Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.384
    Допаѓања:
    26.776
    Пол:
    Женски
    Моите зе вакцинирани ( 2 г и 5г ) кај нас вакцината е со спрејче во нос.
    Големата во декм закачи некој вирус и непрефати сите дома освен малава, брисот на инфлуенца беше негативен. Кажано ни беше дека и ако фатат инфлуенца ќе оди тт до 39 максимум ама и симптомите ќе се помеки. Знам дечиња без вакцина што 2 недели не можеа глава да кренат, иако вирусот што го имавме ние беше ужасен исто 3 дена во кревет.
     
    Последна измена: 9 јануари 2026
  2. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    @Bella
    Јас го имав истиот проблем, од нигде никаде почна да плаче на носење и зимање. На негователката и се испушти дека и кажала нешто такво дека ако плаче нема да ја земат. Јас сакав да ја отпишам од нервоза ама се смирив. Со нив не можам да се разберам ама почнав нејзе цело време да и зборам и особено пред спиење, дека секогаш безразлика на СЕ мама или тато ќе дојдат да ја земат од градинка и дека ако некој и збори поинаку не треба никогаш да верува во тоа. После некое време престана да плаче. Мислам дека имаше удел моето зборење и повторување безразлика што делуваше како да не ме слуша. И сега знае да каже мама и тато се на работа па после ќе ме земат.

    Немам зборови за некои негователи, дали им е гајле или не сфаќаат каква штета прават нивните зборови и дела не знам. Збори и со нив, ама збори и со него цело време.
     
    На Bella_Stella и Carolin. им се допаѓа ова.
  3. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    2.390
    Пол:
    Женски
    Кај нас од 3ти роденден почнаа да се канат. Уште лани јануарските тројки почнаа. Сега нова тура родендени, 4ките ги славиме. Покана се праќа во групата родители, а досега сите канеле. Мојот е од најмалите во група, во ноември наполни 3, цел месец збореше за другарчињата од градинка дека ќе му дојделе. Најмногу за нив се радуваше. Како што можев да видам досега, најубаво си поминуваат на родендените кај деца од градинка, како различно дете да имам кога е на роденден кај другарче од градинка во споредба со роденден кај детенце на пријатели наши.
     
    Последна измена: 9 јануари 2026
    На AlmaOculta и Miss_S им се допаѓа ова.
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.324
    Допаѓања:
    8.973
    Пол:
    Женски
    Кај нас обратно пак, ние сме тие што треба да го кршат мразот со покани, во првите.
    2 родендени поминаа минативе денови, покана бар засега нема никој пратено, освен ако не слават понатаму.

    Барате потврден одговор кој би дошол?
     
  5. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    2.390
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш дека ќе се радува девојчето на другарчињата од градинка, биди прва ти што ќе пушти покана :)
    Кај нас лани првиот што пушти покана имаше пишано за потврда на присуство и спонтано така продолживме. Кога ќе стигне поканата директно одговараме кој ќе дојде, што мислам дека е сосема коректно за да можеш да си планираш број на гости.
     
    На dromka и Miss_S им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.800
    Допаѓања:
    114.597
    Пол:
    Женски
    Не, од првото дете знам дека отприлика идат макс 14 дечиња со родители.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    8.374
    Пол:
    Женски
    Ние прв пат на 4 славевме со децата, 3 мислам кој како, некои славеа, некои не. Од 4 почнаа скоро сите бидејќи тогаш децата се дружат меѓу себе, претходно секое своја политика си тера. Мада и од 3 веќе може. Од искуство и од градинка и училиште, од 10 до 15 деца се собираат по родендени, 90% истите што одат, одат секаде.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    1.347
    Пол:
    Женски
    Не баравме ама 10-15 деца обично доаѓаа на родендени и ние бевме во последните. Инаку ок е да пишеш да ти потврдат. Ние немавме ич други деца, не дојдоа, само од градинка другарчињата.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Zulejha993*

    Zulejha993* Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Здраво, мајки денес матичната ни го даде бекутанот напоменав дека нема апетит не јаде детето. Додека јас ги имам молерс омега дома му ги давам, па заборавив да и кажам е сега дали е исто тоа дали да давам и од тие и од тие ?
     

    Прикачени фајлови:

  10. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.126
    Ова е истото мислам, нема потреба и двете да ги даваш. Да не ви препорачале Бекутан б комплекс случајно а не омега?
     
    На Zulejha993* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Zulejha993*

    Zulejha993* Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Па и јас мислев истото, не б комплекс спишува мулти омега.
     
  12. misli_si

    misli_si Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2020
    Пораки:
    571
    Допаѓања:
    425
    Пол:
    Женски
    Здраво. Има ли некоја мајка што ги поминала сите фази да ми одржи курс за чување на дете. :) Де не дава да и сменам пелена не сака да се соблече па после гола да била па не дава да ја облечам. Па ќе јаде па нема да јаде па не знам што. Па не сака чорапи па не сака капа па палто сред зима надвор соблака. Па чевли. 2 години и два месеци мислам оваа фаза 5 месеци трае досега. Кога завршува?
     
    На Ceneva и kozuf им се допаѓа ова.
  13. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    20.732
    Пол:
    Женски

    Нема да те утешам, ке се надворзам на макава. Беше болен недела дена не соблече пижами значи се корне од плачење со солзи, пижами да не можам да му соблечам и ај јас болен греота секако низ дома сме најмногу нека седи, а бре надвор под скафандерот пижами имаше среќа никаде не одевме. Оздрави дете пак не сака да соблече пижами, он плаче се тегне јас соблакам па дури и страв ме фати нешто да не му искршам. И сеа го плашам со волкот, колку ми е паметно не знам ама барем успевам наутро да облече алишта, а навечер пижами. Исто и за надвор изчегување пола саат минимум ми проаѓа во убедување за надвор после уште саат за дома да си одиме и така се у раце ми заспива неделава на кај дома идејќи.
    И врвот беше минатата неделе плачеше за да спие со скафандер, чизми и капа на него. На крај бев да го извадам надвор да спие на балкон у количка ама полу заспан некако дозволи да го соблечам.
    И така само живци јаки и тоа.
     
    На merriel0, 1209, lackygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  14. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    1.058
    Од мене по еден лајк за поддршка @misli_si и @Carolin.
    Недела дена спиеше во фустани, со тулови, со све. Па "заедно" заклучивме дека не е удобно, дека ќе бидат фустаните за ден, пижамите за ноќ. Повторувам милион пати. Па некако прифати еве сеа се облекуваме без мака, до кога ќе видиме. Иначе знаеше да стане по 5 пати во ноќта да плаче за фустан.
    За другото исто, едвај се убедуваме да излеземе, после плаче и се фрла не сакам дома, не сакам да спијам, не сакам розовата чаша. Неколку пати така не и се допадна во која чаша/чинија и е послужено на мадам, па од нервоза истури. За ова стратегијата ми е да не понудам друга храна или пијалок некое време, ама од една страна е сурово, од друга не ни успева..
     
    На 1209, lackygirl, јolene и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.128
    Допаѓања:
    8.658
    Пол:
    Женски
    Нема ни јас да те тешам, ќе заврши и јас не знам кога ама ќе заврши некогаш. Јас за облекување облекувам и тој си плаче и јас не реагирам и се така. Сум пробала се и пак на крај плачки. За надвор облекување исто прави проблем дур да се облечеме после веќе не, ама јас фатив тактика .... Отидов јас Давиде, ти седи си сам дома. Одма трчи да го облечам. И пу пу капа не вади како порано. Бил војник со капата и така некој финти функционираат.
    За јадење финти немам се е со уцени и на крај цртани за да касни 5 залаци. Обеле косата од седење на маса и молби ама тоа е.
    Нека се живи здрави ќе пораснат после други маки ќе тргаме а за овие ќе се смееме. :l::hug::l:
     
    На 1209, kozuf и misli_si им се допаѓа ова.
  16. misli_si

    misli_si Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2020
    Пораки:
    571
    Допаѓања:
    425
    Пол:
    Женски
    @Ceneva @Carolin
    Она фустан нема облечено од 1 роденден. Тогаш уште не беше свесна. После тоа и облеков еднаш и кога почна да го тегне да се треска и вреска страв ме фати да не се повреди. Скафандер исто. Само што ќе го види бега. Ни да го доближам до неа. Само бебе кога беше и облекував. Надвор не може оти не можам да ја облечам а дома не бива оти збеснува. А не можам секогаш и по молови да ја носам. Градинка дома и обратно. Не сака да заспие па после не сака да се разбуди. Ноќеска имавме и ноќен терор. Вторпат ни е ова. Првиот беше пред десетина дена ама тогаш беше болна со вирус, уште не јадеше нормално и малаксаност од тт. Веќе и поминуваше ама уште беше слаба и мислев од тоа е ама сега не знам сред ноќ околу 12 кога почна да вреска. Ни спие ни е будна може некои 15 мин не се смири. Плаче и вика по мене а до неа бев. Нема како да и помогнам. Во бунило некое. И се си викам готово помина ама ете пак. Со душа чекам лето барем надвор да се истрчаме па се надевам следното зимо со три подобро ќе биде. Слаби сме сега и со комуникација не можам да се "пазарам" со неа. Кажува неколку зборови ама мал фонд имаме. Овојпат какана ј мочкана лом не дава да ја тргнам пелената. Уште па кога успеав некако и вика :Чао како. Тоа и беа првите два збора сврзани. Сега научи млеко да кажува и само повторува млеко млеко и јас ко ненормална правам а не дека и се пие. Може и се јаде она млеко вели. ..има уште многу ама ај да не ве замарам поздрав до сите и фАла за споделено. Барем знам дека има и други не е само моево оти како ги гледам другите како кукли изгледаат во споредба со тоа шти ние имаме дома.
     
    На 1209, Ceneva и kozuf им се допаѓа ова.
  17. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    1.771
    Пол:
    Женски
    Ај да видиме дали сите делиме исти маки. Одамна се токмам да пишам ама се немам време. Денес почнав на работа и малку да се одморам од дома.
    Не знам што е со периодов, најверојатно е здраво однесувањево ама јас некако немам трпение и живци за се.
    Не знам дали и посветував премногу внимание, па сега цел ден е ајде мама да си играме, ајде мама дојди, ајде со мене. Неможам ништо да направам, сака цело време внимание. Ако не го добие, прави нешто намерно. Дај вода, дај да јадам, ќе се удри намерно, ќе падне доле на земја демек паднала, се ќе направи само да бидам со неа 100%. Јас некако сум нервозна деновиве и се ми смета, па после ми е жал ама стварно неможам од сабајле до вечер да играм, да зборувам и да бидам со неа нон-стоп. Го има некоја мајка ова чувство или да се чувстувам дека не сум добра мајка?
    Многу глупости почна да прави, за навечер за спиење не знам дали да зборувам веќе, ќе легнеме, она пее, се дере, соблекува чорапи, фаќа во струја, значи се намерно. Ќе ме изнервира, ќе викнам, и тоа сака на крај. Се само да и обрнам внимание. Си се смее и си тера, а јас вријам.
    Прошетана, дружена, зборува 300 на саат, надвор е културна, мирна, послушна ама дома..хорор.
    Како е кај вас? Дали е до детето особено со поврзаноста да правиме се заедно или е фаза?
     
    На 1209, Skyler81, lackygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.324
    Допаѓања:
    8.973
    Пол:
    Женски
    @Sun&Moon ,и јас ја забележувам мојава дека најголеми глупости прави ако не и се обрнува внимание, а не можам ни физички, ни никако 24/7 да сум со неа.
    Истото, ќе удри со раката во маса, намерно и вика, ете сега ме боли раката.
    Или намерно ќе скокне од кревет на под, па имаш еве паднав.
    И искрено го игнорирам тоа. Колку повеќе се караме, толку почесто прави такви чуда.
    Веќе многу работи сака да прави сама, гледам да е безбедно и прилагодено за неа и толку.
    Ако јадам, а бара пример да читаме, и објаснувам дека сега јас мора да јадам, па некој филм како ќе бидам тажна ако сум гладна или ќе ме боли мешето. Или ја оставам со книгата до мене на трпезариска маса, таа да врти, јас да измислувам приказна, битно активност што сум почнала да не прекинувам и да трчам како без глава.
     
    На 1209, Sun&Moon и kozuf им се допаѓа ова.
  19. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    1.058
    Ако не може да се искаже знај дека и од тоа се фрустрира, работете на говор, сликовници со ликови што ги сака, глумење пример со подебел глас кога читаш што рекол волкот ако не сака да седи да слуша, едноставни реченици, многу трпение, ден по ден ќе биде подобро. Сакаат да се во контрола, да има избор и да се осети успешно, веќе е созреано мозочето за тоа да го бараат, иако не се баш способни. Сосема нормална фаза од развојот, дури и позитивно е дека убаво си се развиваат и растат :)
    За излегување пример ако имам работа и сум сигурна дека мора да одиме, отсечно кажувам дека треба да одиме, сакаш тие или тие патики. Или сакаш сама да го облечеш палтото или јас да ти го облечам. Обично сака сама, па чекам додека да успее сама после 15 обиди. Е ако не се сите овци на број, ненаспиена, ненајадена, болна, ништо не сака. Тогаш ја земам и си терам и си плаче и кажувам дека ја слушам и знам дека не сака ама мора да одиме. И се дере низ плачење ама не мораааааа. Ако сум јас одморена и ок, се смеам на ова баш ми е слатко, ама ако не.. oh well
     
    На 1209, Carolin., misli_si и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.421
    Допаѓања:
    25.083
    Пол:
    Женски
    Леле на иста мака сум :D :D не е можно хахах има неколку дена можи и недела е само пижами сака да носи :( поќе сме дома ама за излегување плачи за пижамите Сакам бижамии (facepalm) кај мајка ми и по пижами го имаме носено ^_^ ама ајде таму некако прајме :rofl: дома е од Св Никола, сакам пак в градинка да го носам од др недела најверојатно и нз како ќе се спремаме 3ца ко ќе сум прва смена (facepalm)

    Др тема, нон стоп бара некој со него да игра, денес прв ден без брат му (почна на школо) леле цел ден го зборуваше, сега Гого ќе си дојди од школо и ќе си игамеее :D
    Исто ова го осетив мин недела спиеше големиот кај мајка ми, цела вечер мене ме бараше да сме играле в детска :D ајде одев игравме ама немојш цел ден, му викам на мм а да ојме да си го земиме Гого :rofl: :rofl:
     
    На Carolin. и misli_si им се допаѓа ова.