Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    12.237
    Пол:
    Женски
    Мислам нема родител на кој ова нема да му биде језиво.
    Знам дека е нормално и е ок. Им работи фантазијата, треба да сме опуштени. Ама она е 2г и 7месеци. Нема ни три цели. Интернет вика од кај 3 почнувале веќе да си измислуваат другарчиња.
    После не го повтори пак, ама јас имам и грижа на совест да не случајно од премногу екран и е.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.927
    Допаѓања:
    6.536
    Не и е. Такво си е детето, со развиена фантазија. За споредба, нели близнаци се моиве, исто гледаат тв, само едниот имаше измислено другарче.
     
    На Ceneva, Carolin. и јolene им се допаѓа ова.
  3. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.966
    Допаѓања:
    12.124
    Пол:
    Женски
    Мојата големата е 5 веќе уште си има замислено другарче Петија и ' се вика :D од 3 и нешто години го има.:D
    Близнаците се уште мали 1 год.и 8 месеци се ќе видеме за нив.
     
    На le.soleil и јolene им се допаѓа ова.
  4. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    20.732
    Пол:
    Женски
    Нашиот е Пепе :rofl: обично кога игра си го збори Пепе а и го поврзува со една фигура на човек што ја има демек тој Пепе е главниот мајстор/шофер/багерист/девосечач итн итн
     
    На Ceneva, јolene и le.soleil им се допаѓа ова.
  5. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.927
    Допаѓања:
    6.536
    "Нашиот" е Менсен :inlove:
    Немам поима од кај е имево, не сум чула ништо ни слично, ради тоа ми стана језиво. И кога продолжи со специфични детали каде живее, спомнувајќи место каде што не сме биле само сме поминале и не знам ни дали некогаш сме го спомнале како се вика ме заледи малце, искрена да бидам. Исто што вика @јolene еднаш покажува со прст и вика еве го тука седи. Гррр:D
     
    На Carolin., Bella_Stella, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.339
    Допаѓања:
    47.438
    Пол:
    Женски
    А моето дете е опседнато со играње улоги.
    По цел ден глумиме дома, па пинокио, па снежана, па лавот и глувчето…сите книги ги читаме по 100 пати дома, некои буквално на памет ги знае и ги глуми, стварно искрено ми се гади веќе од раскажување приказни.
    И мислам дека понапорна фаза од оваа немал.
    Многу лош сон има во последно време, мислам дека се должи на промените со татко му ама не знам.
    Ужасно е.
    И многу е тврдоглав, нема тантруми многу ама убедување до сто и назад.
    Инаку два дена веќе не сака пелена и моча на шоља, се надевам дека тоа е тоа, имаше 2 инциденти ама нормално е вајда.
    Совет некој како да олеснам оваа транзиција, надвор да ставам пелена или?

    Него ноќно време многу почна да му протопува пелена, не знам зошто, скоро секоја вечер е протопен и мокар утоп.
     
    На warrior, Carolin. и јolene им се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    12.237
    Пол:
    Женски
    Нешто беснееше сега пред спиење, ама со сите можни провокации. И на крај изби татко и, одлучи да ја казни и да и ја земе цуцлата.
    Темата цуцла одлучено е дека неделава мораше да заврши, оти едната единица и се закриви нанапред. Ама муабетот беше да залечи грло. И сега пошто на нас договорот ни е, кога едниот ќе рече нешто и другиот да стои зад него, готово нема цуцла.
    Се плачеше. Читав екстра книги, па се смири, ветив чоколадо, кажував пти никој нема цуцла, дека е голема. Пак збесна. На крај он ја заспа.
    Ако ова го решиме сега, ако успееме цуцлата да ја тргнеме деновите, ве частам сите кафе :D. Не сум спремна ни за плачки, ни за драми. Како ли ќе биде. Ама тоа е. Нема веќе надзат.
     
    На Ceneva, Carolin., LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    12.237
    Пол:
    Женски
    Бројче на мене не ми успеа и на третиот ден ставив пелена, инаку не сакаше да кака, се стискаше.
    Кај тебе дечко, може полесно ќе биде. Подобро набави од тие преносните како шолји и не ставај пелена и за надвор.
    Јас ја оставам низ дома без пелена, ама далеку сме од тргање. Може и подобро, бар да се стопли за бар надвор да не е проблем ко сега.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.927
    Допаѓања:
    6.536
    Никако ставање пелена за надвор, земај резерва облека, мочкање пред искачање, прашувај често дали сака да мочка кога сте некаде искочени, има и портабл нокшири. Ние се зезнавме така, дома без памперс надвор стававме некогаш да, некогаш не па со едниот баш се помачивме да се навикне скроз, доста правеше грешки
     
    На 1209, Miss_S и јolene им се допаѓа ова.
  10. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    3.495
    Пол:
    Женски
    И мојата има замислени другарчиња. Не едно, повеќе. И ме тера да ги поздравувам (facepalm)
    Исто и со имињата. Си ги измислува непостоечки константно. Демек збори на телефон, со кој ја прашувам, вика со Еси. Океееј. А јас уште ја прашував пред да се породам како да се вика бебето наше :D Предлозите, може да замислите.
    @јolene За секое одвикнување од било што и за секоја поголема промена ја следев неа и немавме посебни драми. Освен цуцлата. Не беа ни тоа драми ама најнесоработлива беше за тоа. Ја стававме само за заспивање уште од бебе кога беше. Ама толку и беше тоа рутина и асоцијација за спиење што така малце потешко беше да се одвикне. 1 недела траеше и помина. Ни 2 години мислам немаше или околу 2 беше кога тргнавме. Така да издржи само :muscle:
    @1209 Бројче не ставај пелена за надвор. Не го буни кога веќе сте тргнале. Земај резерва облека само со тебе, да мочка пред да излезете и тоа е тоа.
     
    На 1209, Mother of 2boys, Bella_Stella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.324
    Допаѓања:
    8.973
    Пол:
    Женски
    @1209 , и ние ко вас со улоги сме низ куќа. Не со замислени другари.

    За памперс и јас мислам подобро е да не ставаш и за надвор. Да движите блиску до дома следните денови. Е сега ако носи и скафандери или подебели алишта малку комплицирано е во случај на грешка нели ради сушење и сето тоа. Ама штом е веќе свесен не ми требало многу време да помине за да се навикне.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    976
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Женски
    Нека мочка пред да легне. И облекувај гаќички навечер, не пропуштаат. Момчињата мочкаат само напред и затоа се преполнува пелената. И облекувај му маичка ,а не боди бидејќи бодито ја притиска пелената и протекува. Или не го закопчување бодито.
    За излегување нема потреба да ставаш пелена. Изнесувај го на кратки релации и ќе видиш дали може да издржи. И секогаш со тебе носи резервна облека. Дури и кога ќе бидеш сигурна дека сте се одвикнале од пелените.
     
    На 1209 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  13. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Женски
    Сакав и јас за памперс да прашам два дена е без памперс,денес и во градинка ја пратив без памперс бидејки почна и да оди кака во нокшир,Недела ќе патуваме не е долг патот еве 1.5 максимум нека биде незнам што да правам дали да и ставам памперс?
     
  14. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    1.347
    Пол:
    Женски
    Мојот вчера го оставивме кај баба и дедо да преспие и вика ајде чао одете си вирее! И ми зафали кога ми викаше мамичка ѕеме, тато ѕеме:( мене па некако брзо ми лета времево.
    Не ставај, прашувај па ако треба и ќе правите пауза за мочкање. Од мое искуство само дома имаше грешки, надвор секогаш кажуваше.
     
  15. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.043
    Допаѓања:
    22.111
    Пол:
    Женски
    3 дена е маката, до понеделник ќе се помири. Мада што ако е како син ми ќе си ја спомнува уште долго. Он почна без проблем да заспива после третата вечер, исто како со доењето. Од Септември не цуца цуцла, а уште си пати по неа и си спомнува цуци, на бебиња ако види, види мама цуцуу, се превозбудува мислиш 7ца на лото добил. Во група во градинка има деца што уште користат и тоа ја мати водата малце. Некои денови кажува дека му ја земал цуцата на Марко, ама се смее и не знам дали лаже или стварно си се послужува. Воспитачките еднаш се дрзнаа да му дадат кога плачел, им кажав строго не и сега викаат дека не даваат, а ако бара го прашувале цуцаш ли дома, викал не, епа не смееме да ти дадеме ќе не кара мама, цуцлите се за бебиња. |(
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.043
    Допаѓања:
    22.111
    Пол:
    Женски
    На какви гаќички мислиш, оние непропустливи? Јас не планирам сега да го одвикнувам, решив да почекам да наполни три за два месеци и да се стопли, па тогаш да видам дали е спремен. Ќе ве барам вас поискусните за совети тогаш, ама си прибирам уште сега информации.
     
  17. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    976
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Женски
    Мислам на пелена Гаќи. Бидејќи се со ластик и не се изместуваат како обичните пелени кои се со лепенки.
    А и не закопчувајте боди да не ја притиска пелената.
    За излегување со машки деца, практично е да носите празно шише од пола литар. Кога ќе му се мочка, ќе се измочкат во него. Дома истурам во шолја и фрлам шишето.
    Моите не мочаат навечер, ама секогаш во спална имам празно шише за секој случај.
    Станува мочка во шишето, затварам и спијам. Дека ако станиме до тоалет, ќе нема спиење после. Или ако отидам јас да истурам нокшир. :nod:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.339
    Допаѓања:
    47.438
    Пол:
    Женски
    Ама него тие гаќи пелени ептен го стргаат, пробав и најголем број и не му се удобни искрено.
    Не знам дали е до тоа што моча напред оти и досега мочал, ама количински е многу.
    Пошто има хидронефроза се мислам да не е некоја промена со тоа, или денески може не моча доволно.
    Ама боја и мирис е нормален, вајда ќе прометев да е инфекција или нешто

    Инаку јас секако носам резервна облека сеуште за него секаде, така да не ми. е тоа проблем.
    Проблем ми е уште дека не сака да кака во шоља, ми вели да ставам памперс, додуша он и ретко кака надвор, општо чека дома да е, ама сепак некако се мислам, сега па и ладно надвор.
    Ќе видам како ќе е и деновиве.

    Фала ви за советите на сите, се надевам завршив со трошење пари на памперс:D
     
    На lackygirl и јolene им се допаѓа ова.
  19. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.324
    Допаѓања:
    8.973
    Пол:
    Женски
    @1209 , да не пие многу течности пред спиење? Или ноќе да станува, за вода, млеко, што и да е?

    Нели препорака е да се намалат, ограничат течностите навечер.
    Евентуално да му е ладно, па од тоа да мочка повеќе ама не верувам дека е до ова.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    976
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Женски
    Нека мочка во шолја прво, за какање ставај пелена. Некако се плашат да какаат на нокшир. Па бараат пелена кога им се кака. Ама и тоа поминува за брзо.
    Ќе каже детето дека не сака веќе пелена кога ќе се почувствува удобно во памучни гаќички. Ќе знаеш дека не е присилно одвикнувањето и дека и двајцата сте спремни.(fingers)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.