Молерс Д3 и витамин Ц успевам да му дадам само во млекото (овесно пие) пред дремката на ручек. Никако друго не ги прифаќа, ниту капки сирупи ништо нејќе. Порано капки ставав на доручекот капнати и не ги осеќаше сега одма уште кога ќе ги осети вика блак оваа е со капки и не јаде повеќе. Бомбони сака па да дотрошам се ќе барам само како бомбони. Ова во млекото не знам дали е правилно прашај педијатор но ете јас не успеав да најдам друг начин
Дечки што да мачкаме на лице за суви делови на кожата (нешто како егзема/атопична кожа)? Дали на Веледа има некоја крема што помага? Биодерма лосионот го користевме лани, ама сега не гледам подобрување.
Пробај со Биодерма Атодерм. Со малиот немам проблем, ама јас сум со сува, атопична кожа, имам розацеа. Ептен убаво ме хидрира таа крема.
Баш гледав сега, тоа Atoderm Baume е по-rich од лосионот кој јас го имам. Ќе земам баш од тоа да пробаме. Кај нас е така, чим залади одма лишаи на лице му излегуваат.
Можеш да пробаш и со тие кремите против ладно што се. Немам користено, ама може некој друг тука ќе ти препорача нешто.
@Luminary Јас лани зедов на Веледа за ладно - добра е ама па мрсна е. Помрсна ќе е и сигурно од Биодерма (сум користела и Биодерма доста производи). Е сега можеби на мојата не и беше толку сува кожата за да се впие кремата. Инаку од Веледа се што сум пробала сум задоволна.
Прашањево може е глупо. На синот му препиша матичната две капки од овие солдевит и му давам веќе една недела. Тоа што ме загрижува е што ми личи дека многу повеќе од една капка прска, а и едвај ги прскам. Претходно му давав Вигантол и тие тешко капнуваат ама барем се гледа капката, вака личи ко полна устата. Не ти личи дека е многу едно прскање за капка ?
Јас имам солдевит од 1000ка со едно прскање решавам работа. Не сум помислила ич за тоа малу/многу знам само дека отвара уста прскам и сум завршила работа. А ти штом со две прскања од 400 го имаш. Капките повеќе на лажиче ми остануваа одколку во уста затоа може многу ти се гледа.
Здраво ние само што наполнивме две години па сакам да прашам дали некоја мајка имала вакви ситуации. Прво за обувки не сака да ги менува. Едни носи во градинка и тие. Не дава ни чизми ни патики ништо. Така сме веќе може 6-7 месеци. Сега и со палтото. Не сака да облече па за жива глава. И ако успеам еве некако да ја занесам само што ќе излеземе надвор прво тоа прави. Веднаш го соблекува. Вика вреска ако не го соблечам, сама се откопчува го тегне, легнува на земја а бе нервите 2000 ми се. Второ зборувањето. Само околу 15 зборови кажува, мама, тато, мјау, дај, б(р)аво... ме интересира дали ова било ситуација кај некои од вас и дали да очекувам промени или да побарам помош од доктор. Ја консултирав и педијатарот она ми вика до 2 и пол години се толерира. После ќе видиме. Таа не гледа причина за загриженост. Фала ви
Некоја со искуство за користење и набавка на ЕпиПен?( Епинефрин) Малата е 21месец има јака алергиска реакција на млечни призводи и се мислам да го имам инџекторот за брзи и итни реакции .
За алиштата со лесно, исто е и мојот, не сака да облече друго и крај. Додуша мојот е за кондури. Имаме гумени чизми и не ги сака и не ги сака. Среќа земаав поголем број па се надевам да помине фазава. Не знам како ќе купиме сега чизми, како ќе облече, стварно не знам. Првото не ми правеше вакви проблеми, ова...
Тоа со бирање облека/обувки го има кај сите деца и е сосема нормално. Кај син ми се појави покасно, пред скоро време откако купивме едни патики со Lighting McQueen од Cars. Ретко прифаќа да носи друго, евентуално ако ги скријам нив, па го излажам нешто. Ако му се на видик секогаш ги одбира нив. Облека не бира, ретко знае да рече не таа блуза, ама се убедува брзо. Од некни не сакаше да облече ниедни други чорапи, освен едни со спајдермен. Два пара имаме слични, не знам како дошле кај нас, од некој се поклон. Он не го ни гледал некогаш тој цртан, ама во градинка видов детенце со Спајдермен топлинки и од таму му е уствари инспирацијата. За зборувањето, 15 збора се малку за возраста, ама треба да се гледа целокупното однесување на детето. Ако разбира сè што и кажувате, покажува со прст, носи предмети кога ќе и кажеш, има контакт со очи, се смее, игра, бара нешто, реагира на име, секојдневно напредува и учи нови зборови итн., не би превземала ништо. Обично кај овие деца од еднаш се случува “експлозија” и стигнуваат до 50 зборчиња, што се некоја “норма” за 2 годишна возраст. Би требало веќе да поврзува и две зборчиња. Можеш да ја стимулираш. Повеќе читање сликовници, именување на работите, повторување на зборови со поизразен тон и гестикулација за да и привлечете внимание итн. Ако не разбира наредби, пример “дај ми ја топката”, нема комуникација со поглед, покажување, нема нови зборови, макар и тоа да се одвива побавно, јас би се консултирала со специјалист.
Ај да се гушнеме прво. Друго пукнав цела година, не ова, не она. Еден најлон обувки спакував само пробани или воопшто непробани од тоа не. Е сега со нова финта. Прибирам од вид се. Оставам едни само. И муабетот - не овие патики, дЛугите сакам. Јас: другите се водени, да се исушат пак ќе ги носиш. Само еднаш новите и пак ќе си ги земеме старите. Ајде на тета Х да и покажеме како новите светкале. Ајде немаме време сега, те чека надвор другарчето, утре ќе си облечеме старите и така. 50:50 од времето пали ова.
Ви благодарам на одговорот. Нема убедување кај нас бидејќи не знам дали ме разбира, ама вели не за се. И да и речам сакаш чоколадо вели Не, и ми го граба од раце не знам до каде е стигната ама во градинка е друга приказна. Таму слуша се разбира се не се буни за ништо и како кловн да ја облечат ќе ќути, не кажала ниту еден збор. А дома е друга приказна. Не дека бира и да и дадам друго не сака. Ниту едно сака. Не сака палто, фустан никогаш, и само топлинките од гградинка.едвај ги смееме претходните мали и беа сега со овие. И вчера од градинка ја облеков во палто и новите чевли и немаше реакција. Само што излеговме од градинката и почна. Се соблече. Боса и по блуза ја донесов дома а не живееме баш блиску. Покажува со прст, се смее, слуша команди ама тие што ги сака или ги разбира, пример ајде чао... за надвор. Тоа слуша. Другото најчесто сме на игнор можеби па затоа така ми се чини дека не разбира. Имитира, покажува емоции, само не знам зошто толку слаб фонд. И зошто толку вреска кога сакам да и облечам пример блуза. По боди сме по дома. Не дава ни блуза ни пижама, ниедна ништо. А бе не дава на земја се врти се бори... се треска. Пред некој ден пееше хапи биртдеј ама само тоа "то ју" го погаѓаше едвај ја разбрав што пее. Ние не сме ја учеле таа песна не сме ја ни пуштале, веројатно од градинка или кој знае од каде, не била скоро ни на роденден. Не спојува два збора, освен во песна што и пеам. Ќе видиме ај ќе почекаме уште малку.само ми е чудно гледам мајки на ќеркичката шноли, венчиња не знам што. А мојата коса ќе си искуби додека не го тргне. Ја шишаме дека во очи и оди. Уште од бебе не ги сакаше тие работи. Ќе се мрднам )
Здраво, @Erika.greeneyes се сеќавам пишуваше за проблеми со какање, те молам пиши дали и како го надминавте тоа? Ми треба совет. Ти благодарам
Какви проблеми имате? Ние уште мака мачиме да кака н нокшир или адаптер. Ми вика стави ми пелена да какам, ставам и кака. За мочкање немаме проблем. Има страв дека ќе ја боли ако не е пелена.
Го надминавме тогаш кога ги фрливме пелените. Додека носеше пелени имаше проблем многу тешко можеше да се покака, еднаш и клизма употребивме. Тоа беше страшно. Сега на шолја си кака без проблеми.
Исто, за мочкање нема пропуст, ама никако не сака да кака во нокшир или на шоља, не знам веќе што да правам, се мачи по неколку дена да кака. Само во гаќи сака да кака и после запек неколку дена фаќа.