Исто сесто исто, некогаш искрено низ кожа ми се излегува. Ти барем мм го имаш, јас сама пустата Он се бања у корито ја се бањам на туш, ја на шоља он до мене, јас мијам глава он со тушот ме бања цела, јас мијам садови он прави поплава….
Јас да знаам дека нема да кубаат коси по мене, сега ќе уплатам 1 недела сама одмор е толку сум себична. Ко ќе ме праша мм зашо легнувам во 12-1 саатот, епа зато шо уживам во тишина. @1209 кај мене џабе мм е дома кога не се делат од мене, големата може нормално да излезе без мене ама малово ни со татко и неќе ако јас не сум тука, камоли баби дедовци. моиве се заигруваат сами, посебно големата од многу мала, кога се роди бебе имаше 3г, од тогаш во соба си оди кога она спие и 2 саати ја снемува, малаба исто знае сама ама непредвидлива ми е, ако види мрсна боица ќе ја изеде, стикери исто. Се качува на нивмиот кревет кој е на спрат и виси од таму... големата такви драми не праела аку е карактерно по темпераментна и поенергична
Инаку бројче @1209 кога велиш нешто исполни. Јас кога му кажам дека играчката ќе заврши во канта ако ја фрли уште еднаш, тоа и го правам. И верувај ми си ги знае границите. Кога почнува да фрла играчки и му кажам дека ќе заврши во канта, одма престанува. Се почнува на такви мали работи, елката е голема да ја фрлаш Верувам дека ти е тешко без сопругот ама стисни заби и секој пат кога ти е претешко само речи со, за убави денови минувам низ ова Дојди овде искажи се и ќе се гушкаме
Мојов има "казна". Казната е качување горе во спална и да седи на кревет, јас седам со него настрана он претежно плаче. Два пати до сеа е однесен под "казна" ама буквално од такт не извадил во тие моменти. Еднаш фрлаше јадење низ цела соба, пренесен беше под мишки горе. И еднаш сакаше да одиме да шетаме и му дувна дека не сака да влезе во кола и така он плаче, цупка се смирува. И после вика "изиниии".
Многу ми беше тежок периодов и реков пред некој ден ај да се видам со другарка од детството, многу сме блиски, ќе ме расположи, ем да си поиграат децата. Луѓе како тепана дома си дојдов. Толку осудено се осетив. Како можело да ми биде тешко, сама сум си крива. Зошто не спие кај баби и дедовци, зошто не почнувам да работам од порано сабајле, зошто не гледа биби и боби, зошто не излегувам навечер и не одам на концерти, па зошто ни е животот. Ја сум генерално лабава, ама си има тешки периоди и ова беше еден од нив. Она има 2 пара баби и дедовци на располагање, а нашиве се во други градови со свои проблеми, на нас не трошат енергија. Како да требаше да се правдам. Изгледа никогаш нема да се разбереме.
За играњето сами, после 2 години почнува веќе. Почнувам јас да си играм со играчките ги редам правам, пример куклата да спие, и она доаѓа. Па ај да ја покриеме со ќебе, па бара нешто да и биде ќебе, па ај да јаде, и и давам задача да "направи" јадење, ќе најде некоја коцка да биде чинија и сл. и киднувам настрана. Постепено си игра подолго, некои денови ич, некои повеќе. Ама куклите, пластелин и магнетните коцки највеќе и држат внимание.
Ела да се гушнеме мене повеќе ме разбираат другарки што немаат деца одколку овие што имаат и се имам одкажано од зборење со нив, лета магарето лето. Розев е слонот, розев е.
Детево ми е 300 на сат. Последниве денови е како со мотор, само глупости да се правеле, од една соба, во друга, во трета. Интерес подолг од 3 минути за активност да се немало, а пред кратко време знаеше и по пола час/час да игра било со пластелин, било со коцки. Се најдов дури и во ситуација да викам аман еве ти цртани само седни некоја минута и погодете што - и за цртани нема интерес. Туку дали сте носеле 3 годишници на активности? Балет и слични работи. Гледам деца од градинка со полни 3 веќе тргнале на балет, имаме ново балетско студио. Макар што моево по темперамент ми личи дека ни час ќе се види ако ја однесам, ни ќе направи нешто од тоа што се бара, а за месец ќе наполни 3.
Zdravo majki, sakam da prasam za omega bidejki davam mollers 2,5 ml deteto ima 2ipol god , edna prijatelka rece deka e malku ona davala 5ml na becutan sirupot nz dali treba da se zgolemi
Мојата уште еден месец ќе полни 3год.уште давам 2.5мл до 3 год се дава 2.5мл си пиши на само шишенце. Многу се нервирам кога се мешаат а не разбираат плус друго му дава.
Здраво мајки, дали некој се соочил со бебе што океј спиело и повеќе не? Малата ми е 2 год. Сака да спие и се спие ама од како ќе легне спие само 3 сати максимум и почнува вртење плачење се преместува кај мене, на мене, турка ќебе па бара нешто итн. Знам се јавуваат и кошмари кај нив во овие години ама предолго трае кај нас се нема мир. Пробавме затемнета соба, да не е жешко, да не е ладно се што ми падна на памет. Преку ден бара да спие (претпоставувам е тоа што нема квалитетен сон преку ноќ) и што ме загрижува е тоа што изгледа омалаксана и со подочници. А е доста енергично и живо дете. Има моменти се заигрува и изгледа како се најнормално да е а поголемиот дел од денот едноставно дреми, легачи на под, бара цртани да гледа, не сака да шета. Дали се работи за досада, дали за нешто др, не знам. Јадењето исто така сведено на минимум. Бевме со вирус па настинка имаат и тие улога ама едноставно не знам повеќе што да мислам. Секој совет и искуство се добредојдени. Ви благодарам.
Исто сме и ние , баш и јас се прашувам што е работа . Или за денска дремка му се спие додека заспие е вриштење додека да заспие се после супер спие ама навечер сме исто . Преку ден исто малце цртани малку ќе поигра све му е некако како досадно . Додека да се облечеме за надвор е драми .
Некоја мајка со искуство детето да се плаши од сопствената кака? 2 г и 8 месеци, интензивен страв почна од пред некој ден откако искуси запек претпоставувам. И претходно не сакаше да ја види каката ама сега стравот го дури вкочанува, многу е жален.
Син ми на иста возраст идентично пројави страв од какање. Стискаше по 3/4 дена, беше борба... Од се што пробав единствено ни успеа да се замаеме со некоја приказна додека седи на шоља и така постепено со зборување се заинтересируваше за приказната и дури раскажуваше сам се ослободуваше да кака
Ако мислиш на какање, ние. Мочка во нокшир, шоља, за какање бара пелена, клекнува и завршува работа. Еднаш, ја чуваше дедо и, кога дојдов беше помодрена од плачење зошто стискала, а тој не ја разбирал што сака. Не ми оди да ја форсирам, има страв дека ќе ја боли. Не знам дали е правилно.
Никако форсирање, дете со правилен развој ќе слечи пелени кога тога. Мојата на 3г, до тогаш имаше одбивност, малава исто, де сака де не сака.
Ист е и мојов, знае кога му се оди прашува дали има пелена, ама кога ќе го прашам дали сака на нокшир или шоља, вели не во пелена, ако е гол бара пелена да ставам. Сите веќе ми се качуваат на глава за тоа одвикнување, според мене не е ништо зор, кога ќе биде спремен ќе каже сам. 2г и 7м е, не сакам да го форсирам и да створам страв. Крвната слика како е? Да не е ниско железото? Околу 2г имаат регресија и се сеќавам дека и мојот беше вака неколку месеци, не знам кога беше точно, ама имаше период кога ми се идеше да се фрлам низ прозор со него.
Мајки, 2г3м, учителкава упорно вика дека буткал деца во градинка, не знам веќе што да правам. Зборуваме,моделираме, се чувствувам беспомошно и не знам каде грешиме. Сѐ е со граница и дома, не можам да разберам како мило дете дома станува bully и бутка и штипе други…