Не идам да те утешам оти мислам со бебе дома ќе биде уште полошо бидејќи овие години се најлоши, ни мали ни големи се, треба трпение кое сите го губиме иначе кога се најјаки тантрумите после тоа следува помирен период, како во скок во развој се цело време. Ние уште маки мачиме, четврток малото почна да повраќа, следни 2 дена дијареа заврши тоа саботата, од вчера утрото почна тт да крева, ама па крева дп 38.5 и сам ја спушта без лекови, вчера така цел ден и дури вечерта му дадов сируп бидејќи цел ден беше омалаксан денес на доктор има црвено грло, леукоцитите 13.8 ама не бил за антибиотик уште па ќе чекаме, сабајле крена пак 38.5 ама пак си ја спушти сам без лек. Се надевам ќе прекини, неможам поќе
Добро нормално ли е веќе на неполни 2 ипол да почнува да бира што сака да носи . Џабе купив тренерки, не сака ни еднаш да ги облече. Има три, само три пара хеланки кои ги носи, и ако се е за перење, и е приморана да облече три други ,, прифатливи,, во моментот кога ќе види дека другите се чисти, се соблекува и пресоблекува . Мене ми е рано за оваа фаза. Уште сега ли мора сама да бира. Леле свашта значи. Се е розово фаза. Три дена немаше дремка. Сега пак сака да спие. Крај не и се наоѓа. Денес од сабајле и текна дека не сака пелена и цел ден оди сама да мочка на шоља . И сега оставив пелена пред спиење и и реков дека од сега натака, кога сме дома нема пелена, само кога ќе мора да одиме надвор, дека моментално надвор е минус кај нас, и кога ќе спие ќе носи. Дали ќе успее да сфати што и кажувам и како ќе продолжиме, ќе видиме. Јас ќе сум многу среќна да почне да кажува. Денес ни еднаш не се испушти. Детево секој ден, се нешто ново кажува, научува, логички поврзува. Јас сум воодушевена како сега дома веќе девојче имам, не е веќе мало дете .
Оф притисокот 200 ми е капилар ми пукна во око од тие глупости. 2 год и 2 м. Цел ден да е гола не сака да се облече. Топло е дома ама пак. И само кака кака ќе какала. Цел ден на нокшир седи веќе не знам која недела а кога ќе и дојде станува и се мочка кај ќе и дојде. Ако се искака пак го фаќа и го фрла насекаде. Да ме извините на израз ама само бараме какошки низ дома кај ги фрлила. Не сфаќам дека е страшно период ќе помине ама оди издржи го после сите тие не ги разбирам какви нејзини барања. Цел сран го прерура растура само елката не ја бута и пее елко елко и ја гали друго се како на бунипт куп куп и она ќе си игра со некоја аликичка или не знам ќе шара по ѕидот. Надвор нема шанси ни палто сака ни шал ни капа ни чевли. Градинка дома и обратно и тоа за во градинка заспана ја облекувам декакома е секое сабајле по бурното попладне. А во градинка велат најумно дете била. Не ми е јасно. А па тоа дека гола треба да кака од каде и е не знам. Само што ќе дојдеме дома бара нокшир и кака кака и до вечер тоа. Ќе успеам да ја заиграм нешто ќе се заигра може пет 10 мин и пак. Ќе го тргнам нокширот одма трескање додека не го вратам. Со сила ја облеков синоќа се боревме може цел саат и после плачки плачки Зграда во воздух да се крене мислиш којзнае што и правам а јас боди и облекувам и заспа. Ако ти е утеха не си сама а нокширот денес во канта отиде.
Значи сите вп иста каша сме. Јас не знам што да кажам, некогаш стварно сите копчиња ми ги притиска, почнувам да се сомневам дали сум кадарна родител да бидам пошто не е нормално оваа фрустрација да ја имам. Лани овој период исто беше неподносливо, 1г2м, па после додека да напраи 2 години беше чисто уживање и берење на цел плод. Сега е хаос исто, јас се надевам дека е фаза зошто ова е веќе скоро два месеци не можамм веќе.
Ооо да, да, многу нормално е да бира што ќе носи. Моето 3 сега наполни, одамна раце кренав на тема облекување. Ја носам во продавница, ја оставам да бира сама што сака, за да не биде за џабе сум купувала ако не и се допаѓа. Што сака, тоа нека носи. А тоа што сака се всушност фустани, фустани и само фустани, се разбира - розеви и задолжително со тул. Чизми има розеви, јакна има розева, се е розево. Инаку за другата тема за пелените и моево така направи. Стана едно утро и рече не сакам веќе пелени да ми ставаш. И толку беше, не згреши ниеднаш. За спиење и ставав неколку вечери и последниот пат многу се налути, почна да плаче и рече мама кажав не сакам пелени, ќе мочкам во шоља и ми ги фрли. Па така прекинав да и ставам и ноќе. 2 години и 3-4 месеци имаше.
Фаза е, ама долго трае 3.5 години се, секој ден се прашувам каде грешам и што треба да направам за да преживеам. Не те утешив, знам
Тамам се израдував. Од сабајле беше исто се супер. После дремката ја фати тантрум и еве уште не е излезена од него. Се намочка преска, не отиде. Ја охрабрив дека се е ок. Ставивме пеленче дека ќе одиме надвор. И еве нит надвор оди, ни па во тоалет оди . Готова сум ќе ја фрлам од балкон веќе. Ова вака ко не доспиена и во пмс сум, инаку можам повеќе да ја толерирам .
Пробав да ја однесам да одбере што сака, купив, исправ и после не не сакам. Од која возраст ти пали ова? Помала е мојата 2 годинки и 4 месеци. Ама исто само фустани, само розово, тул, светки плаче да спие во фустан. А ја сум кежуал тип, за по некоја свадба облакам фустан, па дали и тогаш, и ова ми дојде шок и се мислам со што го охрабривме ова, до скоро не поднесуваше фустани, роденден славевме во тренерки. @jolene нормално е очигледно
Има пред трет роденден регресија во спиење или моево од како е родено е во регресија? Трета ноќ со ред ние се гушкаме по 1 час на сред ноќ. Ајде се гушкаме, ајде се галиме, ајде не знам што... Ама знам дека ми се спие.
Има, ама ќе се среди брзо не се сеќирај, еве сме живи ненаспани и тоа почна сам да заспива. Пошто сум болна и јас, бронхит закачив, го оставив синоќа со татко му да спие и сам заспал ни а ни б. Само што пијавица ми е, тешка пијавица.
Јас имам приметено дека кога ме пука нервоза во пмс, она е многу понервозна, непослушна, вриска, плаче без врска. Уствари ја превзема нервозата моја. И маж ми доби брилијантна идеја, тие два дена јас да идам на шопинг, на фризер, на козметичар, кај сакам, битно да не им хистеришем по дома. И така, сите среќни по дома. Па на 2 ипол години почнав да ја носам сама да шопингува. Ама кај мене пали. Што ќе купи, стварно си носи, не се буни после. Инаку и јас сум кежуал тип, на работа по фармерки и патики идам. Ташна не носам, носам ранчиња само, а она на пример без ташна не излегува од дома и обавезно карминче става (лабело). А и мајка ми, сестра ми и свекрва ми се кежуал сите, нема ни од нив видено. Од кај и идејата строго по фустан да е, не знам. Што викаш, и за спиење мора да е фустан, па ја снабдив со спаваќи. Среќа се согласивме да носи пижами под спаваќа. Секако, пижамите се розеви со тул
Колку само не можам на сред ноќ муабети да терам Не знам што мајлстон сега достигнува ако има такви чуда, па на тоа да се должи будењето. Или премногу и доаѓа активности околу Нова година, кај во градинка, кај по дома, гости, играчки нови еден куп, па некаде се рефлектира. Туку те зачитав за Лего коцките бо другата тема. Имаме сетови Дупло тематски ама не и држат баш внимание, а и реално со 10-15 коцки нема како да прави којзнае какви форми. Баткото (врсник) со сетовиве за поголемки што се игра? Не сме купиле такви, уште тоа по дома да собирам. Дека на повеќето гледам 4+, 5+ години.
Игра со коцките на брат му да, вчера добија за Нова година нов сет и играа 2 саати на земја кај баба им. Е сеа не знам дали е до тоа, ама малово со се си игра, буквално секоја играчка кај него е изиграна до максимум. Ќе ја игра до крај. И скршена да е, он ја игра.
Среќна нова година мајки на тодлерчиња. Како се снаоѓате? Ве молам некој да ме утеши дека поминува фазата со нејадење. До година ипол јадеше се, еве веќе цела година не јаде, а имаме проблем со анемија. Не се секирав премногу бидејќи знам дека е фаза ама више почнувам да се секирам сериозно и ми доаѓа да плачам на секој оброк. Во пикот е на тодлерството, 2.5 години е. Се средило ли кај некој?
Болен беше и моментално е врв во нејадење, ништо не става во уста. Кога ќе рече Не давам и крај! Плука, брише јазик од мене, катастрофа!
За ова дојдов. Пред сѐ среќна нова мајки. Ви посакувам добро здравје на вас и вашите дечиња, повеќе трпение и дебели живци во 2026та. Моите се на најјако тестирање до сега откако е роден. Детево е станато таков инат, ако не е по негово вика “е сега ќе пачам”, одма го фаќа нервоза и се спрема за тантрум. Со јадење сме немале проблем откако е роден, освен кога бил болен. Ама моментално не е, а почна да не јаде. Ептен прибира, сите ручеци што ги јадеше сега не ги сака, ама ова само дома. Во градинка јадел најмногу од сите деца. Цело време го фалат како сам сркал манџа и си јадел сѐ што ќе им дадат. Дома само бара глупости, благо, крофни, кроасани, а конкретно јадење одбива. Јас сум строга на темата, не нудам опции, ама ни тоа не пали. Спремен е да седи гладен или да плаче за киндер јајце и да не јаде доручек, ручек итн. Во градинка нејќе да оди. Се буди од сон и вика “денес не одиме во динката” Си викам диши, период е ќе помине, ама многу ме тестира. Денес му кажав дека е многу лош, се навреди и од нервоза ме изгреба на сред чело. Само го тргнав од мене зошто бев на раб да го залепам една, па почна да плаче зошто сум лута и да се залетува да ме гризне. Не знам што е ова, ама станува претежок. Само бара нешто да му се купи. Кој како ќе дојде од домашните он прашува што му купиле. А задоволството кога ќе му се даде нешто трае 2 минути. Не знам дали грешам и каде, ама напорен е ептен нека е жив и здрав.
Нигде не грешиш, еве го до мене е истиот. Нажалост тоа е, растат, осознаваат и се ова е за нив фаза која подобро да ја поминат сега отколку како тинејџери. Не прашувај од каде знам... Инат голем колку планина. Само замисли го, вика Не давам, скрстува раце на гради ко стринка некоја и ржи, ржи како куче.
Среќна нова година мамасити. Нејадач мојот одамна, ама ова сега што се дешава не е било никогаш. Не морам да доручкујем. И денес прснав и го оставив гладен и не му дадов ништо. И нормално од глад дочепа банана да јаде, јаболка. И си реков веќе не се замарам, сакаш јади, сакаш не јади. На маса останав. Ми се чини животот таму ми се случува во последните година и пол. Епа и јас имам граници. Исто и за спиење денско, мама не мора да спавам и заспива за три секунди За некој работи супер разбирачка имаме и златен е. Ама за некој косата да ти се подигне. Ама тоа е. Нека ни се живи и здрави ќе помине и тоа. Ве гушкам сите
И мојата е иста. Дури се чуствувам дека потфрлам како родител бидејќи апсолутно ништо не ме слуша. Што и да речам не сака. Пример не сака да стане да оди во градинка, не сака да мие заби да се облекува ,да оди да мочка и општо се што треба да прави за инат не сака да го прави....
Мислам дека од 2ипол до 3ипол е кулминацијата, личат скроз на невоспитани деца, после полека се намалува се тоа и е нормален дел од развојот на детето само зависи кое дете и со колкав интензитет. Издржи до следна година ова време, гледам по внука ми, ептен беше тешка, сега е бајче, разбрано и смирено дете.