Моето не носи памперс, претходната недела обавезно го земав пресоблечен им се измочал. Он кажува за мочање и какање вика мочаааам и трчка на кај тоалет. И во понеделникот ми пишуваат да му донесам алишта на земање два пати им се измочал и тогаш се изнервирав. Одам, оди и воспитувачката он во туѓи алишта и отворено ги прашав кажува ли за мочање или не, да видиме што е проблемот зошо дома не се има измочано не знам од кога. Испадна дека он викал мочааам ама кој да го слушне. Ми велат држел до крај кога ке го однеле до тоалет одма почнувал да моча не соблечен ама одтогаш не се помоча и не го земав пресоблечен, 3 деца се без памперс само неделава почна да кажува дека оделе во тоалет и имало детски шољи. Реагирај, кажи им отворено. Додека траеш не се замараат.
Нормално им кажуваш. не со карање. Дека неколкупати го земаш искакан и поради тоа му се вцрвенило газето и го боли. Замолуваш да го проверуваат почесто и објаснуваш дека тој нема да каже дека е какан. Асертивна комуникација без конфликти Не гледам зошто би било проблем, не е во ред да не проверуваат и да го оставаат. Може да се случи еднаш, два пати да се изостави ама 4 пати не е ок.
Нормално им кажуваш. не со карање. Дека неколкупати го земаш искакан и поради тоа му се вцрвенило газето и го боли. Замолуваш да го проверуваат почесто и објаснуваш дека тој нема да каже дека е какан. Асертивна комуникација без конфликти Не гледам зошто би било проблем, не е во ред да не проверуваат и да го оставаат. Може да се случи еднаш, два пати да се изостави ама 4 пати не е ок.
Нема зошто да е тензична ситуацијата. Едноставно ќе ги замолиш да го проверуваат зошто не кажува. Па да се надеваме дека ќе се разбрани.
Мене ми се случуваше еден период да го зимам со умирисани тренерки , што според мене е долго оставен искакан. Секогаш кога ќе им спомнев се вадеа дека во спиење какал . Последниот пат и не бев баш фина па од тогаш не ми го вратиле така . Од 7 деца не можеш да не приметиш дека некој е искакан . Се нервирам многу зошто не за џабе се оставени таму 5 пара тренерки .
Во спиење какал? Поголема глупост немам слушнато. Син ми две ипол години не памтам да се искакал спиејќи, освен нормално кога беше новороденче. Изговорите им се мизерни некогаш. Јас не можам да ги начекам неговите негувателки кога го земам. Цела недела ми го дава некоја негувателка од друга група. Не сакав по телефон да кажувам или да кажувам на другите, сакам на неговите. Ако и денес на земање ги нема тогаш ќе им се јавам зошто доста беше. Цела недела е со црвено газе што никогаш не се случило. И да поцрвени со 1-2 мачкања крема му поминувало порано.
И да им се јавиш ако не ги најдеш , зошто некогаш човек треба да биде и безобразен за некој работи да се средат . Сепак за дете се работи .
Печатени се на мрсна хартија, како за слики ваѓање што е хартијата. Фала Во спиење смешки бе, од новороденче во спиење не се има искакано. Ако лажат нека лажат да му веруваме
Денес повеќе пати се пожали на стомак. Цел ден ништо нема јадено. Три апки јајце сабајле. Некој гриз јаболка. И пола банана. Вода пиеше, сега и тоа не сака. Го нудам и сок и чај. Се одбива. Еднаш поврати пред два саати и има блага температура. Како да го убедам барем вода да пие. Порано кога е бил болен не ми одбивал храна и вода. Сега ништо не сака ама баш ништо. Што да сторам. Совет
Стомачен е, нем да го натераш оти го боли мешето и моето не сакаше да пие ни јаде кога беше болен. Ако е јаден денес и тоа што јадел доста е, може не сака моментално вода ама ќе посака до после. Чекај и ќе видиш како ќе биде, ако не јаде и пие утре пак, ќе носиш на лекар да не дехидрира.
Ок за храна ништо нема да му биде ако не јаде денес. Ама тоа што не сака да пие. Три саати се нема ни капка напиено. Се напи пред да поврати и од тогаш не. Касна пола банана после од кога поврати и толку. Ме загрижува што не пие течности. Ако не побара до после, што да правам ? Земав и електролити. Не сака да лизне.
Ох мака голема. Ич не се лажи. И карактер боже не дај. Кога ќе каже не е не, па ти и на глава се намести. На крај ќе биде на сила со шприц ако не бива поинаку.
Ако повраќа немој вода, јогуртче нека пие или кисело млеко колку може. Па кој болен има апетит, мојава исто беше еден ден со повраќање
Давај со шприц. Јас на пола саат му давав со шприц по 5 или 10мл зависи како ке се противеше. Моето беше со црвено грло му беше страв да голта. 3 дена се боревме да касни или пивне нешто.
Еднаш само поврати и толку. Се надевам дека нема да се повтори. Инаку нели за стомачен не е препорачливо млечни производи. Или грешам? Ако е стомачен, не знам што е. Инаку заспа. И кога заспа го подигнав и му го дадов шишето. Се напи две голкти и си легна. Ќе видиме како ќе ја поминеме ноќта.
Млеко не и вода, тоа тера на повраќање. Јогурт, кисело млеко, варен ориз,компир може. Секогаш кога имале стомачен ми напоменувале вода да не им давам посебно не одма по повраќање, ако се напие да е голта со паузи. Мојава сама бараше сега последно вода да пие и вриштеше ако не се напиеше, после пиење вода одма повраќање, среќа па сака јогурт и од него немаше тегоби. Соленки брца во јогурт и јаде.
После повраќање минимум пола час не давај ништо оти пак ќе ти поврати. Наусолвит капки ако имаш дај му, добри се. И електролити на сила. Ако е тежок карактер а продолжи да повраќа подобро носи го на доктор ќе му пуштат венски. Одма ќе му биде подобро. Ние два пати со стомачен бевме, и во двата случаи на дежурен од една инфузија и помина. Вака дома само се мачат децата а и ние покрај нив. И мојата се со сила и давав тогаш течности. Трауми имам од стомачен вирус ем сите не фати. Ем не сакаше ќере ништо да пие ни да јаде ем на дежурен инфузијата течеше бавно а таа беше мала и не седеше мирна нормално уште не разбираше многу...
Од како заспа се напи вода во три наврати по две три голтки само. А нема поврстено од 18 часот. Температурата малку се зголеми. Ќе видам како ќе биде утре. Ако не на дежурен ќе го носам. Фала ви на сите за советите
Преубава и твојата бравоо. Ептен ми е ќееф кога гледам домашни торти од мајка направени за дете, ме враќа во нашето детство тоа Фала ви на ситее, ве гушкам