Форумџика на годината

Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Некое детенце со ниска толеранција при грешка? Малку нешто да неможе да направи, почнува да плаче, да се нервира, да фрла. Јас и зборувам постојано дека нема ништо страшно, треба да пробува и слично ама во моментов џабе. Ќе и направам некоја активност, да вади нешто, да става во нешто, ќе се покајам 100 пати зошто повеќе ќе ја натерам да плаче, него што и е интересно. Дали сите се вакви или моево е карактерче луто?
     
  2. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Некое детенце со ниска толеранција при грешка? Малку нешто да неможе да направи, почнува да плаче, да се нервира, да фрла. Јас и зборувам постојано дека нема ништо страшно, треба да пробува и слично ама во моментов џабе. Ќе и направам некоја активност, да вади нешто, да става во нешто, ќе се покајам 100 пати зошто повеќе ќе ја натерам да плаче, него што и е интересно. Дали сите се вакви или моево е карактерче луто?
     
  3. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    20.566
    Пол:
    Женски
    Луѓе дали се тепаат вашиве? Како е почнат градинка само удира, клоца ако не му е по воља нешто. Па и уште лут седи, многу ми е интересен кога е љут ама воодено не знам што да правам со тепањево само се замавнуца со она рачено негово
     
  4. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.019
    Имаше период ама помина кај нас, и буткаше некој нешто ако и згреши, па и во градинка по децата. И ја фаќав раката кога ќе замавне и и зборам дека не тепаме, не туркаме, боли, не! Ама отсечно, и ваљда се плашеше од тонот дека обично не е научена така, па ќе си се изнаплаче и ќе се лути, па за скоро прекина да тепа. Може недела дена траеше, така нешто. Сега ќе се деси некогаш ретко ако е многу нервозна да мавне, ама одма сама скока вика не, боли, гушка, бацува.. Сеа како пишувам сфаќам може па многу сум ја уплашила :wasntme:
    Ама да не солам памет џабе, сите ми викаат дека женско па помирна била, може машкиве да се потешки.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.019
    Него колку време се заразни сипаниците? Детенце од блиски пријатели имаше пред 8 дена избиле, утре не викна на роденден дома демек поминале, ама не ми се замара сега и сипаници да фати и да се расправам и со тоа :^)
     
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    26.678
    Пол:
    Женски
    @Carolin. Кај нас знае малава во последно да и се пушта на дада, има среќа шо не и враќа ама она и ја провоцира, па инстикно малава се брани, ни секудна помината одма ја бацува и извини вика, за разлика од дада , она си е некој лев карактер искрено, лута од бебе беше и си остана, не мавна никое дете прва ама пипер е одма се кара, одма драма праи, посебно низ фамилијава сака да става редови. Така да, сигурно е и период, јас одма исто повишувам тон ако ја видам, од кога ќе се извини почнува со рикање и оди право кај татко и се жали дека сум ја карала ( буквално и благо не да и речам трча да се пожали)

    @kozuf толку траат до кај 7-10 дена
     
    На Carolin. и kozuf им се допаѓа ова.
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    8.696
    Пол:
    Женски
    @kozuf , јас не би одела, колку и да не се заразни.

    Макар што и како родител не би направила прослава ако детето ми е со сипаници. Ќе одложам за недела/две.
     
    На dromka и Carolin. им се допаѓа ова.
  8. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Моево не тепа ама многу се дере. Доаѓа баба и и вика: Оди си, да си одиш. На другите баба и дедо исто, само со татко ми е добра, он ептен и прави кејфови и ја чува.
    Слуша од братучедки и знае да опцуе. Завчера ја слушам вика: копук еден. Се запрепастив. Ја прашувам од каде го слушна ова, не кажува.
    Да одеше во градинка ќе речев од таму е, ова стварно не ми е јасно од каде учи вака да збори, ние дома не зборуваме вака. Дури некогаш ми е срам што ќе истреска пред други. Дали моево е само вакво или нормално е? :sweat:
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  9. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.574
    Допаѓања:
    7.833
    Пол:
    Женски


    За хиперактивно дете, што одвај може да смири тело и мозок, ептен ми помогна, си вративме рутина..
    Без видео, само аудио и пуштам, читаме, ужива во музичево, и право да ви кажам, го немаме дослушано :D
     
    На kozuf и Ceneva им се допаѓа ова.
  10. misli_si

    misli_si Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2020
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Женски
    Тие грешат. Не е работата дали поминале и нема да зарази други туку на тоа дете му е паднат имунитетот и може тоа се зарази со било што сега. Сезона на настинки е и сигурно сите деца што ќе дојдат некое гарант е болно со нешто. Не разбирам што им е толку итен роденденот. Нека го направат за две недели ако толку сакаат. Они си знаат
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.005
    Допаѓања:
    21.999
    Пол:
    Женски
    Заразна е 1-2 дена пред да се појави осипот и после 7-10 дена дур има осип. Во случајов во поголем ризик е детето што има сипаници. Имунитетот моментално му е паднат и не му требаат дружби со деца во сезона на вируси, барем две недели. Нигде не гори да се слави одма роденден. Ама родителите очигледно не мислат така.
     
    На dromka, Mother of 2boys, strelec231992 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. jolooo_

    jolooo_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2019
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    655
    Може предлог за чизми лесни за секој ден од кои сте задоволни?
     
  13. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.019
    Ќерка ми има берфут од k&k, за секој ден се ок ама се плитки не се за снег. Има и кандер, не се тешки и крути ама не се ни лесни како берфут. k&k ќе и се мали уште малку, па ќе си ги носи другите и во градинка, не планирам да купувам трети.
    [​IMG]
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.019
    Не знам каде да прашам, па ај тука да пробам. Дали ја има некој оваа книгичка,
    Благодарам од Ана Салтирова Давидовски. Сакам да ја нарачам онлајн за подарок, фина ми се гледа ама се плашам да не се глупости внатре :D[​IMG]
     
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.197
    Допаѓања:
    40.567
    Пол:
    Женски
    Јас втора годин зимам од Зара. Водоотпорни, меки и топли.
     
    На jolooo_ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво.
    Имаат ли вашите период на бебе фаза?
    Последниве 2 недели се однесува како бебе, пика раце во уста, лиже раце, завлекува со зборување, греши зборови, ги знае ама не ги кажува правилно, како да се врати чекор назад.
    Немаме бебе во близина или помал од неа за да гледа и имитира.
    Прстите и се начин да привлече внимание зошто и викаме немој и таа намерно само за да биде единствен фокус.
    Со спиење уште сме тапа, еве 2ипол саати заспиваше, за на крај јас да се расонам, пренервирам и сега да неможам да заспијам. Кога има активен ден со случки е бетер заспивањето. Мозокот неможе да и се смири. Прееска и и викнав, сега ме јаде совест, па си направив филм во глава.
    Дај опишете ми ги вашите на 2ипол години дали се исти.
     
  17. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    8.696
    Пол:
    Женски
    @Sun&Moon , што да ти пишам. Цела недела распоредот беше градинка и дома релативно мирно активности, не заспиваше екстремно рано ама бар побрзо.
    Викендов активности еден куп, Дедо Мраз, родендени, гости со подароци, ние по гости, успивање да си пукнеш. Да не може дете да се смири и да уста да затвори од раскажување на денот. По 1,5-2 часа ноќе.
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    20.566
    Пол:
    Женски

    Со спиење немаме мака сега, пу пу да не се заречам, ама градинка има удел за спиењево како таму почна да заспива сам исто и дома, навечер ме бара да него да легам, на пладне само легнува и кома е. Ама за лазење, пикање раце во уста... само му зборувам и пак истото, му велам пред некој ден ти не си бебе, тој ми вика бебе сум јас. Да го носам во раце, легнува да го земам како бебе кога бил живи глупости
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.672
    Допаѓања:
    113.773
    Пол:
    Женски
    Дојдов истово да го прашам. Се да е легнат врз мене, да ми е во раце, да квичи, да плаче без солзи... Коа ќе рече Држи ме во рацееее... Ми се темни. Или Мамооо каде си, ми тебаш! Одма, одма да дојдеш!
     
    На Mother of 2boys и Carolin. им се допаѓа ова.
  20. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    1.347
    Пол:
    Женски
    Внатре има да си пишува за што е благодарно детето на различни теми. Првата тема е за моето семејство, има прозорче за детето и за возрасниот да напишат за што се благодарни, има тема цртани за кои си благодарен, тема мали работи и така 31 тема. Ако сакаш ќе ти сликнам ќе ти пратам да видиш внатре како изгледа.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.