Не ми беше намерата да те исплашам, само внимателно да следиш. Ако неможе да дува влечи со аспиратор и тоа е. За терапија не сум доктор и не би се мешала. Кај моево кога се направи проблем беше со антибиотик, ама изгледа не беше соодветен па се искомплицира. Ама кај него имаше јака болка. Особено ноќе се будеше со плачки. Јас сега скоро го носев на ортопед, и баш и спомнав дека се пожали на болка во ноџе една недела претходно, дури и кривеше кога одеше. Тогаш не посоветува, ако се повтори дека може да е излив во зглобови од претходна бактериска инфекција. Мислам дека асо се испитува за да се утврди, ама не сум сигурна.
Да, те разбирам. Имаше и кај нас плачки ноќе минатиот пат, ептен беше жален. Се надевам сега дека го фативме по на време и го третираме соодветно. Времето ќе покаже.
Не имал бактериска досега колку што имаме приметено кога бил болен било вирус, ама не криви, значи во тек на ноќта се буди и плаче дека го боли и му е згрченена, покажува на мускул или стапало, трае неколку минути и после ништо, исто кога клечи подолго, или ако е седнат во скут со раширени нозе. Јас се сомневм на грч ама не знам.
„ @1209 женцка е има 2.5 и упорно јас и објаснувам и таа дали не сфаќа или не сака да разбере незнам.се фатив за тоа со боите како симптоматично хаха инаку супер е машала. а да и незнае да држи молив боица никако никако само врти тоа кругови со цела рака
Ќе научи нае Ќе научи наеднаш, не се сеќирај. Не е ништо страшно да не знае бои или да држи молив на нејзина возраст, сигурно има деуги интереси, јас верувам дека децата од мали имаат “талент” повеќе за некои работи и помалку за други, наше е да ги подржеме во она за кое имаат интерест.
Моево е 2год и 3 месеци скоро, ги знае боите ама бројките не. Не ни знам кога се очекува да ги знае ама со внуката се 7 месеци разлика и она уште на 2 броеше до 5 сега знае до 15, мојов вика двааа, четилииии осууум ама сите си се развиваат со свој терк, сигурно се фокусирани на нешто друго бо тој момент.
Абе мајки, ако на 2 знаат бои и да бројат, до 6 што ќе научат? Некои деца физички се понапредни, некои со зборење, трети со учење... Јас имам дете што на 4 пишуваше и читаше, ама течно како спикер, сега му е многу досадно зошто нормално прошол тоа он.
ова брои до 10 ахахаха ама црвена тешко да погоди ете второ ми е незнам оти толку се анализирам обично за второто се е онака ахахаха
Ништо посебно не сум зела ја учам ама бабиве се запнати со учење. Бои знае, бројки знае и препознава. Свекрва и купила и сложувалка и сликовница со букви и нека сум лоша ама ги скрив. Може намерно, може ненамерно ама прерано ми е да се занимава со тоа и да и се полни мозокот. А ако ги повторат повеќе пати сигурно со тек на време ќе ги научи. Пред некој ден ја земам после работа и слушам само Ајде Х крени горе лева рака, ајде десна рака... И за тоа ми е прерано и баш кажав да намалат со такви работи. Да не испаднам лоша снаа или мајка супер е што се трудат детето да учи ама стварно на неполни 3 години нема потреба од тие работи да ги знае, а од друга страна уште да се тресат кога јаде да не се задавела. Дете си јаде најнормално и во градинка и по дома и парчиња и со прибор ама кај баба е сето тоа надробено, секчкано ситно ...
Може како моите ќе биде, ќе ги научи сама кога ќе кренеш раце и престанеш да и покажуваш Инаку 1 боја треба да знае на 2 години, 4 на 3. Моиве првата боја после 3тиот роденден ја научија Пред некој ден ми ги кажува едниот велоу па велоу што ти е тоа бе, не те разбирам, и овој пак кажува јас пак не разбирам и другиот ми вика мамо бе на лимонот бојата бе Yellow викал
На мојот се му е јозево, од Маша и Медо розева ја знае, нели прасето ја викаат Розичка а он р не кажува па ја вика Јозичка.
А што ако букви и бројки му се најинтересно? Дали да му ги кријам играчките со букви и бројки? Не дека сме го учеле ама од лифт бројките ги научи и сега на таблички надвор ми ги чита, исто и неколку букви, мамо која е оваа буква и ќе му кажам.. тие што не ги знае вика оваа е латиница дека еднаш праша и така му одговорив… ај да научиме прво кирилица, има време Точак баланс дури пред некој месец почна да го вози, да не го види нема ни да му текне на точакот ама затоа бројки цел ден ми кажува. Со пластелин ме тераше пред некој ден да му ги правам бројките.
Исто и син ми, обожава книги, знае да брои до 10 самостојно, ја знае пола азбука и кога ќе види буква/знак и слично дополнително кажува збор што почнува на таа буква. Лево десно знае, боите сите ги знае. Исто така и многу зборува. Од друга страна никаков афинитет нема за точаци, обожава лулашки и се качува секаде сам, ама далеку е од спортски лик. Скали да се симне му треба да држи некој за рака. Така да, секое дете со своите предиспозиции и силни страни. Има 25м
Исто.. Кога се симнуваме по скали повеќе гледа кој број ќе го види, да не види некои комшии, отколку да се сконцентрира убаво да не се сопне
Мојот знае до 17 и на прсти и онака, ама детево многу бргу помни, јас не го ни учам намерно, ќе слушне нешто, преку игра ова она и следен ден го слушам нешто ново ќе каже.
Исто и мојов, точок и такви работи не сака, ама букви бројки бои да, цело време ме прашува која е оваа буква, што пишува тука, каква е оваа боја, а инаку знае и лева и десна, сложувалки слага исто сам најчесто, јас не му бранам, ако сака да учи. Мислам дека од 3г веќе ќе го запишам на музички инструмент некој зошто стварно го интересира музика и многу е музикален.
И се јаде со се кромидот? Се осеќа? Мојата нема кашлица ни секрет ама носето и тече од спиење сабајле кога ќе и стане. После ок е. Да не и се влоши ми беше за превенција.