Ако се долу петки да знаеш дека може да болат и да кажува дека е увцето. Ама кај моево дете се погоди и петки и стварно да боли ушето на таа страна. Ако уште се жали на болка ставај топли облоги на ушето, иако мислам дека од болка во уво и температурата ќе се покачи. Носот му тече или не? Ми рекоа мене да прскам спреј за да се намали притисокот од носот во ушињата.
Слично сме и ние со помалиот, ден и пол тт па немаше 1 ден, па се пожали на уво бевме на доктор има воспаление, па пак крена тт два дена го држеше ама идеше баш високо. Капки за уво и оперил само ни дадоа. Еве ги сега спијат и кашлаат, кој знае што е следното. Пцујам и градинка и сезона на вируси и све. Ќе биде ова долга зима
Денес излеговме од болница. Успешно спуштен едниот тестис. Вчера беше операцијата, а тој денес како мува без глава трчаше по ходниците во болницата. Срцето ми го застанува. Ќе обелам до контролата. Дома уште по збеснст е. Ти му збораш немој ќе се повредиш. Ко на ѕидот да му кажувам. Да ми е жив и здрав и да ми дава бог трпение со него
Блокмакс на 6 саати и ако дозволува топло марамче да држите на уво. Исто и спреј во носе Оперил или Септаназал за да не се затне Ефстахиевата туба. Син ми кога се жалеше на уво и два пати испадна дека се воспалени. Иначе и он си подлажнува, ама излезе дека за тоа не лажел. И него му фалеа 2 петки, ги гледам сега излезени се. Може и да има некока поврзаност воспалението на ушите и со забите. Но најчесто е вирусно.
Да украсуваш. И јас сум со две деца и секоја година си имаме елка, згора на тоа стаклени лампиони не мора он да ја кити, нека стане сабајле и нека се радува. Јас им онјаснував дека лампионите се галат, не се вадат и чекаме дедо мраз да дојде. Секако лани малата немаше појма за дедо мраз ама воодушевена беше кога "дојде". Ние имаме книга дома за дедо мраз, таму има на слика елка и знае, за се што сакам да постигнам да е по мое правам еуфорија @Carolin. Како што ти кажа и Бела, најчесто е вирусно и давај 3 дена бруфен, да не дојде до антибиотик. Мојата за година дена 4 пати и беа воспалени, се така сме поминале. Пошо кај нас е често, алудираат на крајници, па ќе видиме
Фала ви девојки, му тече и носот веќе недела дена, ама де бели проѕирни мрсули де се бели густи, чистам и со физиолошки и влечам колку дозволува ставав и септаназал ама ке го однесам денес матичната да го види. Викенд иде, овде на дежурен не ми се иде никако.
Оваа мајка реши дека е паметна идеја да купи исти плетени џемпери за сите, за слика пред елка. Ќерка жива здрава да е, реши дека не сака ни под разно плетен/дебел џемпер да облече. Ама имаме напредок што повторно реши да ги сака сите топлинки, патики, чизми. Веќе немаме борба со тоа, да не ја зарекнам. Со гардероба и сме немале многу освен некое вака специфично парче.
Имаме гумени чизми со кој мерак ги бирав уште во мааај кога бевме на шетање, знаеш кај се носат? СТРОГО ДОМА. Уште оди со патики и никако друго ништо, зимска јакна и патики со голи глуждови тој стил го фураме две недели веќе
Ме подсети кога големата имаше 2 и 11 месеци, јас жива радосна закажавме новогодишна фотосесија со 3 аутфута плус јас трудна 5 месец со малава и да си напрајме убави слики за спомен со меше. Од 1 саат сликање 4 слики извадивме, немаше слика кај што она не имаше фаца напраено намерно, мислам дека на сликарката жичките и се споија и не имаше пцуено цела вечер после. Само викаше ништо џабе погледни како се криви Таа е таа фаза кај што ништо не оди по наш план.
Ние 2 фотосесии досега супер поминавме, за годинава нз како ќе е аутфитите за нив се купени, битно си ги бендисаа за нас ќе видиме има време, се здебеливме со мм двајцата
И мојата е уште со патики. Две зими по ред џабе купуваме чизми не се баш искористени. Тие што и ги купивме претходната зима веќе мали и се. Треба да и купиме нови, ама ќере не ги носи освен снег ако има. Претходниве две години слабо имаше снег. Останаа неизносени.
Дали ги надмина бубачките или сфати дека со инает никаде не води ама и чизми носи сега. Дури и дожд ако види надвор сама бара. Со јакна/пантолони за дожд сме немале проблем ама исто со патики одеше. Е почнав од врата в раце до кола, кога врне или врнело претходно уште е влажно низ двор, по улица. Таа, скокаме во водата, јас нема скокање, немаш чизми. Таа, одиме во паркот, јас ако облечеш чизми. Значи не секогаш оти мене ми текнало, туку кога стварно имало потреба за чизми. Веќе е ладно и не може да си дозволам 20-30 минути да е надвор со водени нозе. Ај што ќе се сушат патиките со денови, не е и толку битно, имаме за менување. И пак ќе речам, нешто во прав момент кликна До кога ќе видиме.
Јас надежно купив и зимски за зимава ама кузнае ке седат у кутија ако не бидне како што вели @Miss_S да му кликне нешто па да ги носи. А обавезно види дожд сака да шлапка во дождот, а како му речам земај чизмите одма вика не не не
На 2 години и 9 месеци беше моментот кога попушти за обувките. Инаку цела есен ја преседи дома, да не излегуваме.
Јас имам многу обувки од големиот, тогаш купував и од мерак поќе, ништо не е носено, скоро се е ново и сега пробуваме дали нешто ќе сака иначе по патики е да и моево, ама не сме биле на дожд надвор.
Во принцип како расте купувам само што и треба да има, не трупаме екстремно многу. Ама не сакам да се најдам во ситуација пример заврнало снег и дете да сака надвор, а да и речам не може, немаш чизми или да ја шетам во патики да се водени. Ова како екстрем, што се вика може ни снег ќе заврне, ни дете ќе сака надвор ама во главно сакам за секоја пригод да сме спремни колку што дозволуваат финансиските услови.