Мене некни ме изненади, станат од 8ч сабајлето, немаше дремка тој ден, петокот, никако не успеав да го заспијам, вечерта на име бевме до 12ч ноќта издржа без дремка, дури и најмирен беше таму од сите саботата во 8ч станаа, само 8ч спиени, Бт бевме излезни на кафе заспа в раце и така 30тина мин спиеше дури седевме оти не носиме поќе ни трицикл, пешки оди чоеков и пак саботата 11ч заспаа. Нема шанса порано никако и да легниме во 10ч до 11 не заспиваат
Леле исто сме и ние , порано абе ќе си легнеш во 8 ипол кома до сабајле . Сега дури мислам и во сон игра . Ич нејќе да спие освен преку ден сам си заспива ама навечер е хаос.
Ние станавме во 5 и сега до вечер ќе седиме .. Лошо е што само една дремка тера, а после му се спие не заспива и вришти. Молам бога побрзо да порасне.
Не се плаши, колку години има? Излегуваа нови околу 4 дена мислам, имаше 1 или 2 дена температура ама не повеќе од 38.6, мислам дека ок поминавме, освен што имунитетот после тоа ептееен беше крш. Давај и нешто за имунитет, мојата 3 беше па ни дадоа и изопринозин. Пудрата и хиперманган доста ни помогнаа.
3 години има. Чат џпт вели не е сипаници, молускум било јас утре ќе ја носам кај матичната па ќе ја прегледа.
Сум пишувала јас дека од витамини ги користиме овие, премногу ги сакаат. Малава никаков вид на сируп не сака, па само во вид на бонбона може да прифати
Моиве имаат имамо на неколку пати вакви и да испадна дек е молускум само што имаа може 1-3 максимум. Варичела исто имаат поминато двете заедно и тоа со многу малце исфрлување и нив имунитетот не им падна нешто. Е сега нас доктор ни има потврдено иако имаа 5-6 брумчиња сипаници без красти, повеќе личеа на сликата од калатеа него ли на твојата ( која мислам дека е молускум) сепак нека потврди матичен што е.
Секако ќе ја видам кај матичната ама не ми се чека до тогаш. Температура нема ја прашав ја чешаат ли ми рече да ама не сум ја видела да се чеша. Се надевам дека не е сипаници.
Сипаници се 100% со лесно да ги помини, поубо сега помали, моето малото на 2 и пол месеци ги прележа, од брат му фати, па полесно помина од него
Еве ме и мене. Денес сум добра, другиве денови кризирав од престимулираност, постојано:мама, мама, мааааамааа, неспиење до 12ч. вечер, негодување за дневна дремка и ред други пропратни работи. Денес ја оставив без дремка и денот супер, ама стана покасно. Што кога ќе стане порано? Не издржува да не спие, тешко заспива, а навечер седи до многу касно. Стварно неможам да фатам НЗС. Многу сака да бидам постојаното до неа, постојано да ја анимирам, дали сме на гости, дали сме надвор цело време е мама дојди. Ретко да се заигра сама, знае не дека не ама трае кратко. Вика: мене досадно е мама. Како е кај другите? Колку на 2ипол години си играат сами? Многу и требам. На ново место исто, фатена за мене, јас сум и сигурност и безбедна зона ама некогаш сакам одморрррр. Поздрав мајки
Не ми личи на сипаница, мислам дека треба да е поцрвено. Еве како беше кај син ми првото брунче. Он прележа на 2г и 1м, ептен лесно. Имаше многу брунчиња, ама воопшто не качи температура и не му се одрази на апетит. За имунитетот не можам да кажам дали му падна. Одма после Варичелата закачи Коксаки и после тоа цело лето беше здрав. Од Септември наваму се има разболено два пати, ама релативно лесно оздравува.
Ги нема овие кај нас. Што содржат? Он до скоро не правеше проблем. И сега можам да му ги дадам ако гледа во тв, ама не сакам така зошто ги пие пред градинка и не сакам да пуштам тв пред градинка. Не се грди на вкус зошто моментално пие и еден сируп за имунитет што има вкус на мед и му ги мешам сите заедно, ги пробав не се лоши. Ама инат тера, се смее, се лигави, затвара уста и не ги пие за инат.
Ги има само во Зегин, кога се на акција испаѓаат поефтини него ли тука и баш си земав повеќе пакетчиња.
Личи на сипаници Варичела. Такви се тие како брунчиња полни со проѕирна течност. Сепак побарајте совет од педијатар. Ако се сипаници и има тт не со ибупруфен туку само парацетамол и ако можете не ја капете некое време. Така ни кажа нас кога имавме. Има течна пудра со некоја состојка за да не ја чешаат. Не се плаши мора да ги прележи ако оди во градинка и поарно сега. Со лесно