Mojava ima 2godini i skoro 4 meseci.Maka macime za oblekuvanje,placenje,beganje,vristi po doma,inat neviden nesaka nisto da oblece,sekako probav nema sansi ,po nejzino i tocka.. Dali e nekoj period i kako da postapam ,sovet pls.
Ако е како мојов ѕвер сите тренерки блузи и панталони ќе ги извадиш и во ништо нема да сака. Јас облекувам тој се тегне и по две мин престанува и помирува дека е облечен. Пробав да седи гол колку што дозволуваат моите граници, да бира, да му свртам внимание. Во дневна да го овлечам. Ништо не пали, пак на крај плачки. И затоа облекувам плачи до кога плачи и крај на приказната
3-4 дена веќе трепка нетипично. Читав дека може да е тик и дека е вообичаено за возраста, ама сепак не сум мирна. Некој со вакво искуство?
Дали при гледање Тв или нема одредено? За мирна глава може и преглед на очињата да направите. И дали се жали нешто да му смета?
И двајцата имаа периоди кога го правеа тоа. Најчесто кога им се спие или гледаа тв. Игнорирав и помина
Да, тикови можно е да имаат на оваа возраст, да помине после некое време, па некој нов да почне ама сепак прати како трепка,дали се труди да види подобро, дали од нешто се уплашил. Кај наши пријатели детето почна да трепка, наводно од градинка нешто се случило на тоа сомневаат.
Не е само при гледање тв, и дур си игра трепка. Не се жали дека го боли и не ги чеша очињата, само трепка. Ќе се поднамршти и трепка. И јас се мислев за преглед, ама не знам како би се извело тоа со неговиот темперамент. И ние игнорираме, прочитав дека така е правилно. Ама дури жал ме фаќа кога ќе се затрепка некогаш. Вчера дури сам си кажа “мама тепкам”. Треба да прашам во градинка да не се уплашил од нешто, дома не се има уплашено.
Мене големиот ми трепкаше, излезе алергија. Ја исчистивме климата хемиско, му ставав капки за очи Патанол и прекина.
Како се справувате со деца што воопшто не сакаат манџи , значи веќе ми здосади со тоа молење . Не бидам никогаш замена на крај само две три залчиња и толку не отвара веќе уста .. Знам дека во градинка си јаде манџи , ама не знам дали е тоа доволно
Никако, не јади еве го 7 год е, јади само од водата и тоа мака со леб малово (2год и 3м) јади како попара со леб, е сега вчера баш компир манџа за ручек беше и ко го виде брат му да мака и тој сакал така и двајцата макаа
Препорака за логопед ама стварно некој квалитетен да е ве молам! Во декември ќе прави 3 год, зборува се ама на бебешки. Бода е вода, и генерално нема в во зборчињата. Сврзува реченици, ама тоа е од типот на "не сака ја ова". Вака по темперамент е повлечено дете, доста тивко зборува
Темава слабо активна. Како сте генерацијо? На моево му се заубај дома, еден ден со мене, др ден со баба му, со мајка ми се чуваат, таа не оди на работа сега, од средина на септември е вака и супер ни оди, анимиран, прошетан, најаден, наспиен, здрав, се е супер ама мислам дека треба пак да оди в градинка, ко ќе оди брат му на школо на сабајле плачи по него и вели и јас сакам на школо оти мисли со него ќе оди душичка многу го сака, се го повторува, пресмешен е, го сака и брат му него ама ова заљубено веќе се како брат му да праел, неговите чорапи ги сака да ги носи и ги носи да помини мерак итн има многу дешавки слични. Тантруми нема, ептен мали што си поминуваат со игнор засега. Зборува многу, како знае да праша, да одговори точно на некој работи то чудо е сите се смееме со него. Нз друго што да кажам, нема тема само да ве поздравам.
Како за исто дете да правиме маубет хахах мојата е забаваче, еве веќе од септември до сега со криење и излегува за градинка пошо малово упте плачи по неа и досаѓа да ја земаме. Кај нас само лошо е тоа што она од мене не се дели воопшто, со мм и со дада тешко излегуба без мене камоли баби да ја чуваат. Мислев кога бевме Мк дека малце ќе здивнам ама не и тоа страшно ме нервира. И мојава ја имитира дада и сака се како неа, радост е кога ќе ја види, плаче ако плаче она, ми се кара ако јас ја карам големата, од нејзинито последно залче дели со неа што обратно големава чоколадо нема да подели што сака нека е. Вториве деца се чудо како толку имаат разбирање и љубов стварно. Исто зборува цел ден и тоа е ногу гласна, ушите ми зујат од неа ама пак зборува граматички скроз точно. Еве веќе 2 месеци спие во соба со дада и и конечно се наспиваме, знае некогаш да викне и сите да не извади од памет ама брзо презаспива. Е сега знае да е многу досадна кога ќе запне за нешто, па кога ќе се раздере и тоа со ОДМА коса ми се крева. Другo што не ми е ок ама е нормално за таа возраст е што во парк не остава да се чепне нејзина работа, а големиве јаа нервираат намерно и чепкаат, па дада одма скока и става редови. Шо да праи.. се дружи со 6-7г деца па ќе ја маткаат де ама бога ми и челичат