Форумџика на годината

Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.324
    Допаѓања:
    8.973
    Пол:
    Женски
    Еве ја, пред некој ден носи пред спиење пелена ( а пола час пред тоа сменивме) и вика со стара пелена не се спие.
    Да бе, со никаква пелена не се спие ама оди разбери се.
    За мочкање се нафаќа на нокшир, за какање ако ја видам дека се кака, не сака ни да ја доприш во моментот, а не пак со сила да ја слечам и седнам на нокшир/адаптер.
    Се погоди еднаш само што ќе ја слекував да видам дека се кака во моментот, ај како ќе ја оставам гола ( на памперс легната) да заврши работа. Кога се укочи дете, мислам со страв беше со денови после. Цел запек направивме.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.128
    Допаѓања:
    8.658
    Пол:
    Женски
    Тема пелена и цуцла ми се болни теми.... Се осеќам како неспособна мајка што немам успеано да ги тргнеме пелените и цуцлата.
    Сине ајде на ноќшир.... Нечууу... Ајде тогаш на шоља.... Нечу има рупа
    Станува и вика идем да каким, чучнува и си завршува работа во пелена. Значи знае кога се дешава и кажува после тоа мама ја сам какио. Ама никако не сака да седне на нокшир.
    Цуцлата да не зборам која мака, голем си бљак е цуцлата.... Нееее није бљак чиста је. Само ја кријам инаку цело време ќе е со неа. Сега за мк ќе доаѓаме и велам да пробам да му ја тргнам дур сум таму и маж не е со нас. Тој е попустачот и да не го слуша ќе му ја даде, жал му било, а не е свесен дека така само полошо. Ќе има плачки и хорори знам ама морам да пресечам веќе редно е
     
  3. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.206
    Допаѓања:
    40.582
    Пол:
    Женски
    Абер има, ама далеку сме. И мочка и кака во нокшир ако го ставиш, ама да каже абер нема. Баш минатиот викенд ајде ќе вежбаме, се договоривме дека ќе го оставиме без пелена ако кажува. Првиот пат мочкаше на нокшит со прашување, вторит пат исто, на крај на третото завтрши работа во гаќи (facepalm). Ќе почекаме очигледно.

    Првото ми беше бајче и мислам после годинка бев спремна за второ. За жал или за среќа, разлика ми се 5,5 години. Големиот ми е сеуште бајче, криво ми е кога ќе го искарам. Ама малово :x еве сега пред третиов роденден влезе во ужас фаза. Само да се треска од земја. Неколку пати дури не вади од памет зошто почнува да плаче од нигде, а ни самиот не знае зошто:drunk:.

    Дојдов и да ве поздравам. Слабо време за пишување со ѕверов дома, ама бар Нова Година да честитам.
    Малово од дедо мраз бараше чоколатце, смоки, сокче и играчка што пее. Зошто сите можни мечиња што пеат, раскажуваат, дишат веќе ги имаме, најдов едно глувче (или капибара како што он го вика) што повторува што ќе кажеш. Е само ќе кажам немој некој да се зезне да го купи, освен ако не сакате по цел ден пискало да слушате. Нема шанси да даде да го изгаснам да одмориме мозок. (facepalm). Кај и да е ќе го фрлам од балкон.
     
    На Skyler81, lackygirl, Bella_Stella и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    10.765
    Од секогаш се замислував со две деца, ама како поминува времето, почнувам да си кажувам дека и со едно да останеме нема да е крај на светот - пред се за мој мир и од што не сакам да правам ништо со притисок. Ама знам дека длабоко во себе не ми е затворена темата.

    Најпрво ич не сум воодушевена од идејата да поминувам низ бременост. Иако терав релативно нормален живот, ја памтам како екстра напорна, со многу повраќање, боцкања, нон стоп по лекари.

    Ќерка ми да е жива и здрава е многу енергична и захтевна, издишани сме секој ден од умор. Има полесни и потешки денови, ама додека не се потсмири малку не помислувам да правам второ. Ич помош немаме, специфични работни околности имаме и јас и маж ми, што ќе успееме сами да организираме тоа е. Влеговме во некоја шема и ритам што не однесе во комфорт зона и помислата повторно да почнуваме од нула ни е застрашувачка.

    Од друга страна се тешам дека може второто ќе е помирно, ќе се дружат со големото, полесно ќе одат некои работи и како и сите други ќе се снајдеме ко што би рекле - кај едно, таму уште едно (tumbleweed)
    Колку и да ми беше напорна бременоста, а и секојдневиево сега, немам апсолутно никакво двоумење дека се вреди за сонцево што си го имам до мене, па верувам дека ако еден ден се решиме за второ дека ќе се снајдеме повторно и ќе вреди целото искуство колку и да е тешко.

    Ама до тогаш, збираме сила :D
     
    На Skyler81, Carolin., lackygirl и 10 други им се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.339
    Допаѓања:
    47.443
    Пол:
    Женски
    А мојоб па не дава да му ја тргнам и да мијам, маката е со тоа моментално. Живци кинам. А свесен е дека моча и кака, секогаш кажува, мочање може во туте или на плочки, ама за какање одма бара пелена и после брканица за менување. Не знам до кога ама вака при крај сум со нерви, не ми смета уште да носи пелени, ама не сакам да го бркам за миење.
     
  6. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.327
    Допаѓања:
    51.199
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми носи памперс кога спие и кога кака.
    Значи кога и се кака не сака да чуе за нокширче, сака и памперс и готово, а за мочкање со мочка во нокшир.
     
  7. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    1.771
    Пол:
    Женски
    Исто. 2 и 8 месеци скоро е.
     
  8. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    Препорака за некоја играчка како little people ама да ја има тука у Македонија. Сака да става човечиња у коли и да ги вози, сега тие од stranger things почна ама не се фаќаат сите и се нервира.
     
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.043
    Допаѓања:
    22.112
    Пол:
    Женски
    Исто! Еден од знаците за спремност да се тргнат пелени е баш ова, да им пречи нечиста пелена. Е на мојов не само што не му пречи, туку и може да си шета и игра со неа без проблем. А ако кажам да ја смениме бега низ цел стан како не знам што да ќе му правам. А знае за мочкање и какање. Некогаш свечено најавува “мама какам” и прекинува со тоа што правел и кака, а после бега да не го пресоблечам. Во последно време не ни најавува, си кака и си тера работа, мака нема. Знае откако ќе се измочка/искака во пелена да рече дека сака на нокширот, а он уствари веќе завршил работа. На адаптер не ни сака да седне, а на нокшир има завршено работа може 3-4 пати и после престана да сака. Правевме и овации и сѐ живо, џабе! Го*цето мислеше дека е пластелин :whew::D едвај се убедивме дека не е и дека се фрла во шоља. На кратко кажано, не е спремен. До сега ми оди по “планот” со одвикнувањата. Од цицање планирав до 2 години да го одбијам, го одбив месец ипол пред да наполни 2. Од цуцла планирав до 2 ипол, го одвикнав на 2г и 5м. За пелени почнав уште есента да му објаснувам ама не гледам спремност и не форсирам. За првиве две одлуката беше моја, ама за пелените дефинитивно не е така. Си реков докај 3 ако успеам ќе биде супер, ама и да не успеам ништо страшно, летото сигурно ќе биде. Не си стварам притисок.
     
    На Skyler81, Carolin., lackygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  10. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    Ние почнавме со одвикнување летоска, паралелно и дома и градинка и беше катастрофално, во градинка правеше се ок, дома нејќеше да види ни нокшир ни адаптер и си какаше во гаќи и мочаше насекаде. Во демекври дигнав раце и реков ок доста е, кога ќе биде спремна тогаш и престанав дома да спомнувам. За неколку дена преку ноќ, еден ден стана и почна да моча на нокшир, сама, без притисок или потсетување... Сега сме само на пелена за спиење.
    Читав и тука други членки дека преку ноќ исто така дечињата ги ваделе пелените така да само со нивно темпо, може и да е на лето а може и да е за 5 дена.
     
    На 1209, Giiirl23 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  11. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.421
    Допаѓања:
    25.083
    Пол:
    Женски
    Јас немам план за одвикнување го гледам дека не е спремен, 2 год и 4 месеци, на оваа возраст првото какаше на нокшир веќе, на 2и пол точно фрлив пелена и дење и ноќе, ама не ми е ич тоа мисла, едноставно ќе си чекам сам да почни нешто да прави :D исто како на @Bella_Stella кажува кога е какан, вели Посран сум :D :D ама ми вели почекај ме :D не остава пелена да му сменам, значи почнав да му велам дека бубачки ќе дојдат во пелената кај какето и ќе му го каснат газот и џабе се смее :D и тоа си велам не треба вака да му велам ама не бре брате нема страв овај од ништо. Па здравје на лето 3 год прави тогаш ќе настапам јас :wasntme:
    За заби миење му покажав видео како идат кај забите чудовишта и еве 2 месеци редовно му мијам заби стои, пред тоа беше невозможна мисија.

    За сите што се двоумите за второ да си родите :rofl: се поминува, еве го и второто порасна :sun: и јас нејќев бременост, немав проблеми фала на Бога ама ја нејќам таа состојба, едноставно неможам да се поднесам сама себе, а кога би била помлада можеби и 3то би имала, сега нема шанса, да родев 2 до 30 год можеби ќе беше друга приказна, сега веќе не, 36 год си ги имам и веќе се ме боли :D башка трет царски не не не никако :^)
     
    Последна измена: 5 јануари 2026
    На 1209, Giiirl23, Giovanna и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.043
    Допаѓања:
    22.112
    Пол:
    Женски
    Баш така, кај нив промените и преку ноќ се случуваат. На таа тема сум строго против форсирање и ич не ме интересира од страна кој што мисли и коментира. Нивната спремност е пресудна, нормално и нашата помош во целиот процес е важна, ама најмногу е до нив.
     
    На Skyler81, LadyInPainting, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.043
    Допаѓања:
    22.112
    Пол:
    Женски
    Ма ни бубачки палат ни ништо. Освен да му ветиш нешто што многу го сака, да видиш како легнува за секунда и седи мирен. Ама немам намера да го поткупувам за менување пелени. Маж ми си најде една финта, му го прави интересно менувањето, со брзи потези како робот демек и му дозволува на него. Мене не ми пали тоа, изгледа не сум доволно интересна. :D Проблемот е што не е секогаш дома татко му, мора и јас некогаш да го пресоблечам.

    За забите почна да дава сам преку ноќ. Му зборевме да ги миеме да се бели, да не поцрнат. Па песничката од Биби и Боби ја пееме и прво ги мие сам па после ми дава мене убаво да ги исчеткам.
     
    На 1209 и lackygirl им се допаѓа ова.
  14. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.421
    Допаѓања:
    25.083
    Пол:
    Женски
    Кај нас така кога го преслекува свеки одма го убедува, ама мн му зборува, нешто ќе му кажува како приказна и овај си легнува. Јас немам толку нерви :wasntme: Еве моментално преговараме, какан е врќе 10 мин, почекај ме ми вели :D
     
    На Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.339
    Допаѓања:
    47.443
    Пол:
    Женски
    И мајка ми и свекрвата успеваат да го убедат за секунда, јас немам нерви и време да ги убедувам така, па се бркаме, а знам дека уствари повеќе нерви и време губам така :D

    И јас не го форсирам, му зборам само повремено ама ќе го чекам да си каже.
    Со моето дете џабе е налегање за било што, оти така само го предизвикувам да го прави спротивното.
    Ова е карактеристика на татко му која највеќе ме нервира и ден денес, за жал и син ми ја има.
    Не ми збори за нешто ќе го направи, ама ако си малце подосаден и налегаш за нешто, заборави дека нелогаш ќе биде завршено.
     
    На lackygirl и Carolin. им се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.043
    Допаѓања:
    22.112
    Пол:
    Женски
    Одбивноста кон градинката му почна од пред месец дена, ама денес после празниците е екстремно. Уште вчера кога му најавив дека ќе оди почна да плаче и да кажува дека не сака да оди, дека сака дома да си игра со мене. Сабајлево кога сфати дека стварно ќе оди пак почна да плаче, ама толку тажно плачење, душата ме боли. Едвај се убедивме некако и излезе од дома смирен. Синоќе ми кажа дека учителката му рекла дека мајка му не сака да го земе. Вика “тета Х вика мајка ми нејќе да ме земе”. Јас почнав да објаснувам дека мама сака да го земе ама е на работа и кога ќе заврши од работа брзо вози за да стигне побрзо да го земе. Дискутабилна е веродостојноста на изјава на 2 ипол годишно дете, ама до негде и верувам дека така му имаат кажано. И двајцата сме до 4 на работа, немаме кој друг да ни го земе порано и секогаш останува последен. Најверојатно некогаш кога чекал му има кажано така. Да ја видам ќе ја прашам. Ако се толку мизерни така да му кажуваат не знам што да кажам.. Може во одбивноста за одење и они имаат придонес. А па упорно прашуваат што му станало, зошто почнал така да плаче. Не знам како да го надминам ова чувство на вина што мора да оди во градинка. Татко му е многу ладен, како да не го допира тоа што плаче. Дете бил, фаза било, што можел да направи. Мене еве срце ме боли, седам и само мислам како му е таму, дали плаче и што прави…
     
    На Erika.greeneyes и 1209 им се допаѓа ова.
  17. Butterfly30

    Butterfly30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2024
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    Само што пишав во друга група исто сме и ние неколку месеци веќе сабајле е хаос со вриштење со влечење го внесуваат од што плаче премногу , и тоа само додека влезе 5-10 минути после викаат друго дете е супер е внатре све . Татко му сабајлево го носеше им избегал од училницата плачел премногу. Како ке се издржи Денов не знам од мисла
     
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.043
    Допаѓања:
    22.112
    Пол:
    Женски
    Син ми денес плачеше уште од дома, таму каков е планирам да се јавам до после и да прашам. Кога почна ова не плачеше од дома, само негодуваше и не сакаше да оди, ама на крај ќе се убедевме некако и тргнуваше најнормален, влегуваше внатре исто нормален и после таму почнувал да плаче. Стоел на прозор и викал мама, тато, дојди и плачел. Викаат ако не се исплаче не му почнува денот. Многу ми е чудно зошто он е многу неплачливо дете, особено во градинка не плачел претходно никогаш. Ептен убаво ја прифати и цела година одеше без проблем, што е сега ова стварно не знам..
     
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.384
    Допаѓања:
    26.776
    Пол:
    Женски
    Оваа возраст се многу посвесни дека се без нас, а не доволно свесни дека истиот ден ќе се земат.
    Е сега, јас имам слушнато од повеќето дека учителките баш и не бираат зборови и постапките им се скроз непрофесионални, дури знам дете од што почна силно да трепка од кога највероватно според негови зборови учителката велела ќе земела стап ако не се смират ( што можеби и зела за да ги уплаши ама не и мавне оти туку тама трепкање не иде)... посебно постариот персонал имаат органичени размислувања и користат методи за смирување на кои ќе им упалело на генерациите наши ама не сега. Не знам како сте со родителски ама јас би побарала разговор со објаснување од нивна гледна точка какви однесувања има детето, вештини, моторика, од ваша страна како е дома. Свесна сум дека е поразлично од тука ама еве ние имаме секој родител посебно термин за разговор и детално ни ги опишуваат децата какви се, на што треба да се посвети внимание повеќе, ако тоа не го имате вие, побарај го прва ти пошо из чиста мира после долго време никој не плаче. И според мене не треба многу долги паузи да правите, дома си е дома за секого камоли за мало дете.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.927
    Допаѓања:
    6.536
    Верувам дека не лаже, може му рекле мајка ти не може да те земе, а не би ме изненадило и да му рекле не сака. Од мое искуство навистина не бираат зборови што ќе им кажат а многу и спијат на тоа уво, мали се да кажат дома. Ама не сите деца не кажуваат дома. Имав случај да една од учителките да искоментира нешто сосема неприкладно на син ми, он ми кажа дома и многу се налутив, се јавив на учителкатата ама не се скарав, само пренесов што ми било кажано да знаат дека дома кажуваат па можеби следен пат ќе припазат на речник. И одма имаше деца, измислуваат. Ама детево не ни можеше да разбере зашто коментарот беше саркастичен и безобразен, не може да го измисли.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.