Мене ме потфаќа полека некој вирус, а и малото исто, он е со затнато носе, со болка и секрет во уши и поткашлува. Има температура ама не е страшна. Јас кркнав Виранто ќесичка, и вчера и денес, ме крева искрено брзо, се надевам нема да ме потфати поише. Имаме уште 3 дена во темава, емоции до плафон.
Со помин, на другарка ќерката од алергија и се воспалувале ушите, прв пат слушав, од ко открија на што е алергична не се имале воспалено. Се е можно сега нема правила ко што гледам... @Carolin. Со помин и вас, конјуктивит имаше минатата недела од петок почна па до среда беше дома. Од вчера е добар не поврати повеќе, сега денес очекувам дијреа, се молам да нема барем си јади тоа што треба, бара млеко оти си пие околу 200мл денот ама и за тоа разбра дека не смее вчера, се чудев со детево
И моево периодов на млеко и јогурт се има навртено. Ај јогурт пиел ама млеко никад и никако до толку што и чоколино со вода му мешав да јаде. Сеа млеко чаша, млеко со несквик, млеко со бисквити у сите можни варијанти го пие и јаде
Матичната никогаш до сега не спомнала ОРЛ, ниту пак дава упат за брис, не знам зошто кога логички е после повторувачки воспаленија да се направи тоа. Сега не знам дали можам да направам брис и дали резултатот ќе е веродостоен зошто почнавме со капките? Она кажа дека му се малку воспалени наводно, во едното имало и малку секрет. А осеќам чуден мирис на секретот. И кај мене се дешавало да имам чуден мирис зошто имам проблем со синуси, а брисевите да се чисти и сега не знам…
Ви зборат ли децата дека сакаат братче или сестричка? Моево сакал братче и секој ден тоа му е. Баш си уживам сега со едно дете, второ би ми дошло малку повеќе. Плус ова првово се погоди стварно злато дете, еве три години и никаков проблем ни за спиење, ни за јадење, со супер имунитет, ниту да е немирно, ... нормално дете ко дете, сака да трча низ дома, ама ништо повеќе од тоа. И јас сакам второ оти знам колку ми е мене поубав животот што имам брат, а и гледам колку се осамени децата што се сами, ама малку сум и себична, не ми се минува низ бременост пак, а и финансиски би значело да се откажам од овој убав лагоден живот. Оти нели дете не е само да го родиш, сака детска соба, сака облека, храна, само јалсите се 600 евра тука, плус треба фонд за возачка, студии итн да се планира.
Ова нека не ти е пречка да ги мислиш уште од сега. Ни на крај памет не планирам фонд за возачка или студии да и правам. Возачка сама си платив, татко и е стипендист. Од село во мк. Така да, за другите нешта да ги научиме, како сами да стекнат навики за работа и истрајност. Може да помогнам, ама да спие на тоа уво дека се ќе и решам, мало морген, ахам. Битно е да има стабилно и мирно детство, да ја не ја искомплексираме да има проблеми со самодоверба и чуство на вина, да има здрави заби и да има спортски курсеви, да ја граниме здраво и ментални предизвици да и овозможам. Реков јас еднаш, наци мама .
Другарка ми се породи и дојдоа на гости со бебето, ќерка ми имаше тантрум дека сака сестричка па сеа види колку ми ја пука главата со тоа За другите аспекти реално, сами треба да си решите. Никој тука не ви ги знае ни финансиите ни психата. Не е фино да се мешаме таму. Јас на пример до лани додека не застанавме убаво финансиски на нозе, немав незаштитени односи. Едноставно, секако сакав да спречам втора бременост. Можам само да кажам додека не си 100% сигурна, не го прај
Ке ја поддржам @јolene во ова. Ич не мислам од сеа на никакви фондови. Тоа што сеа му треба и сметам дека треба да го има го има. Возачка сама платив кога почнав на работа, не е по дифолт дека мора на 18години да си положил. По цело лето за време на факс работев за да си имам џепарац, за било што ми треба, факс не плаќав едино ми давале пари за период на студии превоз храна колку што сметале дека треба и колку што имале реално. Дека се на тацна ке му дадам мало сутра. Нека го изведеме на прав пат да биде човек пред се, па се останато може сам да си овозможи, ке помагаме колку можеме и колку ке имаме. Мене ова не би ми било пречка за втоео дете воопшто, ама сите ние знаеме како дома стоиме со финансии и дали треба да се одкажеме од нешто за да добиеме нешто. Додека не си 100% ич не раѓај. Околу мене со мене што беа бремени ист период веќе родија и второ некои се бремени со второ, јас немам намера барем додека синко не наполни 4 да раѓам второ.
Еве ја во 4 сабајлево, мама ајде да се гушкаме Мене ми се плаче за спиење ама битно се погушкавме некоја минута и така презаспа. Е не е секогаш вака ангелче, повеќе од пола од времето е право
Со крајници како е Бела? И јас сум за да отидете на Орл, мојата мала во една година 4-5 пати имаше црвени уши, а големата имаше проблеми со крајниците почнаа на 2,5г, и полипи во носот,од тоа имаше и често црвени уши, ги извади на 4г точно до сега еднаш проблем сме немале. За маалта ќе видиме, крајниците за сега и се ок.
@Jolene во Германија кај што сме јас и ти, студии и да не сакаш законски мораш да му финансираш. Нели ни даваа едни Фамилиенгелд 250 евра месечно. Е јас тие ги тргнав на страна. Зафркнато е што сега таа мерка ја укинаа. А за студии, моја желба е на децата да им овозможам барем тоа што моите ми го овозможиле. Преку лето работев и јас низ странство ама за време на семестрите не. Мое мислење е дека најдобрата инвестиција за едно дете е добро образование, а најголем подарок братче или сестричка. Ама со кризата низ Европа стварно страв ме фаќа, дека нема да можам ни едното, ни другото да му го овозможам.
Па не би требало капките да влијаат на брис, секако од нос и грло брис се зема, а како што знам најчесто инфекции на уво прават бактерии во нос и грло, ама ова лаички, не знам дали е така. И нашата не спомнуваше орл, брис сама си барав заедно со респираторен панел да се исклучи вирус и пак не даде антибиотик. Кога отидовме по 3 пат со воспалени уши тогаш не прати на орл, ама тогаш веќе бељата беше направена, како што ни објасни докторот на орл, закачиле некој вирус, паднал имунитетот и недолечената бактериска инфекција направила гнојна ангина, и воспаление на уво. Едниот беше со течност во уво, намален слух, другиот со мембрана пред пукање. Двајцата со трет крајник огромен, во еден момент тотално немаа проток на воздух до носот, сега малце почна да попушта ама уште хрчат и тешко дишат. Сега се на терапија двајцата и за некој ден сме на контрола, се надевам дека ќе се подсредат. Згора на тоа и сипаници фатија, плус некоја регресија со спиење, секое сабајле у 5 се на нога. Прекрасен предпразничен период. Извини, ти реплицирав и се се ипожалив
Да ама тоа беа две години по 250 евра. Не дека којзнае која сума е. Прво ти кај си, се едни од подобрите технички и медицински студии. Значи не мора да оди на страна, оти ао воз ќе стигне до уни. Ако учи, дома слободно може да седи. Не дека ти ќе го оставиш без храна, ама не мора да му платам 500к за универзитет во уса на пример. Еве и нрв нека оди за ит ако сака. Таму е еден од подобрите рвтх. Така да, има услови. Повеќе е додека се мали. Па да ги исправиш на прав пат, па додека заврши средно, сите курсеви и екскурзии. Тоа исто чини. Реално времето е нешто што најмногу ќе ти фали ако имаш второ. Се друго ќе стасате.
Кај нас во земјата кај што нели не даваат ант, за уво два пати ни пишаа ант и никогаш не ни дале локална терапија. Инаку го имавме лани ова што го опиша, со пукната мембрана на крај и дете што не не слушаше кога зборевме. Лечевме и не се додели и после месец време пак и се воспали увото и пак ант. Сакав да речам контрола обавезно после антибиотик да правите.
Дефинитивно ќе одиме на контрола, и за недај боже следен пат ако имаат мака со уво и грло директно на орл ќе ги носам. И докторот искоментира дека капки се даваат само кај воспаление предизвикано од вирус, ама вика не слушаат матичните и после ни праќаат деца во ваква состојба.
Ова во брзање пишав, не беше конкретно кон тебе, туку општо, да се надоврзам на постот. Штета што само вакви нешта учиме од искуство, а децата мака си тргаат.
Да, на орл одете. Син ми една сезона ги потепа ушите така, 3 пати антибиотик пиеше, и толку. Од тогаш натака немал воспалени уши. На орл го однесов и ми рекоа од крајниците дека е, фактички тогаш на уши само удрило. Не советуваа вадење, ама од тогаш да не го урочам добар е, па не сме размислувале за вадење крајници. Инаку од болка во уши јас имам многу страв, на дежурен сама го носев на орл само штом ќе се пожалеше.
Нема проблем со крајници. На орл секако треба да отидеме, не ми се допаѓа што толку често се воспалуваат.
Ооф бе мајка, на голема мака си, пуштам сила да издржиш. Ептен ептен ви се насобрало. Јас овој пат ќе го следам, ако не е подобар до понеделник ќе прашам дали може брис и покрај капките и ќе му направам зошто вака не сум мирна. Негде позадински има секрет што не сака да излезе. Прскам и морски раствор и Оперил и диво оригано и пак не се одзатнува целосно. Вадам нешто ама осеќам дека има уште.