова кола”. Му се купува и повеќе од што треба, ама он и покрај тоа е незадоволен. Му купуваш нова кола а он после 15 мин бара друга, како да имаме непресушен извор. Најди му активности за низ дома, лепете, сечете, бојте, пластелин ако сака. Ние сме цели во пластелин претворени по дома. Прави топчиња ги товара со багер во камиони. Им става очи од пластелин на колите, па на гумите. Градиме гаражи од коцки, од магнетни плочки, од кутии. За да му излезе енергијата кога не можеме да одиме надвор со татко му шутираат со топка и трчаат низ цел стан, вози кола/точак низ дома, пуштаме музика и играме, он скока на кревет и баш се изморува. За надвор, освен ако има некој лош ветар, нека не те спречува времето. Имате двор, па и на улица. Облечи кабаница и чизми за дожд и нека шлапка по вирчиња, живи радости ќе биде. Некогаш е доволно и 40 мин да се надвор за да се смени енергијата. Ако имаш пријателки со деца иницирај да ги дружите повеќе. Тежок е есен/зима периодот за занимации, ама се наоѓаат активности.
За зимски занимации една другарка ми кажа дека го ставаат во када малиот (обожава вода) и многу е топло во стан со парно, па му даваат сунѓер цела да ја „исчисти“, па ја мие со тушот, па ја брише со салфетка, вика 30 минути раат ставиле подлога доле да не се лизга. Со ќере ми е неизводливо ама да ја споделам идејата може ќе се најде. Ние околу шанк трчаме, она шефува: брзо, полека, стоп Пие чај со куклите од коцките правиме зоолошка, фарма, со малите гумени животинчиња. деновиве многу ладен ветер дува а она е болничка, па повеќе сме дома. Ама фала богу енергична па си трчаме играме. Него не знам кај да прашам, па ај тука. Еднаш поодамна прашував и ми дадовте совети и рецепти што ден денес си ги правам за мафини од @1209 Пак ми требаат идеи за ручеци, ужинки, вечери што се прават „сами“. Што готвите мајки, како, кога, како се организирате? Зборам ако нема баба/дедо/некој да ви зготви и помогне. Пак се осеќам изгубено и преморено и само брзам да пазарам готвам правам, а и се едно исто, и два три дена истото го јадеме и не ми е ни вкусно веќе, морам да сменам нешто ама немам инспирација ни идеја што како.
За кадата потврдувам. И кога не е за бањање знам да ја наполнам за 40мин мир. Он ги бања колите, ги реди наоколу по кадата, ги полева со вода, па коцки реди во вода. Да го оставиш и 2 саати може да седи. За другото и сама не знам како стигнувам. Помош немам, како што имам кажано неколку пати. Ручек готвам од сабајле пред работа, на работа одам од 12 до 16ч. Вечерата е обично палачинки, вафли, лепче со намаз и зеленчук, јајце, пржено лепче итн. Идеи за брзи ручеци не знам искрено. Гледам да готвам нешто што бара максимум 30мин подготовка, а после се пече/вари, па јас во меѓувреме терам други обврски. Има денови и кога не стигнувам или едноставно немам енергија или време да зготвам. Тогаш маж ми прави некоја брзинска паста кога ќе се вратиме од работа или нарачуваме од надвор.