Паа јаде исто што и ние јадеме.. јас месо пример го сечам и маринирам и во фриждер, па кога праам јадење само го ставам да се готви. Еве денес мусака ќе правам и тоа ми е најлесно, а ако треба компир гледам да го исечам и во вода да го стаам, па после само да го искористам. Болоњезе коа правам испаѓа повеќе, па замрзнувам по порции, кога затреба вадам само. Моево сака многу ориз, а и мм исто па рижото ни е на мени почесто или бел ориз со некои сосови . Покрај големата јаде и рибни стапчиња. Проја, потпечена јуфка , пица од тост лепче со јогурт, сутлијач со кокосово млеко не ми паѓа на памет се сега ама тоа се работи што се прават брзо само после оставаш да се крчка. Плескавички од месо или тиквички.Јас немам никој близу мене, а и сметам дека нема потреба од измислување на некои нови рецепти посебно за неа. Моиве ужина не јадат, може измеѓу некое овошје малце или овошен јогурт.
секако јаде исто што и ние само за сите 3ца се мачам да смислам и зготвам нешто да е на брзина, а да е вкусно ја земам од градинка одма после работа и одма е гладна. Имам некоја ужинка од порано спремна обично, а за после додека да дојдеме дома, најмалку 30 минути спремање, сецкање и после уште најмалку 30 крчкање/печење па да се олади, многу се фаќа и мене ми се јаде порано а она ако касне повеќе од ужинката после не сака да јаде и „џабе“ сум готвела. Пробав од сабајле да направам па после да притоплам, ама ич не е вкусно бе луѓе ваљда треба подобро да готвам за да се вкусни и притоплени и ладни јадењата
Како ќере да ја опишуваш буквално. Се од ова прави. Трча, скока, игра, пее. Шутира топка подобро од машко дете. Си игра со коли. Обожава багери, пожарни, полициски коли, брза помош... Сите ми велат девојчево ти е бетер од машко. Многу бесна е. И вечерта пак имаме проблем со заспивањето. Многу време и треба да заспие. Дали дека е веќе над 3 години, па со дремката веќе и доаѓа многу сон, не знам.
Да ти кажам само количките му одземаат внимание. Ама повеќе му е досадно. Таква ми е ситуацијата дома моментално што не можам да му се посветам тој како што бара од мене. Свекор ми има задолженија и е зафатен скоро цел ден и не може да го изнесе да го шета. И се сведува на нашето шетање, јас не можам повеќе од 40 мин. Се ме чека мене дома. Некогаш се осекам како да имам 4 деца, а не едно хаха ( ги бројам маж, свекор, свекрва) Ама не сакам да се жалам, ќе дојдат поубави денови. И да не должам не е за овде муабетот. А со синко ќе се справуваме како налага ситуацијата така. А мама да стисни заби и издржи друго ми нема
Да прашам, за од дм пелените. Сакам да ги пробам. Дали вреди и кој? Гледам имаат различни натурал ... Не знам се какви таму
Во англија градинка чини колку 1 просечна плата. На местата кои не се пош, владее страшна поделба и раст на насилство меѓу млади (бодење). Живеев во UK, редовно одам од 2016 навака, за жал сите земји идат у к****. И ова не значи дека во мкд е подобро, пошо ние буквално воздух немаме и живи гориме. Ама и UK не е тоа што беше
Знам дека чини толку и знам дека од тој аспект не е сјајно, мада после 3г е бесплатно ако успееш да добиеш место и ние живееме таму од 2017та, последнава година ипол сме во МК и мали е роден таму и колку и да има негативни страни, во споредба со мојот град и животот тука, позитивните дефинитивно надвладееја кај мене. Јас искрено не видов ништо лошо од времето поминато таму, напротив ми беше многу посмирено, помалку стресно и поудобно за живот. За жал дека бев таму не го гледав тоа, сега кога сум тука и те како го гледам. А тоа дека секако секаде оди надолу, точно е, ама сепак би го одбрала помалиот ѓавол.
Мислам дека не е до тоа. На син ми му се спие ама премногу му е интересно да е буден и исто му треба многу време да се успие. Секоја вечер е иста приказна. Прво читаме сликовници, па едвај ја гасам ламбата со плачки дека нејќел да спие, па уште сто пати во темното “мама кажи пикаста” Па ми прераскажува сто муабети неповрзани. Синоќа пример 20 мин верглаше кој како се викал, а како се вика тета Еме, а како се вика Матеј, а како се вика деде, а баба, а чиче, а тете. И на секој мој одговор он вика ааа Еме, ааа Никола, аа овој, аа оној и пак од ново. 40 мин минимум се тртка дур да заспие. Денес ми вика да не сум му ги давала ушите. Па ги покриваше со моите раце, таман мислам заспал пак ќе се размрда. Х вечери јас заспивам пред него, па вика мамаааа не спиј. Со цуцла заспиваше ептен брзо, сега заспивањето ни е станато олимписка дисциплина.
Многу се лоши. Еднаш ги пробав и никогаш повеќе. Моментално користам Бејбилино веќе подолг период и не ги менувам дур не го одвикнам. Ептен се добри и со супер цена.
И кај нас е така, откако почна да не цица за заспивање веќе месец и кусур. Па почна и да лаже, ми се мочка, ми се кака, какана сум. Ми вика мама те сакам, ја се смеам и топам и заспивањето продолжува и продолжува. Ме знае Мене ми е слатко, ама некогаш и те како сум уморна и секогаш имам куп работа после заспивање. Се тешам дека сака повеќе време да помине со мене па така си одложува спиење. Ако сум цел ден со неа како побрзо да заспива, и здосадувам На пример? Ние ги користиме, сосема ок ми се, памперсот пропуштаа. 5ка обични.
Треба да видам дали ги има овде. Сакам да се вратам на обични, не на гаќи. Ако успевам да го облечам во обични нормално Моментално сме на памперс гаќи, пред тоа користев памперс актив. Ама сакав да пробам поефтина варијанта
Аа измислувањето стандард си е. Три пати бара вода минимум, не дека му се пие. Па дај мама ам ам, дај таа кола, дај друга кола, дај коцки, дај тоа мече. Денес дур се успиваше татко му влезе во вц то до спална и тропна вратата. Вика тато прави нешто, прави јадење. Демек треба да стане да јаде сега. И мене ми е пресладок, не може да се изнакаже, ама од друга страна што викаш ме чека кујна за средување, малце време со таткото да поминам итн. За јадењата еве неколку што ни се често на мени. Лазања, помалку од 30 мин активна подготовка, само сос и редење не одзима време, после си се пече. Полнети пиперки, сарма, леќа, грашок, боранија, грав. Манџите сите се прават брзо. Готвам во Цептер тенџериња, а они држат многу топлина и кога ќе дојдеме од работа јадењето е уште топло. Ако печам нешто во рерна не го вадам го оставам внатре и исто е топло. Риба правам во air fryer. Ја маринирам од сабајле, а ја печам поручек кога се прибираме зошто е готова за 15 мин. Од сабајле спремам прилог, компир со зеленчук и сл. Денес пример пред работа испеков пилешко зошто маж ми не признава ручек без месо. А кога дојдовме дома он направи карбонара. Паста јадеме еднаш неделно во различна форма, само се менуваат сосовите, маж ми е специјалист за тоа. Јас практикувам во недела да си напишам на таблата на фрижидер мени за пет дена зошто така ми е многу полесно и побрзо го спремам кога знам што точно имам за спремање тој ден.
Јас сум на став дека на децата до школо тргнување им треба малку време за одмор денски, ен за џабе е предвидено пладневно спиење во градинка. И не, не им е многу дремката, саат време е таман. Мислам дека се престимулирани, по мене осеќам од септември навака, јас едвај функционирам. Јас едвај чекам распуст, еве и овде да си кажам, на сите кажав веќе. Ова не е нормално мајки, полудувам од сабајле. Станувам секое сабајле во 6 да се спремам и да спремам деца и пак во 7ипол е брзање. Ајде ако не ќе станувам во 5, не знам... Сабајле малово рикаше Неќам веќе гадинкиииии.... Големиот се трткаше се врткаше како прдеж у гаќи во 2 квадрата да не можеш да се облечеш и да мрднеш и ти... Ми се стемни, еве ви кажувам, мрак ми падна на очи. И полудев нормално. Не сум среќна што пукам во вакви ситуации, ама не можам да се контролирам и тоа е тоа.
Сега видов babylove premium пишува. Обично во дм има и дел за пресоблекување бебе со бесплатни примероци пелени да си го облечеш, не е страшно и да земеш една да ги пробаш и дома. Прикачив слика, ја го земам џамбо пакувањето ама има и помали. Сликичките некогаш ги менуваат, сега се со магаренце 5ката, ама имаше и со нешто друго до скоро, така да тоа не го гледај Spoiler: Jumbo pack Spoiler: Мало пакување @Bella_Stella фала многу за идеите, ме инспирираше нешто да пробам А и тенџере ми треба ново да си купам, баш ќе барам цептер Лазањата ја имав отпишано од мени одамна пошо предолго ми требаше да ја спремам и куп садови, ама ваљда може да не се варат претходно и не мора да има бешамел и плус сос со месо Ќе експериментирам малце.
И јас ги користев истите како @kozuf до крај, единствено тие не го спуруваа пошо се потенки. И гакичките од бејбилов исто ги имам користеено. Кај нас одлични се покажаа, не пропуштиле никогаш му одговараа на син ми.
Не ги варам јас и одамна не правам бешамел. Замена за бешамелот ми е павлака за готвење и ептен вкусни излегуваат. Ако сакаш ќе ти пишам подетален рецепт. На син ми му се во топ 3 омилени ручеци.
Сликите се менуваат да, ама пишаното не баш хаха. На тоа мислев, премиум, натурал има видов. А арно велиш ќе земам да пробам една или мало пакување. Па ако се угоди арно. Фала ти