Форумџика на годината

Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    1.771
    Пол:
    Женски
    Мајки со генерациски деца размислувате ли за второ?
    Почнувам малку по малку да сакам, па ќе се освестам малку и ќе си кажам рано е, не сум спремна, ама почнувам да планирам и во глава си правам филмови.
    Како е кај вас? :D
     
    На LizzyGrant му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Butterfly30

    Butterfly30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2024
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    Јас мислев само ние сме хаос по дома :rofl:
    Со јадење и спиење сме супер ама луѓееее со овс фрлање кршење истурање јадење , сок вода не можаааам (facepalm)
    И што е ова што цело време тепа и кубе не знам више како да постапувам како да реагирам .. Заинтересираност за играчки му трае ептен кратко, ама затоа да се беси на кваките од вратите може цел ден . Сега па и почна за све да се лути . Во градинка секое сабајле го внесуваат со влечење е до толку плаче и после 5 минути како ништо да не било одма ми се јавуваат учителките уште не излезена од градинка дека се смирил плус викаат инат многу терал како ќе се издржи оваа фаза не знам :whew:
     
    На Carolin. и LizzyGrant им се допаѓа ова.
  3. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    Јас ни под разно не размислувам за второ, категорично сум не, и јас и маж ми. Се надевам после х време ќе се премислам :/
     
    На Giovanna, LizzyGrant и Sun&Moon им се допаѓа ова.
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.324
    Допаѓања:
    8.973
    Пол:
    Женски
    Категорично не, а веќе се повеќе околу мене имаат и второ или врсници со моето што биле втори деца, мајките се веќе бремени со трето.
    Нормално нема да се базирам на други фамилии, кој како си решил ама може некогаш и ќе сменам мислење. Годиниве не ми се за многу мислење ама што е тука е.

    За дете, на моменти и по дома е цело ангелче, во игротека, градинка, прав ѕвер.
    Во фаза е на мама, да цртаме, да боиме, да кажуваме песни, приказни, да слушаме музика.
    Не дека музика не се слуша и без мене до неа де.

    Ако нешто се радувам е што бар ќе почне ден да наголемува по малку, барем да на попладне повеќе да можеме да шетаме. За по дома веќе немам ни идеи што да правиме и само беспотребно купувам играчки. Може да речам дека 90% се стварно изиграни и се играат.
     
    На Giovanna, Carolin., LizzyGrant и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.802
    Допаѓања:
    9.180
    Пол:
    Женски
    Ист случај и кај мене.
     
    На Giovanna, LizzyGrant и Sun&Moon им се допаѓа ова.
  6. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.128
    Допаѓања:
    8.658
    Пол:
    Женски
    Категорично не. И многу осудувања добивам поради тоа, ама ич не ми е гајле. Стојам позади тоа дека на тие деца им треба здрава мајка. А јас да родам уште едно ќе отидам со психата сигурно. Зошто и сега не стојам на најдобро место во тој поглед. Така да не. Нека ми е здрав и жив синко и бог нека дава кај што нема
     
    На Giovanna, Mother of 2boys, kozuf и 4 други им се допаѓа ова.
  7. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.421
    Допаѓања:
    25.083
    Пол:
    Женски
    Јас со 2 сум, ама додека не направи 4 год првото дете не размислував за второ :D немаше сила да ме убеди, ни мене ни мм :rofl: пред 4тиот роденден на синко јас останав бремена со второ, 4 год и 8 месеци разлика се, идеална разлика значи, под 4 год да имав 2ро в лудница ќе бев :rofl:
    Морам да кажам дека со второво ми беше уживање, во секоја смисла, многу поинаква мајка бев за него од прв ден уживав, од прв ден, додека со првото бев во шок :) до 4 год :rofl:
    Љубовта меѓу нив па е нешто што се доживува :inlove:
    Ние сме уште болни, после стомачен, тт кај малиот денес и големиот почна со тт, кој 2, 3 години немаше кренато тт вака....
    Ај нека ни е среќна новава :party: како ја дочекавме и ја почнавме многу "ветува" :emo:
     
    На Giovanna, Mother of 2boys, Bella_Stella и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    1.771
    Пол:
    Женски
    Па и јас така си викам, 4 години разлика ми личи ок разлика, особено за прво девојче, природата ни е малку посозреана и мислам дека се поразбрани. Кога ќе ми текне дека треба пак да поминувам пораѓај, па постпороѓај и се што следи... кога ти е познато како потешко да е, место обратно. Тоа ме премислува.
    Баш би сакала да чујам од другите мајки зошто не?
     
    На Giovanna и lackygirl им се допаѓа ова.
  9. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    464
    Пол:
    Женски
    Цело време веќе размислувам на темава второ и сакам дефинитивно две. Не во моментов, две и пол има ама ете и јас мислам таа разлика околу 4 години би била супер.

    Кога ќе почнам да размислувам што, како (да овертинкувам што велат малдиве :lol:) почнувам и да се премислувм. Во стилот да не сум себична што сакам две? Дали ќе можеме да им се посветиме доволно? Дали ќе има финансии доволно? Зашто нели, сè ова е 'полесно' со едно. И нормално, самиот пораѓај ме плаши.

    Ама па толку сакам уште еднаш да имам бебе. Толку многу сакам да стане ќерка ми поголема сестра. Мислам дека тоа е највредното што можам да и го дадам. Не знам, размислувам гласно. Преблагословена се чувствувам и со неа, ако решил Господ да е само таа, пак ќе сум пресреќна и исполнета ама дека ќе ми си оди ова чувствово дека сакам да држам бебе, не верувам.

    Мајки со 2+, се преживува ки?:D
     
    На Skyler81, Giovanna, Sun&Moon и 4 други им се допаѓа ова.
  10. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    1.347
    Пол:
    Женски
    Јас не затоа што со едно ми стана многу лесно а и многу убаво. Како мало другарче ни е. И ми е страв да ризикувам да одам на второ зашто може сѐ да се смени. Ама може ќе се премислам, си давам уште неколку години.
     
    На Giovanna и Sun&Moon им се допаѓа ова.
  11. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    3.495
    Пол:
    Женски
    2ипол години се разлика моите. Јас ич не сакав толку бргу второ на почетокот. Таман првово пркна и почнавме да се разбираме и да спиеме повеќе и да се враќаме во нормала, си рековме ако сега не одиме на второ, нема да никогаш. Почнав да влегувам во некоја комфор зона и мислам како ќе поминуваше време се потешко ќе ми беше да се одлучам за второ. А сакавме уште едно не дека не. Па си напраивме муабет со мм, стаивме се на вага и рековме ќе пробаме. Јас најмногу бев исплашена од бременоста зошто со првото бев во кревет врзана. Ама како мислев ќе биде, добро и поминав со втората бременост. Ќерка ми е доста разбрана. Си има моменти ко секое дете ама генерално не можам да се пожалам. Она за основни функции ко јадење и спиење знае да е тешка ама за другото се разбираме. Со второво многу повеќе уживам. По смирена сум, по сталожена. Ваљда дека знам дека многу бргу лета време а не планираме трето и повеќе го ценам времето со нив. Иако ова породилно сум посветена повеќе и на големата. Од старт тргнав со таков мајндсет дека ќе уживам со двајцата и пу пу да не урочам за сега е добро. Малото 4 месеци има, не осетив кога пројдоа. Напорно е на моменти да, ама се топам кога ги гледам.
     
    На јolene, Skyler81, Giovanna и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    20.732
    Пол:
    Женски

    Сакам, ама сега не. Пред некој ден со мм го правевме муабетов, јас би сакала барем да има 3 полни детево па да почнеме со обиди, ова време догодина одприлика, кога би се родило второто би имал он веќе 4 и мислам дека каде каде полесно би било и за нас и за него.

    А што имаме другарки и познаници генерациски деца имаат и второ, кој бремени со второ. Мене ми е рано од сега.
     
    На Giovanna, Butterfly30, Sun&Moon и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.802
    Допаѓања:
    9.180
    Пол:
    Женски
    Јас во моментов не сакам, ќере е веќе 3 и пол години. Моментално не се чувствувам спремна во психички поглед. Ќере нека е жива и здрава многу е темпераментна и неразбрана. Инаку сакам две деца ама во моментов не. Би сакала можеби после 4ти роденден ама не знам тогаш како ќе размислувам. Затоа од сега ништо не велам.
     
    На Giovanna и Sun&Moon им се допаѓа ова.
  14. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    Колку години има? Да знам кога доаѓа отприлика лесното :))))

    Со маж ми е едвај се справуваме, не дека е нешто конкретно претешко или претемпераментно дете, ама не јаде, не спие преку ден и за навечер е борба, стандард болести градинка и е цело време пуштена на најјако, не застанува. Немаме ни физички ни психички енергија. А кога ќе видам некои со 2 under 2 се осеќам многу неспособна, и покрај тоа што знам дека на сите околностите и условите ни се различни... Ама баш се осеќам дека ич не ме бива.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.801
    Допаѓања:
    114.597
    Пол:
    Женски
    Значи јас сум луда ... И покрај тоа што второво е пребрливо, ако се фати трето би си го родила ич мака ќе немам. Не правиме, ама се дешава да се згреши, и се надевам искрено потсвесно. Само ако може едно девојче... Еве ја чекаме женската на тете, вујнава купува ко утре да нема. Тоа е машни, тоа е срциња, тоа е цвеќиња, тоа е аксесоари поише од мене има. Сега моментално чекам да стигнат нарачани балетанки, уште па дека во топ 3 е моето име, што јас го дадов, епа нема од мене посреќна вујна. Само по можност тоа доењето магично да се деси само и пелените да се тргнат со некоја магија, друго мака немам.
     
    На Skyler81, 1209, Mother of 2boys и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.324
    Допаѓања:
    8.973
    Пол:
    Женски
    Се повеќе и повеќе во околинава имам што чекаат трето или пред некое време родиле.
    Може да бев за нијанса помлада и со повеќе нерви ќе се решев и јас, Ок и други причини има што и второ ми е прашалник, а не пак трето.

    Туку @AngelOfArh , @Ano , тргнавте памперси?
    Сигурно уште имаме врсници ама не ми текнува во моментов.
    Може последни ќе останеме ние на таа тема.
     
  17. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    464
    Пол:
    Женски
    И јас да пишам на темава ако неповикана :D а и совет да побарам како да постапам веќе. Две и пол е, кажува пред да кака и сака одма да и се тргне пелената откако ќе се искака. Има неколку пати измочкано во нокшир ама не сака да кака во нокширот или во тоалетот, одма бара пелена. А уствари ја гледам не сака веќе пелени. Кажува Мочам и не сака да седи со измочаната пелена. Многу пати ја трга сама пелената и моча на под. Тоа мислам и е најомилено - мочање на под. На сабајле многу често се буди со сува пелена. Ама, не прифаќа гаќи никако. И иако се моча на под, (подобро и е отколку да моча во пелената дефинитивно) после плаче за пелена.

    Дали да ја форсирам работава или да оставам да ги 'тргне' сама?
     
  18. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.384
    Допаѓања:
    26.776
    Пол:
    Женски
    Останав со малава бремена кога беше големава колку она сега, 3г и 4 месеци се разлика, искрено премногу си се дружат и сакаат. Јас второво не го осетив искрено, занимација и е дада . Иначе погоре си пишала, најчесто после 6г почнуваат да слушаат, после 3г се дефинитивно најнемирни, после 4г е полесно ама веќе накај 6 може да се каже да се контролираат повеќе
     
    На 1209, Giovanna, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  19. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    1.347
    Пол:
    Женски
    3 години наполни пред 2 недели. За јадење ич не можам да се пожалам, има некои овошја што не ги јаде ама нема зеленчук што не го сака. За спиење така така, рано станува, си легнува покасно кога сме дома (периодов си е дома, одмори и празници) а кога е во градинка околу 9-9:30 заспива. Дење си спие уште.
    Знае да си плаче и да има тантруми ама најчесто кога е гладен и ненаспан се. Пред некоја недела плачеше од градинка до дома, ме праша што сум направила за ручек а јас му кажав будала (ама сакал он да погоди, не да му кажам). Дома дојде се најаде и одма друго дете.
    Вака малку е напорно што не седнува, а и не престанува со зборување од утро до мрак, малку сме изморени ама мислам дека тоа е стандард за мали деца.
    Болести пу пу оваа зима е подобро од лани, имаше 2 пати некој вирус ама многу полесно ги поминува од минатата зима. Еден ден температура, после неколку дена црвено грло, без антибиотик и така на нога му поминуваат.
    Градинка не засака и мислам дека нема, многу долго си одеше со плачење сега оди ама со жалење и едвај чека петок да дојде.
    Вака сите го фалат, многу е комуникативен, љубопитен итн. Како расте ќе стане сѐ подобро ќе видиш. Ќе можеш поинтересни работи да правиш со неа, полесно некако ќе го поднесеш заморот кога ќе видиш дека некои работи ги применува. Кога некое дете плаче оди го гушка, ни помага, ни вика многу ве сакам и не гушка.. станува само подобро и полесно, ќе видиш.
     
    На Skyler81, 1209, Giovanna и 4 други им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.801
    Допаѓања:
    114.597
    Пол:
    Женски
    Не, не сака да чуе. Доаѓа и ми вика Смени ми пеена, какан сум, не сушаш? Тебе ти викам, не можам какан да седам на тоуче! Е така. Сите планети ги распознава по боја, знае да ми мрчи за крисмански филмови, Гринч на памет го научи, ама за пелени мува не го лази.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.