Немаат ТВ во градинка на втор спрат се од 9месеци до 3 години, во 3 училни се, во ходникот ги вадат сите заедно да играат по 1 саат. Имаат звучник на кој што им пуштаат музика ТВ нема сигурно, ама може и збореле нешто во градинка не знам што да речам друго. Сунѓери не видени се значи. Можам да кажам дека одкако е во градинка многу убаво почна да збори да поврзува големи реченици поточно да ги изговара зборовите, да кажува фала, добар ден така некој работи кои не дека не би ги научил ама се гледа напредок искрено. Ваљда и таму научил и ова.
Каква крема да земам за црвено газе? Не е толку црвено, само малце околу отворот ама има како ситни бели брунчиња. По препорака на другарка земав од таа на Бекутан со цинк, ама мислам дека врска нема, никакво подобрување не гледам. Претходно сум користела Судокрем кога имало потреба, ама сега како и тоа да не помага. Ме интересира и дали користите пробиотик цело време кај 2 ипол годишни, или само по потреба? Го прекинав кога наполни две и пак почнав кога отидовме на одмор летово и немам прекинато до сега.
Веледа за пеленска регија кај нас секогаш спасувала ситуација. Пробиотик давав по потреба ама одкако тргна во градинка од страв од стомачен цел август и септември давав и пак фати така да прекинав да му давам кога му помина.
Пробиотици во последно само ако се случи да пие антибиотик или месецов сега се вртеа стомачни вируси низ градинка, па давав од мечињата како чоколадни што се. И тоа не секој ден. За црвенило, немала ќерка одамна. Прв пат кога се појави огромно црвенило, цела регија зафатена и на кожен лекар бевме и со комплетна терапија се исчисти. После тоа или Себамед или од Фризидерм за пеленска регија купувам и не се случило да има некое црвенило посебно. Ако смениме влажни се случува ама со едно, две мачкања поминува.
Значи можам и јас малку да паузирам со пробиотикот. Кај нас не знам до што е, влажни цело време користам Виолета бели, ама пред некое време маж ми земал два пакети Бејбилино пелени и со нив оделе влажни и ги пробав ми изгледаа ок. Дали е од нив или од тоа што неколку пати од градинка ми го вратија со не сменета пелена, не знам. Ќе ги тргнам сега влажните, да видам ќе се среди ли. Ако не ќе земам некоја друга крема. Веледа користев кога беше бебе и искрено не знам каква е зошто никогаш не поцрвенувал. На почеток ставав на секое менување пелена, ни сама не знам зошто. После прекинав и до денес ставам само ако има потреба.
@Bella_Stella , во градинка праќам крем од истиот што во моментот го имам дома. Дали и колку ги мачкаат, не знам и дали за секое дете различен користат. Исто и колку често ги бришат со марамчиња. Кај моево од Бекутан пример се вцрвенува одма, а од памперси нема мака. Си дошла од градинка со грешен памперс или по дома неколку врсти ги вртиме, не се случило црвенило. За влажни напоменав на воспитувачките, сега на нив е оставено колку тие внимаваат. Едит: дома мачкам само ако е покакана и после бањање. Не постојано.
И мене ова за пробиотикот ме интересираше дека правев паузи и јас, па прашав и во Зегин кога купував. Аптекарката рече до 3 години било добро да се дава, со објаснување дека колку подобро работат цревата, толку подобро се борело телото против бактерии и вируси. Јас зедов од мечињата, па ќе видам дали ќе ги сака.
Никогаш не сум праќала крем во градинка. Подобро да не го мачкаат отколку да го намачкаат со исти раце со коишто ќе пројдат 15 деца. 1-2 пати се случило да си дојде со туѓа пелена, ама исти како неговите само поголем или помал број. Откако е роден од пелени сум од користела Памперс, Бејбилав, Хагис и сега веќе одамна сме со Бејбилино и др не ми текнува дали имам пробано. Од ниедни нема направено осип, не е чувствителен во тој дел. Или е од влажните зошто постојано беше со бели Виолета, или е од нередовно менување пелена. Праќам 4-5 пелени, а они секогаш имаат искористено само две. Во 8 саати само два пати да смениш пелена е малку. Некни им кажав и на двете да го проверуваат почесто, дека 4 пати го земам покакан, па да видиме. Фала ти што сподели.
Од здраве му поминува од 1 мачкање, буквално едно, моево кака по 3-4 пати денот уште, одма го преслекувам ама знае 1 или 2 пати неделно да се потпари така со топчиња, само здраве користам последно, иначе исто многу ефикасна Флогоцид крема. Овие 2 незаменливи, сум пробала и други ама ништо како овие не помогнало. Ги имаш во зегин 2те. Иначе користам Виолета влажни обични лилавите, газе мијам навечер, пелени Био Биа стокомак. Пробиотик не користам.
@Bella_Stella , во јасли и менуваа 3 пати отприлика памперс. После појадок, после ручек и на земање. Сега исто и кај нас во просек се 2 пати преслечени. Ретко 3. Што знам дали е малку. Моево и не пие екстремно многу течности така да и дома освен ако не е покакана, 3-4 часа без проблем поминува со еден памперс. Се случува пример пред дремка да ставиме чист, после дремка да е потполно сув. И да ја оставам со истиот уште некое време. Не се случило од помочкан памперс да има мака, е сега ако е долго време оставен баткото покакан, тогаш може и тоа да е. За крем не ми текнало на тоа, кај нас во списокот стоеше да се носи и по потреба носам. Ама не ми текнало дека истовремено повеќе деца се мачкаат. Од тој аспект мислам.
Добро луѓе до кога ќе му тече нос? Од септември како беше болен уште не е одзатнат, сега почна и влажно да кашла цела недела, не е болен дефинитивно ама после ларингитот кој го имаше си влече уште некоја позадинска кашлица и секрет и веќе нерва ме фаќа. Чистам, прскам, одзатнувам и џабе е. Не оди веќе во градинка, мислев ќе се среди ова. Вака не бил во 2.5г никако, јас носко еднаш имав користено во тие години, сега секојдневно се бркаме, не знам веќе што да направам да се одзатне и да почне да спие мирно.
Брис да направите ако немате направено? Да беше во градинка со оглед на тоа дека мислам првпат тргна ќе ти речев ќе потрае многу долго време. Кај нас првата година беше страшна, тек после се управи.
Никогаш не ми текнало и не знаев дека Здраве може да се користи и за нив, а го имам дома, може да пробам. Кака и моево по 2-3 пати, ама до дега вака се нема вцрвено. Добро да и јас на 3-4 часа менувам пелена или нормално по потреба. Ама таму имаат време кога ги менуваат и тоа што стои повеќе покакана пелена му направи проблем, не верувам да е од влажните. Он е уште во јаслена група, до 3 години се со истите воспитувачки и деца со кои што почна.
Провери брис од нос, ама не мора да значи дека е тоа. Без разлика што сега не оди во градинка, веројатно го дружиш со деца. На таа возраст нормално е носот да тече од септември до мај. Е сега ако е екстремно и го ремети секојдневието секако мораш нешто да превземеш.
Па правевме тогаш кога беше болен и чист беше, сега може треба да повторам пак. Не оди веќе 1.5 во градинка, мислев ќе се подобри од тогаш, плус сируп за имунитет и витамини давам секој ден, нешто кое предходно не го правев и знаев да забушавам. Да го дружам ама и пред тоа беше дружен и пак никогаш не бил вака затнат и рашмркан во исто време. Сепак ќе повторам брис да видам може има нешто во меѓувреме.
Тоа е градинката, такви се цело време, нема врска дружење со деца по дома, не е исто. И сега му е паднат имунитетот и затоа уште кашла. Јас пауза му правам еве 1 месец можи поќе, мајка ми е слободна и со неа комбинираме, поздрав не бил никогаш сакам од понеделник да го заносам пак и мајка ми вели што ќе го носиш одма ќе се поболи остај го ќе го чувам и пак сум на 2 ума.
Брис. Сигурно има нешто, само не му смета доволно за да спушти на плуќа или да качи температура. Јас лично ни сум проверувала ни сум лечела ако нема други проблеми освен затнат/растечен нос. Ако кашла тешко, ако качи температура, ако не спие зошто не може да дише и секретот не можам да му го исчистам јас, тогаш брисеви и локална терапија. 99% ќе ти треба хлорамфеникол во нос 10 дена насабајле и навечер, такво е моето искуство. Само на ова што кажуваш како е сега јас не би правела ништо. Или ќе се избори сам со тоа или ќе појави нешто друго па секако ќе мора да се лечи.
Он уствари не примаше ант кога беше болен ама почеток на октомври испи цел доза сируп заради прстот, можно ли е дури сега да почнува да исфрла шлајм од него? Не дека тешко кашла ама некогаш се буди ноќта и се закашлува некоја минута или ако плаче, ама го сетам како голта и онака грчи на грло и се закашлува, не мислам дека има спуштено, досега не спуштал. Мрсолите де бели де зеленикави…