За некои работи сум многу попустлива. Но, за други сум строга и нема криво лево. Носење чизми е една од работите за кои не преговарам. Првата зима откако почна да оди е во чизми. Не носи чизми - ке си седи дома. Пред некој ден излегов во патики, ногата ми смрзна. Бидејќи син ми носи ист модел цело време, односно мрежести најк, истите не се за зима. А оние патики од еко кожа се убиство за нозе, а можеби би било поокеј со нив.
Јас не се расправам за обувки зошто и јас сум во патики 90% од времето. Му облекувам тоа што сака и не се расправам. Ако му е ладно си кажува. Моментално менуваме меѓу ниски патики и високи, внатре потоплички се тие. Сега сакам да му купам чизми ама се мислам дали да земам гумени што би ги носел и на дожд и на снег или да земам баш зимски. Не сме во место кај што би заврнало некој не знам каков снег па си викам ваљда и гумените ќе завршат работа. До градинка одиме со кола и најпрактично ми е до таму со патики. Што мислите? Гледав од Обуча метро има убави модели. Дајте некои предлози, ич не знам кај да барам.
Јас ни со двете не сум имала проблем за облекување, од секогаш одиме заедно да бираме обувки и понудуваме неколку, па ќе си одберат. Кажав ја и предходно дека секогаш праам возбуда за тоа што сум јас наумила да биде. Да, имавме период кај што големата сакаше да слече јакна демек жешко и било, па сум ја оставала така и за 3 мин викала мама бечи ме. Малава исто сега капа не сака секогаш ама чим ја извади и осети ладно, ја враќа додуша она не ми е за ништо проблематична ама ете за што да облечат не сум имала проблем до сега, што ќе и облечам на големава сабајле за градинка/ родендени тоа е. Иначе сандали, патики претежно имаат што светат, па интересно им е.
Проблемот со облекување го надминавме , ама што е ова инат божји , уште ако не е по негово фрла се , Се Љути за све и свашта . Кога е со други деца ниту дава играчки а сака да зима нормално не даваат децата и тука е драма тргнува да ги удри нормално реагирам јас и тука почнуваат плачки легнување доле . Значи утешете ме дека е период и дека ќе помине . 2 години сме .
Тантруми до 4 год обично траат. Обуча метро лани за големиот зедовме чизми со крзно внатре, не гумени, многу му се погодија цела зима ги носеше, а на попуст ги зедовме за 800 ден
Фала на сите, нарачав од Метро. Почнав со сируп за имунитет на Медекс по препорака на матичната зошто два пати во 2 месеци имаше воспаление на уши, сма дали 10 дена давав успешно и престана да ми ги пие сите витамини. Пробано е сѐ, пробав и со рибички, е сака да ги види. Не знам како да давам витамини, се нервирам.
Мојов сирупи пие од мала чашка за ракија, праиме демек живели и ќе се излаже и пие. На почеток негодуваше ама сега секој сируп вака ни поминува, се навикна. Може да пробаш ако не сте пробале до сега и тој начин
И јас имам едно мало чашче за ракија како епруветка останато којзнае од кога ако се скрши тоа не знам што ке правиме. Ставам омега, д3 и малку сок од боровинка па насабајле го пие сеа за сеа иначе давав со шприц и тоа на сила да голта
Прополис од колку години им давате? И дали помага за кашлица? Мед не успевам да му дадам, освен во чајче.. 2 год и 1 месец е
Пробано, делуваше некое време, веќе не. Треба да пробам со некој таков сок што ќе му биде нов. Со цеден сок не сака
Можеш да даваш прополис без алкохол домашен или проанги капки има за деца, ама повеќе е за грло за кашлица сируп
Здраво девојки, дали може некој совет, утеха за одење со стапалото навнатре. Синот има скоро 2 години и многу забележително е на двете стапала.