Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.177
    Допаѓања:
    46.616
    Пол:
    Женски
    Леле зошто и кој ми се влезени во глава:D
    Моето па прашува а кој е тоа и пред народ прашува и тоа не вели а ова кој е културно, туку а оваа која е како осудувачки.
    Инаку прочитав некаде дека треба да ги прашаме ние место неколку пати ист одговор, пример ако праша зошто тоа е така јас ќе го прашам него, а што мислиш ти зошто или што мислиш ти кој е, каде е, и најчесто добивам некој креативен одговор и прекинува.
    Така им се будела креативноста и способноста за размислување.
    Инаку моево е многу смешно кога објаснува нешто, прееска во аптека го прашуваат што де случило на прстот и кога зеде сликовито да објаснува, дека имало една бела порта и он од градинка се враќал и таа порта била отворена итн:D ама аптекарката се пресмеа.
    После си идеме накај дома и еден дуќан реновираа нешто, белеа и мајсторот надвор стои и ова моево ѕирнува внатре и му вика лелеј колку убаво сте средиле:D:D:D Мајсторот буквално ќе се засркнеше од смеење.
    Многу е зборилив, стара баба не му е рамна.
     
    На azelea, Amelia., merriel0 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    4.424
    @1209 и свекрва ми е како свекор ти. Ниту го игра, ниту знае да го заигра и освен - дојди баба да ми те бубне, друго ништо не знае. Е не го уценува само. Моево па и не е некое дете што многу сака да се гушка, ама она посебно го нервира. Ние како родители му кажуваме дека тоа е негова одлука кого ќе сака да гушне/бацне и дали ќе дозволи некој него да го гушне и бацне и на свекрва ми тоа и го имаме кажано така и не ми е гајле дали ќе се лути. И маж ми и има потврдено. Најдоа “компромис” со син ми, смее еднаш да го гушне и бацне, обично првиот пат кога ќе се видат, па макар и цела недела седеле кај нас, дете не дава повеќе и ние го почитуваме тоа и не го притискаме. Дури еднаш кога си одеа од кај нас, свекрвата се налути како мало дете што не сакало малово да ја гушне уште еднаш на испраќање, а еднаш веќе ја гушна. Такви се тие постари генерации понекогаш, за нив децата се САМО деца и мислат дека немаат право на глас и одлуки. Можеш отворено да му кажеш, ама нема ништо да смениш, а си одите за неколку месеци од таму. Според мене гледај неосетно да ги избегнуваш тие ситуации.
     
    На merriel0, lackygirl, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.911
    Допаѓања:
    21.873
    Пол:
    Женски
    На таа возраст, поточно откако ќе наполнат 2год, децата природно стануваат по прибирливи. Исто така почнуваат да имаат потреба од “контрола врз ситуацијата” и одбивањето на било која активност, па и храна е обид да покажат дека они се тие што решаваат. Исто како што мислиш и сама може да е во прашање сензорна чувствителност. И реално дур не помине таа фаза не можеш многу да смениш. Некои деца имаат таков период кога не можат да поднесат одредена текстура, мирис, па дури и изглед на храна и дури и ако само стои на чинијата им создава непријатност. Внук ми баш на оваа возраст го имаше тој проблем, сега има скоро 3 ипол и го надмина. Овој период и забавуваат со интензивен раст и затоа и дополнително им се менува апетитот. Тоа што можеш да направиш е да продолжиш да нудиш друга храна, ама без притисок. Служи му храна што ја сака и обидувај се на маса да додадеш нешто ново, ама без коментари од типот ова е добро да се јаде, ајде пробај и сл. Ако почне да плаче само тргни ја храната и не коментирај. Негде читав дека одредена храна треба да се понуди 10–15 пати но во различни денови и не пречесто, за да биде прифатена. На крајот ако си е детето енергично, си игра, расте, спие нормално итн немаш зошто да се грижиш. Јас би се грижела ако одбивањето е екстремно и јаде под 5 вида на храна и губи тежина, во спротивно нека јаде тоа што му се јаде. Почетокот на животот не одредува секогаш какви јадачи ќе сме во иднина. И јас и маж ми сме биле прибирливи и не сме јаделе, а сега сме гурмани и двајцата.

    За другото со свекор ти што да кажам.. Некогаш се толку без осет старите, како да се од друга планета. Се прашувам дали ние ќе бидеме такви за нашите деца и ќе се нервираат од нас. Да останувавте тука јас дефинитивно би одбрала директен пристап. Он е безобразен и гледа дека секогаш го расплакува детето со истата постапка, зошто ти да бидеш културна? Би му кажала дека не сака да го бакнува и да не го тера на сила зошто гледа дека се нервира и плаче. Ама со оглед на тоа дека одите за брзо и дека како што викаш лошо се справуваш со конфликтни ситуации, јас би ја одбрала опцијата со отстранување. Ама не отстранување кога детето веќе плаче, туку кога гледаш дека оди натаму работата, земи го и оди си. Нека биде тоа и нагло и подналутено, може така бар малку ќе се чукне стариот. И јас сум како тебе во конфликтни ситуации, ама разликата кај мене е што јас кажувам директно и успат во себе се тресам и чувствувам огромен немир. Во претходната бременост имав поголем конфликт со свекор ми, кажав што имав да кажам, ама толку многу се вознемирив од неговото однесување што после бебето буквално ми се превртуваше во стомакот од стрес. Таа особина ич не си ја сакам кај себе. Многу сакам да можам на некој што ми згрешил да му кажам сѐ директно во лице и ич гајле да не ми е.
     
    На azelea, 1209, lovely91 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    6.152
    Пази што одговараш на тие зашто, зашто ќе ти се одбијат од глава еден ден :D
    Мамо ти така кажа :D
     
    На 1209, Sun&Moon, lovely91 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.825
    Допаѓања:
    36.097
    Пол:
    Женски
    После 5тото прашуваш - А ти шо мислиш?
    И чекаш да тресне нешто и да се изнасмееш :rofl:
    И памти шо си кажала, зашо они памтат бааги исто :D
     
    На 1209, Sun&Moon, le.soleil и 4 други им се допаѓа ова.
  6. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    1.266
    Пол:
    Женски
    Јас: не се беси така на масата. -Зошто? -Ќе се преврти и ќе паднеш, ќе се повредиш. -А што ќе правиме кога ќе паднам? -Ќе те боли и ќе одиме во болницата. -А што ќе правиме после кога ќе ми помине? Јас: прашалници, не знам што да одговорам.
    Најмногу тоа прашува, а јас кога бев бебе што правев? А кога станав од спиење што правевме? А за викенд што ќе правиме? А после градинка кај ќе одиме?
    Да не е некоја анксиозност тоа или нормално е, некој што ја поминал таа фаза? Секогаш прашува за наредно што ќе се прави, кај ќе се оди? Да знае што да очекува.
    И рандом прашања има ама тоа за работи што одамна се случиле и се чудам кај му текнуваат :D
     
    На 1209, Mumoftwo30, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.445
    Допаѓања:
    112.518
    Пол:
    Женски
    На малово му се појави афта во устата длабоко, ама многу длабоко, не можам ништо да видам, докторот едвај ја виде. Јас на своја рака давам Бруфен 2 пати на ден, ем да му олесни, да не го боли, а пошто знам дека Бруфенот е антиинфламаторен лек, мислам дека ќе делува и тоа. Денес веќе нема да давам зошто поминаа веќе 4 дена, па се надевам добар ќе биде.
     
    На MamaCara и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  8. MamaCara

    MamaCara Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2025
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки :rain:
    Сонце се помалку и помалку, ама да не дозволиме да ни влијае :|
    Околу јадењето, најстариот син е веќе возрасен и тие 3-4 оброци од дете уште му се омилени и само нив ги врти на дневна база, пробува, ама не е најаден ако не е тоа што тој сака. Како тинејџер имаше фаза кога вежбаше па јадеше се и сешто, за неколку години му помина и пак по старо. Абре и ќе го прашам дали ќе јаде ако зготвам пример свинско денес, одговорот е да ама седнува на маса, боцка еднаш со виљушката за мир во куќа и вади јогурт со смоки (facepalm) се нервирам ама молчам. Немам веќе што да кажам. Помалиот син да може мене со се партали ќе ме изеде, си пробува нови вкусови, експериментира, точно знае што сака, а што не. Малава исто. Јас сум иста мајка за сите 3, дури и за најстариот бев најслободна и онака посветена со готвење, со убедување, со авиони и се и сешто, ама веројатно не било доволно. Не знам. Само нека се здрави. Овој што најмногу јаде најболежлив ми е. Валјда нема правило, стварно не знам.
    Денес пред градинка една мајка си плачеше. Па ја оставив малата и седнав и јас да си поплачам со неа. Децата ни се иста возраст, заедно тргнаа во градинка, нејзиното плаче секое утро, мојава рецка не мава, ни чао ни пријатно, пресреќна е ко ќе ги види децата. Си позборувавме малку, секоја со маките, си поплакавме двете и си заминавме. Додуша со насмевка се разделивме, си се пошегувавме малку на своја сметка.
    Следниве 2 седмици сум сама, либето е ноќна, цел ден е дома исто ко да не е. Ноември почнуваме двајцата различно школо, ептен се радувам што секојдневието ќе ни се смени иако знам ќе ни биде тешко да постигниме нов ред во секојдневието.
    Уживајте во мајчинството, гушкајте ги многу, растат пребрзо :hug:
     
    На azelea, Ив10, Ceneva и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.911
    Допаѓања:
    21.873
    Пол:
    Женски
    Многу убаво кажано. Од една поискусна мама секој збор злато вреди. Фала ти. :sun:
     
    На MamaCara, Ceneva, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.097
    Допаѓања:
    8.584
    Пол:
    Женски
    Ден почнат пак нечуууу да се обучем. Го оставив гол пола саат да поседи. И на крај пак не сакаше да се облече. Морав на сила. Па вриштеше се тегнеше. Пробав се можно и не можно со арно да биде. Не и не. Ако продолжи вака јас ќе се шекнам. Денот да ми почнува така :drunk:
    Па плачеше не сакал со дедо му да оди на продавница. Абре дете, не сакаш не оди, зошто плачеш. Па кога тргна дедо му. Дедаааа нееее, чекај мене. Леле оди та разбери што му се дешава (facepalm)
     
  11. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.911
    Допаѓања:
    21.873
    Пол:
    Женски
    Знам дека ти е тешко, ама што побрзо си ја смениш енергијата и прифатиш дека едноставно минува низ таква фаза, толку подобро за тебе, па и за него. Сигурна сум дека не е едноставно со плачки секој ден ама мораш да си најдеш механизам да не си ставаш толку на срце зошто мајчинството освен што има такви моменти, од друга страна има и многу убави. Пробај да уживаш и малку да искулираш. Ако не сака да е облечен нека седи гол, кажавме. Крај краева не го пресоблекувај, нека го во пижами, кога ќе начекаш момент ќе го облечеш. Избегнувај конфликти барем таму каде што можеш. Денес тука е преубав ден, веројатно и таму. Одете надвор, остави ги обврските дома малку и уживајте на сонце. И диши. :sun:
     
    На lackygirl, MamaCara, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.445
    Допаѓања:
    112.518
    Пол:
    Женски
    A да си жива и здрава! Некни со психологот си направив муабет, вика не можеш да направиш ништо, ем ти ем дете нервозно, смири се. И почнав и јас исто, не сака, нека седи гол, ем може ќе се излаже у нокшир пошто и тоа нагло рече Неќам тоа. Неќеше топлинки, џабе дадени толку пари си викам, еден ден решив ќе го фатам на препад во градинка и му ги облеков на сила што се вика. Ене го ги носи, исто ќе биде и за чизми, ќе му ги облечам надвор додека сме, ќе му речам немам други и готово. Рика, вика, се гасам, јасно и гласно му реков на мм дека мора да помага, не можам сама и крај, мора да најде начин да ми помогне. И јас сум човек од крв и месо и тоа е. Кај моето гледам дека цртање, сликање со боја и четки, многу помага, го смирува и два дена веќе ќе го седнам на столче, на маса и бои, користам и јас за тоа време да сликам малку, сака и он на платно па му ставам малку боја на мало платненце се занимава. Ехееее, што ми е убаво, сите тројца вчера седнавме се занимававме. Едвај чекав вака. Сега ќе нарачам од платната со цртежи да си бојат, или ќе појдам до Џамбо, ќе им земам од боите и ајт. Раат било вака. Ем јас да си се вратам на хобито, ем они да не зјапаат само во тв.
     
    На Bella_Stella, MamaCara, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.177
    Допаѓања:
    46.616
    Пол:
    Женски
    И јас како тебе, многу ми е спас ова, а особено зошто покрај сите реквизити што ги купив за него и јас ги користам, почнав вечерно време да си шарка. со боички и со фломастери, па земам од водените па си шлакам:D

    @Ceneva фаза е со облакањето, и моето моментално од се што не се сака тоа е најголем проблем.
    Ете сабајле во парк да оди е јас спремна он гол и излегов, излегов до порта го оставив во двор гол пиштол. За два секунди да видиш трчање накај дома и мама и јас идам облечи ме па и на смешка удри, а така може, ова и мене секој ден ми го прави, и може е лоша тактика да тргнам така без него ама подобро него да се дерам и да се гониме низ дома и он да пиште и вриште.
     
    На lackygirl и MamaCara им се допаѓа ова.
  14. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.097
    Допаѓања:
    8.584
    Пол:
    Женски
    До сега бевме надвор.
    Ама ете човек сум кој најмногу мрази драми без врска. И не можам да не се нервирам, таква ми е природата. Пробав да го искулирам, го оставив гол на боди да седи. Ама повеќе од пола саат не бива, ладно е. Не сака ни назад во пижами. Не сака ни тренерка да облече. Пробав да го занесам со муабет да го облечам така суптилно. Само што ја осети ногавицата почна да ме шутира. Па ајде на прозор застанавме. Види мама пилињата не чекаат да си играме. И пак не дава. И на крај на сила го облеков и вриштеше, дур не почнав кафе да варам, па бараше да ми го истури пакетчето во филџан. И тука се смири кое траеше кратко. Му текна за друго дека ќе драми. Да го прашам него нема ни да јаде за да оди надвор и до вечер нема да влезе :rofl:

    Му купив и чизми гумени за надвор да се шлака. Леле ама како туѓи да се, а не негови :lol:
    24 ка му беа кнап, и зедов поголеми и како лопати :rofl: дали ќе ги носи не знам ќе видиме. И со тоа прави проблеми.
    @1209 јас не се дерам. Јас го облекувам и ќутам. И само ќе му речам дери се до утре и толку завршувам со муабетот. Насабајле најмногу ме мрзи да говорам :D а уште помалку да се расправам. Ама ми доаѓа многу тешко и доаѓам овде да си се искажам да излезе од мене. Да не го јади некој што не е ни крив ни должен :rofl:

    Е ај сега и да ве насмеам. Седам пијам кафе, и иде. Мама ти си била код доктора и имаш боцке у дупе. Мама али ти немаш пишу, имаш рибицу, дај да је видим :rofl::rofl::rofl: Прснав од смеа.
    Му кажав дека мама нема пиша, се беше запнал дека и мама има к*ре. И јас кај се најдов на муабет да му објаснувм (facepalm) си ја барав бељата и ете јаааа :rofl:
    Како се справувате со вакви муабети иначе. Јас морав некое објаснување да му дадам зошто само тоа зборуваше и прашуваше.
     
    На Mumoftwo30, kozuf, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    1.700
    Пол:
    Женски
    Маж ми на пример кога треба да ја облече ја прашува, па се спрема, па ја чека. Јас одам по неа, и ставам маица на глава додека се свести, она е облечена :D
    Не знам дали си пробала така ама јас гледам многу да не потенцирам кога ќе се облекуваме, кога ќе излегуваме и слично. Зимам, правам и завршувам.
    Можеби моево е такво,па полесно оди ама ако не си пробала, пробај да не даваш толку значење и да се појавиш како нинџа до него :rofl:
     
    На Mumoftwo30, Secret-Angel7, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.567
    Допаѓања:
    20.174
    Пол:
    Женски

    Истооо!!!! Потполно. Ако земам да кажувам што ке правиме, ехее нема у градинка да го однесам до 10. Стануваме он игра, кога е време за облакање јас спремна го облекувам него он почнува да кенка ама додека му текне облечен е, плус тргнат на кај врата :D
    Иначе еве го денес од дремка јадеше, шетавме кога се вративме до спиење седеше по боди, баба му 300пати се обиде да го облече и на крај го расплака. Дома ни е 25-26степени имаме подно, топло е јас не се секирам што е гол, ако сака нека си поседи штом му е мерак. Секако игра на земја, а таму најтопло. Прееска сам дојде "мамо џамки, нанам" (џамки-пижамки) :rofl: се облековме и заспа.
     
    На Mumoftwo30, 1209 и MamaCara им се допаѓа ова.
  17. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.097
    Допаѓања:
    8.584
    Пол:
    Женски
    Кај нас е проблемот првото пресоблекување. Имам пробано и во дневна да го облечам дур игра. Ма јок не сака. Баш е тежок последнава недела. Не беше таков. После се пресоблекуваме без проблем. Наутро ни е маката.
    Е кај вас убаво топло. Кај нас не е така топла куќата и не можам да го оставам.
    Како и да е се надевам брзо ќе му помине.
     
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.906
    Допаѓања:
    8.135
    Пол:
    Женски
    Знае да се побуни, не тие патики, дЛугите или јакна.
    Ама тантруми за облекување сме немале никогаш, ко што е на мајка замрзнато сама си бара алишта плус :D.

    Башка и наутро пред градинка спремањето ни е цели 10 минути. Ни минута време повеќе немам за да стасам навремено на работа, така да најмалку што ми треба се тантруми.

    Ја будам, менуваме памперси, ја облекувам, правиме ФЛизура (читај криво лево фаќаме косата да не и смета), миеме лице/заби и да не нема низ врата.

    Во викенд може и по пижами да си седиме сите ама во главно немаме проблем, освен ако не е нешто предебело или претесно тоа што сакам да го облечеме.
     
    На MamaCara, Carolin., Ceneva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Butterfly30

    Butterfly30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2024
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Ние за некој месец ке полниме 2 години , ама проблемов го имавме еден месец ако го облечеш вришти ако го соблечеш вришти . Јас, он си вришти јас облакаѓ соблакам и толку немам нерви веќе за тинтрење хахахаха . Сега фала богу помина таа фаза и океј сме за облекување и соблекување. Ама мислам толку многу ми беше тој месец тешко со глупости такви плачење за ништо мислев ќе се откажам од детево хахахаха.
    Сега сме у фаза на фрлање све фрла храна играчки ама све што ќе најде ама и тоа ќе помине . Имаше период и на јадење и не нејадење и тоа помина. Нека се живи и здрави само а нас нека ни е Господ на помош :rofl::rofl::rofl: :rofl::rofl:
     
    На lackygirl, MamaCara и Ceneva им се допаѓа ова.
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.911
    Допаѓања:
    21.873
    Пол:
    Женски
    Ги плашите ли со нешто? За ова од секогаш сум била голем противник и до скоро не сум го применувала и воопшто не ми се свиѓало кога ќе слушнев една другарка како си го плаши девојчето за да седи мирна, а она си е мирна општо, многу ми беше невкусно. Е од скоро и јас го викам “лошиот чичко”. Прво му беше смешно, а сега као се плаши и доаѓа да го пресоблечам, прекинува да прави глупост за да не дојде чичкото итн. Ич ама ич го нејкам “методов”, ама моментално е во фаза кај што е спремен на глава да застане и ништо да не му значи што јас викам да застане, да прекине со некое понашање итн. Напротив уште повеќе се сили ако му кажам не. Иако секој пат кога ќе го викнам чичкото знам дека е погрешно, пак си го викам. :sweat:

    Друга работа, како да се враќа назад со навиките. Дур јадеше одамна бара да го бришам со палома или сам се бриши, ич не сака да е извалкан. Е од пред некој ден почна да се брише од блуза, од ракави. Дур јаде сто пати ќе се избрише, не можам да го доперам. Ќе оддвојаѓ две блузи што ќе му се само за јадење па нека се прави бербат. Само што многу често после градинка не дава да го пресоблечам, сака дотеран одма да јаде.
     
    На Grogu му/ѝ се допаѓа ова.