А ќерка ми па не сака да спие! Дневнава дремка ја исфрли, некако уште не можам да прифатам. На која возраст исфрлаат дремка?
Индивидуално е по мене. Веќе накај 3 кога одат, помалку сон им треба. И со сите што зборам, ако имаат децата дневна дремка, навечер заспиваат покасно, што е и нормално. Кај нас моментално е хаос. Ако стане подоцна, зошто не оди во градинка моментално, не спие преку ден и заспива во 8. Ако стане порано и спие макар и 1 час заспива во 10 едвај
Ако ти е некоја утеха моево никакви витамини не пие освен Д3 . Фала богу здрав прав е 2 години има ниту еден антибиотик се нема напиено до сега ниту пак некоја поголема настинка нешто имало .
Се познаваше тоа уште кога спомна дела се мачите за заспивање, и кај нас така почна. Моиве на 2.5 години скратија дремка и заспиваат преку ден само во кола, ама кога почнаа у градинка почнаа да спијат таму, како успеваат еве не знам, ама пошто се повеќе дома него у градинка ради болести дома пак не спијат. Се нервирав и јас на почетокот, не можев да се помирам дека неќат да спијат преку ден ама тоа е, со сила не бива. Глеј на убавата страна, барем вечер порано ќе легнува. Во градинка не спие веќе?
Моето Д3 примаше само до година и 4 месеци, после вака не сакаше ништо да пие и не давав, па сега пред месец почнав на двајцата да му давам капки вит Ц и Д3 па се лажи со брат му и зинува, др ништо не давам јас, немам ни давано. Купив пролетта сируп со омега заб од кој беше енего така цел стои дома, бар јас да го испијам да не џабе парите фрлени Иначе ако нешто речи нејкам брат му одма и тој нема да сака и му велам на големиот да вели сакам за се ама и тој некош ќе се заинати ќе речи не и ништо.
Исто кај мене првото дете, точно 2 год, 10ти декември направи 2 год и после нова година неможев никако да го заспијам, се нервирав времиња, како др деца околу нас спијат моето не, ама тоа е, не е спијач и таков си е, еве сега 7год ќе прави нема проблем со раст и развој се си е ок. Малово 2 год и 4 месеци па уште спие, сака да спие, некогаш потешко оди убедувањето па заспивањето за 5 мин е Почна пак в градинка од вчера после 2 и пол месеци пауза, страшно е плачи мноогу премногу, од дома плачи, таму плачи, ама се смирувал за утеха ми е жал ама тоа е, и брат му плачеше до крај па одеше Сабајле па и ме насмеа, нејќам гадинка нејќам кај дечињата ме тепат аман бе му велам тебе некој да те тепа тебе, оти одма враќа ако го удри некој хаха смешки. Па ко се враќаше од градинка го видов на кратко рече убо си поминав. Како задуман е многу дури си одиме дома, после се враќа на старо ко во некој шок е, шо ме најде си вели
Големата на 2г и 4 месеци исфрли дремка, ако заспиеше после ко ќе станеше беше неподнослива. Малата не можи без 2 саати да отспие, она па не се трпи ако не заспие, а и сама вели мама пушти апиратор и заспива. Ееее па ние уште сме со бели збуци цела ноќ бучи мислиш на аеродром живееме
Па и ние сме со бели звуци сеуште. Не знам со кога е ок ова да бучи. Бидејќи има галама и без тоа јас не знам како би спиеле. Мојата има 3 години и 4 месеци. Па и таа ја фаќа криза дека не преспива неподнослива е. А не сака да спие. Во градинка ми велат дека не спие ич. Ама не верувам бидејќи до петок војна водиме вечерта да заспие по сат време се заспиваме. А за викенд бидејќи нема дремка вечерта заспива веднаш.
Бели звуци со второ дете ниту еднаш не пуштив. Со првото до кај година спиевме со нив и ко исклучивме и нас со мм ни беше чудно јас па со валцер секоја вечер ги заспивам, ако не пуштам големиот вели мамо пушти го валцерот ама дур заспијат после гаснам.
Нас ако ни се исклучи среде ноќ одма се будат... а па како така мм може да влегува во соба и растропа и не стануваат, а јас без чујно ќе им ја подотворам вратата и ете ги стана ти.
И мојата така. Јас еднаш ми се исклучи телефонот за батеријата. Не ми бил добро приклучен да се полни. И кога се исклучи тоа јас со ушиве како радари одма се разбудив, ми требаше неколку секунди да сфатам зошто хахаха
Не е убаво да е на многу гласно, и ние сме уште со бели звуци ама на најтивко.. кога си легнувам малку го попуштам за да не ме осети и после неколку минути пак намалувам.
Леле и мојов таков загајлен седеше свекрва ми само тоа ми збореше, детево ке се разболи види го какво е замислено, дрн дрн јариња... сеа нека седи барем пола саат такив замислен ама цврц доаѓа дома наспан најаден и спремен за рузвај
А како спие сега големиот? Лесно заспива навечер? Кај нас и за навечер е со плачки, толку да нејќе да спие не сфаќам....
Колку години е? Моево е 2год и 4 месеци скоро, имавме таква фаза со плачки секое спиење едвај се успивавме. Уствари маката да ти била он стануваше во 7 а јас во 12 го терав да спие никако не сакаше. 12ипол па 1 не фаќаше што он стануваше во 3 попладне и после ноќе до 11 не му се спие. Сега станува 6и15 6ипол макс е на нозе, во градинка ги легнуваат кај 12, ама него тоа спиење еден час којзнае дали спијат му е малку и дома во 8ипол е кома.
Кај нас па маката е што спие многу во градинка. Сабајле станува накај 7-7:15, некогаш порано, ретко покасно. Ама во градинка спиеле 2-2 ипол часа што него очигледно му е многу, т.е. е многу за негова возраст, максимум 2 саати треба да е дневен сон, идеално 1 ипол саат. Затоа се мачиме навечер за заспивање. Некогаш го наоѓа и 22:30 - 23ч. Сега некако се убедува да оди во спална ама дур да заспие му требаат минимум 40 мин. На крај завршува престимулиран и тоа резултира со ноќни терори. Како во некој магепсан круг сме од кој што се чудам како да излеземе. Сега практикувам во приближно исто време да стишам атмосфера и го носам порано во кревет, ама тоа е со судни маки и натегања. Во градинка не е опција да не спие. Сам не станува порано, а на нив им одговара да не го будат. И дома кога спие денски комотно може да отспие 3 саати и повеќе ако го оставам. Викендов пробав да го будам на саат ипол, ама пак е иста песна навечер. Треба малку повеќе време за да се репрограмира, а тоа време го немаме. Да не спие денски не ми е опција. Неподнослив станува кога ќе му дојде време за дремка. Одбива да спие секогаш за викенд, а апла му се спие.
Исто како секогаш, 10 и пол 11 заспиваат 2та, заедно ги заспивам, малово уште в раце а не е мал 18 и пол кила е, големиот лежи зад мене на спална, јас седам... Не е со плачки веќе голем е ама колку можи се одложува, чекај уште ова уште она, ама ко ќе свикам си одат 2та ко попчиња пак ќе речам кај нас малово само со брат му се прави, се тој го убедува, што неможам јас тој. Сега бато ќе се мие заби и тој трча по него Иначе и на мојов мн му е дневната дремка, 2 сати секако ги спиеше и дома и затоа 11 не фаќа навечер заспивањето, пр пред 1 недела не преспа дента вечерта во 9 заспа. Сам си побара, сам в спална си појде. Денес в градинка 3 ден неделава без плачки влезе, дома плачеше ама таму не.
Исти сме и ние, "не сакам спијам неееее".. За да не спие само измислува нешто, ми се пие вода, ми се кака, мешето ме боли. Дури и ми рече ми се јаде, и искористив прилика и дадов макарони со болоњезе, само тоа имаше останато, се муртеше и јадеше, јадеше, јадеше, само да не мора да спие (прво месо изедено после 2 месеци). Не знам да дали да се смеам или да плачам. Заспивањето по 1 саат трае и исто фаќа 10, 10 и пол, и покасно некогаш. Откако ќе заспие обично средував дома или да се видиме со мм пошо он до 8 работи, ама сега ме фаќа во 1-2 да си легнам. Треба да се адаптирам некако јас на ова, според тоа што кажувате кај децата нема да се смени. Барем не на подобро Пробав да легнам со неа и да станам во 5, амаааа тотално сум неупотреблива пред 7 сабајле, па кога и да сум си легнала да спијам. Дали да сум упорна со ова не знам. Вечна борба со нешто и 5 милијарди работи на ум. И се нешто не правам „како што треба“
Две недели одбива дремка. 1 ден спие 3 дена не. По саат ипол се мачам да го заспијам не бива. Изгледа ќе морам да се помирам дека завршивме со дневно спиење 3 год и 2 месеца е, не знам дали е ок или е мал? За навечер нема голем проблем во заспивање до 9 макс е заспијам без разлика дали спие преку ден или не, ама спиењето му е многу поубаво кога има дремка, вака станува пречесто и има терори многу. Очигледно дека е преморен не знам дали да оставам еден период додека се навикне