Дали направивте брис минатиот пат? Немам искуство, ама некако ми личи како недолечена бактерија да го прави тоа со воспалението. Совет од Орл доктор да побараш може е најдобро.
Син ми пиеше антибиотик сега скоро кога беше воспалено зошто траеше повеќе од една недела воспалението и со капки не поминуваше па пиеше 7 дена Алмацин. Многу е скоро некако за пак да пие антибиотик, се нервирам.
Не правевме брис, не ни даде такви насоки матичната, а и сама не се сетив зошто тогаш немаше некој особен проблем со носето. Ќе го носам утре секако на преглед, па ќе видам што ќе кажат.
Да, можно е. Кај ќерка ми беше така. Мора да го носиш на орл, гледаат подетално дали е се исчистено, дали има уште воспаление и дали има секрет. Ќе ви кажат таму се што треба. Не е страшно но добро е да се исчисти се како што треба за да бидат поретки инфекциите во иднина.
Од секретот е мајка, исто го пројдовме и ние. Крајници проверете ама тоа е, нас и крајниците и правеа проблем, па и тоа го третиравме. Еве пак почна да го наболува увото, помалку од лани, па одма го почнав сирупот пак, Имунотрофина. Чистете носе ама гледај да не дува многу, оти како дува се затнуваат увцињата и се воспалуваат, ова ни го кажаа со големиот, тој многу дуваше и со него имавме таква мака.
Предлог едукативни активности за 2.5 годишно? И дали сметате дека се мали за да ги разликуваат боите на оваа возраст?
Ќерка ми пред неполни 2 години почна да разликува неколку бои, сега на 2 години и 9 месеци, ги знае скоро сите. Сложувалки купуваме често сега со по 5-10 делчиња. Од едукативност страна работи со поврзување, кое животно пример што јаде, големо/мало, сортери, форми и такви работи одамна ги помина. Веќе не и држат внимание. Всушност сега повеќе слободна игра сака, градење куќи со коцки, игра со барбики, кукли итн. Пример некои вакви сетови https://www.babycenter.mk/lisciani-logicki-igri-1058036.html На овој принцип јас и си печатам темплејти и нешто од Тему имаме порачано. Едит: на почеток боите (црвена, плава, жолта, зелена) ги научи во градинка. Многу често имаа игри да сортираат топчиња во боја, стапчиња, итн.
Сабајле околу 5 качи температура, 37.2. Почекав, не одеше ни нагоре, ни надолу и му дадов Блокмакс заради увото. Го носев кај матичната, минимално се воспалени. Му даде Оперил во носе и Тобрадекс во уво, да се одзатнела ефстахиевата туба. И спомнав за брисеви. Рече дека чим пиел антибиотик скоро и да имало бактерија исчистена е. Дали е вака не знам, ама ете докторка е си викам. Дома поспа и пак качи 37.2, му дадов пак Блокмакс и се освежи зошто беше скроз клапнат. Носот му е чешма и не знам како поинаку да му го исчистам без да дувне?
Здраво на сите? Кој сируп го давате за температура кај дете 2 години? Потшо моево ефералганот одма го повраќа, чепчето е до 12кг, а неофен чепче му симнува па многу.... би го чувала за навечер....
Може да не е долечена бактерија од претходниот пат. Кај нас матичната затоа инсистира кога веќе пијат антибиотик да тераме 10 дена. Мора да влечеш со аспиратор ако не дува доволно. Или ако дува една по една ноздра не на двете страни одеднаш. И искуатво од паталец, не да те плашам, ама внимавај на уши. Ем многу боли, ем кај мали деца може да направи лошо воспаление...
Влечам со аспиратор зошто не дува доволно, не знае баш како треба, дува и со носе и со уста во исто време. А тоа ноздра по ноздра да дува е невозможно зошто ич не соработува. Сѐ е на сила и со закани, и сируп, капки, чистење нос. Носот кога ќе му засмета бара палома и сам го “брише”, поточно размачкува сѐ наоколу. Му беа воспалени ушите пред пола месец, од 7 до 14ти пиеше антибиотик. Знам колку може да биде лошо, ама не знам како да спречам.
@Bella_Stella тоа што пиел антибиотик, не е сигурно дека ако е бактерија е излечена. Пак ќе речам лаик сум и паталец ама Алмацин кај моево ама баш ништо не долекува. Веќе не и го ни пишуваат ако треба атб. Среќа сега веќе ретко треба. Консултација со Орл доктор не е на одмет посебно ради што за кратко време се повторува кај вас.
Мојата на 3 и нешто почна да ги разликува боите, дотогаш слабо, на среќа ги кажуваше Имаа во градинка дефектолог, ерготерапевт, логотерапевт и ги гледаа децата и за 6 месеци ни се јавуваа да ни кажат едно резиме што и како за секое детенце. И ми кажа тогаш се сеќавам немаше ни 3 години дека се уште не ги разликува боите, но и не се очекува да ги разликува на таа возраст. Е штом наполни 3 и некој месец почна да ги кажува и да ги разликува, сама , јас не сум работела до неа.
Зависи дали машко или женско искрено, оти моево освен игри во кои треб да се качува, скака, трча, друго ретко му држи внимание. Инаку моето ги знае боите уште пред две години, сега веќе разликува и светла-темна и знае со мешање какви може да добие, ама јас многу сум фокусирна на сликање со него, го интересира многу, јас сум уметник и имам секакви реквизити дома па и тоа помага. Ама не е задолжително да ги разликуваат до 3г, доволно е неколку да распознава. Луѓе некои утра ми се жали дека го боли курето, баш тогаш ќе приметам дека е у ерекција и кога лежи на него вајда го боли, не дека нешто плаче или се жали ептен него ќе рече само ме боли, мислам дека само му е непријтно чувството и ново ама што знам, дали вашите некогаш дале ваков коментар? Пак почна да се жали на ногата ноќно време, нема неколку месеци реакција и после пак почнува, секогаш во исти ситуации се жали, мислам дека е грч ама веќе не сум сигурна…од каде да почнам со испитување? Што прво да проверам. Ортопед го виде првиот пат кога се жалеше ништо посебно не рече, како болки од растење…
Леле нас сега ни препишаа алмацин, пак грлото му е проблем. Збори засипнато ама само пред да искашла кога ке се искашла си продолжува нормално наредни 3-4сааати пак исто. Правевме и крвна слика матичната рече мора антибиотик и му даде.. месец дена скоро има одкако го испи оспенот налет значи. А вака ништо не му е, јаде,пие,спие, си игра најнормално освен што ете одвреме на време кашла во рок од 24ч 6 пати дали ке искашла и носот му тече само чистам и само тече
@Carolin. не значи кај сите. Нашето искуство е такво. Последно дете со зелен секрет, кашлање, ајде да не правиме брисеви, Алмацин ќе пие. 3 дена пие демек подобро, намален секретот, 5тиот ден со уште појако кашлање и повеќе секрет. Па на крај и локално капки во нос антибиотски со широк спектар за колку толку да се смири оти немаше поента да се прави брис. И плус кромид, мед, се што сме прочитале со што мислам само ги прикриваме симптомите, а не де долекува до крај.
Нема друг начин на вадење освен со аспираторче за нос.. Јас така и вадам ама тепачки се дур се убедиме. Знае да дува више нос ама пак не е доволно, морам да вадам и така. Внимавај само ако вадиш со носко, бидејќи дополнително може да му ги воспали ушите, не се препорачува повеќе од 2 пати на ден (на пр сабајле и пред спиење). Да помине брзо.
Исто е и кај нас, знае да дува ама не доволно за да се потпрам само на тоа. Па дочистувам јас со аспиратор. Носко имам ама од страв за ушите не го користам моментално. Само со таков на уста смукам, Фрида. Сега пред спиење се затна, само тече водичка, а нема што да исчистиш. Качи 38.5, успеав неколку пати без лек да ја симнам до 37.8, ама пак качуваше после некое време и на крај дадов Ибупрофен, се препоти и симна. Сега спие, не се мачи со дишењето, ставив кромид, лепенка на пижамата, плус Оперилот, покриен е со сѐ. Ќе видиме сега само со температурата што ќе се случува.