Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.911
    Допаѓања:
    21.873
    Пол:
    Женски
    Болоњезето го правам класично. Кромид и морков ситно сецкани запржувам на маслиново, додавам 300гр мелено месо за нас тројца ни е таман, пржам, па додавам зачини и 500мл доматен сос и 500мл вода. Оставам да се крчка околу пола саат. Поубаво е кога се крчка 2 саати ама го немам тоа време. Вкусно си е и вака. Во тавче ставам прво павлака за готвење, ред лазања, болоњезе, па бел сос, пак лазања и сѐ така дур не го потрошам сосот. Завршувам со сосови најгоре, рендам кашкавал и ставам покриено да се пече 1ч на 200 степени. На крај откривам и печам уште 15 минути за да се исцрви.

    Еве уште еден екстра брз рецепт.
    Грчки ќофтиња:

    300гр мелено месо
    1 јајце
    2 лажици презла
    100гр ориз
    зачини

    Во тенџере на масло запржувам 1-2 чешниња лук. Додавам 500мл доматен сос и 500мл вода. Од смесата погоре правам ќофтиња во форма на помали топчиња (малку поголеми од орев) и кога течноста ќе почне да врие ги пуштам едно по едно во неа. Варам на средна температура, со малку подотворен капак 30мин. Ептен вкусен оброк и финта да дадам телешко зошто во обична форма тешко проаѓа.
     
    На azelea, Luminary, MamaCara и 6 други им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.445
    Допаѓања:
    112.518
    Пол:
    Женски
    не пржени топчиња? Јас ги правам со пропржени или по ново печени. И јас го сакам многу ова јадење.
     
    На Bubish26 и kozuf им се допаѓа ова.
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.911
    Допаѓања:
    21.873
    Пол:
    Женски
    Не ги пржам јас, директно го ставам живи. Таков ми е рецептот од мајка ми, ама сигурно и со пржени е вкусно.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    853
    Што доматен сос користиш?
    Иначе супер рецепт за ќофтињата уште ќерка ми да јадеше домати ич не ги сака ниту пак сос сака.
     
  5. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    972
    интересни ќофтињата со ориз, уште утре ќе ги пробам. Оризот само така измиен? И кога веќе те испамав, каков доматен користите? Не можам да ги погодам а многу го менува вкусот на јадењето, еден што ми се свиѓа е 250 ден тегла па нешто поефтино ако има би било топ :D не ми кажувајте само да си направам зимница :tmi:
     
  6. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Јас ги користам од бебе, задоволна сум. Немало никаков проблем. Ги користам на babylove.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.911
    Допаѓања:
    21.873
    Пол:
    Женски
    Свекрва ми ми прави домашен, а кога немам таков користам Томатело. Пробај да и дадеш само ќофте без сос, може ќе и се свиѓа.
    Оризот жив да, за сосот пишав погоре. :)
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.911
    Допаѓања:
    21.873
    Пол:
    Женски
    Син ми сепак заврши со антибиотик за увцата. :| Во петокот бевме на контрола и уште му беа црвени, матичната кажа да продолжам со капките и ако не поминат ќе мора да даде антибиотик на уста. Од ова се плашев зошто ставањето беше смрт. Единствен начин да лежи после ставање на капката ќе беше ако го залепевме за кревет. Само што ќе ме видеше со шишенцето одма бега, вришти, се кара, се тегне. Сега ми е криво што ем го изтрауматизирав, ем на крај пак антибиотик. Сега му се малце подобри од петокот, ама докторката вика не ми се ризикува веќе, предолго се воспалени, да не направиме поголем проблем. Утешно е што се брои на прсти од една рака до сега колку пати пиел антибиотик. Последно не ни памтам кога пиеше, изгледа лани зимата, годинава нема пиено, така да си викам не е толку страшно..

    Друго, таман кажав немаме проблем со прибирање облека и сама си го направив. (facepalm) Некни му купивме патики со колата од Cars, е сега веќе не смееш да понудиш ништо друго да облече зошто одма се драматизира. Мора да се тие и точка. За есен/пролет се ок патиките. Ама за зимава нека ни е со среќа. :whew:
     
    На MamaCara, 1209 и Carolin. им се допаѓа ова.
  9. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.271
    Допаѓања:
    26.442
    Пол:
    Женски
    Кај нас ако се црвени уши препишуваат 3 дена бруфен 3 пати на ден за да не дое до антибиотик. Не знам што капки сте користеле ама на ќере ушите 3 пати оваа година и беа црвени и поминавме со бруфен, не знам дали ви кажале ама за следно ако се повтори прашај дали може така и вие да спречите.
    Со лесно нека е.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.911
    Допаѓања:
    21.873
    Пол:
    Женски
    Давав и јас Блокмакс, ама не цело време. За друг пат ќе си знам. Втор пат му се воспалуваат, првиот помина ептен лесно, овој пат заглави.
     
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.906
    Допаѓања:
    8.135
    Пол:
    Женски
    На темата за готвење, опција и припрема од наутро немам излегувам рано, се враќам доцна.
    Олеснување ми е што дете јаде готвено во градинка, ние на работа, па навечер може да поминеме со полабава опција.
    Е да не е постојано омлет, тестенини, лепче со јајце, тортиљи итн за вечера ми помага следно:

    Да имам постојано во замрзнувач барем некој оброк што смее да се замрзнува.
    Пример кога правиме месо на скара, печеме повеќе и дел замрзнуваме, било стек, било свинско месо.
    Унапред да сварам поголема количина на место исто поделено на порции и во замрзнувач.
    Комплет готов оброк. Со лазањи имам пробано печени, после затоплување, Ок беа да се јадат.

    Јадења со зелка, сарма или подварок исто се вкусни и по 2 дена. Тие не ги мрзнам ама во недела ако направиме, јадеме и понеделник.
    Обавезно во замрзнувач имам и нешто месено, било пита, само да притоплиме, било од маркет купени лиснати, пастрмајлија или што и да е, да се испече кратко.

    Следно бидејќи сечкање зеленчук ми одзема најмногу време, морков, пиперка, црн домат, тиквица итн во секое време имам исечкан и замрзнати само при готвење ставам кромид во блендер, сето останато директно од замрзнувач да запржам/динстам, мислам на зеленчукот, и максимум што сечкам е компир преку неделата ако ми треба за оброк.

    Ќерка после градинка е релативно гладно, брзо после ужината таму, си доаѓа дома, па ако била ужината некое тесто, не бара одма храна. Ако е овошје или чоколатце бара.
     
    На MamaCara, kozuf, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.177
    Допаѓања:
    46.616
    Пол:
    Женски
    Јас со моево дете што ништо не јаде џабе готвам, како мм е отиден ниту желба имам за готвење ниту за јадење, готвам само за мене и секако дека и нему му нудам ама џабе е, ја јаде само сејф храната и тоа е тоа.
    Денес пример имав лосос со брокула и макарони со дресинг како салата, му понудив да проба не сакаше, му ставив посебно лосос, посебно брокула и краставица, макарони со путер, ги изеде само макароните и краставицата, луѓе само штом ставам во уста минијатурно парче од нешто што не јаде одма плука и престанува да јаде.
    Кога беше мал колку сакаше ќофте од лосос со таратор, брокула со лимон…како и зошто престана да јаде се не знам.
    Не знам ни каде грешев, многу ми е страв дека вака ќе остане и кога ќе порасне, не можам да се помирам со помислата да живее на макарони без ништо.
    Месо дури и да има на чинијата само ќе плаче додека не го тргнам за да јаде…

    Инаку друго дојдов да пишам.
    Дедо му е многу напорен со една постапка и не знам како да ја решам.
    Детето воопшто не му дозволува да го бакне или оно него да го бакне, кај сите други нема проблем, него ете не сака да го гушка и бакнува и овој кога ќе запне, на неколку пати се случува да го расплаче дете, пример ќе му земе нешто и не ти го давам додека не ме бакнеш.
    Не сакам да го учам дека мора по секоја цена да дозволува некој да го фаќа и бакнува, дури и јас ако ми рече не ме бакнувај престанувам.
    Кога јас сум со него секако дека го земам и го носам, пренасочувам суптилно внимание, ама на неколку пати кога е кај нив и го слушнам дека плаче кога ќе прашам зошто ќе кажат дедо му го зафракава не му дава да го бакне дрн дрн.
    Значи многу е нападен дури и мм не му дозволува на татко му да го бакнува уште одамна зошто милоста стварно му е нападна.
    Не знам стварно како да постапам, не сакам да се карам, пробам суптилно да го сменам тоа, неколку пати сум рекла не мора мама да го бакнеш не плачи пред него и тој упорно не сфаќа.
    Врв беше кога му зема слатки на детето оти не му даде да го бакне и секако дека го расплака и имаше невиден тантрум во двор, ова се случи додека јас не бев таму, го зедов и реков јас ке ти купам слатки влеговме внатре и после некое време беше ок, осети вајда. Денес пак иста песна и веќе ми иде на нерви.
    Како да постапам?
     
    На MamaCara, kozuf и Carolin. им се допаѓа ова.
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.075
    Допаѓања:
    15.012
    Пол:
    Женски
    Да не има брада? Брат ми како мал не сакал само вујко ми да го гушка, ама многу дткаше и не можеше да објасни зошто не го сака. После подолго време едвај кажал дека боцка.
    А како да постапиш... јас да сум дирекно ќе речам де бе аман што си запнал со бакнувањево, нејќе детето, нема зашто да сака, дај не замарај.
    Во ситуации кога не сум знаела како со фино да кажам нешто на тема дете а не сум сакала со лошо (и без влакна на јазик) да кажам да не правам рчки, сум земала дете и заминувам. Не мислам дека има културен начин да се разберете зошто веќе си пробала од околу. Јас стално викам подобро ќе бидам лошата снаа отколку да сум простата невеста кога се работи за неразбирање од страна на роднини.
     
    На DaftyCrafty, Carolin., MamaCara и 2 други им се допаѓа ова.
  14. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.287
    Допаѓања:
    50.940
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е период и ќе му помине само треба трпение.
    Знам лесно е од страна да се каже ама јас тоа милион пати сум го поминала, моето дете е нејадач т.е јаде сега доволно ама од страв сеуште ја викам нејадач.
    Еве во август ја фати некој период ништо не сакаше да јаде и лани исто.
    Јас многу и зборувам не знам колкаво ти е детето, моето е 3 години и сега доста разбира, сега почна да јаде месо, риба со овошјето беше скарана начисто ама еве почнавме полека да го воведуваме исто како бебе кога беше.:D
    И зборувам дека ако јадеш месо ќе пораснеш многу голема, ќе бидеш здрава силна, ќе пораснеш голема како мама и тато, нема да се разболуваш и се радува многу.
    Сега ми вели гледај мамо колку сум долга и кажувам дека од што јаде здрава храна е долга и се радува.
    Се уште не сум најзадоволна колку јаде ама полека одиме кон целта и мислам мала е сеуште за да јаде како ние што јадеме.
    Еве витамини такви работи не сакаше воопшто еден период од што не даваше ич не и давав што да правев, а во нос да и прскав беше научна фантастика а еве сега дава не и е по ќеиф, ама мора.
     
    На Carolin., MamaCara, Bella_Stella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    972
    Фала мајки за советите за готвење, научив корисни работи.

    Со лесно со увцата @Bella_Stella.
    За патиките, можеш да ги скриеш целосно да не ги гледа. Псле многу други обиди јас така направив со една ташна (да, ташна за на рамо има девојче од 2г и сака да ја носи секогаш секаде, и е проблем во градинка) па се преправав дека ја барам и ја нема, бараше и она со мене, па заборави.

    @1209 стварно деликатна ситуација. Се сложувам дека е важно детето да научи дека има право на свои граници и дека никој, па ни дедото, не смее да го приморува на физички контакт кој не го сака. Мојот пристап во такви ситуации е откако ќе поминат да начекам момент и со убаво да образложам зошто. А во моментот ако мн ме погодило може и да си земам дете и да се тргнам, или дрско нешто да речам. Молчев на почеток ама со време како што вика @Spidy станав поблизу до лошата снаа па и ќерка. Ама мајка ми е најбитната улога, другите да се живи и здрави.
    Пример можеш да му кажеш на дедото нешто како знам дека многу го сакаш и дека само сакаш да му покажеш нежност, ама кога го тераш со сила да те бакне за него тоа станува поодбивно и само се оддалечува од љубовта која очекуваш да ти ја покаже. Предложи му да смислат некој друг начин на искажување блискост. Пример да си имаат свој поздрав, да пукне, или со тупаница некој поздрав што прават машкиве што знам. Или нивна песничка, коцки што ги градат само тие двајца, некоја посебна приказна, нешто така. Да се осети дедово посебен. Иако тоа не е твоја работа секако, ама може ќе ти помогне. И да си игра вистински со детето, нека му посвети внимание и нека му даде време, детето само ќе му дојде после.
    А уцени од типот „ќе добиеш ова ако ме бакнеш“ според мене не се прифатливи, тоа го учи детето дека љубовта се заслужува со исполнување услови. Меѓу другото.

    Најважно е детето секогаш да знае дека мама е на негова страна и дека никој нема право да го допира или бакнува ако он не сака. Супер правиш околу тоа.

    За стариве што веќе да кажам.. Јас си дрдорам објаснувам, па ако нешто послушаат добро.

    Едит: за јадењето, долго време бев во таква каша. И сега не е сјајно, ама се почесто пробува, па ако не и се свиѓа плука, ама битно пробала. И со тоа сум среќна. Некогаш неколку залчиња ќе лапне, некогаш и повеќе ако и е убаво. Ништо не сменив, исто како што викаш готвам нудам, наеднаш и текна дека сака да проба и еве сме.
     
    На Carolin., MamaCara, Bella_Stella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.177
    Допаѓања:
    46.616
    Пол:
    Женски
    Да има брада, ама има и татко ми ама со него е многу мил и секогаш го гушка и бакнува, ете на свекор ми не дава мислам дека баш поради таа причина што е нападен.
    Или од инат, моментално е во фаза кога прави се обратно од што му велиш да прави.
    Не знам не сум таа особа да каже така, многу сум слаба на конфликти, мислам дека ми е некоја траума од растење ама се ќе направам да одбегнам конфликт, треба да поработам на тоа, зошто кога дошол момент да бидам конфликтна јас после тоа се тресам, имам тахикардии, се преиспитувам, нејсе не е тоа тема ама нема сигурно така да речам иако сакам искрено.
    Да избегнувам најефективно вајда ќе е, зошто свекорот поголемо дете од детето е во ситуацијава. Да си во состојба да расплачеш дете за да биде по твое на 50+ год стварно според мене е надвор од секој разум.
     
    На Carolin., MamaCara и Spidy им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.177
    Допаѓања:
    46.616
    Пол:
    Женски
    @kozuf Дедото не е воопшто близок со син ми, поточно никогаш не го игра, не го чува и не го анимира, немаар заедничко време и син ми дефинитивно не го осеќа за близок. Го бара некогаш оти ни е во куќа, ама немаат некоја врска да речам.
    Така да песничка , поздрави и такви работи нема да функционира, може и затоа не сака да покаже близина не знам, со татко ми пример малце го гледа ама секогаш играат кога ќе се видат, го шетал во парк имаат близина.
    Инаку свекорот и со внуката од ќерка му е ист, ако сака нешто да направи ја поткупува, кажано му е дека тоа не е начин он вика ако нека бараат само да слушаат, сакаат итн(не буквално вака ама таа филозофија)
    Не знам тешка ситуација, ама вајда ќе првам вака со отстрнување, уште малце сме тука па ќе издржам.

    За јадењето, @shz не знам дали некогаш ќе проба, недостижно ми изгледа моментално.
    Додека беше мм тука некако јадеше повеќе, јадеше и пица и ќебапи, така протнував месо и печурки, сега ни тоа не сака, остана само на 3 работи што ги јаде и стварно кога се ближи време за ручек искрено веќе се плашам што ќе биде тој ден, се повеќе сум загрижена иако некако не сакам да си признаам.
    Некогаш го убедувам да лижне ама и тоа е реткост. Мислев во градинка ќе гледа од децата и ќе јаде, ама не, јадел само леб и салата пример.
    Инаку и се гади од многу работи, може и сензорен е проблемот не знам, не можам уште да сфатам каде лежи проблемот.
    А и јас и мм сме јадачи, како мали не сме биле пребирливи, напротив јас сум била дете што јаде џигер, пача, свински цревца и такви работи што не се очекува од дете да ги јаде…моево…
     
    На kozuf, Carolin. и MamaCara им се допаѓа ова.
  18. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.097
    Допаѓања:
    8.584
    Пол:
    Женски
    @1209 Бројче мој совет наредно кога ќе постапи така, директно ќе му кажеш не од околу. Свекор ми така беше на почетокот да го бакнел, а син ми не сакаше. И му реков директно ако сакаш да те гушка и бакнува остави го не го форсирај сам ќе дојде еден ден и ќе биде од срце. И фала богу престана. Сега син ми оди сам го гушка, бакнува.
    Децата не сакаат нападни потези. А ти не заобиколувај туку кажи си. Не е тоа расправање.
     
    На azelea, see.emily.play, kozuf и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    1.700
    Пол:
    Женски
    Кој е во фаза на прашања: Зошто? Зошто? Зошто?
    Одговорам на секое зошто ама на 5тото веќе губам креативност за измислување :rofl: Мислев покасно почнуваат прашањава.
     
    На Luminary, Carolin., MamaCara и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.097
    Допаѓања:
    8.584
    Пол:
    Женски
    Хаха. Моево па , где је тата на пример ќе праша. Одговарам. А тој уште 5 пати ќе праша и се смее ... Интересно им е.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.